Македонски лекари vis-a-vis Хипократова заклетва

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.897
Поени од реакции
21.374
Токму заради исклучителните професионалци кои ги познавам нема да се осмелам да генерализирам во негативна смисла за лекарската фела...

Владе, споредуваш контролори на летање со лекари и нивните секојдневни професионални предизвици... или, уште полошо - ѓубреџии... не потценувам ниедна професија, ама за да ти биде аналогијата целосна, наместо модерни системи за електронско следење, сателити и навигација, на едните дај им анемометар, двоглед и расштимана радиостаница, па после дај им ги на одговорност животите на сите луѓе кои патуваат со авион - потоа, обвинувај ги за непрофесионалност, убиство од небрежност, не поединечно, туку на куп...

Реков веќе... и лекарите се луѓе, па макар колку и да биле професионалци, секојдневното соочување со смртта, не е за занемарување. Знам дека е лесно ex cathedra да се прават анализи и споредби, ама тука има и детали кои не само што не се занемарливи, туку се од исклучително значење кога носиш суд, особено кога е генерализиран...

И мене не ми се допаѓа што мнозинството лекари многу лесно препишуваат антибиотици за настинки и грипови, не ми се допаѓа понекогаш надменоста и себепромовирањето како своевидни надлуѓе, не ми се допаѓа кога треба да чекам за преглед 4 саати оти дежурниот лекар играл шах со колегата, не ми се допаѓа што лекари станаа и луѓе во потрага по општествен статус кои немаат две чисти, ама тоа е друг проблем, нели?

Бидејќи чувствувам дека ќе излезам од контекст ако продолжам да го споделуувам мојов тек на мисли, тука ќе прекинам.
Мисли си како што сакаш.
И јас исто - знам дека битката за гледаност со пласирање сензационалистички вести е бизарен начин да се оствари профит, на сметка на нечија трагедија или грешка... ама во случајов, никој нема да се запраша за совеста и честа на новинарите кои ја пренесуваат веста, оти нели, лекарите се бабарогите....
Не е тоа друг проблем, тоа е проблемот во здравството.
Јас ти споредив контролор на летање сако колку да доловиш ситуација дека не само докторитте имаат работа со живот и смрт и дека само нивната работа е стресна.
Не станува тука за стара опрема, никој не го спомна тоа.
Споредбата можеш да ја направиш ако речеш дека конотролорот си игра шах со колегата додека авионот неможе пистата да ја најде.
Ако одиме по аналогија со контролорот мислам дека никој нема да му замери ако и покрај никаквата опрема проба да го приземји авионот безбедно и неуспее. Битно покушал и дал се од себе.
Никој не обвинува доктор најмалце јас ако поради застарена опрема или други Х причини пациентот го изгуби животот или му се докомплицира работата. На крај краева тоа што го нема ни царот не го јади нели??
Ама поради небрежност или незаинтересираност или поради свои лични приватни проблеми и незадоволства свесно и намерно го знаемарува пациентот, поради себични и материјални причини намерно го влечка и го мафта е тука мораме да се сложиме дека не е исто со немање опрема и тука нема изговор. Тие треба да се ретчат како коров во нива. За нив повеќе мислев.
 
O

Orion.

Гостин
Ilumious

Ти ова сериозно?
Човекот умрел затоа што правилата така налагаат? :)
Можеби треба некој да им ги протолкува правилата на докторите зашто очигледно не ги разбрале.

Не си во право, неможе некој да одговара за прекршување на правилата само ако искочил 2 минути надвор кога се работи за ваквов случај.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.379
Поени од реакции
7.501
Ако одиме по аналогија со контролорот мислам дека никој нема да му замери ако и покрај никаквата опрема проба да го приземји авионот безбедно и неуспее. Битно покушал и дал се од себе.
Никој не обвинува доктор најмалце јас ако поради застарена опрема или други Х причини пациентот го изгуби животот или му се докомплицира работата. На крај краева тоа што го нема ни царот не го јади нели??
Ама поради небрежност или незаинтересираност или поради свои лични приватни проблеми и незадоволства свесно и намерно го знаемарува пациентот, поради себични и материјални причини намерно го влечка и го мафта е тука мораме да се сложиме дека не е исто со немање опрема и тука нема изговор. Тие треба да се ретчат како коров во нива. За нив повеќе мислев.
Од каде си ти толку сигурен дека е незаинтересираност? Или можеби си дежурен трол!
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
А што правиме ако тогаш за тие 2 мин некој внатре добиеше инфаркт?

Значи се водите според сентименталноста неразмислувајќи за последиците а тоа е лошо. Извини, правила си се правила и ќе ги почитуваш. Тие таму таксистите (таму таксисти стојат, во оваа населба сум знам) место да фаќаат сеир можеле да го стават човекот внатре и одма на државна. Ама да погодам, не им се трошело гориво? Што не ги ругате нив?
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.897
Поени од реакции
21.374
Од каде си ти толку сигурен дека е незаинтересираност? Или можеби си дежурен трол!
Абе види можеби и јас се сметам за некој вид на трол па макар и дежурен, ама секогаш сакам да читнам мислење од експерт по тролање, па затоа те молам продолжи.
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Не е тоа друг проблем, тоа е проблемот во здравството.
Јас ти споредив контролор на летање сако колку да доловиш ситуација дека не само докторитте имаат работа со живот и смрт и дека само нивната работа е стресна.
Не станува тука за стара опрема, никој не го спомна тоа.
Споредбата можеш да ја направиш ако речеш дека конотролорот си игра шах со колегата додека авионот неможе пистата да ја најде.
Ако одиме по аналогија со контролорот мислам дека никој нема да му замери ако и покрај никаквата опрема проба да го приземји авионот безбедно и неуспее. Битно покушал и дал се од себе.
Никој не обвинува доктор најмалце јас ако поради застарена опрема или други Х причини пациентот го изгуби животот или му се докомплицира работата. На крај краева тоа што го нема ни царот не го јади нели??
Ама поради небрежност или незаинтересираност или поради свои лични приватни проблеми и незадоволства свесно и намерно го знаемарува пациентот, поради себични и материјални причини намерно го влечка и го мафта е тука мораме да се сложиме дека не е исто со немање опрема и тука нема изговор. Тие треба да се ретчат како коров во нива. За нив повеќе мислев.
А јас одбив да генерализирам...

Освен тоа, луѓето се раѓаат, понекогаш боледуваат и на крај умираат.
Мене ми пречи склоноста за смртта да се обвинат „македонските лекари“... или за било кој несакан случај...

да, се прават грешки - и најдобрите професионалци ги прават понекогаш, само што тука грешките четопати значат живот, а кај ѓубреџиите - грешката резултира со????.... ѓубре пред врата.... може и да е исто, па, што знам....?!?!

Јас не спорам со тоа дека секој совесен човек треба да помогне во ситуација кога знае и може, без разлика на законот - животот има вредност над сите формалности и закони (дури и сам сум се наоѓал на места несреќи, ко за беља, понекогаш и масовни и сум помагал колку сум знаел и умеел), но не е тоа поентата.... има начин да се испита дали постои одговорност во конкретниов случај, па и во сите слични, кој треба да ја понесе и на кој начин...

јасно ми е дека човечки живот е загубен, но уште пред да се се испита веројатноста на можни случувања, некои полуписмени (не велам неписмени намерно, оти полуписмените ги сметам за полоши) решиле да билдаат гледаност (или тираж, сеедно)...

Мислам дека е потребна поголема доза на внимателност во делењето квалификации и предвременото обвинување, тоа се обидувам да го кажам цело време...
 
И сето тоа е во ред, јас подеднакво ја зедов за одговорна дежурната докторка исто како и случајните минувачи. И таа и тие во дадената ситуација постапија во најмала рака нехумано. Таа како докторка што дозволила пред врата да и умре човек а при тоа не го ни погледнала ако ништо друго, тие што наместо да му помогнат и да го внесат или било што
незнам ни јас што правеле.
Така да ако се доби впечаток дека само докторката е крива и одговрна , а случајните минувачи се невини не ми беше тоа намерата. Сите засегнати во конкретниот случај се криви. Не можам да најдам изговор или оправдување зошто никој не му помогнал на човекот, едноставно немам објаснување.
 
F

fantomX

Гостин
Лично немам пријатни средби со докторите по јзу-и, ама во конкретниов случај барем од ова што прочитав, не гледам што е докторката крива.
Човечност барајте во социјализам, одете на Куба можеби. Читав и за лекарот кој помогнал на планина, како и тој кој бил на одмор - и двајцата ама апсолутно со ништо не биле обврзани да го направат истото, не биле на работна задача, како и во секоја друга професија. Ете, такви карактери биле и помогнале. Но ако не сакале, не морале.
Не барајте човечност во капитализам, а ни во ова кај нас мутираново шо и да е, особено не со Чак Норис за министер.
Имам близок, општ матичен лекар е и зема доста пари преку фондот, знаеме сите како им се плаќа на матичните нели. Но во години е човек, своевремено беше и во коморите и одборите и шотијазнам и гледаше како салам здравствен систем ко југословенскиот се уништува и тешко се помируваше со истото; и покрај парите сега што ги зема, пак жали за стариот здравствен систем и на таа тема само вели: не ви чинеше социјалистички, бујрум терајте вака. И во право е.
--- надополнето: 22 август 2012 во 03:14 ---
А да, и ова заклетвава на Хипократ баталете ја. И то застарена комунистичка работа е.
--- надополнето: 22 август 2012 во 03:19 ---
Дека системот не чини а докторите се супер ??
Дека докторите се имуни на мито и корупција??
Систем? Ха. Нема такво нешто. Има само „платиш па клатиш“.

Мито и корупција? Министерство за внатрешни работи наплаќа по 2000 или 3000 денари за вадење документи преку ред и истото го нарекува „услуга“. Зошто и докторите да не можат да прават таква „услуга“? Логичното размислување е тоа.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Таква е денешницата не само кај нас, разликата од доктор до автомеханичар е само што едниов работи со луѓе, другиот со автомобили. Другото е се исто, плаќаш, ти мењаат дел, те оправаат.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.897
Поени од реакции
21.374
Лично немам пријатни средби со докторите по јзу-и, ама во конкретниов случај барем од ова што прочитав, не гледам што е докторката крива.
Човечност барајте во социјализам, одете на Куба можеби. Читав и за лекарот кој помогнал на планина, како и тој кој бил на одмор - и двајцата ама апсолутно со ништо не биле обврзани да го направат истото, не биле на работна задача, како и во секоја друга професија. Ете, такви карактери биле и помогнале. Но ако не сакале, не морале.
Не барајте човечност во капитализам, а ни во ова кај нас мутираново шо и да е, особено не со Чак Норис за министер.
Имам близок, општ матичен лекар е и зема доста пари преку фондот, знаеме сите како им се плаќа на матичните нели. Но во години е човек, своевремено беше и во коморите и одборите и шотијазнам и гледаше како салам здравствен систем ко југословенскиот се уништува и тешко се помируваше со истото; и покрај парите сега што ги зема, пак жали за стариот здравствен систем и на таа тема само вели: не ви чинеше социјалистички, бујрум терајте вака. И во право е.
--- надополнето: 22 август 2012 во 03:14 ---
А да, и ова заклетвава на Хипократ баталете ја. И то застарена комунистичка работа е.
--- надополнето: 22 август 2012 во 03:19 ---

Систем? Ха. Нема такво нешто. Има само „платиш па клатиш“.

