Куманово, кумановци, кумановки

P

Princ

Гостин
Ако не се смирите, ќе ве банирам од тема, и двајцата.
Се однесува на акси и оној другион од мадрид.
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Срамота и брука за кумановски бизнисмени:

Бизнисмените не жалат пари за Северина

„По наша пресметка околу 80 насто од потребните сретства веќе се обезбедени уште на стартот, а до 25 декември ќе го обезбедиме и останатиот дел. Еден поголем дел од бизнисмените не сакаат да се експонираат околу нивното учество, а од поголемите кои три години се со нас се: „Скопска пивара“, „Екстра-меин“, компанијата „Делукс“, бизнисменот Џино и други.

Првите луѓе на компаниите кои се заслужни за доаѓањето на Севе-национале не жалат што одвоиле сретства за нејзиниот настап.
„Ние досега учествувавме во неколку проекти на Општината.

Со задоволство одвоивме сретства за концертот на Северина и помош на градот, бидејќи тука живеат и дел од нашите вработени„- вели Кирил Андоновски, раководител во стовариштето на Скопско пиво.

Секоја година во проектот на Општината за организиран пречек на Нова година се вклучува и компанијата „Делукс“.

Три години по ред ние сме дел од сите иницијативи на локалната самоуправа. Тоа го правиме затоа што граѓаните не задолжиле со користење на нашите услуги. Свесни сме за моменталната економска состојба, знаеме дека граѓани не се во можност да одат на луксузни патувања за Новата година и затоа сакаме да ги забавува квалитетна музичка ѕвезда на Градскиот плоштад“ - вели Бобан Спасовски директор на Делукс.

Хонорарот на Северина за двочасовен концерт на Градскиот плоштад изнесува 30 илјади евра.
А пред неполни 6 месеци, кумановските бизнисмени ценејќи ги своите пари, го "финансираа" овој настан:

Изостана хуманоста кај бизнисмените

Донаторска средба со бизнис заедницата за обезбедување средства за потребите на Дневниот центар за хендикепирани лица "Порака", пропадна. Од поканетите 140 бизнисмени, дојдоа само неколкумина, поради што организаторот локалната самоуправа, ја откажаа средбата, заради слабиот одзив на бизнис елитата. Разочарувањето не го криjеа луѓето од "Порака".

- Одзивот е никаков. Бизнисмените од нашиот град не пројавуваат интерес за подршка на оваа најдискриминирана група на граѓани.

Бизнис секторот пројавува интерес за се друго, само не за хендикепираните, каде таа подршка е најпотребан - вели Благица Димитровска председател на Здружението на деца со интелектуална попреченост над 18 години. Центарот "Порака", опстојува со сретства обезбедени од донации и спонзорства, бидејќи државата не го финансиска згрижувањето на децата со пречки во развојот над 18 годишна возраст.

Локалната самоуправа Куманово, обезбедува годишна помош од 600 илјади денари, а за потребите на центарот се неопходни 1 милион и 300 илјади денари. Општината го отстапи просторот и учествуваше во уредување на центарот кога тој се формираше.

Со цел уште да се помогне на оваа категорија луѓе градоначалнокот е иницијатор и организатор и на донаторските средби. Ова е втора донаторска конференција за потребите на "Порака", без подршка од оние, на кои парите не им се проблем.

Пред неколку месеци сопствениците на најголемите фирми во градот исто така не пројавија интерес за соработка и не покажаа хуманост на дело за оваа категорија луѓе.
Севе ќе ги прошалта својот газ на плоштадот во Куманово од 23 часот на 31-12-2009 до 01 часот на 01-01-2010, ка'о демек го немаме видено во своја гола верзија!. Што к*р реклама може да имаат овие бизнисмени за кумановчани?
 

Alo 192

имам симпатија
Член од
7 октомври 2008
Мислења
353
Поени од реакции
11
Срамота и брука за кумановски бизнисмени:

Бизнисмените не жалат пари за Северина

А пред неполни 6 месеци, кумановските бизнисмени ценејќи ги своите пари, го "финансираа" овој настан:

Севе ќе ги прошалта својот газ на плоштадот во Куманово од 23 часот на 31-12-2009 до 01 часот на 01-01-2010, ка'о демек го немаме видено во своја гола верзија!. Што к*р реклама може да имаат овие бизнисмени за кумановчани?
Да ти се мочам у град кд дојде време овија да бидев биснисмени и донатори
 
D

DartWader

Гостин
Циц и Северина фатени на дело

Северина кажува дека во Куманово ќе пее за 80 000 евра, Куманово, пак, тврди дека ќе и плати 30000 евра


Кој лаже - Северина или кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски. Северина кажува дека во Куманово ќе пее за 80000 евра, Куманово, пак, тврди дека ќе и плати 30000 евра. На интернетската страница www.kumanovonews.com стои дека хонорарот на Северина изнесува 30000 евра. Оваа цена ја кажале бизнисмените кои ќе обезбедиле пари за хонорарот на хрватската ѕвезда Северина за настапот на Нова година. Минатата недела се сретнале со Дамјановски и заклучиле дека 80 отсто од потребните сретства веќе се обезбедени, а до 25 декември ќе го обезбедат и останатиот дел.
- Еден поголем дел од бизнисмените не сакаат да се експонираат околу нивното учество, а од поголемите кои три години се со нас се: "Скопска пивара", "Екстра-меин", компанијата "Делукс", бизнисменот Џино и други. Првите луѓе на компаниите кои се заслужни за доаѓањето на Севе-национале не жалат што одвоиле сретства за нејзиниот настап - пишува kumanovonews.com.

Но Северина со сосема поинаква приказна. Таа за хрватскиот портал www.index.hr изјавила дека ќе добие највисок хонорар во нејзината кариера. Од пејачите кои се на листата за чии новогодишни хонорари кои пишува index.hr, хрватската пејачка за празниците ќе заработи највисока сума.
- Најголемата балканска ѕвезда, Северина, за Нова година ќе настапи во Куманово, град во Северна Македонија, а за настапот ќе добие 80 000 евра. Нејзината цена постојано расте, па со овие 80 000 евра таа ќе сруши својот личен рекорд, објави index.hr.

Во Општината вчера не сакаа да зборуваат за договорот со Северина и високиот хонорар. Велат било договорено хонорарот да се држи во тајност, поради што нема да ги демантираат ниту хрватските ниту македонските медиуми.
- Се договоривме договорот за настапот на Северина да биде тајна и ние ќе останеме на тоа. Општината воопшто нема да даде пари за настапот на хрватската ѕвезда. Хонорарот за Северина ќе го покријат бизнисмените, а ние го плаќаме организацискиот дел, озвучување, сцена, огномет - велат севериод Општина Куманово.

(Б.З.)

http://vecer.com.mk/?ItemID=AAF237C743C3294A87BFED44CB2C73B9
Некој лже на големо:tapp:
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
Од тој како е украсен плоштад,едино црвени и плави "дрвца" ми се свиѓав, слатки су ептен :)
 
D

DartWader

Гостин
Може поубаво да се украси , сс 1/10 од паре што ке се потрошив за Сeверину :)
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Не ми се искача до продавницу, кд га виду плоштад плаче ми се. :tv:
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
Може поубаво да се украси , сс 1/10 од паре што ке се потрошив за Сeверину :)
Нормално дека може, ама днска кд га виде плоштад у Скопје, ни онија "дрвца" више не ми се свиѓав:kesa:
 

Smile=)

културно-вулгарна
Член од
13 октомври 2008
Мислења
510
Поени од реакции
27
Кумановка по потекло:pos2:.. т.е. мајка ми и татко ми се од Куманово ама се преселиле во Скопје пред јас да се родам..
Свиѓа ми се Куманово.. Сви се знаев..:smir:
 
Член од
5 јули 2009
Мислења
1.123
Поени од реакции
205
милан со учи со мене е од кумановоУУ и кумановац го викаме хх:pos2::pos2:
 

Dzings

Premium
Член од
31 март 2007
Мислења
1.804
Поени од реакции
52
душава ми плачи за Куманово....дефинитвно морам да поминам еден викенд таму ...што поскоро!:vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom