Либерализацијата ќе донесе поскaпа струја за домаќинствата!

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Либерализацијата ќе донесе поскaпа струја за домаќинствата!

Ништо од најавите дека со целосната либерализација на пазарот на електрична енергија, домаќинствата ќе добиваат поевтина струја. Напротив, отворањето на пазарот што за домаќинствата ќе започне да важи од 1 јануари 2015 година, ќе ја поскапи цената на струјата, потврди Регулаторната комисија за енергетика, која го спроведува целиот процес.

Според првиот човек на Регулаторната комисија Димитар Петров, засега нема реални причини за одложување на либерализацијата, која е предвидена со Законот за енергетика донесен од страна на владата во 2011 година.

„Во сите оние земји каде се спроведуваа овие процеси не постои поевтинување на цената на енергијата за домаќинствата. Овој процес предвидува ослободување на субвенционирање на компаниите или партиципирање во цената на домаќинствата. Секаде, во сите земји овој процес како крајна последица ја има зголемување на цената за домаќинставата“, вели Петров.

За колку ќе се зголемува цената, никој уште не знае. Либерзалиацијата ќе го промени досегашниот тарифен модел, според кој, компаниите плаќаа дел од трошокот за струјата на домаќинставата. Сега граѓаните ќе си го плаќаат целиот трошок, што ќе доведе до повискоа цена.

--------------------------------------

На здравје бричење, од Нова Година одите на берза да си купувате струја.
А цените на берзата се немилосрдни, ако се погоди ладна зима знаат да бидат 100-150 евра за мегаватсаат, тоа значи 10-15 денари за киловатсаат кај домаќинствата. Така да тие што се греете на струја молете се на семоќниот за потопли зими. А ова ќе повлече и парното и дрвата да поскапат, како и редица други производи каде струјата е битен инпут во производството.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Кој ве лажеше дека ќе поевтини?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Од колеги од една балканска земја разбрав дека со либерализацијата како со мобилните оператори им поефтинило (додуша не многу) врз база на конкуренција. Дали имаат подруг модел на плаќање па затоа поефтинило, дали нашите пак ќе ни го опнат, не знам.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Од колеги од една балканска земја
Е кажи ја де.

како со мобилните оператори им поефтинило (додуша не многу) врз база на конкуренција. Можда имаат подруг модел на плаќање па затоа поефтинило.
Кај нас до сега домаќинствата плаќаа повластена (двојно поефтина) цена на струја, на сметка на поскапа за компаниите.
Сега таа повластена цена ќе ја снема и сите ќе плаќаат речиси исто.
Заштедата од 20% што ќе ја имаат компаниите мора некој да ја надомести а тој некој се токму домаќинствата.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Аман бре, сега е сметка за струја во зима 6.000, тогаш колку ќе биде? Безобразие.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Чекајте малце, нека го објасни ова пластично некој што е добро поткован на ова поле, за и ние лаиците што не се разбираме, а се грееме на струја да можеме темелно да ја разбереме логиката . Значи еве како мене ова досега ми го објаснуваа и јас го разбирав .

Либерализација на пазарот на електрична енергија значи дека повеќе во Македонија нема да има еден приватен монопол - ЕВН кој ќе одредува цени како што му е воља, напротив на пазарот ќе влезат повеќе компании кои меѓусебно ќе си конкурираат со поевтини тарифи и евтина струја, нешто слично како што се случи со либерализацијата на мобилната и фиксната телефонија . На таа берза на струја малите домаќинства ќе можат да одберат од кого ќе купуваат струја, односно кој ќе им понуди најповолна понуда за разлика од сега кога има еден приватен монопол. По таа логика на конкуренција цената на струјата би требало да поефтини.

Значи сега ова испаѓа дека не е точно ? Молам некој што знае нека образложи поубаво зошто ова не е точно . Затоа што логиката ми е мене секогаш дека конкуренцијата носи поевтини цени за потрошувачите.
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940

По логика е така. Али бидејќи ова е Македонија, тогаш секоја логика паѓа во вода.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Молам некој што знае нека образложи поубаво зошто ова не е точно.
Кое не е точно? Фирмите што ќе препродаваат мораат прво да купат на берза, каде што за сите ќе биде речиси иста цена.
Тие фирми може само да се натпреваруваат во помала нивна маржа која и онака ќе биде помала од 10% во финалната цена.

Струјата е енергенс и не треба да ја споредуваш со мобилна телефонија, туку со на пример нафтени деривати.
Дали знаеш дека фирмите што продаваат нафтени деривати имаат можност уште утре да ја намалат цената на бензинот за 2 денари, т.е. да се откажат од дел од маржата. Ама сите продаваат по максимална цена.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Абе по БДП сме во топ 10 земји таму негде во регионот како беше....?
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Пак тука нема логика, либерализација за струја ќе биде како кај мобилни телефони само ако има безжична струја :D е тука има логика, значи струјата се поврзува со жици и далноводи до централата што поседува на пример на ЕВН се до одредени домаќинства е сега ако некои конкуренти што даваат поволни услуги и го одбираме и како ќе се пренасочува жици и далноводи до тој-тој што одбираме најповолни услуги :confused: тука пак нешто не ми штима и збунувачки :confused:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.151
Поени од реакции
25.594
Либерализација на пазарот на електрична енергија значи дека повеќе во Македонија нема да има еден приватен монопол - ЕВН кој ќе одредува цени како што му е воља, напротив на пазарот ќе влезат повеќе компании кои меѓусебно ќе си конкурираат со поевтини тарифи и евтина струја, нешто слично како што се случи со либерализацијата на мобилната и фиксната телефонија . На таа берза на струја малите домаќинства ќе можат да одберат од кого ќе купуваат струја, односно кој ќе им понуди најповолна понуда за разлика од сега кога има еден приватен монопол. По таа логика на конкуренција цената на струјата би требало да поефтини.

Значи сега ова испаѓа дека не е точно ? Молам некој што знае нека образложи поубаво зошто ова не е точно . Затоа што логиката ми е мене секогаш дека конкуренцијата носи поевтини цени за потрошувачите.
Сега веќе нема да ги има ни злите регулатори да субвенционираат струја за домаќинствата. Истите по кои толку се плукаше години наназад.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Е кажи ја де.
.
липа наша:) штета не се распрашав поубаво како одат цените и условите. Знам дека и телекомот им се вклучил во бизнисот. Дали се работи за дистрибуција, пренос или какви и да се условите таму и овде за жал не знам повеќе да кажам оти сепак беше необавезен муабет.
Еве некои информации од нивниот пазар на струја
http://danas.net.hr/hrvatska/odluka-je-pala-saznajte-sto-su-izabrali-citatelji-nethr-a
Пак тука нема логика, либерализација за струја ќе биде како кај мобилни телефони само ако има безжична струја :D е тука има логика, значи струјата се поврзува со жици и далноводи до централата што поседува на пример на ЕВН се до одредени домаќинства е сега ако некои конкуренти што даваат поволни услуги и го одбираме и како ќе се пренасочува жици и далноводи до тој-тој што одбираме најповолни услуги :confused: тука пак нешто не ми штима и збунувачки :confused:
ова е само претпоставка. Ако јас го пријавам моето броило во евн, тој ќе ја мери мојата потрошувачка, а ако се одјавам од евн и се пријавам на друг дистрибутер, тој ќе ја мери и наплаќа мојата струја. Колку држи ова не знам.
 
Последно уредено:
N

NikolaMKD91

Гостин
Сега веќе нема да ги има ни злите регулатори да субвенционираат струја за домаќинствата. Истите по кои толку се плукаше години наназад.
Ако добро ја разбрав статијата и ти ова што го напиша значи дека и покрај здравата конкуренција што ќе ја донесе либерализацијата сепак сметките за струја ќе се зголемат поради тоа што повеќе нема да се субвенционира струја за домаќинствата, како што е сега односно компаниите нема да плаќаат дел од трошокот за струја на нас - домаќинствата . Така ?

Извини што морав да препрашам, ама навистина сум лаик на ова поле .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom