Xibalba
Corona Australis
- Член од
- 24 јануари 2012
- Мислења
- 6.073
- Поени од реакции
- 11.441
Либерализацијата ќе донесе поскaпа струја за домаќинствата!
Ништо од најавите дека со целосната либерализација на пазарот на електрична енергија, домаќинствата ќе добиваат поевтина струја. Напротив, отворањето на пазарот што за домаќинствата ќе започне да важи од 1 јануари 2015 година, ќе ја поскапи цената на струјата, потврди Регулаторната комисија за енергетика, која го спроведува целиот процес.
Според првиот човек на Регулаторната комисија Димитар Петров, засега нема реални причини за одложување на либерализацијата, која е предвидена со Законот за енергетика донесен од страна на владата во 2011 година.
„Во сите оние земји каде се спроведуваа овие процеси не постои поевтинување на цената на енергијата за домаќинствата. Овој процес предвидува ослободување на субвенционирање на компаниите или партиципирање во цената на домаќинствата. Секаде, во сите земји овој процес како крајна последица ја има зголемување на цената за домаќинставата“, вели Петров.
За колку ќе се зголемува цената, никој уште не знае. Либерзалиацијата ќе го промени досегашниот тарифен модел, според кој, компаниите плаќаа дел од трошокот за струјата на домаќинставата. Сега граѓаните ќе си го плаќаат целиот трошок, што ќе доведе до повискоа цена.
--------------------------------------
На здравје бричење, од Нова Година одите на берза да си купувате струја.
А цените на берзата се немилосрдни, ако се погоди ладна зима знаат да бидат 100-150 евра за мегаватсаат, тоа значи 10-15 денари за киловатсаат кај домаќинствата. Така да тие што се греете на струја молете се на семоќниот за потопли зими. А ова ќе повлече и парното и дрвата да поскапат, како и редица други производи каде струјата е битен инпут во производството.