Македонија-Србија 19.01.(18:15часот)Група А

БИТИ ил НЕБИТ


  • Вкупно гласачи
    61
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Macedonian Lion versus Serbian TwoHead Egle,КО ЈЕ ЈАЧИ ДРУГАРИЦЕ И ДРУГУВЕ?

Како шо предвидуваа речиси сите прогнози ова е мечот на одлука,КОЈА СЕЛЕКЦИЈА ЌЕ СЕ ПАКУВА ЗА ДОМА?Да се надеваме дека тоа ќе бидат нашите мили комшии...:kuracc:
Се знае се за нашите,па ќе се осврнам целосно на Орловите....:kuracc:
Да ги видиме тие тн BIG GUNS:pistoldz:на Србите кои ќе ни прават нервози утре(да се надеваме дека ќе се исплатат нервозите):oeoeoe:...
Клучни играчи
Алфа и омега,бог и батина,дете за се во Србија е Петар факинг Ненадиќ...
Овај лудак,ако го остават макар и една десетинка од секундата на здравје нека ни е бричењето...
Не е за џабе прв стрелец во најсилното првенство во светот...
Значи,братот има се:брзина,висок скок,дуел игра(доста гаден играч за чување зошто знае да се извитка како змија околу тебе и да бие од од секаде,без разлика дали противникот го има стегнато во "прегратка)",удар од трк,од место,од земја,знае да игра со пикер,има преглед на игра и често додава дијагонали до десно крило при вошок...
Едноставно овај ако се држи на својот просек од 7 и кусур гола,тогаш we are fucked...
ПО СЕКОЈА ЦЕНА ЌЕ МОРА ДА СЕ НАЈДЕ ПРОТИВИГРА ЗА НЕНАДИЌ,ПРВО И ОСНОВНО...
Или пак да се затворат другите максимално па да се остави Ненадиќ да решава со Борко ко је јачи..
Ама ако дозволиме Ненадиќ да потегни и да збрца уште од прво 5,6 парчиња,и плус да ги разигра Шешум,Зеленоновиќ и пред се пикерите или крилата тогаш не чекајте позитивни вести од Краков..
Истата грешка ја имаа Пољаците,како да ги зедоа здраво за готово на почеток,и буквално беа разнесени од братот Ненадиќ на старт,5 гола им здрви уште во 10 минута,муви бркаше Шмал..
Ние по никоја цена не смееме да им дозволиме да завршуваат акции лесно,без да се изнамачат за секој гол,за секој шут...Ако дозволиме шутерски тренинг нема шо да бараме,појјаки се од нас...
Друг key player,Жарко Шешум...
Многумина го подзаборавија дечкото,на времето беше еден од најјаките средни во Бундеслига,играше и за РНЛ во времето кога имаа доста кеш Швабите,заедно со Биелецки,Шмал и компанија..
Одличен играч,игра на среден,а има шут и градба како за лев,може да покрие на двете позиции подеднакво добро...
Доста незгоден за чување,долги раце има,лесно се движи,еластичен е,знае да потегни максимално и да испуца 10 шута ако има простор,не е некој кој се плаши од шут како нашите,ако му остават простор на овај има да не испуца салам,ќе мора да се најдат слабите точки на двоецот Шешум-Ненадиќ,овие двајца се најголема опасност во напад и моторот на екипата....
Иван Никчевиќ
Од дечкото со кратка фризура:giggle: зависат многу работи кај Србите,прв е во контра,полуконтра,опасен е кога влегува на втор пикер,страшно позиционирање има,и пенали шутира,одличен во одбрана,најверојатно Никчевиќ ќе оди на Лазаров во одбрана,посебно ако се решат за фластер..
Играч со огромно искуство,години е во Висла Плок,многу дисциплиниран играч и миленик на селекторите,затоа е во секоја селекција прв избор,во отсуство на Илиќ,Вујин тој ја презема лидерската улога како најискусен од играчите во поле,Станиќ не го броиме овде..
И секако можеби факторот кој ќе го одлучи мечот ГОЛМАНОТ...
За Станиќ нема да коментирам многу,сите го знаете кој е лудакот и на шо се е СПРЕМЕН...
Значи во ниедна варијанта не смееме да се доведиме до ситуација како Пољаците,да ни топат контри и зицери на таков начин,тука паѓа екипата и едноставно психата почнува да забегува..
Исто така морам да напоменам дека и да не му оди на Станиќ имаат одлична замена во Ѓукановиќ,и овај е класа голман,па не треба нашата стратегија да ја базираме само на Станиќ,зошто и Ѓукановиќ е тука некаде по квалитет...
Значи примарна опција,НЕ РАЗБРАНИТИ ГОЛМАНЕ:icon_mrgr:
Тогаш ќе имаме големи проблеми,со оглед дека немаме бекови шутери од надвор,за разлика од Србите кои и да има ден Борко(се надевам дека ќе го има најдобриот)пак имаат шо да сменат во напад и да пробаат со други пуцачки оружја..
Ние ја немаме таа привилегија,ако не му оди на Кире,а не му оди процентот како треба,без разлика на бројките,Кирката е под 50 реализација на шут од поле шо е премалку за играч од таков калибар...
Разликата од неговите игри и процентуални бројки во Барселона и за Македонија е повеќе од очигледна,таму екипата игра за да му направи простор,овде самиот игра во напад,и нормално е шо кога нема простор и слобода за добар скок шут нема ни квалитетни голови,настрана тоа што играше против лудакот Омејер....
Да се вратам на Србите,значи покрај тие играчи имаат и други сериозни ракометари кои можат да ни направат еден куп проблеми...
Уште еден сериозен играч,овај пат во дефанзива,ИЛИЈА НОСОТ АБУТОВИЌ:cool:
Не траба да се трошат зборови за дечкото,како октопод е во тие рачиштата,плус заебано е шо го знае Столе до детали...:eek:
Немања Зеленовиќ,интелегентен среден бек,опасен техничар,одлична игра еден на еден,знае да изнуди шут и во пад,знае да навлечи врз себе играч и да проигра пикер,добар прецизен шут,многу опасен играч,иако нема некоја висина,околу 191 е мислам,ама за таа висина има сериозни бројки,не е чудо што Магдебург го има како прва опција во напад....
Мијајло Марсениќ,без разлика што многумина го критикуваа за неговите игри во Вардар,сепак се работи за солиден пикер,не е класа како Сораиндо,Шипршак,ама ако добива топки,под претпоставка дека Србите ќе форсираат игра на линија ако не им оди на бековите тогаш ќе има сериозни проблеми..
Реков,најслаба карика во таа подвижна зона ни се Велко,Ацо а и Митков ако е во постава,сите тројца се доста трапави,немаат тајминг кога да старуваат,најчесто доцнат со стартовите и сркнуваат 2 минути безпотреба,и после на здравје,како исклучувањето на Ацо вчера со Пољаците кое го скрши мечот...:eek:
Ќе мора да ја затвориме средината,ама ќе мора,по секоја цена,па нека одат преку крила подобро,отколку да имаат бековите 20 гола заедно,тогаш нема што да бараме...
Друг сериозен играч е селанчето со најсељачка куртоноидно-кретенска фаца цело првенство, Дарко Сељакот Џукиќ:kuracc:,се по список и тебе:sneaky:
Настрана антипатија,опасен е куртонов,брз,долги раце,многу е брз,брзо исфрлање на топка има,не чека како ДекиБој заедно со топка да влезе во гол,знае да се извитка како пендрак и да летни од невозможен агол и да извади шут,страшно флексибилен играч..
Опасен е,а уште поопасен е што игра на послабата страна на нашата одбрана,кај Деки Бој..
Плус Зеленовиќ е сериозен асистент,па ќе мора добро да затвориме кај куртончето,зошто заебано ќе е ако не отворат од тука...
Од другите играчи вреди да се спомене Момир Рниќ,пишував за него,страшен пуцач е,топ во рака,прва резерва е на првенството,бидете сигурни дека штом не ме оди на некој од двоецот Ненадиќ-Шешум влегува Рниќ и опасноста воопшто нема да е намалена,страшен шутер е,ќе имаме доста проблеми со овие....:eek:
Бојан Бељански е замената за Марсениќ,не добива многу минутажа во напад,освен ако е исклучен Марсениќ,а и во одбрана го менува...
Овај е суров играч,небрусен,ама доста корисен за касапење,па доста го користат,посебно ако има опасност од 3 исклучувања кај двата најдобри дефанзивци Абутовиќ и Марсениќ...
Имаат и една замена за среден,Филип Марјановиќ,доби некоја минута со Пољаците и вчера,ама не ми се верува да влегува многу,истото важи за Новак Бошковиќ,десен бек но како шо е новата мода денес да играш со висок левак на десно крило го форсираат на десно крило,ако не му оди на Џукиќ...
Тоа е тој целосен ростер на Србите...
Дали можеме да ги тепаме?
FUCKING YEAH,без дилема...
Но само ако ја играме НАШАТА ИГРА,РОВОВСКИ,ОСВОЈУВАЊЕ НА ПОЗИЦИЈА,ДА ГИ НАТЕРАМЕ ДА СЕ МАЧАТ ЗА СЕКОЈ ГОЛ,СМИРЕНО,БРЗ ИЗБРЗАНИ ШУТЕВИ,МЕЧ СО ПОМАЛКУ ГОЛОВИ,И БЕЗ АМАТЕРСКИ ТЕХНИЧКИ ГРЕШКИ КАКО ВО ЗАВРШНИЦИТЕ СО ФРАНЦИЈА И ПОЛСКА...
Ако ги надминеме овие работи НАШИ СЕ,појјаки сме ,можеби не индвидуално зошто тие имаат покомплетни играчи, но како ТИМСКА ЦЕЛИНА,УИГРАНОСТ,ДИСЦИПЛИНА,ВОДСТВО ОД КЛУПА,СИСТЕМ НА ИГРА сме во предност,за ова сум сигурен...
Ако му дозволат на Ивица да ја напрај тактиката како шо замислува тој,без да му се мешаат( сметам дека му кумуваат доста при тактиките,пред се Кире):Dмислам дека ќе извади џокер од ракавот и ќе немаме проблеми..
Иако доста го критикувам,сепак имам доста високо мислење за Ивица,поткован тренер,со УМ И ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА ПРЕД СЕ,и треба да сме среќни шо го имаме,сериозно,и Хрватите сега нека си ја чукаат таа тиквата шо наместо Ивица си го ебаваат умот со нискоинтелегентното кретеноидно тренерче како Бабиќ:giggle:,туку и на Бабиќ ќе му го земиме скалпот,само нека паднат Орлите...:semolam::semolam::semolam::cuc:
Ајде момци,дадете утре се од себе,да не го гледаме после ЕП без никаква желба,да имаме барем уште 3 меча на кои ќе можеме ДА ВЕ ИЗНАПЦУЕМЕ:angel::pos:...
СЕРИОЗНО,ИЗИГРАЈТЕ МАШКИ,КАКО ШО ИГРАВТЕ ДОСЕГА,СИГУРЕН СУМ ДЕКА ПОБЕДАТА Е НАША АКО ИЗГИНИТЕ НА ТЕРЕН!!!
Да живее Македонија,да живее ВМРО:D:oeoeoe:
 
Член од
19 февруари 2011
Мислења
484
Поени од реакции
502
И после преспиената ноќ сеуште стои горчина во душата за пропуштената шанса со Полска и можноста во најмала рака да се повтори успехот од Србија.Сега и победа против Србија и влез во вториот круг нема да направи толку кејф,иако мислам дека нивната игра најмалку ни одговара од сите 3 репрезентации и дека емционално испразнети нашите ќе изгубат и тоа најмалку со 7-8 разлика.
Се надевам ќе ме демантираат и ќе заиграат со душа како и предходните 2 утакмици а тогаш не се сомневам во победата.
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.451
Поени од реакции
1.791
Дали и со нерешен резултат утре одиме понатаму?
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.705
Поени од реакции
6.632
Дали и со нерешен резултат утре одиме понатаму?
Да (y)
@Tomasino :bravobe: значи милина ти се постовиве за читање. Те номинирам за форумски оскар за најдобар вовед во тема :cuc:
Инаку за утре верувам дека ќе дадат се од себе, знаат дека само со победа утре може да си го обелат образот, во спортивно ги чека лавина од критики кога ќе се вратат овде. Не верувам 3 пати со ред да ја ебаваме работата. Башка се игра против соседски ривал, ова е своевидно ју-дерби, така да и покрај сите маани што ги имаме мора да се надеваме на победа. Можда па баш овојпат ќе тргне добро работата. Описот кој го даде за Србија е малце преоптимистички ми се чини, да беа толку јаки, ќе ја тепаја Полска крај краева, ама ете го кикснаа пеналот, значи и тие си имаат скриени “адути“ како нас. Мене што најмногу ме плаши се голманите. Борко се покажува добар досега, да не ја усере баш во најважната утакмица? А тие го имаат Станиќ, шта речи...:cautious:
Нашиве со пласман даље имаат добра шанса барем за уште една победа после, која на крај може да не однесе во топ 10, што е и реален пласман на оваа репрезентација. Она што после се наметнува како императив и шанса еднаш во животот се квал. за ОИ. Затоа мора да се победи утре, за мир во куќа, за продолжување на настапот на ова ЕП, каде може да се скине уште некој бод, за останување на Обрван и така со колку-толку задоволни лица да си заминеме од Полска, и да се спремаат за квал. за ОИ. Ако таму се пласираме, нека се наплатат сите досега пропуштени шанси и да освојат добро место, топ 5 да речеме :oeoeoe:А во некои најлуди фантазии, бронза од ОИ, би значело награда за сите ЕП и СП досега и за самата генерација предводена од Лазаров.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.916
Поени од реакции
1.769
Дали ке одиграме нерешено или ќе победиме све зависит од нас.Србите се многу несмасни во одбраната посебно Абутович,Марсенич и Никчевич кој ке одит на Кире а тука треба да ја гледаме шансата бидејки Србите ќе добиваат доста исклучувања (најмалку 8),со паметна игра со играч повеќе и реализација на 6 пенали ИДЕМО ДАЉЕ.
Кој сакате да ни судат утре чешката двојка Хорачек-Новотни или шпанската двојка Лопез-Рамирез?
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Ме потсети вчера @Види Фотос дека играме на православен празник а знаете дека на празници не губиме. Не знам како на Сител уште не иде кајрон за ова. Ваљда оти играме против сонародниците на главниот и одговорен им уредник. :icon_lol:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ме потсети вчера @Види Фотос дека играме на православен празник а знаете дека на празници не губиме. Не знам како на Сител уште не иде кајрон за ова. Ваљда оти играме против сонародниците на главниот и одговорен им уредник. :icon_lol:
Мислам дека заврши ова со поразот од Шпанија септемврито :(
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.218
Поени од реакции
4.964
Налетуваме на Србија кога им се најразиграни бековите, во страшна форма се, јас би кажал само 3 играчи на кои мора да се пазиме Ненадиќ, Шешум и Рниќ.
Во опасна форма се тројцата, топ во рацете, Ненадиќ прв срелец во Германија, повеќе не треба да се кажува за него, дефинитивно прва опција во нападот....
Шешум ептен кренал во формата овај, го гледав со Полска и Франција, со Полска удри неколку бомби, со Франција изигра подобро, какво само движење има со телото, висок, корпулентен бек, опасен играч, исто и овај во Германија мислам му игра....
Рниќ му е мислам резерва, но располага со бомба удар.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Ништо чудно за Србите,аматери се до максимум,само да не е некоја патка,па намерно да пуштаат муви за да помислиме дека има несогласувања во нивниот табор,и ова е можно да знаете,ниски удари како погрешна информација која ќе проструи во јавност на неполн ден пред меч е доста често сценарио,посебно за вакви нокаут мечеви кога се се решева во 60 минути...
Не треба со нив да се замараме,ТРЕБА ДА СИ ЈА ИГРАМЕ НАШАТА ИГРА,ТИЕ НЕКА СЕ ЗАМАРААТ ЗА НАС..
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.109
Поени од реакции
4.964
Едно е сигурно, голманите ќе решаваат.
Ако одбрани 10 шута од 9 метри Борко тепаме .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom