КОНЕЧНО!!! Доста не исфрлуваа екипи на ваков начин, редно време беше и ние да се протнеме вака. Одлично било чуството кога ќе исфрлиш некого на педерски начин, а уште подобро кога ќе им го направиш тоа на "БРАЌАТА''.
Имам еден другар Хрват и утакмицава заедно ја пратевме. Типов повеќе се внесе отколу јас што се внесов, во кафич вика пцуе, сите него го гледаа. На крајот кога фати да се дере, срам ме фати, фалеше под маса да се сокриам. Му викам остај од тоа твоите евра и да не нема од тука.
Иначе многу лоша утакмица беше таа вчера, подобра игра сме играле на физичко Имаше стварно напнатост и неизвесност ама утакмицата изобилуваше со еден тон грешки, ниедна асална акција не видов, се на сила беше и од двете страни. Искрено глава ме заболе од тоа го што гледав.
Многу плукате по Манасков во одредени моменти. Разбирам дека уште ви стои таа одбивност што ја имате уште од кога играше за Металург ама имајте малце трпение со него. Не грешеше само он па само за него да се фатите, Кире еден куп избрзани удари имаше, Џомба утињаше зицери, Миркуловски 40 минути не знаеше кај тера. И ако треба по некој да се вика според мене тоа е Кире, нигде го нема пренстово, само ја успорува играта и шутира од неизградени позиции.
Сакам веќе Мансков само да го гледам како шутира пенали, а не Кире со неговите удари кој се базираат само на сила и ако голамнот го простудира подобро све ќе му фати. Ја има Манасков таа техника на изведување како Гигу и Жоли, само треба подобро да се искалеми.
Едит: Ќе заборавев на крај. Зошто го оставија Борко цела утакмица, само статист беше, ниедна топка во второ не фана. Да имавме подобар голман ќе ја решевме утакмицата и порано.