Кој се богати од војните?

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Глобалната трговија со оружје и воени услуги од 100 најголеми даватели на овие услуги, само во 2010 г. доживеала пораст на 411.1 милијарди долари, наведува Меѓународниот мировен институт во Стокхолм (SIPRI). Овој пораст е одраз на воените потреби во последната деценија. Од 2002 г. вкупната продажба на најголемите производители на оружје пораснала за 60%.

Овој институт неодамна го објави својот годишен извештај за водечките компании во светот кои произведуваат оружје, под наслов “SIPRI Top 100“. Според овој извештај, web страницата 24/7 Wall St. идентификувала 10 компании со најголеми приходи од продажбата на оружје. Наведените компании оствариле приход од 230 милијарди долари, што е половина од вкупниот приход на овој сектор.

Иако многу индустриски гранки претрпеа сериозни последици поради светската финансиска криза во 2010 г., сепак водечките компании кои се бават со продажба на оружје кризата не ја почувствуваа.

Според др. Susan Jackson, стручњак за оружје на SIPRI, кога се намалила продажбата тоа во никој случај не е било поради финасиската криза, туку поради “ повлекување на странските трупи во Ирак и подоцнежната очекувана намалена потреба за продажба на воена опрема. ”
Од 100 компании на листата , 44 имаат седиште во USA, вклучувајќи ги Boeing, Northorp Grumman и Lockheed Martin. .

Американските компании заработуваат преку 60% од вкупната заработка на сите 100 компании. Од водечките десет компании 7 се американски, една е британска, една е италијанска и една е мултинационален конгломерат на ЕУ.

Еве ги 10 компании кои прилично добро заработуваат од војните :

10. United Technologies

Продажба на оружје, 2010. – 11,41 милијарди долари
Вкупна продажба, 2010. – 54,33 милијарди долари
Вкупен профит – 4,71 милијарди долари

United technologies има седиште во Hratford, Connecticut. Се бави со истражување, развој и производство на високо – технолошки компоненти за различни производи, вклучувајќи ги тука авионските мотори, хеликоптери, вентилациски уреди и горивни ќелии. За војската произведуваат ракетни системи и воени хеликоптери од кој највпечатлив е UH-60 Black Hawk. Една петина од вкупниот приход на овој конгломерат доаѓа од продажбата на оружје.

9. L-3 Communications

Продажба на оружје, 2010. – 13,07 милијарди долари
Вкупна продажба, 2010. – 15,68 милијарди долари
Вкупен профит – 0,96 милијарди долари

L-3 communications е врвна компанија кога станува збор за комуникација и надзор. Нејзини редовни клиенти се скоро сите одбрамбени и сигурносни агенции во САД, како и многу странски влади. Покрај многуте производи оваа компанија го произведува и L-3 SmartDeck, потполно интегриран систем - AVCATT мобилен симулатор на летање, дизајниран специјално за војската на САД.

8. Finmeccanica

Продажба на оружје, 2010. – 14,41 милијарди долари
Вкупна продажба, 2010. – 24,76 милијарди долари
Вкупен профит – 0,74 милијарди долари

Италијанската одбрамбена компанија Finmeccanica, делумно е во власништво на италијанската влада и е најголемата високо – технолошка група во Италија. Има широка палета на производство во 6 подрачја: аеронаутика, хеликоптери, одбрамбени системи и електроника, вселена, транспорт и енергија. Гордост на компанијата е производството на хеликоптерот Augusta Enterprises, ракетата MBDA и подморнички торпеда.

7. EADS

Продажба на оружје, 2010. – 16,36 милијарди долари
Вкупна продажба, 2010. – 60,60 милијарди долари
Вкупен профит – 0,73 милијарди долари

Европската компанија EADS (European Aeronautic Defence and Space Company), е втората од трите компании на оваа листа кои не се од САД. Оваа компанија која опфаќа подружници како Airbus, е лидер во воздухопловното и одбрамбеното производство. EADS има 37% учество во производството на проектилите MBDA, т.е таа е единствената компанија за развој на ловците Eurofighter Typhoon. Компанијата најчесто е присутна на пазарите на Блискиот Исток, Северна Америка и Европа.

6. Raytheon

Продажба на оружје, 2010. – 22,98 милијарди долари
Вкупна продажба, 2010. – 25,18 милијарди долари
Вкупен профит – 1,88 милијарди долари

Raytheon, е со седиште во Cambridge, Massachusetts и е најголем светски производител на водени ракети, кои се користат насекаде( AIM-7 Sparrow, AMI-9 Sidewinder и BGM-109 Tomahawk). Оваа компанија истотака е одговорна за развојот на симулациските програми за воздухопловни битки кои ги користи американското воено воздухопловство.

5. General Dynamics

Продажба на оружје, 2010. – 23,94 милијарди долари
Вкупна продажба, 2010. – 32,47 милијарди долари
Вкупен профит – 2,62 милијарди долари

General Dynamics е компанија која се бави со воздухопловство, борбени системи, информациски системи и технологија. Моментално преку 74% од својот профит оваа компанија го остварува од продажбата на оружје. Ги поседува Electric Boat и Bath Iron Works, двата најголеми производители на воени бродови во светот.Еден од најпознатите производи на оваа компанија е тенкот M1 Abrams.

4. Northrop Grumman

Продажба на оружје, 2010. – 28,15 милијарди долари
Вкупна продажба, 2010. – 32,47 милијарди долари
Вкупен профит – 2,05 милијарди долари

Оваа компанија е четврта најголема компанија за производство на оружје во САД. Сместена е во Falls Church и е водечка компанија за воздухопловна технологија и водечки поризводител на воени бродови во светот. Исто така Northrop Grumman развива и радарски системи (за воздушни и земјени единици), сензори за разни врсти возила и разни модели на беспилотни летала.

3. Boeing

Продажба на оружје, 2010. – 31,36,15 милијарди долари
Вкупна продажба, 2010. – 64,31 милијарди долари
Вкупен профит – 3,31 милијарди долари

До 2007 Boeing беше најголемиот производител на оружје во светот, но 2008 заостана зад Lockheed Martin и англискиот BAE Systems.Но без оглед на се, оваа компанија останува една од најголемите за одбрана и воздухопловство. Boeing моментално е вториот најголем производител на авиони во светот, покрај Airbus. Еден од главните адути им се KC-767 и ловецот F-15.

2. BAE Systems

Продажба на оружје, 2010. – 32,88 милијарди долари
Вкупна продажба, 2010. – 34,61 милијарди долари
Вкупен профит – 1,67 милијарди долари

BAE Systems е компанија сместена во Велика Британија, но имаат големо преставништво во САД, BAE Systems Inc.(кои доколку се набљудуваат сами по себе би ја зазаеле седмата позиција на листата најголеми компании за производство на оружје во светот). Тие се бават со производство на оружје за сите воени категории. Најпознати производи им се борбеното возило M2/M3 Bradley, ловецот F-35 Joint strike fighter, разурнувчот Tip 45 и нуклеарната подоморница Astute.

1. Lockheed Martin

Продажба на оружје, 2010. – 35,73 милијарди долари
Вкупна продажба, 2010. – 45,80 милијарди долари
Вкупен профит – 2,93 милијарди долари

Lockheed Martin е најголемата компанија која произведува оружје истовремено продавајќи воени услуги низ светот, и е со речиси 3 милијарди долари поголемо учество во продажбата на оружје од вторите BAE Systemsa. Оваа компанија ги произведува едни од најзначајните производи за САд, меѓу кои ракетите Trident и ловците F-16 и F-22.


Сопствениците, членовите на управните одбори и менаџерите на овие компании сигурно нема да ги видиме на антивоените протести за Ирак, Либија, Сирија... Зарем листата некогаш ќе има крај? Ми текнува на едни стихови на Рацин:

“И трепериш веќе - крши, прашти, урива
И гмечи и прекршува ребра!
Во ноќите низ дебелите води на мракот
Низ сенката на сонот - пак копка...
Далеку негде го пали растопеното железо
Далеку негде блешти растопениот бакар -
Фабриките и дење и ноќе татонат
Фабриките топови и тенкови лијат
Фабриките фосген, гранати шрапнели -
Одеднаш - низ димот
Преку пукотница, паника, и бег
Го израчуваат врз градот... ”

И си мислам колку уствари ништо не е променето.

Ќе се најде некој паметен сега да каже дека војните од секогаш се биле ( и за жал најверојатно ќе бидат) дел од човештвото, а се ова е само една софистицирана “бајка”. И колку наивно и невино изгледаат нивните оклопни чудовишта и челични птици набројани на оваа листа – вистинска бајка. Јас како пацифиста, никогаш не сум ја разбирал потребата на човекот за геноцид и самоуништување и таквата моја определба никогаш нема да ми даде да се помирам со постоењето на ваквите компании. Колку и идеалистички и романтичарски да изгледа, еве искрено си кажувам дека ми се деси моментот и мислата “ Што се корисно можеше да се направи за човештвото со овие пари?”

Толку сме кутрите мали хрчки и небитен фактор и толку кур го заболе некој за нашево мислење, но во мрачната реалност и уште посуровата иднина ( исполнета со крв и војни) нешто во мене не ми дава да молчам ( барем овде на форум) и за тоа ќе се послужам со зборовите на Џабир Дерала:

“Да, јас сум пацифист, но не прифаќам лигавење и компромиси. Пацифизмот не ја исклучува борбата. Но, борба на титани на духот. Оружјето и насилството се за лигуши и кукавици, луѓе-нелуѓе без храброст да се соочат со себе, креатури без вкус. Велите, зборот е најсилното оружје. О.К., да се договориме, зборот е дел од арсеналот на уметниците.”

Што мислите вие за богатењето на овие компании? Дали постои начин тие да се спречат? Дали можеби рамнодушно ги набљудувате како најобични бизнис корпорации? Можеби ги оправдувате? Дали можете да се замислите да работите во некоја таква компанија? Да ве слушнам...

П.с Ве молам да се дистанцираме од локални и ефтини политики.
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
И не само трговија со оружје туку и медицинските односно фармацевските гиганти се полнат пари. од војните де..
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Иронично е што оние земји кои во светската геополитика се претставуваат како бранители на мирот највеќе тргуваат со оружјето.( САД, Русија, Германија, Велика Британија) Од тоа што имам читано на оваа тематика САД највеќе извезуваат, а најмногу купуваат, Јужна Кореја, Израел, Турција, Саудиска Арабија, Иран. Традиционално ако може така да се каже, Русија продава на Кина, Индија, Либија и дел од јужноамериканските земји. Германците пак продаваат на Турција, Грција и на јужна Африка.
Ете го и одговорот на твоето прашање, копманиите преку продажба на оружје, се оданочени од државите каде е нивното седиште, тој данок оди во буџетот на државите. Како што се дели светот на држави кои сакаат да доминираат на полето на економијата, технологијата, пронајдоците, така се дели и на продажба на оружје и се оди кон тоа некои земји да доминираат на глобалниот пазар преку трговијата со оружје.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.066
Поени од реакции
4.716
Според листава, на првите десет места се високотехнолошки фирми кои се занимаваат со развој на високотехнолошки машини.
Еве да го земиме Боинг, според листава, пола од приходот им е од продажба на оружја (воени авиони пред се), а останатиот приход им е од продажба најверојатно од цивилни авиони.
Бидејќи се високотехнолошки фирми, мора да имаат сектори за развој кои трошат голем дел од вкупниот приход.
Благодарение на развојот, се олеснува животот на човекот, што може да се заклучи дека овие фирми наголемо придонесуваат за подобрување на квалитетот на животот кај човекот. Во последно време и околината.

Друга работа.... овие фирми вработуваат голем број на луѓе со високо образование, а и многу други со што многу придонесуваат во животниот стандард на една земја.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Според листава, на првите десет места се високотехнолошки фирми кои се занимаваат со развој на високотехнолошки машини.
Еве да го земиме Боинг, според листава, пола од приходот им е од продажба на оружја (воени авиони пред се), а останатиот приход им е од продажба најверојатно од цивилни авиони.
Бидејќи се високотехнолошки фирми, мора да имаат сектори за развој кои трошат голем дел од вкупниот приход.
Благодарение на развојот, се олеснува животот на човекот, што може да се заклучи дека овие фирми наголемо придонесуваат за подобрување на квалитетот на животот кај човекот. Во последно време и околината.

Друга работа.... овие фирми вработуваат голем број на луѓе со високо образование, а и многу други со што многу придонесуваат во животниот стандард на една земја.
Хммм, па не би се баш сложил со твоево мислење. Се е тоа занемарливо , кога ќе погледнеш колку крв имаат на своите раце.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.066
Поени од реакции
4.716
Хммм, па не би се баш сложил со твоево мислење. Се е тоа занемарливо , кога ќе погледнеш колку крв имаат на своите раце.
Крв на раце имаат тие кои убиваат, а не тие кои произведуваат оружје.
Оружјето не убива, човекот убива.
Ова е исто како да кажеш колку само крв на раце имаат БМВ, Ауди, Мерцедес и сл. заради сообраќајните несреќи кои ги предизвикуваат несовесните возачи.

Патем, компанииве кои произедуваат оружје вработуваат многу повеќе луѓе отколку БМВ или Мајкрософт или Ејпл.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Крв на раце имаат тие кои убиваат, а не тие кои произведуваат оружје.
Оружјето не убива, човекот убива.
Ова е исто како да кажеш колку само крв на раце имаат БМВ, Ауди, Мерцедес и сл. заради сообраќајните несреќи кои ги предизвикуваат несовесните возачи.

Патем, компанииве кои произедуваат оружје вработуваат многу повеќе луѓе отколку БМВ или Мајкрософт или Ејпл.
Аха држи муабетот до некаде, али да се разбереме BMV, Audi и остали од таа багра и нивната технологија да ги споредиш со гореспоменативе е у најмала рака смешно. Значи да бидам (по)јасен, намената на автомобилите не е за убивање. И сакаш да кажеш дека овие компании немаат никаква одговорност? Не е малце тоа лицемерно од нивна (од твоја и моја) страна? Или ако сакаш да одам подалеку не мислиш дека добар дел се (па слободно можам да речам) главните потикнувачи на овие конфликти? Јбг сурови времиња, ама мојата совест не ми дава да ги гледам како најобични бизнис корпорации кои еве му озоможиле некому здраствено и пензиско осигорување и најчесно му исплаќаат на 1-ви плата. И да, неможам да ги гледам и како индивидуалци, виша политика е тоа која вмешува и други гадни ѕверки од тој "шоу бизнис" ( политичари, бизнисмени, луѓе од сенка) .
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
The richer are getting richer, while the poor are getting poorer!
Тоа е целата поента. Секогаш било тоа во прашање. Си местат тендери компаниите во соработка со државите и си лапаат профит.
Пари, моќ, земја.
Kому вистински му било гајле за луѓето?
Таквите луѓе се бројат на прсти.

Еве една песна од мене. Знам дека е сериозна тема, ама и песнава многу добро си ја доловува поентата што сакам да ја кажам.

 
Последно уредено:
B

Black Guard

Гостин
Ова е исто како да кажеш колку само крв на раце имаат БМВ, Ауди, Мерцедес и сл. заради сообраќајните несреќи кои ги предизвикуваат несовесните возачи.

Патем, компанииве кои произедуваат оружје вработуваат многу повеќе луѓе отколку БМВ или Мајкрософт или Ејпл.

Чекај малце,ами БМВ и Мерцедес произведуваат оружје,крајслер исто така(абрамсот),поентата е многу големи корпорации имаат свои дивизии задолжени за оружје или пак фирми ќерки.

Но ајде да разгледаме малку пообено-80% од истражувањата се финансирани од корпорации не од фирми со 100-500 вработени..па БМВ индиректно вработува над 200 000 луѓе!?!?

Понатаму земја со развиена воена индустрија=развиена земја=просперитет,Мир и благосостојба на граѓаните на истата согласно економската теорија следува за производство на еден тенк индиректно ангажирате авто индустрија(мотор) за топ метална индустрија за купола исто,за заштитни униформи на персоналот,за муницијата хемиска индустрија и гледате ова е циклус сличен како оној кај градежната индустрија(за стан треба дрво,треба ел инсталација,водовод,мебел...)-примери...па доволно е Германија,Англија..Израел и.т.н

Патем знаете дека ние тука на балканот имаме доволно оружје да се масакрираме сите до еден иако станува збор за воглавно пешадиско оружје.

Еве едно видео од мрзливите педери кои се противат на воено индустрискиот комплекс без да знаат ШТО ЗНАЧИ!!

 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Крв на раце имаат тие кои убиваат, а не тие кои произведуваат оружје.
Оружјето не убива, човекот убива.
Ова е исто како да кажеш колку само крв на раце имаат БМВ, Ауди, Мерцедес и сл. заради сообраќајните несреќи кои ги предизвикуваат несовесните возачи.

Патем, компанииве кои произедуваат оружје вработуваат многу повеќе луѓе отколку БМВ или Мајкрософт или Ејпл.
Е ова веќе покренува друго прашање. Што е исправна употреба на оружјето ??
Овде има голем судир и спротиставени тези и мислења. Некои велат дека оружјето е единствено дозволено само за државниот апарат (војска, полиција, специјализирани агенции) кои имаат задача да ја одбрнат државата од агресија од надворешните влијанија но и да ги заштитат општествата од криминалот.
Ако ја тргнеме на страна економската исплатливост од аспект на полнење на буџети од даноците, поделена е одговорноста според мене, оружјето убива тоа е точно, но и тие копманиии што го произведуваат имаа дел од одговорноста.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
кој ја води статистикава ?? да објасни на кое место се наоѓа русија или руска фирма со приходите за вакви деструктивни цели и намени
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Lockheed Martin прават добри документарци, би ги споменал тука и логистичките фирми кои цицаат добар дел од буџетот на ДОД и се дел од спонзорите на кампањите на претседателиве амерички.
Имам работено во една од овие корпорации и ништо посебно, имам морал ама имам и уста за ранење да си кажеме искрено.
И не знам што би се разликувал еден вработен во ваква компанија од останатите кога и на едниот и на другиот работник му запираат даноци за буџетот, кој пак е главниот спонзор на овие коорпорации.
Треба да кажам дека голем дел од овие корпорации имаат удел во креирањето во надворешната политика на САД или на сите им е познато тоа?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom