Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
- Член од
- 29 јануари 2007
- Мислења
- 84.962
- Поени од реакции
- 195.498
Реформатор на ЛОИ бил Пјер де Кубертен, кој сакал да ги „помири“ нациите меѓу себе преку спортско разбирање и дружење и е најзаслужен за повторното воведување на ЛОИ во 1894. ВОедно, Кубертен е сопственик на можеби најпознатата спортска фраза во светот: „Не е важно да се победи, важно е да се учествува.“
Но дали е навистина така? Тоа не го мислат спортистите од САД, кои се први на листата на најтрофејни спортисти со дури 896 златни медали и вкупно 2191 медал. Втори на таа табела се спортистите од Русија (Советскиот Сојуз) со 395 златни и 1010 вкупно медали. По нив следуваат Обединетото Кралство, Франција, Италија, Кина и Унгарија.
На минатите ЛОИ во Пекинг, 2008, беше срушен рекордот на учесници на Игрите. Дури 10,500 спортисти од 205 нации парадираа на денот на отворањето на Игрите, кои според многумина спортски експерти а и пошироката маса на луѓе, беа најдобро отворени ОИ засега и дека Лондончаните ќе треба да се потрудат навистина многу ако сакаат да го присвојат тој епитет.
Најуспешен спортист со дури 18 медали од ЛОИ е гимнастичарката Лариса Латинина од Советскиот Сојуз, додека спортист со најмногу златни медали е Мајкл Фелпс од САД.
Натпреварувачите ќе можат да си ги одмерат своите сили во 26 спортови. За Игрите во 2012, од листата на спортови се отстранети софтболот и бејзболот.
Листа на спортови:
- Стрелаштво;
- Бадминтон;
- Атлетика;
- Кошарка;
- Бокс;
- Кајакарење (спринт и слалом);
- Велосипедизам (BMX, mount ride, отворено, во сала);
- Скокови во вода;
- Јавање на коњи;
- Мечување;
- Хокеј на трева;
- Фудбал;
- Гимнастика (артистичка, ритмичка, трамполина);
- Ракомет;
- Џудо;
- Модерен пентатлон;
- Веслање;
- Едриличарство;
- Стрелаштво;
- Пливање;
- Синхронизирано пливање;
- Пинг - понг;
- Taеквондо;
- Тенис;
- Tриатлон;
- Одбојка;
- Ватер поло;
- Kревање тегови;
- Борење.
Логото на ЛОИ 2012 воглавно уметнички го претставува главниот град Лондон.
Маскотите избрани за овие игри се Венлок и Мандевил, кои ја симболизираат индустријата која е развиена во Англија, поточно се направени од две капки челик во работилниците во Болтон. Нивните стории и поконкретни објаснувања се` уште не ни се познати бидејќи е рано, но наскоро и тоа ќе биде претставено од страна на олимпискиот комитет.
На денот на започнувањето на официјалното одбројување на стоте преостанати дена до ЛОИ, на 28 јули 2011, на Трафалгар Сквер, беше претставен дизајнот на медалите, големите почести, на кои на предната страна јасно може да се види официјалното лого на Олимписките Игри и реката Темза во позадина, која се смета за срцето на градот. Позадината на медалите на олимписките игри останува неменлива уште од 1894 година .
Дебелината на медалите е 7 мм, тежината е 400 грама, а дијаметарот е 85 мм.