Летни Олимписки Игри - Лондон 2012 [генерална дискусија]

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
За помалку од една година, во Лондон по 30ти пат ќе се одржат Летните Олимписки Игри кои се под закрила на Интернационалниот Олимписки Комитет. Игрите и беа дадени на англиската престолнина откако во изборот успеа да ги победи градовите како Мадрид, Париз, Њу Јорк и Москва. На листата земји со најмногу организирани ЛОИ се наоѓаат САД, со дури 4 настани. Второ е Обединетото Кралство со 3 свои града домаќини на најголемиот спортски настан во светот. ЛОИ се оддржуваат непрекинато секои 4 години, но исклучок се 1940 и 1944 година кога светот бил во виорот на Втората светска војна.

Реформатор на ЛОИ бил Пјер де Кубертен, кој сакал да ги „помири“ нациите меѓу себе преку спортско разбирање и дружење и е најзаслужен за повторното воведување на ЛОИ во 1894. ВОедно, Кубертен е сопственик на можеби најпознатата спортска фраза во светот: „Не е важно да се победи, важно е да се учествува.“

Но дали е навистина така? Тоа не го мислат спортистите од САД, кои се први на листата на најтрофејни спортисти со дури 896 златни медали и вкупно 2191 медал. Втори на таа табела се спортистите од Русија (Советскиот Сојуз) со 395 златни и 1010 вкупно медали. По нив следуваат Обединетото Кралство, Франција, Италија, Кина и Унгарија.

На минатите ЛОИ во Пекинг, 2008, беше срушен рекордот на учесници на Игрите. Дури 10,500 спортисти од 205 нации парадираа на денот на отворањето на Игрите, кои според многумина спортски експерти а и пошироката маса на луѓе, беа најдобро отворени ОИ засега и дека Лондончаните ќе треба да се потрудат навистина многу ако сакаат да го присвојат тој епитет.

Најуспешен спортист со дури 18 медали од ЛОИ е гимнастичарката Лариса Латинина од Советскиот Сојуз, додека спортист со најмногу златни медали е Мајкл Фелпс од САД.

Натпреварувачите ќе можат да си ги одмерат своите сили во 26 спортови. За Игрите во 2012, од листата на спортови се отстранети софтболот и бејзболот.

Листа на спортови:

- Стрелаштво;
- Бадминтон;
- Атлетика;
- Кошарка;
- Бокс;
- Кајакарење (спринт и слалом);
- Велосипедизам (BMX, mount ride, отворено, во сала);
- Скокови во вода;
- Јавање на коњи;
- Мечување;
- Хокеј на трева;
- Фудбал;
- Гимнастика (артистичка, ритмичка, трамполина);
- Ракомет;
- Џудо;
- Модерен пентатлон;
- Веслање;
- Едриличарство;
- Стрелаштво;
- Пливање;
- Синхронизирано пливање;
- Пинг - понг;
- Taеквондо;
- Тенис;
- Tриатлон;
- Одбојка;
- Ватер поло;
- Kревање тегови;
- Борење.

Логото на ЛОИ 2012 воглавно уметнички го претставува главниот град Лондон.



Маскотите избрани за овие игри се Венлок и Мандевил, кои ја симболизираат индустријата која е развиена во Англија, поточно се направени од две капки челик во работилниците во Болтон. Нивните стории и поконкретни објаснувања се` уште не ни се познати бидејќи е рано, но наскоро и тоа ќе биде претставено од страна на олимпискиот комитет.



На денот на започнувањето на официјалното одбројување на стоте преостанати дена до ЛОИ, на 28 јули 2011, на Трафалгар Сквер, беше претставен дизајнот на медалите, големите почести, на кои на предната страна јасно може да се види официјалното лого на Олимписките Игри и реката Темза во позадина, која се смета за срцето на градот. Позадината на медалите на олимписките игри останува неменлива уште од 1894 година .





Дебелината на медалите е 7 мм, тежината е 400 грама, а дијаметарот е 85 мм.
 

sasha4fiercef

Титула по желба
Член од
9 август 2011
Мислења
167
Поени од реакции
64
Златни се медалите? Ако не се ич не ни се натпреварувам :D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
cant wait, планирам малку порано на одмор да одам бидејќи за да го фатам, се надевам дека ГСП и Мусаси ќе се кфалификуваат на игриве, исто така едвај чекам за џудото и боксот, а и другите ќе бидат супер, само ова лондончаниве се гнаси ги осеќам некој протест ќе направат мме :icon_lol:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Златни се медалите? Ако не се ич не ни се натпреварувам :D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D
Обложени се од злато, не е целосно злато срцевината, метал е :)
--- надополнето: Aug 14, 2011 10:01 AM ---
Од вака попознативе спортови чии атлети ќе треба да се пазат според мене се Фелпс кој најверојатно ќе сака да ја помине Латинина во најмногу освоени медали и да биде најуспешен спортист на сите времиња и ќе се откаже од пливањето, зошто сигурно и ова му е последна Олимпијада, на следната ќе има 31 година.
Исинбаева сто посто како минатиот пат ќе не забавува дополнителни 45 минути откако ќе заврши се во поход на нов рекорд. Болт ако го подобри пак рекордот на 100 метра пак ќе се прашуваме каде е границата на човештвото. Кинезите со Русите ќе растурат во гимнастика, во фудбалот мислам дека Мексико ќе го земе златото, во кошарка САД, во ватерполо Србија најверојатно. Тенисот мислам дека ќе го владее Ноле и така. Ќе видиме со тек на годинава може ќе искочи некој ѕвер што ќе покаже заби и ќе сака ршум да направи :)

Увек кога се летниве игри на ТВ ги гледам овие спортовиве што не се толку популарни кај нас, ептен ми се интересни, како пентатлон, триатлон и останато :) Хокејов на трева на живци ми иде не можам да гледам.

Нашиве кој и да иде само во борење имам надеж дека ќе направиме нешто, во другово мислам дека и бетер од пред 4 години ќе завршиме :/
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
До Олимпијадава има уште година дена!!!
Инаку едно е сигурно ќе биде број еден настан во 2012. само едно е сигурно без можности да парираат на чудото што се случуваше во Пекинг 2008.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Е ако де има година дена, нека седи темава за информации што ќе се постираат, тек сега ќе почнат да излагаат распоредите, ќе почнат да фучат светски рекорди и ќе почне да се шпекулира кој ќе го запали фитилчето :Р :) За Пекинг се согласувам, после тоа илузорно е веќе се, такво нешто ко отворањето нивно нема да се случи на светов повеќе.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Може да се стави една анкета кој спорт најмногу го чекаме од целата олимпијада.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Спортовите во вода најмногу ги сакам на ОИ,кошарка,ракомет,тенис и секако Атлетика.;)
 
S

Stivie G

Гостин
Пливањето и ракометот ми се најинтересни спортови на ОИ, а прва ѕвезда мислам дека ќе биде Рајан Лохте(пливач) кој беше супериорен на Светското Првенство оваа година каде освои 5 златни медели. Мислам дека човекот може да освои и 8 златни медели но тешко да се со светски рекорди како што тоа го направи Мајкл Фелпс во 2008г.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.895
Поени од реакции
16.139
Велика Британија т.е Британскиот олимписки комитет пушти оглас на кој бара ракометарки, кои ќе ја претставуваат Британија на ЛОИ. :D
Имате ли олимписки сон? Сакате ли да учествувате на ЛОИ во Лондон и да ни помогнете да обезбедиме пласман во Рио 2016?:pipi:
 
Член од
22 август 2011
Мислења
326
Поени од реакции
346
Пливањето и ракометот ми се најинтересни спортови на ОИ, а прва ѕвезда мислам дека ќе биде Рајан Лохте(пливач) кој беше супериорен на Светското Првенство оваа година каде освои 5 златни медели. Мислам дека човекот може да освои и 8 златни медели но тешко да се со светски рекорди како што тоа го направи Мајкл Фелпс во 2008г.
Лохте беше супериорен на СП, ама Фелпс изјави дека не тренирал напорно. Но по ова СП увидел каде му се грешките и дефинитивно ќе се врати со полна сила на ОИ. Значи, ќе биде навистина жустро:)
Со душа ги чекам Олимпискиве игри, пливањето не го пропуштам во никој случај, исто ја следам и гимнастиката, кошарката и ракометот.
 
S

Stivie G

Гостин
Лохте беше супериорен на СП, ама Фелпс изјави дека не тренирал напорно. Но по ова СП увидел каде му се грешките и дефинитивно ќе се врати со полна сила на ОИ. Значи, ќе биде навистина жустро:)
Со душа ги чекам Олимпискиве игри, пливањето не го пропуштам во никој случај, исто ја следам и гимнастиката, кошарката и ракометот.
не верувам дека Фелпс ке ја врати старата форма, всушност јас не би сакал бидејки навивам за Лохте и мислам дека Лохте моменално е класа над Фелпс, барем резултатите така кажуваат :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom