Македонски специјални единици (полициски и воени)

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Ај кој ќе ми каже свое мислење за најдобри топ 10 специјални единици (полициски и воени) - пријател мој пишуве статија на ваа тема па ме интересире општо мислење.позз
Незнам според кој критериуми, стручно познавање, литература, факти...би ја составил оваја листа.
Горе долу го делам истото мислење за единиците кои ги пишаја претходните членови.
Јас ќе ја додам и Ирачка Златна Дивизија, 2 години со ред гледав исечоци од видеа како дејстуваат во Анбар, Фалуџа, Хит, Мосул... и сум доста изненаден од нивната структура и ефикасност.
 
Последно уредено:
Член од
11 декември 2010
Мислења
408
Поени од реакции
210
Незнам според кој критериуми, стручно познавање, литература, факти...би ја составил оваја листа.
Горе долу го делам истото мислење за единиците кои ги пишаја претходните членови.
Јас ќе ја додам и Ирачка Златна Дивизија, 2 години со ред гледав исечоци од видеа како дејстуваат во Анбар, Фалуџа, Хит, Мосул... и сум доста изненаден од нивната структура и ефикасност.
Па да, искрено најдобро можиш да направиш листа на истите по ред на историја - факти на нивно делување, успешни операции кои ги имале и колку време веќе постојат и се каде учествувале.Затоа јас одсекогаш сум зборел дека едни од најдобрите специјални единици ги имаат Американците и Британците бидејки со НАТО они горе долу учествуваат во сите воени конфликти низ светот, дали директно или индиректно.Но тоа не го исклучува фактот дека исто така специјалните единиците од кризните подрачја како Ирак, Иран, Афганистан и сл се исто така добри бидејки тие нон-стоп се во војна и имаат најмногу искуство во воено дејствување.
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443
Начекав 3 големи црни тојота џипови, со излез за филтерот за воздух над кров ( значи може и под вода да се возат) во касарна пред некој ден. Кој во МВР, што како и за што ги користи тие ?
 
Член од
24 април 2010
Мислења
1.248
Поени од реакции
1.752
Начекав 3 големи црни тојота џипови, со излез за филтерот за воздух над кров ( значи може и под вода да се возат) во касарна пред некој ден. Кој во МВР, што како и за што ги користи тие ?
Немаат некоја посебна намена, тоа е само како додатна опрема на колата за во случаеви каде има вода да можат да продолжат со возење, а може и како подморница да ја користат со знаеш :cautious:
 
Член од
14 август 2016
Мислења
101
Поени од реакции
185
Писмо од бранителот Тони Ангелески: Ви благодарам јунаци!
Свират куршуми, татнат гранатите. Хеликоптери го надлетуваат местото и дејствуваат во непосредна близина, непосредно пред нас.
23 јуни 2001 година. Еден наполнил 19, друг 22 години. Премлади. Подготвени за секаков предизвик. Онака како што сме се заколнале и потпишале. Позади нас беа долгите борби во селото Матејче. Претходно во Ваксинце, Слупчане и Гошинце. Танушевци и Тетовскиот регион. Две заседи, жртви и ранувања. Се бев направил околу 70 килограми. Ништо поарни не беа ни другите. Немавме редовен контакт и средби со најблиските - роднините и пријателите. Од една страна државата во безредие. Од друга страна на граничните премини колони граѓани кои одат кон летните одморалишта. Одѕивот за воено полициски обврзници едвај достигнуваше 25 проценти. А ние сме се собрале 30-тина воини со тенк и транспортер и ќе го напаѓаме взори североисточниот дел на селото Арачиново. Кој од кој одбрани, стројни, одмерени, стегнати...па на цела мака и насмеани. Решени да победиме во секоја битка, како и во претходните.

Свират куршуми, татнат гранатите. Хеликоптери го надлетуваат местото и дејствуваат во непосредна близина, непосредно пред нас. Грмат тенковските и минофрлачките гранати. Ечат пушките. Сонцето пече.

КОКИ, АЦЕ, ОЛИВЕР, АТАНАС!

Толку лични и стројни. Обучени и воспитани на највисоко ниво. Гордост на секоја специјална единица. Се знаевме со години, од клупите во средното полициско училиште. Верни другари и браќа.

Вториот ден, во попладневните часови, во сред битка, КОКИ ќе ми дофрли: Некни правев свадба, жената ми е бремена. Нека ти е со среќа брате, туку нели ти следуваат слободни денови? – му честитав и со восхит го запрашав човекот со кој четири години бевме во ист павиљон. Се вратив веднаш после свадбата – ми рече. Не можам да седам дома додека вие овде гинете за Македонија. Ќе помине и ова Тонка, луѓето ќе ни бидат благодарни. Не дочека да ја види својата рожба, ќерка која денес го носи неговото име!
Во сред таа жештина го погледнував и си помислував со какви храбри браќа сум опкружен.

Аце братот, штотуку се пријави доброволно во единицата. Повеќепати доаѓаше и не посетуваше во нашата база, и при секоја посета повторуваше: Мора да ме земете со вас, онаму каде што одите вие, во јуначките битки ! Не ми се седи на страна. А штотуку доби син, неговиот наследник.

Оливер, најмалад борец од Башино село, велешко. Тие денови не оставаше никој да биде пред него. Цело време беше пред нас, јуначки водеше битка – гради вгради со непријателот. Шест дена подоцна подлегна на тешките рани со кои се здоби. Денес кога ќе го поминете тунелот пред Велес, кај Башино село, лево на ридот се вее јарбол над неговото почивалиште и не потсетува на братот Оливер.

Атанас, храбар струмичанец кој штотуку заплови во брачните води. Јунак кој го прифати татковинскиот повик и останаа достоен и верен на заклетвата. И тој не дочека да го види својот син, својатата рожба кој денес го носи неговото име. Премногу го почитуваше и споменуваше ликот и делото на нашиот Делчев.

Денот привршуваше. Ушите ни зуеја од стотината испукани зољи, минофрлачи и другото оружје кое тие денови го користевме во борбите. Започна уште една битка, но многу посилна и пожестока. Се разви борба. Повеќето од нас не бевме во можност да возвраќаме на нападот. Безброј свирежи на куршуми пролетуваа покрај нас. Се тресеше земјата. Имав чувство дека овојпат нема да се извлечеме. Го бев стиснал еден голем камен, а еден од браќата се фрли врз моите нозе (истиот оној камен кој го има на фотографијата). Немаше простор за многу маневрирање и движење. Нападот беше силен. Возвраќавме онолку колку што можевме.
Залегнати во некаков неправилен круг од неколку метри, еден до друг. Се погледнавме со братот Коки, кој ме погледна со насмевка и израз на лицето, кој како да сакаше да ми каже: „Издржи брат, ќе помине и ова!“

Во еден момент погледите ни се изгубија. Силни татнежи, експлозии одекнаа токму на местото каде што бевме залегнати. Токму помеѓу нас. Силината на ударите ме издигна над земјата. Огромна прашина и жештина. Лежев некое време. Ниту слушав ниту пак можев да гледам што се случило. После некое време се допирав со едната рака, по лицето и градите. Не можев да станам. Се обидов да ползам и така некако после некое време да се подисправам.

Подобро да не станев, подобро прашината да не паднеше. Подбро да можев да направам нешто за ова да не се случи. Загинаа наши браќа. Се проли крвта на нашите другари. Тие не можеа да се исправат, не можеа да станат. Неколкумина од другите браќа бараа помош... Ранети, свиткани, крвареа. Толку силни и достојни што стискаа заби од болка но не пуштија ниеден глас, ниеден лелек. Ги погледнував во очите.

Успеав да се свртам на грб. Оружјето уште дејствуваше. Некое време гледав во блискиот рид и во небото. Лебдев. Станавме и започнавме да помагаме на браќата. Имав завои во левиот џеб.

Денес КОКИ, АЦЕ, АТАНАС и ОЛИВЕР не се со нас. Но тие се уште не чуваат со нивните дела, со нивните млади ликови кои нигогаш нема да остарат.

Денес, кога гледам црвена боја помислувам на моите браќа. На црвената крв која тој ден се разли по земјата, крвта која ни ги натопи униформите и лицата.

Денес, многумина луѓе не ги споменуваат и не ги почитуваат делата на нашите јунаци. Заборавија на храбрите битки онака како што не ги заборавија битките од пред двеилјади години, од пред сто години.

Денес, кога алчноста и себичноста кулминира се повеќе.

Денес, кога гледам новопримени колеги и со почит се поздравувам. Им ја стискам раката, им ги гледам очите. Во тие очи честопати знам да ги препознаам моите соборци.

Денес, исто како и целиве изминати 15 години народот и државата не ни возврати за нашите жртви, за нашите дела. Повеќето молчеа и менуваа теми. Бесрамно молчеа пред херојските дела на нашите браќа.

Денес, други лажни јунаци раководат со мојата татковина. Денес, ја гледам мојата татковина. Онаква, за каква што не се боревме и не гиневме.

Денес, оние најнеповиканите лигуши и мивки ми кажуваат како требало да се работи, како да се постават работите на безбедносен план и како да се брани државата.

Денес оние против кои се боревме и оние кои не се повикаа на поканите за мобилизација ми се потсмевнуваат со иронија поттикнати од злото и од завидливоста која ги опседнала нивните тела и души.

Барем да се ЗАБЛАГОДАРЕА. Не на нас кои останавме живи и ги трпиме неправдите, туку на оние кои паднаа за Македонија.
Исклучок и чест на поединци!

Таа ноќ си дојдов дома. Ние кои бевме на таа позиција не ослободија за кратко од понатамошни ангажмани. Кога стигнав на полноќ во мојот дом се поздравив со моите, кажувајќи им дека сум имал лесен ден. Не сакав да се грижат и да знаат за судбината за моите браќа. Го изгаснав светлото и си легнав во мојата соба. Лицето го бев стиснал во перницата и молчев до зорите, кога ми заѕвони телефонот и ме повикаа да бидам во стрелачкиот (почесен) вод со кој требаше достоинствено да се испрати еден од нашите браќа.
Денес честопати седам сам на некоја клупа или во некоја подалечна природа и се присетувам на моите браќа. Ех, какви луѓе беа тоа. Немам јас толку зборови со кои би ја опишал нивната човечност, храброст и јунаштво!

Тоа беа воини, борци и јунаци на кои ЈАС сега им велам: БЛАГОДАРАМ ЈУНАЦИ!




Тони Ангелески, одликуван бранител на РМ
Автор на публикацијата АМАНЕТ, колумнист, обучуван и воспитуван во средното полициско училиште и факултетот за безбедност
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.266
Поени од реакции
957
Само една исправка сите херои кои се спомнати погоре не умираат во Арачиново,туку на гробиштата во селото Брњарци.
 
Член од
24 април 2010
Мислења
1.248
Поени од реакции
1.752
http://www.dokazm.mk/spetsijaletsot-koj-se-pozhali-na-kiflite-suspendiran/

За тие што се бунеа на моите мислења пред некој ден за сегашната состојаба и условите на "специалните единици".
Еве до каде е дојдено нашата државичка, да нема леб да има даде на луѓето што го даваат животот за неа, а згора на се казнува ако се жалиш- добар начин да се подигне морал на специалец :bravobe: .
А тој што ќе ги украде тие пари, кај ќе му оди душата.
 
Член од
9 јули 2016
Мислења
84
Поени од реакции
27
http://www.dokazm.mk/spetsijaletsot-koj-se-pozhali-na-kiflite-suspendiran/

За тие што се бунеа на моите мислења пред некој ден за сегашната состојаба и условите на "специалните единици".
Еве до каде е дојдено нашата државичка, да нема леб да има даде на луѓето што го даваат животот за неа, а згора на се казнува ако се жалиш- добар начин да се подигне морал на специалец :bravobe: .
А тој што ќе ги украде тие пари, кај ќе му оди душата.
Sramota pa Vie ste tie sto ja branite drzavata sto stoite na branikot na bezbednosta na drzavata .....
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
875
Поени од реакции
3.441
Ќе помине и ова(војна 2001), луѓето ќе ни бидат благодарни.
НИКОЛА ПЕХЧЕВСКИ (†25) од Берово. Со посебно чуство и одговорност за судбината и иднината на својата земја, во рововите крај Арачиново од каде што Скопје, главниот град се гледа како на дланка, минуваа деновите на полицаецот Никола.Тој веднаш после неговата свадба го прекинува одморот и доброволно се враќа во единицата, велејќи самиот дека „Неможе едни да се борат а други да уживаат.
Одам да ја одбранам Македонија Не дочека да ја види својата рожба,ќерката посмртче, кое име го носи негово, Николија. Гине јуначки во нерамна битка заедно со неговите колеги во село Арачиново. Човекот умира два пати,еднаш од смрт, а вториот пат од заборав...не те сочувавме од смртта,но заборавот нема да дозволиме никогаш да те земе...почивај во мир

KOKI.jpg
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443
Ај кој ќе ми каже свое мислење за најдобри топ 10 специјални единици (полициски и воени) - пријател мој пишуве статија на ваа тема па ме интересире општо мислење.позз
Меѓу првите се македонските специјалци од ЕБР, после нив сите останати. :D:D:D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom