Ти тргна со разликите помеѓу тебе и другите денес.
Да ја посочиме и разликата што не спомна како кај нас мигрантиве со камења маваа по полицијата кај граничните премини а после кога дојде работата до солзавци, мали дечиња пред нив во први редови ставаа и после плачеа пред странски камери?
Можеби си заборавил затоа што имаш селетивна меморија (ете на другана тема одма се сети да споиш Вемеро и што "јас сум кажал" наместо да кажеш нешто во врска со атеријата од цитатот), но јас не сум заборавил за инцидентов. Чисто дека спомна кој што осетил на кожа од кризава кај нас и кршењето на закони, па викам успатно да го спомнам и ова.
Како шо ти кажав и на другата тема, нерелевантен си ми за било која дебата и неам ни намера да ти објаснувам тебе нешто
Види, не сме ти ние криви што ти си се родил со ниско ниво на тестостерон.
Исто така, затоа што си douchebag , луѓето во реалниот живот веројатно те избегаваат, па затоа мора да надокнадиш и да докажеш дека
и ти вредиш нешто, со тоа што ќе ни дадеш до знаење дека всушност си чувствителен и имаш срце.
Од тука и твојата пре-чувствителност кон интрудерите.
Извонредна психолошка анализа, просто неам зборови.
Дозволуваш да ја испринтам и да си ја урамам дома ?
Морам да осетам...?
Нели е подобро да се спречи одколку да се лечи?
Не е проблем ќе појдам до најблискиот масивен мигрантски камп што е во Грција, ќе помогнам на луѓето, али кој ми гарантира дека нема да добијам камен по глава?
Ко да забораваш што правеа пред само точно година дена мигрантите кога беа на грчко-македонската граница.
Па не знам, ти цело време збориш дека од коа некој ќе искусел на своја кожа, сфаќал кои и шо се овие, а зошто имаш вака радикални ставови према нив, претпоставував дека ова го збориш од искуство, а не чисто онака...
Еве ја ти гарантирам дека нема да добиеш камен по глава. Е сеа вистинското прашање е шо коа стварно нема да добиеш камен по глава, дали уште ќе тврдиш дека сите бегалци/мигранти се племе што дошло у Европа за да прави масакри ?
Не, неам заборавено што се случувало на граница. Никој не вика дека е тоа за оправдување, ја и за ова у Франција шо се случувало нигде не реков дека го оправдувам. Реков дека сфаќам зошто се случува, отприлика сфаќам како размислуваат, ама не и дека го оправдувам.
И уште нешто што иам кажано у темава е дека е точно дека меѓу сите овие што поминуваат има дел што се дивјаци, што целта им е да прават проблеми, ама тоа се мали бројки, а најголемиот дел (можеби и преку 90%) се мирни луѓе што бегаат од војна и само сакаат да најдат место за мирен живот. Тие проблематичните треба да бидат санкционирани и тоа си стои, ама да карактеризирам огромна група луѓе како „племе, дивјаци“ и што уште не и да повикувам на уништување на сите што бегаат од војнава и доаѓаат во Европа, е надвор од секаков разумен начин на размислување.[DOUBLEPOST=1477315769][/DOUBLEPOST]
Јас не зборам од сопствено искуство во Македонија, туку од сопствено искуство во Скарбек, Брисел. Дали би можел да замислиш место на само 300 метри од Шератон што наликува на некој Арапски град, кај што шета шеријатска милиција?
Кој тоа го поддржува тепањето во парковите во Атина, дали го знаеш ли ти воопшто мојот став за бегалците? Дали знаеш колкав процент од тие луѓе кои во последните 2 години, одкако е кризата актуелна, се дојдени од Сирија? Дали знаеш колкав број од тие што се дојдени од Сирија учествувале во крвави злостори? Дали мислиш дека е случајно што Франција и Германија ги затворија нагло границите за мигрантите?
Дали знаеш колку христијани бегалци од Сирија се убиени од страна на Муслимански мигранти во Турција или во обид да стигнат до Турција и колку се убиени во обид да стигнат во Грција?
Ако збориме за бегалците кои бегаат од војната во Сирија, јас потполно се сочуствувам со нив, но фактите и случувањата зборат дека тие луѓе се под контрола на некои структури, кои иницираат бунтови, нереди и иницираат непослушност во државите каде што се движат. Сите овие мигранти од кои најмалце има бегалци од Сирија, ја користат војната во Сирија, за да се дочепаат до Европа, а со тоа ја девалвираат бегалската криза и прават луѓето кои бегаат од војна да бидат неприфатени, само затоа што впечатокот го прават агресивните мигранти.
Се додека ги браниш во нивните не-дела, само затоа што имаат „лоши услови за живот“, се дотогаш бегалците ќе бидат и натаму злоупотребени. Доколку не беа тие мигранти надвор од војната во Сирија(кои во најголем дел сеуште се во Турција и Либан), сите Сиријци бегалци од војната ќе беа примени без никаков проблем во сите држави во Европа, вклучително и во Унгарија, Чешка, Словачка и Полска, кои се најголеми противници за примање на бегалци .
Така да, да збориш за бегалци, а притоа да мислиш на багра на економски емигранти со сомнителни намери е тотално некоректно.
И ја ова што го зборам е од мое лично искуство со бегалци/мигранти.
И ајде коа више почна со факти и статистики, покажи ги, нека не остане на муабети и теории.
Ако ми покажеш со докази дека се ова што го збориш е точно, ја ќе кажам дека сум згрешил.
Ама под докази стварно докази да има, а не некои налик на оние интевјуана на Ефтов, ако ме сфаќаш шо сакам да ти кажам.