Марки (брендови) ги купувате за себе или за другите?

Член од
28 јануари 2015
Мислења
37
Поени од реакции
20
Основна намена на брендираните производи им е секако полесно да ги препознаеме производите при купувањето затоа што секоја марка си носи свои карактеристики.
Кога бев помал (7мо- 8мо одд) мислев дека адидас се врв (за патики мислам) и сакав да имам што поскапи (затоа што тогаш повеќе ги купував за другите). И така си траеше тоа додека не ме заболе срце, ги купив најскапи и најмалце ги носев затоа што за кратко време почна да им се лупи бојата на кожата и додека не сфатив дека адидас како и многу други брендови во Македонија се уствари на светско ниво брендови за пошироката популација т.е. просечни.
Сега лично претпочитам прво да се изанализирам себе си што точно сакам, за што ми е, и дали тоа што ќе го платам ќе вреди за парите (го купувам за себе). Или пак доколку е бренд да го купам затоа што вреди зa парите (има добар квалитет) а не затоа што е "скапо". Исто така често пати се случува да купам нешто no name и да го сакам исто толку колку што сум го платил некое друго е дно брдо пари.

Е, сега темава ја отварам затоа што сум приметил дека има многу такви кои на игнор ставаат се што е no name, и се дичат на брендови за кои мислат дека се wow а уствари незнаат дека не се ништо посебно. Други пак се појавуваат во улога на "експерти" и одма ти кажуваат дека твоето нечини (зошто брендот им е непознат) и дека имаат они подобро (марка која нив им значи). Или пак купуваат макар и фалц само затоа што тоа е бренд (пример со кинескиве телефони).

Што е со вас? Купувате брендиран производ за да го видат другите или го купувате зошто стварно го сакате и дали го купувате импулсивно и по секоја цена или не ви е проблем да почекате да биде ставено на попуст?
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.385
Поени од реакции
7.525
Купувам само нешто што е квалитетно додека пак бренд или цена не ме интересира.

Често скапото, брендот или цената не корелираат со квалитетот.
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
37
Поени од реакции
20
Купувам само нешто што е квалитетно додека пак бренд или цена не ме интересира.

Често скапото, брендот или цената не корелираат со квалитетот.
го купуваш импулсивно ко ке го видиш или чекаш да биде на акција или попуст?
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Какви марки, какви бакрачи. Прво мразам да бидам облечен во марка, второ секогаш купувам нешто што не е брендирано. Ем немам пари да се расфрлам за да купувам нешто што е марка (кое и не верувам дека е толку посебно за да е толку скапо), ем и најефтиното ќе изгледа супер, ако знаеш да го носиш.
:)
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
За секојдневна облека не се замарам со марки. За променување сакам да си имам некое парче брендирана облека. :)
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
а што кога купуваш телефон на пример или саат?!

темава е малце поопширна и се однесува буквално на се
Брат си ја отворил бе во мода и убавина, или држи се до тематиката или дај нека ја префрлат во општо.

Инаку обично не гледам марка но за обувки гледам да се со добар квалитет што најчесто води кој 2-3 марки но не одбирам модели кои се излезени вчера и се х5 цена од се друго во продавницата. Ако треба да е и лански модел но да е квалитетен.
 
Член од
19 февруари 2015
Мислења
1.772
Поени од реакции
2.075
Мене до сега искуството со патики а и се друго ми било на пример- купувам патики од 1000 ден после 1 година се за фрлање, купувам најк 3-4000 на попуст некој и ги носам 3 години (и уште некоја година како ''стари'' патика за баскет, трчање и сл додека не им ја извадам душата):D.
Значи колку пари толку музика и у меѓувреме носиш најк.
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.668
Поени од реакции
2.619
Премиум класа си е премиум класа кој шо сака нека каже, и пак зависи како ќе ти се погоди, пример имам земено пума патики 4500 овие ги носив 3 години додека другиве шо ги зедов нешто поскапи пак на пума ги носев 3 месеца.
 
Член од
15 јуни 2014
Мислења
310
Поени од реакции
298
Да купувам брендови најчесто поради себе, односно поради квалитетот и навика што имам стекнатно да купувам само во „маркирани“ продавници. Но немам проблем да морам да носам некој јак бренд. И ЕјџЕм, и Масимо Дути, Зара, Ли Купер, Тимберленд, ДиГ. Не гледам да мора да е стриктно само јак бренд.
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
37
Поени од реакции
20
п
Премиум класа си е премиум класа кој шо сака нека каже, и пак зависи како ќе ти се погоди, пример имам земено пума патики 4500 овие ги носив 3 години додека другиве шо ги зедов нешто поскапи пак на пума ги носев 3 месеца.
пума е премиум класа???:facepalm: ...видиш не сум знаел
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Си купувам бренд за себе, до сега од ниеден производ се немам пожалено, и задаволен сум.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.868
Воопшто не се форсирам на брендови... Признавам дека квалитетот и името се браќа близнаци, но македонскиот стандард ке те научи да одбереш квалитетно а евтино. И среќен сум за ова и благодарен за школото што го научив преку ова.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom