Македонија со најмал надворешен долг во регионов

Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Луртз ти си најинтересен во економија,само во еден пост држиш две страни дијаметрално спротивни :) Ти си за работа во влада :pos2:
Роден за камелеон :), зависно од позадината.

Не, ова се макроекономски податоци. Она за автобусите се тендери и таму постирам контра-зошто богатење за безвезни работи, за цените со други земји-про- факти од форумџии од тие земји и од кај нас. За куповната моќ-контра- факти од секојдневието на населението. Кога се споредуваме, океј (макар и според суви податоци) тие се податоците, но не би споредувал голема економија како српската и хрватската со нашата, без разлика на резултатите и податоците.

Тие се како воз на кој моментално снемало гориво, но ќе стават и продужуваат.

Нашата економија е како тротинет, некогаш ќе не заболи нога од туркање, ќе одмориме и па трчкараме мислејќи еве сме ги стигнале. Сепак тие земји имаат поголем земјоделски, индустриски (Хрватска и туристички), гастарбајтерски и друг потенцијал. А ние си го имаме Берово :)

Значи постирам според темите, не дали ми се свиѓа оваа влада и министрите (искрено не, ама што можам).

Да додадам, има и богати, има и трошења, има и сиромашни на кои глас не им се слуша, има киксеви и ваму и таму, има подобрувања и влошувања. Затоа и не можам да држам страна, се зависи од темата, постот на што се однесува, но и од погледот на макро или микрониво. Затоа и не држам страна. Ако ми дадат книшка и место...може, ама нема многу да им вредам, плус и ќе ја изгубам :)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.182
Поени од реакции
17.994
Невидена глупост е оваа споредба, но не ни очекувам нешто реално, поткрепено со факти од Сител и Вечер.
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
е па добро е ако останеме со нај мал долг класичарите на чело со Адам Смит јавниот долг го споредуваат со тоа едно домаќинство да должи пари кон уште 10 други домаќинства и плус на уште 3,4 банки е па што би рекле за таква фамилија ако ја гледаме Македонија во тој контекст можеме да констатираме дека Македонија е една фамилија каде што има само еден несигурно вработен е таква фамилија многу е ризично да прави големи долгови затоа што најверојатно е дека никогаш нема да ги врати но некогаш доколку влеземе во ЕУ тогаш би претставувале некоја фамилија со добар и профитабилен домашен бизнис е тогаш можеме да имаме големи заеми со што би го развиле нашиот бизнис ( макро економијата) и многу лесно би го вратиле било кој долг. Со ова сакам најсликовито да опишам зошто е добро да останеме со нај мал долг без разлика на порастот или падот на БДП
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703



inaku kapata e samo zaradi razmer....za onie paceri koi pojma nemaat sto e toa scale effect ili pak Rejnoldsov broj...:)...oli pak SLON i OVCA..
..sepak mislam deka i na poslednite prerodbenici , na skalata na inteligencija im e jasno deka nekoi raboti ne se sporeduvaat, ama sepak...edna slika ko 10000 zborovi :)
jasno e deka se dzilitaat zaradi stabskite GWG instrukcii....se dodeka ne gi izbrkaat nadvor , togas pocnuvaat da "peat" .......ko primadonata Slavevski...:)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
inaku kapata e samo zaradi razmer....
Интересна капа


Кога не можеме да се мериме по должина-кому е поголем, (покушаваме да) се тешиме со дебелината или (извинете на вулгарност) со големината на додатоците и нивното висење.
Така и ова. Се тешиме со најмали задолжувања (мејби) но...а извадат ваква тема, медиумите не враќаат во реалноста.
Евробарометар: Најголема невработеност има во Македонија


Од 27 членки на ЕУ и три земји кандидати, највисока стапка на невработеност има во Македонија, потврдува уште еднаш редовното издание на „Евробарометар“, кој овој месец се фокусира на трудовата политика и социјалната заштита низ Европа.
Анкетата е спроведена на почетокот на јуни во ЕУ членките, Хрватска, Турција и Македонија и ги анализира последиците од светската економска криза врз вработеноста, стравовите и надежите на европските граѓани.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ние и пред 2009 имавме стапка од невработеност над 25%,ајде и за ова е сега крива кризата.Исто така крива е што моментално нема снег.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Е нема. Чаре да се увезе снег од Чиле :) или да се отворат скроз границите, па секој трбухом за крухом. Инаку без разлика на криза или не, Македонија е вечна...со своите +30% официјално невработени-според сите мерки, потези, раст, вложувања... според нивниот успех :kesa:- се сомневам дека воопшто под 30 официјално ќе се намали. Овој процент едино се намалува со отворање ширум порти и отворање големи капацитети. Со дуќанчиња, месарници и пазарчиња само се апсорбира едно зрно од работната сила-и тоа во крајна линија непродуктивно за самата држава.
А за вложувања, мислам дека не се гледа некое светло во тунелот.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Овој проблем единствено се решава со иселување на 80% работоспосбно население од земјава,а тие 20% да ја земаат просечната плата во Македонија.И ќе ми кажуваат трето дете,ма нека одат да се удават во сликата од concrete.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Овој проблем единствено се решава со иселување на 80% работоспосбно население од земјава,а тие 20% да ја земаат просечната плата во Македонија.И ќе ми кажуваат трето дете,ма нека одат да се удават во сликата од concrete.
со некои други мрчатори ове, во хор одамна трубиме...дека единствениот спас е безвизен режим и МАСОВНО РАБОТЕЊЕ надвор, макар и на месец-два ,па со пауза од шест месеци пак надвор...на црно или на бело..:)
другата алтернатива да БЛИКНЕ НАФТА е по малку понеизвесна.......па ја изоставуваме,за евентуално Гwујо да ја експлоатира во своите ПАМФЛЕТИ, заедно со ИНВЕСТИЦИСКИОТ БУМ,ТУРИЗМОТ и случни ФАНТАЗИИ...
а тоа всушност не прави НЕПРИЈАТЕЛИ на Македонците, тие единствено затворени во ГЕТО хранети на пипета...ЌЕ ОПСТАНАТ....
....затоа ние мутави слепци не ја ни гледаме ПРОСВЕТЕНОСТА на владава,...претходните влади и на Европските пријатели........јеби га...
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
со некои други мрчатори ове, во хор одамна трубиме...дека единствениот спас е безвизен режим и МАСОВНО РАБОТЕЊЕ надвор, макар и на месец-два ,па со пауза од шест месеци пак надвор...на црно или на бело..:)
другата алтернатива да БЛИКНЕ НАФТА е по малку понеизвесна.......па ја изоставуваме,за евентуално Гwујо да ја експлоатира во своите ПАМФЛЕТИ, заедно со ИНВЕСТИЦИСКИОТ БУМ,ТУРИЗМОТ и случни ФАНТАЗИИ...
а тоа всушност не прави НЕПРИЈАТЕЛИ на Македонците, тие единствено затворени во ГЕТО хранети на пипета...ЌЕ ОПСТАНАТ....
....затоа ние мутави слепци не ја ни гледаме ПРОСВЕТЕНОСТА на владава,...претходните влади и на Европските пријатели........јеби га...
Дури и странците го научија тоа,па почнаа со нивните познати финти каде ветуваат “брда и долини“ и слободни визни режими,што всушност им е позната 18 годишна “стратегија“ само на хартија.А нафтата ќе ја има и како досега,на првата бензиска станица,или на “4 000 милји под земјата“.:smir:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Седете мирни убо е сега засега, да не ни стават како што ќе му стават на хрватите дополнителен кризен данок, тогаш полошо ќе биди отколку сега :toe:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Седете мирни убо е сега засега, да не ни стават како што ќе му стават на хрватите дополнителен кризен данок, тогаш полошо ќе биди отколку сега :toe:
:pos2::pos2::pos2:
Не бе за слава ги издаваа записите.Ама кај нас нема да биде кризен,туку ќе се вика „Дотако сам дно живота“
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
:pos2::pos2::pos2:
Не бе за слава ги издаваа записите.Ама кај нас нема да биде кризен,туку ќе се вика „Дотако сам дно живота“
Тоа што нас директно не не удира по џеб не не засега, за индиректно да ми ја мислам немам толку многу школо завршено :pipi:.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
„Дотако сам дно живота“
:pos2: Добро ако е дното каловито...Ако е каменито...:nesvest:

Драматичен пад на индустриското производство


Нов драматичен пад на индустриското производство. За 16,2% се намали во јуни во однос на истиот период, лани - објави Заводот за статистика.
Се сумираа и показателите за првата половина од годинава - пад за 12,1% на индустриското производство за во период јануари - јуни во однос на ланското полугодие.
Статистика во јуни регистрираше пад во носечките сектори - рударството и преработувачката индустрија, додека раст е евидентиран кај секторот снабдување со електрична енергија и гас.
Бизнисмените, Народната банка, меѓународните финансиски институции прогнозираат дека и вториот квартал од оваа 2009. година ќе заврши со пад на вкупната економија.
Во очекување на комплетните економски показатели за овој период извесно е дека овие проекции ќе бидат остварени.
Во првиот квартал од годинава македонската економија беше во минус од 0,9%. Лани истиот период, економскиот раст беше во позитива со 5,5%.
Економските министри во владата очекуваат позитивен раст во третиот и четвртиот кавартал.
Во меѓувреме бизнисмените од Владата побараа нов пакет анти - кризни мерки, даночни и царински олеснувања, забрзувања на операцијата за кредитирање на малите и средни компании.
Владата засега не размислува за нов потег - ги чека ефектите од досегашните мерки. Доколку и во вториот квартал има негативен раст на економија тогаш и официјално би се прогласила рецесија во земјава.
Кризата не стивнува
Економската состојба во земјава не се подобрува. Компаниите имаат финансиски проблеми и најавуваат дека негативниот тренд ќе продо
а за тоа време, некаде во вселената
Источноевропските економии почнуваат да заздравуваат
Во вториот квартал од годинава источноевропските економии почнаа полека да заздравуваат
И пак кај нас
Доаѓа нов бран поскапувања
Според статистичките податоци, просечната искористеност на капацитетите на претпријатијата во јуни била 55,4 отсто, што е малку
А сега? А? Мал долг, голем к* :) да ми простите, сепак ние народецот ќе го јадеме без разлика на најмалиот долг.

е многу ни е писен јазикот :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom