Кругови низ полиња во Штипско

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Уште едно мистериозно видео со сомнително потекло кое експресно брзо се појави после објавувањето на видеото со мистериозните кругови на полињата во околината на Штип.

Видеото можете да го видите ТУКА!

Извор: www.motika.com.mk

Едит: Али сепак јас мислам дека е монтажа....а вие?
По дебилна монтажа неможеле.... само да ми текне од кој филм им е украден моделот.

бтв, и видеово и овие два поста се офтопик
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.360
Поени од реакции
2.175
Координати во Google Maps: 41.802751, 22.239268
Координати во Google Earth: 41°48'9.07"N, 22°14'21.61"E​
:)
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.795
Поени од реакции
22.990
Абе тоа се другарите на Мики Ли Трајчевски од кога он тврдеше дека има вонземјани, сега му докажа на цел Штип. Треба да се побара он да даде изјава..
Викаше дека комуницира и ќе ги донесе еден ден. :cenzura:

Фејк, не фејк од секогаш ми било интересно тоа цртањето во полињата. :)
Точно Мики е легендата, ама не смее да се заборави и поп Џаџо, штипјаните мора да го памтат, он знаеше да валне некоја супстанца и да раскажува за НЛО-а над Исаро.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.873
Амн бе Скопјани да не видете нешто :P :icon_lol:
 
В

влијателен

Гостин
А во нивата имало жито? Ако газдата не се буни што некој му го изгазил/искосил, значи тој си играл.
 
Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
ЧУДНАТА ФОРМА ВО ШТИПСКО ОТКРИЕНА - КОИНЦИДЕНЦИЈА ИЛИ?

Граѓаните на Штип и Р. Македонија во саботата, на 1 јули, беа фасцинирани од веста која кружеше низ медиумите и се однесуваше на тоа дека во областа на Штип, во с. Карбинци параглајдерист снимил чудно отсликана форма. Додека медиумите дебатираа за потеклото на оваа појава, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип пак констатираше уште невообичаена коинциденција.

logo_dpep.jpg
Имено, формата која случајно или не е отсликана во штипското село е идентична со логото на Лабораторијата за заштита на растенијата и животната средина која функционира во состав на Земјоделскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Лабораторијата за заштита на растенијата и животната средина е во состав на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип, како посебна организациска целина функционира од 2007 година кога е и основан Универзитетот. Нејзиното лого кое се користи во официјална употреба уште од основањето на Лабораторијата е дизајнирано од страна на Одделот за техничка подготовка кој функционира во состав на Центарот за односи со јавноста при УГД.

logo_dpep-golemo.jpg

Додека јавноста зборува за тоа дали се работи за необична појава или некаква порака, отсликувањето на формата која е идентична со ова лого е една интересна афирмација за Лабораторијата што функционира во состав на Катедрата за заштита на растенијата и животната средина, која пак има основна задача и цел да им обезбеди квалитетно и современо образование на студентите од прв, втор и трет циклус на студии.

Преземено од: http://www.fakulteti.mk

Толку од фамата изгледа а?
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867

Прегледај го приврзокот 45764

Додека јавноста зборува за тоа дали се работи за необична појава или некаква порака, отсликувањето на формата која е идентична со ова лого е една интересна афирмација за Лабораторијата што функционира во состав на Катедрата за заштита на растенијата и животната средина, која пак има основна задача и цел да им обезбеди квалитетно и современо образование на студентите од прв, втор и трет циклус на студии.

Преземено од: http://www.fakulteti.mk

Толку од фамата изгледа а?
Добро ја никаде не прочитав од текстот дека "мистеријата е разрешена". Не знам кој новинар го пишувал ова. Од текстот ќе разбереш дека знакот е скоро ист со тој на факултетот, ама нема никаква потврда од факултетот или било кој поврзан со факултетот дека они го направиле тоа, а на крај следува заклучок дека ова во полето служи за афирмација на факултетот и мистеријата е разрешена. И не знам како служи за афирмација? Океј можеби кај параглајдеристи или птици...
 
Член од
14 април 2012
Мислења
83
Поени од реакции
19
http://www.bltresearch.com/fieldreports.php Формиран е истражувачки тим . Линкот е официјална страна , можете повеќе да се иформирате. Инаку , јас верувам дека се работи за природен феномен , некакви сруења , магнети полиња , торнада.Тоа ќе сведочи и дека , формациите се случајни без порака. Доколку се пронајде порака , тогаш верувам дека е вонземјанска креација, но не ја исклучувам можноста за човечки прсти.
 
А кој досега декодирал порака во crop circle?
 
H

Hombre

Гостин
Од кога од лице место скопјанишчана од Алфа,Сител и други медиуми потврдија дека видеото на параглајдеристот не е лажно некако темава замре.:(
Вистина ли е дека по објавувањето на видеото забележително било намалено движењето на населението во тој крај?:)
 
B

Black Guard

Гостин
Некој не е задоволен од субвенциите.

Зошто не садат рж само па да си готват леб со ергот како во старите времиња...за домашни потреби;)
 
H

Hombre

Гостин
Разочаран сум, темава замре...Ало бе штипјани, кај сте?
По подруми ли се криете ,Ало?!!!!
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.172
Според мене, на се ова што го видов и слушнав, сите приказни за "Марсовци", надприродна работа, скриени пораки и сл. пага у вода. Да бидеме реални, еве еден глуп пример. На сите ви текнува европското во Литванија и завршеното 4то место, па на Сител за тоа имаше УДАРНИ ВЕСТИ колку народ имало на плоштадот Македонија во Скопје и какво славје имало. Што ми беше муабетот, да беше нешто сериозно, до сеа ќе беа сите телевизиски станици преоптоварени со тоа како баш во Македонија се случило, ќе почнеа статии дека веќе не посетиле "комшиите", па сакале да ни кажат кога е крај на свет ( или пак почеток на нова ера, Македонците први во контакт со Х-планета) .. ќе имаше 300та различни глупости. Али тоа е според мене.. :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom