Македонски специјални единици (полициски и воени)

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Член од
21 мај 2016
Мислења
100
Поени од реакции
146
ВОЈСКАТА НОСИ ПАРТАЛИ, МИНИСТЕРОТ ЈОЛЕВСКИ И ГЕНЕРАЛШТАБОТ СЕ ВО ВОЈНА

collage-uniformi-696x348 (1).jpg
Униформата на Армијата на Република Македонија се распаѓа. Таа е целосно испокината и нема место каде да се крпи веќе од што е излитена. Независно од тоа дали станува збор за таа набавена од Турција, или за другата, шиената во Тетово, униформата е и тотално избледена. Според некои од фотографиите што беа испратени во нашата редакција, речиси и да ги нема препознатливата боја и шарата.

Но, најстрашна е состојбата со војничките чизми, особено сега во зима, реагираат професионалните војници до САКАМДАКАЖАМ.МК.

„Чизмите ни се целосно уништени и скинати, пропуштаат вода, кал и снег. Кога сте со часови и денови на граница или на друга задача, тоа е неподносливо и крајно понижувачки. Нема што да облечеме. Нови чизми нема. Сами да купиме е забрането, зашто не се ова зелените долни маички за под униформата што не тераат старешините сами да ги обновуваме. Чизмите се гледаат, мора да бидат унифицирани. Според прописите, тие не смее да бидат различни и треба на секои две години да ни ги обновуваат. Но, тоа не се прави. Ни велат носете ги тие што ги имате. Срамота е веќе. Срам ни е кога треба АРМ да ја претставуваме во странство или пред странски делегации. Ни ‘А’ веќе не остана од АРМ“, револтирани се професионалните војници со кои разговаравме.

Друга работа што сами ја купуваат покрај маиците, чорапите и други парчиња што не се гледаат под униформата, велат, се футроли за пиштолите.

„Јас морав сам да си купам футрола за пиштолот, бидејќи армиската ми се скина, а нова не ти даваат. Старешините ни велат нема футроли. Со години ништо не е набавено од опремата на АРМ. Но јас ако го изгубам пиштолот, ќе одговарам. Затоа, им се бендисувала или не футролата што сам си ја купив, јас морам да ја носам“, вели друг војник.

Војската е револтирана и поради тоа што два и пол месеци ѝ доцнат дневниците.
collage-uniformi-696x348 (1).jpg uniformi4.jpg
„Како може на полицијата дневниците да им се исплаќаат редовно и без задоцнување и тие да земаат плата на први секој месец, а војската уште да чека дневници за ноември и плата да зема на шести-седми, после полицијата? Ако е Македонија полициска држава, нека кажат властите, ама нека не нѐ бараат повеќе кога е најгусто, во бегалска криза, поплави, невреме и тешки несреќи“, реагираат војниците.

Целата оваа очајна ситуација со униформите, дневниците и платите на Армијата, за САКАМДАКАЖАМ.МК ја потврди и министерот за одбрана Зоран Јолевски, кој патем, ги прозива началникот на Генералштабот на АРМ Методија Величковски и врховниот командант Ѓорге Иванов дека ништо не презеле околу набавката на нови униформи, и покрај тоа што неколку пати им кажал дека има еден милион евра непотрошени средства кои и денес и стојат на располагање на Армијата за нејзините потреби.

Во одговорот до САКАМДАКАЖАМ.МК, кабинетот на Јолевски дури и потенцира дека парите за АРМ од лани останале непотрошени зашто Генералштабот не испраќал реферати до Министерството за одбрана.

„Во однос на униформата на припадниците на АРМ, ве молиме прашањето упатете го до Генералштабот на АРМ. Министерството за одбрана може да каже дека министерот Јолевски во текот на минатата година неколку пати усмено побара од ГШ на АРМ да му биде доставен реферат за набавка на нови униформи. Истото барање го постави до началникот на ГШ на АРМ во два наврата, на средби на кои беше присутен и Претседателот на Република Македонија. Средства во буџетот има, односно минатата година останаа околу 1 милион евра непотрошени средства, поради недостатокот на реферати од Генералштабот до Министерството“, вели министерот за одбрана Зоран Јолевски.

И за доцнењето на дневниците Јолевски вели дека тоа е поради неажурноста на Генералштабот.

„Во однос на исплата на дневници, Министерството укажува на тоа дека сите барања пристигнати од АРМ во службите на Министерството, се исплатени. Имено, сите списоци за исплата кои се доставени до 31.12.2016 година, се исплатени. Ако има неисплатени дневници од минатата година, тогаш станува збор за списоци кои не се доставени од Генералштабот на АРМ до Министерството“, стои во одговорот до САКАМДАКАЖАМ.МК

Но, началникот на Генералштабот на АРМ Методија Величковски не се согласува со тврдењата на министерот Јолевски, па потсетува кој одлучува пари за потребите на Армијата и Генералштабот.

„Ве известуваме дека согласно Законот за одбрана, јасно се дефинирани надлежностите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија во однос на планирањето и реализацијата на финансиските средства за потребите на одбраната (член 20 став 7,8 и 9 член 26). Побарувањата за потребни материјални средства за непречено функционирање на АРМ, секогаш редовно и навременосе доставуваат до Министерството за одбрана, согласно претходно направените планови“, демантира Величковски и прецизира дека за скинатата униформа алармирано е уште во февруари лани, но бадијала:

„Потребните реферати за набавка на потребен број на униформи за минатата година се доставени уште во текот на месец февруари до Министерството за одбрана на понатамошна реализација која не е во надлежност на АРМ. Во спроведување на постапките за набавки кои се во надлежност на Министерството за одбрана, ГШ на АРМ секогаш дава стручни совети и укажувања за запазување на неопходниот квалитет на средствата или услугите. Но, нема одлучувачка улога во спроведување на постапките“, тврди кабинетот на началникот Величковски.

Тој има спротивно тврдење од она на Јолевски и за доцнењето на дневниците.

„Во однос на исплаќањето на финансиски парични надоместоци за ангажирање во трупни услови, списоците на ангажираниот персонал со вкупна сума на средства, веднаш по завршување на активностите и неопходното време за нивна обработка се доставуваат на понатамошна постапка и реализација во секторот за финансии во Министерството за одбрана“, се вели во одговорот.

Izvadok od edna strana na facebook koja ja vidov i go procitav ova zarem do tolku e......
 
Член од
14 август 2016
Мислења
101
Поени од реакции
185
Аман бе, срамота, до толку да не им обезбедат основни услови за работа, а кога ќе загусти први се на повик. Секоја чест за војниците што работат и во ваква состојба, и не зборувам само за униформата, туку и за платите и ред други работи.
 
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
На фб се појавиа многу негативности за АРМ... Имаше жалби за храната од припадник на посебната единица за поддршка (ПЕП) во полицијата.:tapp: Сега може да видеме и со униформите на војската, кога стигнувала платата... Помеѓу министерот за одбрана и началникот на гш Методија Величковски имало "Војна". Барем така читаме сите:tapp:
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
Сликата е стара а случајот затворен
Вакви сензационалистички натписи за друга намена служат.
Drugar od koga e aferava i zashto pak nekoj ja otvara?
Inaku uniforma pustinska ko u AVganistan da e?
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443
Inaku uniforma pustinska ko u AVganistan da e?
Да да, Веленистан. :D


@Panter 01 Тој календар е стар, 2015 мислам ? Го имам, треба само да видам која година беше..

Кога веќе ставате тизерчиња од календари...



@Macedonian WOLVES еве ги моите привезоци од волците

 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
@ Bazhe aj za cicko zoki sliki od kalendarot u PP te molam.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom