Значи вака:
Александар Лазевски мајката у п***а да ти ја ебам, ја шитна утакмицава!
Па добро да му ебам мајката, го имаше Новески лево од него, можеше да ја избаци, мајсторов сакаше да се загради од Де Бруин.
Пизда му материна, пак од 2 шанси 2 гола ни закачија.
Ај океј, три шанси имаа плус пеналот, ипак, ние имавме можда 10 убави шанси од кои 2-3 стопроцентни.
Убава игра на нашите, ми се допадна што конечно игравме нешто што личеше на фудбал а не рогни ја што подалеку.
Едино одбранава луфта... до душа Новески игра царски, кикс не направи, исто и Грнчаров беше солиден, колку можеше извади. Бековиве, Лазевски е добар за во напад, знае да удвои да помине ама назад е лефтирка. Душата му ја извади Де Бруин.
Десно Тодоровски и другиот што му идеше на Хазард, тоа беше мислам најслабата алка кај нас. Му идат на метро и бегаат после од него, двајцата. Абе скини го ебате играчите, не овој тргнува овие бегаат од него.
Читам сте пишале Тричковски бил слаб? Dafuq? Tричкоски беше убедливо најдобриот играч кај нас. Мамето му го еба на Вентроген, го шеташе без проблем, стигаше до шеснаесетник и толку. Тоа му е проблемот нему, што тешко се решава на шут, а сите додавања му отидоа џабе оти Јахович беше затворен ко телевизија на Перо Наков.
Читам па
Дим4е пишал, Трајковски пет пати подобар.
Аман бе Диме, Трајковски откако влезе направи три убер фејл потези, му се смееше цел стадион. Едино на крај успеа да направи нешто, ма да и тогаш се сопна, падна, но се сопна и Белгиецов, па му испадна како финта тоа на нашиов.
Инаку, дупка, ме разочара ептен Трајковски.
Исто и Агим. Првите пола саат го немаше, после почна да игра јако, класа потези и дриблинзи, но у второ пак спласна. Ме нанервира што постојано го правеше истиот потег. А дека има фудбал у него, има, несомнено, само денеска можеше повеќе.
Исто и Пандев, ма да покрај Витсел толку и тој можеше. Овој Витсел е сепак одличен ДМ, фантастична поставеност и чуство да пресече пас.
Јаховиќ слабо, али Мирко не беше нешто поарен. Едино што е побрз и порастрчан, ма да и тој се филмаше со потезите ко Трајковски.
Демири добар, Хасани исто добар со оглед дека играше на средина, толку може да се очекува од офанзивен играч кога му даваш таква позиција. Тасевски влезе веќе кога беше се готово.
Сепак, Белгијциве се страшен тим. Имаат супер квалитетни играчи на секоја позиција.
Мене најмногу впечаток ми оставија Вермален и Фелаини. Ебате играчиштата.
На Фелаини топка не можеа да му земат, значи гради двајца играчи без проблем. Вермален имаше три чисти блока, со фрлен голман, значи спаси три потенцијални гола.
Тоа е, каде каде се пред нас, тоа го говорат и клубовите каде што им играат играчите. Сепак, задоволен сум од играта на нашиве, се ќе беше подруго ако влезеше барем една од двете шанси што ги имавме во првите 10 минути.
Но тоа е голема репрезентација, ни ги казнија грешките, и на крај рутинирано победија.