Мито и корупција? Министерство за внатрешни работи наплаќа по 2000 или 3000 денари за вадење документи преку ред и истото го нарекува „услуга“. Зошто и докторите да не можат да прават таква „услуга“? Логичното размислување е тоа.
Тоа што општествените и етичките норми ни се испревртени однопаку не значи дека е тоа некое оправдување за постапката на сите инволвирани во случајот.
Колку што знам (не сум сигурен) , не пружањето на прва помош на човек е казниво дело, без разлика дали е доктор или не. А и да не е казниво тогаш е нехумано да можеш и знаеш да му помогнеш и да не поможиш само затоа што си бил на одмор или на си бил на работа.
Не за џабе во возилата е задолжително да имаш опрема за прва помош. Таа не е само за соопственикот на возилото, уште повеќе што истиот тој сам на себе не може да си даде прва помош посебно ако е во несвест. Таа е таму за да ти му поможиш на некој на кој му треба прва помош.
Да биде работата потрагична за некоја најобична џукела што била стапната од кола или така нешто ке се крене поголема прашина, борците за права на животните ке се испосерат по медиуми како тоа било нехумано или нечовечно, но кога се работи за човек тогаш се е дозволено.
За министерството за внтраешни работи кога вадиш некој документ не се работи за живот и смрт и не се во прашање минути, овде секундите се бројат. Не ке да ти е споредбата сосем на место. Или можеби сакаш да кажеш дека митото е сосема нормална работа и не треба да е казниво. Тогаш ништо чудно што некој смета дека се врши хајка према докторите, дека се демонизираат и има притисоци врз нив, уште кога за некој митото корупцијата треба да е составен дел во медицината, посебно докторите или студентите по медицина( нашите идни доктори). Некако не им се допаѓа идејата дека повеќе нема да бидат богови само затоа што носеле бел мантил и завршиле медицина.
Не ми мириса на арно работата.
Утре да им текни и на пожарникарите да почнат да бараат мито и тоа да го нарекуваат услуга. Ако сакате да дојдеме веднаш ке си доплатите.Ако сакате да дојдеме само со канти за вода имате една цена, со противпожарно возило друга цена, скалите спаѓаат во дополнителна опрема:facepalm:
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Значи АЛО БЕ ЛУЃЕ , и ги отековте на докторката а таа си била на работно место, таа може и не знаела што се случува надвор и АЛО бе таму само докторката била ли ?! По се ова што го прочитав најмалку 30-50 луѓе мора да го виделе настананот со свои очи. Што и го тупите на докторката, зар тоа што само таа имала доплома во тие околну да речеме 100метри на настанот само незе ја обрзува да помогне, каде е човечноста кај сите луѓе околу, ако не сакале да го влечкаат, што не почле да го свртат на страна, и други работи што се прават како прва помош на човек во несвест. Што може таа докторка да направи освеме ете ако била слободно и слегла долу и ШТО пак ќе речела дај да го внесиме, дај да го легниме, дај соблечете го горе... оти сето тоа не го направиле тие сите неми посматрачи на настанот. Ама поинтересно е да се гледа сеир одоколу и да се плука по некој што ете има диплома и работи како доктор. Пред неколку недели сите знаат што се случи во струмица и како живи изгореа луѓето. Луѓето сакале да помогнат и таа своја помош ја платиле со сопствениот живот, овде гледале како човекот се мачи и никој два прста не подал а камо ли рака да за да го кренат и да му помогнат. Мислите тие во струмица не можеле да седнат пред некоја коперација со пиво во рака да викаат телевизии да знимаат како некој се мачи да спаси што може да се спаси. Жената никој не знае што правела внатре. Макар и да спиела што тешко дека е можно не е бре таа што го видела човекот, таа си била на работно место.
Каде е човечноста кај сите тие “неми, сакати и заостанати посматрачи“ кои си фаќале сеир на маката од човекот.

Рече некој претходно, да било ова сред битпазар преку тезги на раце ќе го префрлеа човекот во блиска амбулатна/болница. Не е само Ѓорче, секаде во другите места каде македонците по националност се гледачи на немил настан во 95% случаите ќе останат само гледачи. Имало случаи каде нешто се случило во Тризла овде кај рамите, цела тризла се крева на нозе да му помогне на луѓето, а има случаи каде поединци паѓаат во несвес на сред плоштад а културниве ни граѓани прилепсли си седат во вирус и дикаприо и си го пијат кафенцето без око да им трепни. А кога некој ќе се струполи во пазарен ден низ пазар и да не рпавиме маубет, се случува тоа скоро на секои 3-4 недели, е тогаш да висиш како брза помош носат носилките на раце по цел пазар оти овие не скааат да тргнат тезгите за да влези колата иако е тоа улица по сред пазар. Така е секаде каде луѓето се оперирани од хуманост и човечност...
 
М

Мартин`

Гостин
Ја суспендирале докторката само за информација.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.379
Поени од реакции
7.501
Суспендирана лекарката која одби да му укаже помош на пациентот пред поликлиниката Ѓорче Петров

Лекарката Ксенија Мојсовска која одби да ја напушти ординацијата за да му даде лекарска помош на 71-годишниот Петар Николов пред Здравствениот дом Ѓорче Петров од денеска е суспендирана. Одлуката ја донеле директорите на здравствениот дом Скопје, а во расветлувањето на случајот учествуваа три независни комисии, соопштија од Министерството за здравство од каде исто така е побарано од Лекарската комора да ги разгледа условите за одземање на лиценцата за работа на докторката.

Во соопштението од министерството се вели:

Денеска, од страна на директорите на Здравствен Дом –Скопје беше суспендирана Др. Ксенија Мојсовска, докторот кој што беше на работа завчера, за време на немилиот настан кој што се случи пред поликлиниката Ѓорче Петров.
Исто така, со цел точно лоцирање на одговорноста, беа формирани три независни комисии за расветлување на случајот и тоа на Здравствен дом-Скопје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Министерството за здравство и секоја Комисија, независно една од друга, е должна да достави извештај за својата работа до кабинетот на Министерот.
Во текот на денешниот ден својата работа ја завршуваат комисиите формирани од страна на Здравстевен дом-Скопје и ДСЗИ, додека Комисијата формирана од Министерството за здравство ќе заврши по добивањето на резултатите од обдукцијата и патолошките анализи кои се во тек.
Исто така, МЗ информира дека досега е направен увид и земена изјава од Др. Ксенија Мојсовска, вработена во Здравствен Дом Скопје, распоредена на работно место доктор на медицина во ординација за здравствена заштита во трета смена, недели и празници, која што била на работа во тој период, која што не негира дека не излегла да му укаже лекарска помош на лице кое што, по кажување на присутните било во живото-загрозувачка состојба, а Итната медицинска помош ја повикал таткото на пациентот кој што во тој момент го прегледувала. Итната медицинска помош веднаш реагирала и на самото место пристигнала за 9 минути.
Изјавата на Докторката дека согласно член 17 од Законот за здравствена заштита не смее да го напушти работното место во целост е неиздржана и не кореспондира со таа одредба. Во Законот за здравствена заштита никаде не е предвидено дека доктор не смее да ја напушти здравствената установа во која работи. Напротив, Законот за здравствена заштита јасно и недвосмислено укажува на тоа дека секој здравствен работник има обврска за пружање на лекарска помош особено на лице во животозагрозувачка состојба.
Од информациите со кои што располага Комисијата формирана од страна на Министерството за здравство, смртта на лицето најверојатно настапило како резултат на попуштање на срцевата функција- срцева смрт, но за точна информација е потребно да се почекаат резултатите од патолошките анализи. Комисијата, по добивањето на сите податоци, целокупната документација ќе ја достави до Министерството за здравство, а истата понатаму ќе биде процесирана до Министерството за внатрешни работи за нивно понатамошно постапување.
Независно од тоа, Министерството за здравство денес упати писмо до Лекарската комора од која побара да заседава судот на честа и да утврди дали се исполнети условите за привремено или трајно одземање на лиценцата на докторката.

22.08.2012, 14:27
Колку што знам тоа е поликлиника, а не болница, и според мене најверојатно се работи за инфаркт, а во таа поликлиника нема услови за лекување на инфаркт!
Доста философии!
Абе ви кажав јас​
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
^^
Никој не ни очекуваше “ совршен “ реформаторски закон да биде виновен за било што или да се покаже во вистинското светло како моронски закон донесен од морони.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom