Абе не можеш луд да спречиш да се убие. Не знам што се се случувало, но за преглед не сум сигурен дека човек треба да си одземе живот. Од терминална или болест која трајно го уништува физички...тоа е веќе друго.
Има доста случаи на психијатриско во државна во подрум (ваљда уште функционира), тешко е човек со нив да се справи ако сакаат да си одземат живот. Во секој случај...се на светов се случува, но во овој случај здравствен работник најверојатно е најмалку виновен.
.
да, ама тој бил на очен преглед, не на психијатриски.
а дедото можам да го разберам тотално. чека во чекална, со 50 други. другите од 50 остануваат 10 (40 се со врски, оти гол ни у болница не се иде) другите десет ги фермаат оти се ваљда помлади.. и на крај останува тој... можеби со перде на очите (катаракт) па не гледа ни од кај да си отиде...што од болеста, што од нервоза, а и кај ќе оди.. дома ќе го караат што не си завршил работа, пак во болница друг ден, пак други пари фрлање, а тој сиромашкиот пред умирање... па полесно ми се видело од прозор да слезе одошто од врата па утре пак да доаѓа и пациент да биде...
и те како се криви.
криви се за негрижа. Кон сите пациенти. ако сме сите во ист ред, за сите нас се криви. Колку пациенти дневно прегледуваат?? колку лекари има вработено??? а колку пациенти примаат дневно во работно време од 9 до 2 во кое има и минимум 1 саат пауза.Колку ординации за преглед има болница од 2-3 спрата и колку доктори работат на прием и преглед на пациенти???
Имаше порано на ТВ прилог, мајка викнала ТВ оти седела во чекална со детето, пази за детска клиника се работи, до 1 и никој не ја примил.
Сум кажала и пак ќе кажам, во државава здравството, социјалата и образованието ни се најтрули. бетер не може да биде.