Мали совети за голем домаќинлук

Член од
6 октомври 2012
Мислења
260
Поени од реакции
175
moz
Ги ставаш алиштата во фрижидер за длабок замрзнување.
Мастиката ке замрзни и ке стани крута што ја прави многу полесна за стружење од алиштата под услов да не е размачкана претходно. Ако е размачкана тогаш сметај ја како моден детаљ;)
moze i so pegla i list - hartija ,na sredna temperatura ... poleka se pegla preku listoti ke izkoci po 3-4 pati ...
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.792
Поени од реакции
21.202
moz

moze i so pegla i list - hartija ,na sredna temperatura ... poleka se pegla preku listoti ke izkoci po 3-4 pati ...
Да не префрли случајно.
Тоа е за восок со лист и пегла. За мастика тешко дека ке излези со пегла.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Електричен нож
Електричниот нож секогаш ќе биде чист, без непријатен мирис и отпорен на 'рѓа ако по секоја употреба го измиете, го премачкате со масло и ако го завиткате во чиста крпа.

Пламениците од плинскиот шпоретПламениците од плинскиот шпорет натопете ги во оцет и оставете ги да отстојат. Потоа добро истријте ги со челична волна.

Плочите на електричниот шпорет
Плочите на шпоретот секогаш чистете ги со средства за чистење на хромирани предмети, но може да употребите и вата натопена во оцет или чист алкохол.

ЧешмиЧешмите во кујната или бањата секогаш ќе бидат сјајни ако по чистењето ги истриете со креп-хартија за цвеќе.

Фрижидер
Внатрешноста од фрижидерот најдобро и најприродно се чисти со крпа натопена во оцет.
Лимен садопер
Садоперот повторно може да изгледа како нов ако добро го истриете со хартија од стар весник.

Прибор за јадење
Ако на приборот за јадење се создаваат дамки, истријте ги со половина лимон, а потоа исплакнете и избришете.

Сребро
Подгответе раствор од 4 литри млака вода, 3 лажици сода бикарбона и 5 лажици оцет. Ставете го среброто во растворот и оставете да стои 15 минути. Потоа предметите измијте ги со чиста вода и избришете ги со мека крпа.
Сребрените предмети може да се чистат и со зовривање во солена вода. На дното на садот мора да се стави алуминиумска фолија.

Тефлонски садови
Дамките на тефлонските садови најбрзо се чистат со вата натопена во чист алкохол.

Емајлирани садови
Пожолтената внатрешност на овие садови најбрзо се чисти така што во садот зовриете вода и во неа додадете еден зрел домат или концентрат од домати. Садот потоа измијте го вообичаено.
 
Член од
15 јануари 2012
Мислења
652
Поени од реакции
192
Во ваков случај веќе и нема простор за домаќинлук, така?

Тогаш полека, но сигурно се навлегува во расипништво :) ...
ma ne, ne mislev na toa...
ima slucai kade samo edniot rinta po doma, raboti, a drugiot bas go briga
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Ја залепив пеглата на една блуза од полиестер по грешка :facepalm:, на неа сега има залепено делови од неа кои не излегуваат никако и стружи по малку кога пеглам. Пробав да ја загреам на максимум со надеж дека ќе се стопи тоа остатокот од блузата и да ја извадам со парче ткаенина со тоа што ќе ја истружам пеглата но тоа не функционира.
Совет како да ја исчитам, а да не ја изгребам одозодола тефлонската обвивка?
Пробај со сода бикарбона. Кој те тера облека за точак да пеглаш :)
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Пробај со сода бикарбона. Кој те тера облека за точак да пеглаш :)
Не беше дресот велосипедски, тој многу е шарен. Маиче за тренинг беше и ми се измешало со останатите маичиња за во чаршија што ги носам. :D
Го извадов со влажни марамчиња, ама видов мака. Ја загревав пеглата на максимум и кога ќе се загрееше доволно на влажни марамици кои ги постелив долу на даската за пеглање стегав посилно и врвев.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Ми се залепи смола на панталоните, има ли шанси да се исчисти??
 

Kajgana Shop

На врв Bottom