Македонија – Германија [17.01.2012, 18:15]

Статус
Затворена за нови мислења.

Bog e Eden

приватен даскал за книговодители и плус...
Член од
15 јануари 2012
Мислења
5
Поени од реакции
4
Српскиот орел навива за Македонија!!!
--- надополнето: 18 јануари 2012 во 13:17 ---
Секој чесен Србин ја сака Македонија како свој добар сосед. Но, и секој чесен Македонец треба да ја сака и почитува Србија во иста мера и на ист начин
 
H

HITCH

Гостин
Но за жал изгубија, џабе илјадници евра фрлени за нив..
Како мислиш: џабе илјадници евра фрлени за нив?! Мислиш дека ракометариве лошо ја завршија работата? Дека не изиграа добар натпревар?

Очигледно е дека народов е научен само да плука по се` и секого. Дечкиве покажаа супер игра! Успешно и се спротиставија на „Немачка“, која вложува милиони евра во спортот со години наназад. Тоа се играчи со одиграни стотици натпревари, кои имале клучно значење, имаат сојуз од над 50 клубови, а ние од сите спортови не можеме да собереме 20 имиња, а тек од еден спорт... Колку клубови имаме во било кој спорт? Знаеме само за Работнички, Металург, Вардар, МЗТ и тука завршуваме со муабетот. На телевизија гледаме странски лиги, а од наша лига абер си немаме. Кога државата ќе се потуди да стави ред во раководствата на сојузите тогаш Македонија ќе може да се бори рамо до рамо со големите спортски сили. Се` додека не се средиме дома дечките ќе јадат онаков ќотек и нема да им признаваат чисти голови. Зар илјадници евра треба да се потрошат за 30 луѓе? Треба милиони да се потрошат!

Зошто ги навредувате дечкиве кога никој не вложил пари? Во какви сали тренираат? Со изваден паркет, кров кој прокиснува, без греење, мувла по ѕидовите... од такви услови и глушец ќе избега, а не човек да спортува.

Срам да ви е што дремете дома во топло и плукате по нечив труд. Срам да ви е што ги бодрите само кога победуваат. Пријатели и поддршка треба во тешки моменти, а не после победа!

Македонија не се брани со зборови, се брани со дела! Дечкиве покажаа колку ја сакаат Македонија.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Истите вие кои плукате по Кире заборавате дека тој не донесе на првенствово. Може дал 7 гола ама дали видовте колку асистенции направи. Истите вие утре неговата слика по Фб и на Кајгана ќе ја ставате. Верувајте бе малку кај ви е тоа оптимизмот, на уткмица пред крај се предавате што е со вас.
Шундо гледај го клипов !!!!!
--- надополнето: 18 јануари 2012 во 13:27 ---
Или колку ги сакат парите?
За пари или не достојно не претставуваат. Што ти си направил за твојата земја ?
 
?

..........

Гостин
За пари или не достојно не претставуваат. Што ти си направил за твојата земја ?
Сум дал пари на ракометарите, тие земат државни пари.....и на крај изгубија..така да имам право да критикувам..
Вистинското прашање е што направила државата за мене?
 

Bog e Eden

приватен даскал за книговодители и плус...
Член од
15 јануари 2012
Мислења
5
Поени од реакции
4
Како мислиш: џабе илјадници евра фрлени за нив?! Мислиш дека ракометариве лошо ја завршија работата? Дека не изиграа добар натпревар?

Очигледно е дека народов е научен само да плука по се` и секого. Дечкиве покажаа супер игра! Успешно и се спротиставија на „Немачка“, која вложува милиони евра во спортот со години наназад. Тоа се играчи со одиграни стотици натпревари, кои имале клучно значење, имаат сојуз од над 50 клубови, а ние од сите спортови не можеме да собереме 20 имиња, а тек од еден спорт... Колку клубови имаме во било кој спорт? Знаеме само за Работнички, Металург, Вардар, МЗТ и тука завршуваме со муабетот. На телевизија гледаме странски лиги, а од наша лига абер си немаме. Кога државата ќе се потуди да стави ред во раководствата на сојузите тогаш Македонија ќе може да се бори рамо до рамо со големите спортски сили. Се` додека не се средиме дома дечките ќе јадат онаков ќотек и нема да им признаваат чисти голови. Зар илјадници евра треба да се потрошат за 30 луѓе? Треба милиони да се потрошат!

Зошто ги навредувате дечкиве кога никој не вложил пари? Во какви сали тренираат? Со изваден паркет, кров кој прокиснува, без греење, мувла по ѕидовите... од такви услови и глушец ќе избега, а не човек да спортува.

Срам да ви е што дремете дома во топло и плукате по нечив труд. Срам да ви е што ги бодрите само кога победуваат. Пријатели и поддршка треба во тешки моменти, а не после победа!

Македонија не се брани со зборови, се брани со дела! Дечкиве покажаа колку ја сакаат Македонија.
Да, Дечкиве покажаа колку ја сакаат Македонија, ама сеуште е голем бројот на за жал Македонци по род, но анти-Македонци во душа и срце....
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Сум дал пари на ракометарите, тие земат државни пари.....и на крај изгубија..така да имам право да критикувам..
Вистинското прашање е што направила државата за мене?
Алкалоид, Вип и Систина не се државни фирми, ова не е комунизам државата да се бори за тебе.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Истите вие кои плукате по Кире заборавате дека тој не донесе на првенствово. Може дал 7 гола ама дали видовте колку асистенции направи. Истите вие утре неговата слика по Фб и на Кајгана ќе ја ставате. Верувај те бе малку кај ви е тоа оптимизмот, на уткмица пред крај се предавате што е со вас.
Шундо гледај го клипов !!!!!
--- надополнето: 18 јануари 2012 во 13:27 ---

За пари или не достојно не претставуваат. Што ти си направил за твојата земја ?
А бе пријателе, раззбери дека КИРЕ е критикуван затоа што очекувањата се големи од него. Од манасков никој немаше очекувања зато и нема критики кон него.

На ЕП во кошарка, Дамјан никој не го искритикува за грешката од под кошт, но да му се случеше тоа на Бо Меккејлеб или на Илиевски, тогаш е друга приказна.

Кире како лидер на тимот не може да име шут за пенал 2/4, не може да избрзуе 5 напада по ред и да промашува. ТОА НЕ Е ОДЛИКА НА ГОЛЕМ ИГРАЧ. Капиш?

Ако го гледаше Илиќ во мечот со Данска ќе ти стане јасно за што зборувам. Тоа истото трбеа да го игра Кире кај нас.
Ако не може тогаш нека остави дел од времето да лидер на теренот биде Миркуловски или Мојсовски.

Ова како коментар само кон прашањето зашто го критикуваме Кире.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.738
Поени од реакции
9.864
Сум дал пари на ракометарите, тие земат државни пари.....и на крај изгубија..така да имам право да критикувам..
Вистинското прашање е што направила државата за мене?
Не се глупирај безврска.
 
H

HITCH

Гостин
Или колку ги сакат парите?
Извини, не те сфаќам, ме зезаш или сериозен си?! 1000 евра за врвен спортист се `ко 100 евра за „обичен“ човек. Иди преживеј со 100 евра кои ти ги даваат 1 годишно или бетер нека ти ветат дека ќе ти дадат стан, па ти иди живеј под кирија.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
А бе пријателе, раззбери дека КИРЕ е критикуван затоа што очекувањата се големи од него. Од манасков никој немаше очекувања зато и нема критики кон него.

На ЕП во кошарка, Дамјан никој не го искритикува за грешката од под кошт, но да му се случеше тоа на Бо Меккејлеб или на Илиевски, тогаш е друга приказна.

Кире како лидер на тимот не може да име шут за пенал 2/4, не може да избрзуе 5 напада по ред и да промашува. ТОА НЕ Е ОДЛИКА НА ГОЛЕМ ИГРАЧ. Капиш?

Ако го гледаше Илиќ во мечот со Данска ќе ти стане јасно за што зборувам. Тоа истото трбеа да го игра Кире кај нас.
Ако не може тогаш нека остави дел од времето да лидер на теренот биде Миркуловски или Мојсовски.

Ова како коментар само кон прашањето зашто го критикуваме Кире.
Тоа и треба да биде, ама тие се кријат, Мојсо само кружеше и подаваше на крајот, така да нема сигурно јас да го завршувам нападот ќе шутира Кире, и Илиќ за Кире и гола вода, не ги ставај во ист муабет.Ракометна институција е Кире во светот.А за пеналиве и не е некој екстра изведувач со време тоа се знае, само селекторот треба да го пушти Златко Мојсовски, да не сакаш Кире да му рече, аман оди шутирај оти јас неможам.Дај не ширите негативна енергија оти предосеќам ќе им еб*ме матер на Чесиве.
--- надополнето: 18 јануари 2012 во 13:46 ---
Тогаш која е суштината на нејзиното постоење? зошто јас плаќам данок кон државата....а таа не се бори за мене?
Овде за спорт се збори дечко, те гледам анти-спортист си немаш поима топка не си фатил во рака, одјеби од темава.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom