Тука се сложувам, кај повеќето е важно што имаат поквалитетни натпревари во своите карирери, а сеуште се млади. Добри се на кондициски план, но како што кажав повеќето од нив не ги краси некоја добра фудбалска техника. Едно е да играш младински фудбал, кога ќе дојдат на сениорско ниво и противниците ќе им бидат далеку поискусни, а со оглед на тоа што се крева голема фама околу нив, може да се завршат многу неславно. Вардарците од тимот, Велковски и Николов мене воопшто не ме импресионираат со игрите во прва лига. Николов не е добар ниту во дефанзива, ниту во офанзива. Едноставно не е дефиниран како играч. Не придонесува доволно како дефанзивен средњак, не знае да води топка како офанзивен играч од средината, ниту пак има добри додавања. Велковски ми е уште понедефиниран. Навистина не ја доби шансата што ја очекуваше и има мала минутажа, ама реално нема што да бара крај Грне и Мијушковиќ. На неколку дуели што одигра направи еден куп грешки. Од него очекував да биде дефанзивен средњак, ама не сакал господинот, сакал централен дефанзивец да биде.
Зајков највеќе ме радува со игрите во младинска репрезентација. Доста напреднал. Кога и да гледам натпревар на младинска репрезентација, противникот постојано притиска и одбраната е под страшен пресинг, па затоа мора сите да добијат пофалби, иако страничните бекови често знаат да излетаат во дуелите со противничките крила.
Вината за противничкиот пресинг оди кај играчите од средината...
Бабунски дефинитивно е лидерот во репрезентацијата, ама многу ја жилави топката и често ја губи. Сепак, навлекува повеќе играчи и остава простор за останатите. Крилата истотака се просечни играчи, мислам дека нема да го стигнат нивото ниту на Агим Ибраими на пример. Радески играше добро во Македонска лига, но одма се виде разлика во дуелите со поквалитетни дефанзивци, односно во дуелите со Вардар. Не мрдна, како да не беше на теренот.
Друга работа е што крилата се преофанзивни и оставаат премногу простор за напад на противниците и затоа страничните бекови постојано испаѓаат од игра.
Напаѓачот си ја врши работата, но ниту од него не очекувам дека ќе прерасне во врвен играч.
Кога ќе земеме севкупно, освен Бабунски и можеби Зајков, па и голманот Алексовски (сеуште е рано, ќе видиме како ќе се развива), чисто се сомневам дека некој би заиграл во клуб кој е барем статист во групите од некое Европско натпреварување.