Крвав петок во Турција

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.346
Поени од реакции
57.991
Еве нешто од печатот:

Околу илјада платеници ги провоцираат безредијата во Турција, тврди весникот "Јени шафак"


Турската разузнавачка служба предупреди дека новите бранови протести во земјата може да завршат со смрт на учесниците во судирите заради активностите на провокаторите, меѓу кои има и странци, соопшти денеска весникот "Јени шафак", цитиран од агенциите.
Весникот пишува дека според податоци на властите кои ги толкувале снимките од последните судири со полицијата, меѓу мноштвото турски екстремисти имало и странски платеници.
Ги има од 750 до 1.000 лица, агенти, чии дејствија се плаќаат од странски разузнавачки служби. Меѓу нив има многу странски државјани. Тие се внедрени во редовите на демонстрантите, пишува весникот.
Овие луѓе се професионални провокатори, кои имаат стекнато сериозна теоретска подготовка, тие раководат со нападите против полицијата, тврди "Јени шафак".
Според весникот, значителен дел од провокаторите доаѓаат од маргинални левичарски организации.

Протестите во Анкара покажаа дека провокаторите дејствуваат професионално, пишува уште весникот.

Извор: http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=14D1D7271D4C6E4F9F95CA04544F4222
Добро, со сиот ум ни цитираш турски медиуми? Што треба да покажат тие, факти?
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Омер до вчера пцуеше на темава...

Епа Леандра да бидам искрен, ме понесе она народната: " Кај сите турци и Омер Паша!" :)

Туку еве уште нешто по однос на темава:

http://storify.com/harisalisic/fake-information-about-protests-in-istanbul-turkey
--- надополнето: 5 јуни 2013 во 12:48 ---
Добро, со сиот ум ни цитираш турски медиуми? Што треба да покажат тие, факти?

Добро, со сиот ум мислиш дека не е во ред да ги имаме на едно место и поинаквите размислувања и видувања од вообичаените? Па нели се бориме за едно демократство општество и слобода на говорот? Зошто тука на форумов ми наметнуваш цензура?
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
Епа Леандра да бидам искрен, ме понесе она народната: " Кај сите турци и Омер Паша!" :)

Туку еве уште нешто по однос на темава:

http://storify.com/harisalisic/fake-information-about-protests-in-istanbul-turkey
--- надополнето: 5 јуни 2013 во 12:48 ---



Добро, со сиот ум мислиш дека не е во ред да ги имаме на едно место и поинаквите размислувања и видувања од вообичаените? Па нели се бориме за едно демократство општество и слобода на говорот? Зошто тука на форумов ми наметнуваш цензура?
Не е проблемот за некаква демократија, слобода на говор, туку кога се зборува за Македонците и македонските интересира тебе никаде те нема ни да се појавиш, а кога се зборува за Турци и муслимани веднаш се појавуваш како Кларк Кент на форумот. Зошто не зборуваш за Руси, Полјаци, Срби и други коишто ти се блиски и на јазик, потекло и се, туку за некои од Анадолија?

Значи ли јас ако сум Православен дека цел ден треба да мислам на Коптите во Египет или Асиријците во Ирак и Иран?Не, не ми се во домен на интерес.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Епа Леандра да бидам искрен, ме понесе она народната: " Кај сите турци и Омер Паша!" :)

Туку еве уште нешто по однос на темава:

http://storify.com/harisalisic/fake-information-about-protests-in-istanbul-turkey
--- надополнето: 5 јуни 2013 во 12:48 ---



Добро, со сиот ум мислиш дека не е во ред да ги имаме на едно место и поинаквите размислувања и видувања од вообичаените? Па нели се бориме за едно демократство општество и слобода на говорот? Зошто тука на форумов ми наметнуваш цензура?
Тогаш не изигравај светец :)

Патем зошто во Македонија гледаш цензура и ти смета таа, според логика на нештата треба да ти смета и таму. Ставаш линкови од сител и канал 5 турски, а овде ти сметаат. Тоа нема смисла и се карактеризира како лицемерие.
Ти слободно ставај инфо од таа страна, исо не ти забрани, само ти ги коментира како лицемерни.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.172
Поени од реакции
25.778
Е сеа,Турците не се од вчера,зборам за турци а не за затуцани Османлии,тие ти се бре Европски народ,не се Арапски бљувотини,имаат стил,имаат класа и позната култура.Неможеш ти да ги враќаш пред сто години,не се они ние и шошоните.Ги читам браќава на форум,ги боли што турците имаат разум и свест и не се затуцани,кај нив Исламот е повеќе традиција и култура одколку религија.Ердоган ќе оди па-па,ако треба и стотици ќе умрат на улица,кога се работи за Турција они немаат граница.
Нашиве Турци што се тогаш, османлии или европски? Бидејќи во најголем број го поддржуваат Ердоган. Според броењето на опозицијата (што сигурно е надуено, ама нека биде точно) имаа милион луѓе на улица низ цела Турција. Процентуално, тоа е 1,3%. Во Македонија еквивалент на таа бројка би била 25000. Нашата опозиција извади 2 пати повеќе, па никому ништо. Ако не го урнат со претестиве на улица, со вмешување на армијата, на избори ќе ги прегази како шлепер жаба.

Турците не се поразлични ниту од нашиве муслимани, ниту од Арапите. Тоа се само наши пусти желби. Протестиве се во краеви кои во минатото биле мнозински населени со Грци. :)
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Моето семејство има полавековна врска со Турција , голем дел од семејството ми е во Турција , побегнати од овдешните репресиии, албанци по потекло , како и стотина-илјади други албанци.

Точно знаеме што нашле во таа Турција на Ататурк, беда и сиромаштија , пустина.

Потоа доаѓа време на Економска нестабилност , отварање фабрики , банкротирање , па пак нагоре и се до времето на Ердоган кога донесе општа стабилност, односно само успеси.

Нема врска ова со Ататурк , туку со новите лидери и нивните способности.

Алкохолот и другите наметнати традиции од ататурк имаа само лошо влијание за турците, точно ги знаеме тие семејства каков живот живееле , и каков тие другите кои се придржувале на верата.

За времето на Ердоган бројот на милионери достигна 30.000 , но тој се залага и за здраво турско семејство, а не само богато.

А нашата копија на ердоган бара повеќе деца од народот во време на 30% невработеност.
Франција, Холандија, Британија, Јапонија и САД се држави каде алкохолот е дозволен и имаат економски развој и семеен живот кој Турците можат да го сонуваат. Зошто нивните општества не го криват алкохолот, а еве и марихуаната која е дозволена во Холандија за подривање на општеството?
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
Истанбул на којшто вистинско име му е Константинопол никогаш не бил турски град и цивилизација, затоа што до 15 век бил населен со Словени и Грци и бил престолнина на Византија. Затоа и најбитните крстоносни војни се случувале на територија на Константинопол. Денес за жал не е веќе европски град и култура.

Мнозинството Турчинки денес живеат еквивалент на живот што го живеат и Арапките.

Турчинки во Македонија не се ништо поразлични од Албанките во живот.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.346
Поени од реакции
57.991
Добро, со сиот ум мислиш дека не е во ред да ги имаме на едно место и поинаквите размислувања и видувања од вообичаените? Па нели се бориме за едно демократство општество и слобода на говорот? Зошто тука на форумов ми наметнуваш цензура?
Ништо не ти наметнувам. Интернетот ти дава можност да се бламираш колку сакаш.

Понакво мислење е поинакво мислење. Ти тука ни пласираш “информации“ од владини медиуми и ни ги претставуваш како факти. До вчера истите тие медиуми даваа емисии за готвење и за пингвини. Самото тоа што решиле да известат од настанот, макар и со анти-кампања, е прогрес.

Друго, 2-3 дена напнуваш со информации за дезинформации во врска со протестите (како сликата од маратонот и слично). Се е тоа во ред. Илјадници луѓе имаат фотошоп и си прават што сакаат. Дали тоа значи дека во Турција нема протести? Дали ако постираш монтирана слика од полиција како тепа, значи дека нема 1000 други слики на кои полицијата навистина тепа? Дали нема водени топови, солзавци и портокалови хемикалии? Дали не лажат комуњарите?

Види, патетично делуваат вашите обиди да го минимизирате она што се случува. Има неколку кристално чисти факти кои мора да се издвојат:

- Има прекумерна (прекумерна е мал збор) употреба на сила.
- Имаше медиумски мрак - директен показател на тоталитарно владеење.
- Имаше исклучување на интернет и блокирање сајтови за комуникација.

И сите овие работи не се доволни во вашиот ментален склоп да се дистанцирате. Да бидеме искрени, вашата поддршка за Ердоган нема врска со политичка ситуација, опозиција, НВО сектор, платеници и што ти ја знам... вие поддржувате по дифолт секој што е припадник на вашата идеологија. Вашата визија за светот е тоталитарен религиозен систем во кој нема место за индивидуални слободи и во кој државата се меша во најситни детали, како кој што ќе носи, јаде и пие. Тоа е вашата визија за светот и јас мислам дека сте ноторни идиоти. И ве сожалувам. Не сте во состојба повеќе да разликувате добро од лошо, слобода од ропство. Секуларизмот за вас е непријател иако токму поради секуларизмот ги уживате сите права како и ова што го практицираш во моментов: да си пишеш на јавен форум се што сакаш без да се плашиш од последици. А сепак посакуваш систем во кој ќе те тераат како добиток.

Како што викаат една слика 1000 зборови, оваа жена на сликава за мене ја претставува слободата и правото на секој да живее онака како што си милува:



Ова е мојот свет, а вашиот е свет на нинџи и мумии, домашни робови кои никогаш нема да го кренат гласот и да застанат гордо за своите убедувања, како девојката на сликава.

А за тоа кој победува на избори не е ништо спорно. Еве Ердоган може да ја реши кризата многу едноставно - наместо со пендреци и солзавци, да си даде оставка и да се распишат избори. Па нека си победи штом има 70% поддршка. Нема потреба да тепа народ.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
Социјално општество неможе да функционира ако “секој има право да живее како што сака“. Нема прогрес.И најголемите демократии се базирани на принцип на тоталитарност само што се други механизмите.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
20
Поени од реакции
14
Хакерската група Анонимните, заедно со Сириската електронска армија извршија напад врз сајтот на турската Влада http://www.maktel.mk/ajax.php?vid=3829
--- надополнето: 5 јуни 2013 во 13:44 ---
Симболот на анти-владините протести во Турција - „Жената во црвено“ http://www.maktel.mk/ajax.php?vid=3830
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.346
Поени од реакции
57.991
D

dystopian

Гостин
Секуларизмот за вас е непријател иако токму поради секуларизмот ги уживате сите права како и ова што го практицираш во моментов: да си пишеш на јавен форум се што сакаш без да се плашиш од последици. А сепак посакуваш систем во кој ќе те тераат како добиток.
Но тој не би изгубил ништо во една држава со шеријатско уредување. Тој веќе де факто живее по шеријатски правила. Нема зошто да се плаши од последиците кога неговите сфаќања се совпаѓаат со шеријатот, а сигурно не би протестирал за правата на оние со различни сфаќања. Тоа и го прави тежок лицемер.

Omer el Faruk ^^, замисли ја следнава ситуација. Секуларизмот кој ти толку го презираш паѓа. Но, наместо религиозни идиоти од твојот табор, доаѓаат на власт некои други религиозни идиоти. И оп, ти ги одземаат сите права што ти се загарантирани во секуларниот систем затоа што не веруваш во истото имагинарно пријателче. Дали и тогаш би бил против секуларност, правото на слобода на говор и изразување, правото за вероисповест и одделување на религијата од државата?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom