МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

sveto4aki2

РОДИТЕЛ
Член од
17 јануари 2009
Мислења
268
Поени од реакции
37
Имам една пофалба до министерството и една голема примедба.Имено се работи за следново....Во фаза на изработка се компјутерските здравствени картички што е за пофалба ,но напоредно во контролите по болниците нив повторно им се наложува да водат и амбулантски дневници иако сите водат компјутеризирана евиденција за се и во секое време се добива секој податок.Затоа ова е еден апел до министерот кој верувам не е запознаен со оваа оваа работа веднаш да се исправи во интерес прво на пациентите(бидејки ке се намалат дуплите заверки и во компјутер и во дневник рачен) второ ќе се намалат трошоците на болниците за кадар и потрошен материјал.Голем поздрав до Министерот.
 
S

smart ass

Гостин
Голем поздрав до министерот,ама....хигиената во болниците им е рамна на таа налик школските ВЦ-еа,и плус тоа уште во 14 часот го активираат осветлувањето...надвор од објектот-нека штедат малце струја.:toe:

истото важи и за локалниве власти...чувај боже улични ламби до 8 часот сабајле светат...цццц

Нека преземат нешто.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Понеделник, 02.11.2009 |

Петнаесетдневен притвор им одреди вечерва истражниот судија на поранешните директори на Фондот за здравство Ѓорѓи Тренковски и на „Градска аптека“ Весна Огненовска за проневера на средства што Фондот и ги исплаќал на „Градска аптека“ во 2007 година.

Тренковски и Огненовска денеска беа приведени од полицијата.
Финансиската полиција во содејство со Управата за јавни приходи поднесе кривична пријава против Тренковски за „несовесно работење во службата“ бидејќи во 2007 година како директор на ФЗОМ два пати платил исти лекови, еднаш на добавувачите и еднаш на ПЗУ „Градска аптека“, со што овозможил „Градска аптека“ да стекне противправна имотна корист од 27.764.147 денари. Огеновска, пак, е осомничена за „злоупотреба на службена положба и овластување“ зашто знаела за двојната исплата на лековите.
Како што информираше Управата за финансиска полиција, Тренковски потпишал договор со ПЗУ „Градска аптека“ - Скопје за начинот на плаќање на лекови кои паѓаат на товар на Фондот, за месец март-април 2007, без претходно да склучи спогодба со која залихата на фондовски лекови од ЈЗО „Градска аптека“ Скопје ќе се пренесат како залиха на фондовски лекови во ПЗУ „Градска аптека“ - Скопје, и нив ги платил по вторпат на ПЗУ „Градска атепка“ - Скопје во износ од 27.764.147,00 денари. Огненовска, тогашен управител на ПЗУ „Градска аптека“ - Скопје, иако знаела дека фондовските лекови веќе еднаш биле платени на ЈЗО „Градска аптека“ - Скопје, бидејќи во 2007 година во исто време била директор на ЈЗО „Градска аптека“ - Скопје и на ПЗУ „Градска аптека“ - Скопје, повторно ги фактурирала лековите.
Тренковски и Огненовска денеска треба да бидат изведени пред пред истражен судија.

ИЗВОР.
-----------------------------------------------------------------------------------------------

И јас би сакал да го пофалам поранешниот директор од фондот како дел од министерството........

Несовесно работење во службата и злоупотреба на службена положба и овластување....
Знаете како велат ако земи некој мала сума на пари кои што не му припаѓаат нему велат украде, а за голема велат проневери.
Да не судам затоа што човек е невин додека не се докаже спротивното, ама боди во очи големата украдена овај проневерена сума. Замислете колку операции целосно можат да се покријат со оваа сума на пари од фондот.

Има една Босанска рок песна вака вели:

Зашто увек су на власти
они који воле красти?

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Бидејќи не знам каде да ја плеснам оваа сосема обична и не зачудувачка вест, ќе ја ставам тука во одделот посветен на Министерството за здравство. Знам дека и онака никогаш никој надлежен нема да ја прочита, а и да го стори тоа нема да се замисли ни трошка, а и да се замисли нема да може да стори ништо, бидејќи и онака овој проблем заради која е веста е далеку вон неговите ингеренции. Се работи за трендот “Квазидоктор“ и навиката на џаболебарење на докторите наместо грижа за пациентите.
Вест напиша:
Скокнал од четврти кат оти не го прегледале

Љупчо Кукавалиев (75) од Штип, кој пред две недели се лекувал во Воената болница, вчераутро скокнал од четврти кат од одделението за очни болести.
Увид во болницата направи полицијата, а по наредба на истражен судија, телото на починатиот е предадено на обдукција.
Од МВР информираат дека 75-годишниот штипјанец пред две недели бил пациент во очното одделение во Воена болница.
Завчеравечер дошол во болницата да направи уште еден преглед. Но бидејќи, најверојатно, никој од лекарите не го прегледал, Љупчо вчераутро околу 10, 40 се качил на четврти кат во зградата и се фрлил.
Вчерашното самоубиство ги шокира вработените во Воената болница.
Се чудеа како поранешниот пациент успеал да влезе во зградата без да го забележи некој од обезбедувањето, да се качи на прозорец и да се самоубие.
Од Министерство за одбрана велат дека Воената болница е болница од отворен тип и во неа слободно можеле да влезат сите граѓани на Република Македонија што сакаат да се прегледаат, како што било и во конкретниот случај. Од таму објаснуваат дека обезбедувањето не може да ги контролира пациентите што доаѓаат на лекување во амбулантата, оти таа била отворена за сите. (М.Ѓ.) фото: В.Тануровски
И да, не може да се вади ниеден доктор на оваа вест, ниту со муабети за обезбедување, ниту дека стариот бил луд, ниту дека не гледал и улетал у прозор заради тоа. Во болница некој да умре е апсолутно ненормално. Иако, знаејќи дека се работи за наша болница, со наши доктори, не треба да ме чуди, како што реков на почеток.
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
И министерот те поздравува тебе, вика браво за идејата. Ќе бидеш земен во предвид за твојата иницијатива, а во најмала рака и прогласен за пациент на годината, со свечено доделување на награда :)

Не, стварно. Ако не им текнало досега дека ќе прават дупла евиденција, стварно ќе треба некој да се прогласи за пациент на годината.

Please bee patients.
 
ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Имам една пофалба до министерството и една голема примедба.Имено се работи за следново....Во фаза на изработка се компјутерските здравствени картички што е за пофалба ,но напоредно во контролите по болниците нив повторно им се наложува да водат и амбулантски дневници иако сите водат компјутеризирана евиденција за се и во секое време се добива секој податок.Затоа ова е еден апел до министерот кој верувам не е запознаен со оваа оваа работа веднаш да се исправи во интерес прво на пациентите(бидејки ке се намалат дуплите заверки и во компјутер и во дневник рачен) второ ќе се намалат трошоците на болниците за кадар и потрошен материјал.Голем поздрав до Министерот.
Водењето на дупла евиденција е неопходен период на транзиција од еден систем во друг, затоа што осигурува заштита од губење на податоците во случај на проблеми со новиот систем. Има случаи кога новиот систем се прогласува за неадекватен и треба да се продолжи со стариот. Само откако новиот компјутеризирн систем ќе се тестира и ќе се потврди дека е добар, може да се престане со водење на рачна евиденција.
 
sveto4aki2

РОДИТЕЛ
Член од
17 јануари 2009
Мислења
268
Поени од реакции
37
Водењето на дупла евиденција е неопходен период на транзиција од еден систем во друг, затоа што осигурува заштита од губење на податоците во случај на проблеми со новиот систем. Има случаи кога новиот систем се прогласува за неадекватен и треба да се продолжи со стариот. Само откако новиот компјутеризирн систем ќе се тестира и ќе се потврди дека е добар, може да се престане со водење на рачна евиденција.
До сега се случуваа разни поплави по болниците и изгубени се голем дел од старите дневници рачни кои се поплавија а НИЕДЕН СМИМЕН ДИСК ЗА ЕВИДЕНЦИЈА КОЈ СЕ ЧУВА ВО ПОВЕКЕ ПРИМЕРОЦИ ДО СЕГА НЕ Е ИЗГУБЕН И НИЕДЕН ПОДАТОК НЕ Е ИЗБРИШАН.Оваа констатација што ја изнесовте не е аргументирана.Поздрав и повторно ја повторувам константацијата во корист прво на пациентите.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Јас лично не сакам мојата историја на болести и историјата на болести на моите најблиски да биде во дигитална форма па да може некоја компјутерска будала на кого што му е досадно да го хакни системот и злоупотребува тоа. Се знае картон хартија и во фиока.
Ова ти е глупост исто како со камерите во болниците, немало повеќе да се дупат дежурните сестри и доктори на трета смена, ами главо дрвена има ќоше таму кај што не фаќа камерата.....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Скокнал од четврти кат оти не го прегледале

Љупчо Кукавалиев (75) од Штип, кој пред две недели се лекувал во Воената болница, вчераутро скокнал од четврти кат од одделението за очни болести.
Увид во болницата направи полицијата, а по наредба на истражен судија, телото на починатиот е предадено на обдукција.
Абе не можеш луд да спречиш да се убие. Не знам што се се случувало, но за преглед не сум сигурен дека човек треба да си одземе живот. Од терминална или болест која трајно го уништува физички...тоа е веќе друго.
Има доста случаи на психијатриско во државна во подрум (ваљда уште функционира), тешко е човек со нив да се справи ако сакаат да си одземат живот. Во секој случај...се на светов се случува, но во овој случај здравствен работник најверојатно е најмалку виновен.
Затоа ова е еден апел до министерот кој верувам не е запознаен со оваа оваа работа веднаш да се исправи во интерес прво на пациентите(бидејки ке се намалат дуплите заверки и во компјутер и во дневник рачен) второ ќе се намалат трошоците на болниците за кадар и потрошен материјал.Голем поздрав до Министерот.
Т.н. дупла евиденција има секаде. Имаш и у банка и сите институции. Дури тие евиденции одредени институции имаат обврска да ги архивираат на многу специфичен начин...али то е веќе техничка работа или стандарди на безбедност и сигурност (што е преземено од светски искуства).
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Абе не можеш луд да спречиш да се убие. Не знам што се се случувало, но за преглед не сум сигурен дека човек треба да си одземе живот. Од терминална или болест која трајно го уништува физички...тоа е веќе друго.
Има доста случаи на психијатриско во државна во подрум (ваљда уште функционира), тешко е човек со нив да се справи ако сакаат да си одземат живот. Во секој случај...се на светов се случува, но во овој случај здравствен работник најверојатно е најмалку виновен.
А кој е виновен, јас? Виновни се медицинските лица кои не го ни погледнале таму. Тој за нив е само уште еден старец кој нема што да прави дома. А фактот дека дошол од Штип бидејќи само во Скопје може да се лекува, и дека можеби нема каде да спие, дека можеби е гладен и жеден... Болница е тоа, тоа треба да биде најсигурното место на светот, најчовечното, да лебди добродушност во воздухот. Наместо тоа, некој се фрла од болница. :toe:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Искрено врска немам што точно се дешавало, а ако е ова погоре точно, човекот дошол навечер и утрото скокнал...Што да прават болните од цироза, или рак рак кои за снимање и третман чекаат пола година до година. Тоа се стварно стресови од терминалните болести кои честопати во главата на пациентот (и во главата на нивните роднини) заслужуваат таква смрт. Медицинско лице би било виновно доколку изврши неуспешна операција, доколку постави погрешна дијагноза и во слични случаи. Но во овој случај, за нас тоа е вообичаена пракса. негативна појава, но што направил чичкото? Ја спречил со самоубиство?
Еве уште една слика (кој тропал на тие врати често и кој им гостувал, знае). Во градска болница чекаме редица од 30-тина души за контрола после операција. Сите се со болки, завои, неподносливо за седење, а не за стоење. Докторот одеднаш заминува и заклучува. И? Да се убијам и да спасам неколкумина? :) Никогаш, ќе стиснам заби...затоа сметам дека тој човек (колку и да ни е здравството лошо, полошо е самоубиството) бил таква личност. Имал 75 години и најверојатно досега навикнал на таков третман.
 
ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
До сега се случуваа разни поплави по болниците и изгубени се голем дел од старите дневници рачни кои се поплавија а НИЕДЕН СМИМЕН ДИСК ЗА ЕВИДЕНЦИЈА КОЈ СЕ ЧУВА ВО ПОВЕКЕ ПРИМЕРОЦИ ДО СЕГА НЕ Е ИЗГУБЕН И НИЕДЕН ПОДАТОК НЕ Е ИЗБРИШАН.Оваа констатација што ја изнесовте не е аргументирана.Поздрав и повторно ја повторувам константацијата во корист прво на пациентите.
Твојата констатација е повеќе во насока на корист за болничката администрација (да не работи дупло), отколку на пациентите.

Верувај ми, потребен е само еден мрзлив администратор за СИТЕ електронски податоци да одат во вода. Чувањето на лични податоци во електонска форма бара следење на многу процедури, редовни бекапи, резервни локации, тестирања, евидентирање на пристапи .. што кошта дебело. А уште позаебано е чувањето на тајноста на истите податоци, пошто здравствените податоци се податоци од огромна осетливост - можат да бидат злоупотребени на милион начини.

Читни си Закон за заштита на лични податоци, и Правилник за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Искрено врска немам што точно се дешавало, а ако е ова погоре точно, човекот дошол навечер и утрото скокнал...Што да прават болните од цироза, или рак рак кои за снимање и третман чекаат пола година до година. Тоа се стварно стресови од терминалните болести кои честопати во главата на пациентот (и во главата на нивните роднини) заслужуваат таква смрт. Медицинско лице би било виновно доколку изврши неуспешна операција, доколку постави погрешна дијагноза и во слични случаи. Но во овој случај, за нас тоа е вообичаена пракса. негативна појава, но што направил чичкото? Ја спречил со самоубиство?
Еве уште една слика (кој тропал на тие врати често и кој им гостувал, знае). Во градска болница чекаме редица од 30-тина души за контрола после операција. Сите се со болки, завои, неподносливо за седење, а не за стоење. Докторот одеднаш заминува и заклучува. И? Да се убијам и да спасам неколкумина? :) Никогаш, ќе стиснам заби...затоа сметам дека тој човек (колку и да ни е здравството лошо, полошо е самоубиството) бил таква личност. Имал 75 години и најверојатно досега навикнал на таков третман.
:shok: Ќе стиснеш заби??????????????????????????????????????????? Мора да се заебааш. Баш тоа зборам бре човеку, во болница треба да бидеш третиран како болен. Тие луѓе се обврзале да ти помагаат во добро и во лошо. Твојот живот за нив е поважен од својот, или барем така би требало да е. Јас ли сум ги терал да се запишат на медицина? Сами одлучиле.

И не ми е гајле дали платите им биле мали, дали биле уморни, им се спиело или не им доаѓа во Арена омилениот пејач од Звезде Гранда. Ама ич не ме интересира. Луѓе да умираат у болница заради негрижа е на раб на лудост.
 
Мора, ама не сме третирани. Ова ни е оставштина од екс-Југославија и најверојатно ќе помине уште некоја деценија пред нешто да се смени, за жал (пошто 2 веќе поминаа, без промени во здравството).

Било како да е, за случајов, не би го споменувал овој човек повеќе пошто сигурно имал некоја мака која не се решавала туку така штом посегнал по сопствениот живот. Нека му е лесна земја.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Не дај боже да отидеш у болница ноќно време. Ама не дај! Тешко е да начекаш некој буден. Па чекај го/ја докторот/ката да се расони, па да стане, па да ти се издере шо го/ја будиш и да ти акне некоја дебела игла у бут ,,превентивно". За да спијат ли ги плаќаат?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom