Кој се богати од војните?

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.050
Поени од реакции
4.700
Аха држи муабетот до некаде, али да се разбереме BMV, Audi и остали од таа багра и нивната технологија да ги споредиш со гореспоменативе е у најмала рака смешно. Значи да бидам (по)јасен, намената на автомобилите не е за убивање. И сакаш да кажеш дека овие компании немаат никаква одговорност? Не е малце тоа лицемерно од нивна (од твоја и моја) страна? Или ако сакаш да одам подалеку не мислиш дека добар дел се (па слободно можам да речам) главните потикнувачи на овие конфликти? Јбг сурови времиња, ама мојата совест не ми дава да ги гледам како најобични бизнис корпорации кои еве му озоможиле некому здраствено и пензиско осигорување и најчесно му исплаќаат на 1-ви плата. И да, неможам да ги гледам и како индивидуалци, виша политика е тоа која вмешува и други гадни ѕверки од тој "шоу бизнис" ( политичари, бизнисмени, луѓе од сенка) .
Види, целта на компаниите за производство на оружје е да ги снабдат армиите со оружје. Потоа зошто и како се користи, не е нивна работа.
Армијата кога војува има одредени цели кои мора да ги исполни на еден или друг начин.
Дека високотехнолошките компании за производство на оружје влијаат позитивно врз развојот на општеството ќе ти прикажам преку многу практичен пример:
Уништување на команден објект на непријателот кој се наоѓа во некој град. Тоа е задача на армијата, а не на компаниите. На армијата и требаат средства за да ја оствари таа цел, а добро знаеме дека на армиите не им е толку битно кои средства ги употребуваат само за да се оствари целта.
Можат да испратат неколку бомбардери, да фрлат стотина тони бомби и да го направат пепел командниот центар. Ама проблемот е што покрај тоа што ќе го направат пепел КЦ, ќе направат пепел и се околу него. Многу недолжни цивили ќе загинат, што се има покажано многупати во поновата историја.
Со изградбата и развојот на модерните оружја, благодарение на хај тек фирмите, се избегнуваат огромен број цивилни жртви. Место 100 бомби, ќе фрлат 1, прецизно водена бомба која ќе ја уништи целта, со минимален број жртви.

Друга работа е што многу војници се спасени од сигурна смрт, благодарение на технологијата која излегла од овие компании.

Политичарите, секогаш ќе најдат начин за богатење.
Впрочем, профитот на овие фирми ни оддалеку не може да се мери со профитот на Ејпл или на Мајкрософт.
--- надополнето: 15 март 2012 во 00:48 ---
Е ова веќе покренува друго прашање. Што е исправна употреба на оружјето ??
Овде има голем судир и спротиставени тези и мислења. Некои велат дека оружјето е единствено дозволено само за државниот апарат (војска, полиција, специјализирани агенции) кои имаат задача да ја одбрнат државата од агресија од надворешните влијанија но и да ги заштитат општествата од криминалот.
Ако ја тргнеме на страна економската исплатливост од аспект на полнење на буџети од даноците, поделена е одговорноста според мене, оружјето убива тоа е точно, но и тие копманиии што го произведуваат имаа дел од одговорноста.
Оружјето што го произведуваат првиве 10 компании овде не убива ни делче од вкупниот број на луѓе што гинат во војните.
Земи пример која било војна во последниве 10 години.... најмногу се гине од лесно оружје и експлозиви, кои се лесни да се произведат и во домашни услови, а голем дел од терористите и бунтовниците така и ги произведуваат експлозивите.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281

Морав да гуглам малку. Епа вака. Еве ти оружје на дел од компаниите кои ги наведе Форест Гамп каде го користеле оружјето, па заклучи сам, дали е делче или поголем дел од вкупниот број луѓе што се жртви на војните.
(United Technologies) UH-60 Black Hawk - Авганистан, Ирак
(Finmeccanica) MBDA користена од uk royal air force - Ирак, Либија(Мисрата)
(Raytheon) AIM-7 Sparrow - ракетен напад Ирак(Багдад), Либија(Gulf of Sidra)
(Raytheon) BGM-109 Tomahawk - Персиски залив, Афганистан, Судан, Југославија, Јемен, Либија,Ирак
(General Dynamics) M1 Abrams - Ирак(јужен Багдад), Афганистан(Кандахар)
(Boeing) KC-767 - Ирак, Либија.
(Boeing)F-15 - Сирија, Босна, Косово.
Никој не го оспорува фактот на експлозивот и неговата моќ на уништување, но таа моќ е во одреден радиус. Каде падне ракета или проектил е таму трева не расне.
 
Сакав да кажам дека најмногу луѓе во војните умираат од лесни оружја, како што се автоматските пушки и ракетните фрлачи.
Нормално дека се користат и сите оружја што ги наведе, но по удел на убиени луѓе тие завземаат сосел мал процент.

А ако не се тие оружја како што реков (пример Томахавкот) ќе гинат многу повеќе луѓе заради непрецизноста на останатите бомби.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Види, целта на компаниите за производство на оружје е да ги снабдат армиите со оружје. Потоа зошто и како се користи, не е нивна работа.
Армијата кога војува има одредени цели кои мора да ги исполни на еден или друг начин.
Дека високотехнолошките компании за производство на оружје влијаат позитивно врз развојот на општеството ќе ти прикажам преку многу практичен пример:
Уништување на команден објект на непријателот кој се наоѓа во некој град. Тоа е задача на армијата, а не на компаниите. На армијата и требаат средства за да ја оствари таа цел, а добро знаеме дека на армиите не им е толку битно кои средства ги употребуваат само за да се оствари целта.
Можат да испратат неколку бомбардери, да фрлат стотина тони бомби и да го направат пепел командниот центар. Ама проблемот е што покрај тоа што ќе го направат пепел КЦ, ќе направат пепел и се околу него. Многу недолжни цивили ќе загинат, што се има покажано многупати во поновата историја.
Со изградбата и развојот на модерните оружја, благодарение на хај тек фирмите, се избегнуваат огромен број цивилни жртви. Место 100 бомби, ќе фрлат 1, прецизно водена бомба која ќе ја уништи целта, со минимален број жртви.

Друга работа е што многу војници се спасени од сигурна смрт, благодарение на технологијата која излегла од овие компании.

.
Eптен прецизни бомби, гаѓаа автобуси и возови полни со бегалци, телевизии, болници, мостови, цивилни згради, амбасади ,училишта...

http://en.wikipedia.org/wiki/Grdelica_train_bombing
http://en.wikipedia.org/wiki/Civilian_casualties_inflicted_during_Operation_Allied_Force
http://en.wikipedia.org/wiki/Civilian_casualties_in_the_Iraq_War
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Да знаете колку македонци работаат во овие фирми...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
богатите...
Војните се водат исклучиво да богатите станат уште побогати.
Во книгата „ Од историјата на воените идеи “ ( Гризо - Ристевски - Култура 1992) на страна 349 се вели: „ Не може да се скрие фактот дека од војните извлекувавме корист и дека само со војните ги зголемувавме нашите капитали “ - мисла на Sir Basil Henry Liddell Hart
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.050
Поени од реакции
4.700
Eптен прецизни бомби, гаѓаа автобуси и возови полни со бегалци, телевизии, болници, мостови, цивилни згради, амбасади ,училишта...

http://en.wikipedia.org/wiki/Grdelica_train_bombing
http://en.wikipedia.org/wiki/Civilian_casualties_inflicted_during_Operation_Allied_Force
http://en.wikipedia.org/wiki/Civilian_casualties_in_the_Iraq_War
Бомбата паѓа таму кај што ќе и кажеш да падни. Ако ја фрлиш врз болница, таму и ќе експлодира. Ако ја фрлиш врз тенк, таму и ќе експлодира.

Патем, голем број од горенаведениве примери се грешка на пилотите или грешка во информирањето. Последниот линк се најчесто бомбашки напади и немаат врска со водените бомби.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
884
Поени од реакции
410
vojnite ne gi izmislile kompaniite za proizvodstvo na oruzje, tie samo profitiraat, ako ne se bas tie kompanii , togas ke se nekoi drugi
 
B

Black Guard

Гостин
Морав да гуглам малку. Епа вака. Еве ти оружје на дел од компаниите кои ги наведе Форест Гамп каде го користеле оружјето, па заклучи сам, дали е делче или поголем дел од вкупниот број луѓе што се жртви на војните.
(United Technologies) UH-60 Black Hawk - Авганистан, Ирак
(Finmeccanica) MBDA користена од uk royal air force - Ирак, Либија(Мисрата)
(Raytheon) AIM-7 Sparrow - ракетен напад Ирак(Багдад), Либија(Gulf of Sidra)
(Raytheon) BGM-109 Tomahawk - Персиски залив, Афганистан, Судан, Југославија, Јемен, Либија,Ирак
(General Dynamics) M1 Abrams - Ирак(јужен Багдад), Афганистан(Кандахар)
(Boeing) KC-767 - Ирак, Либија.
(Boeing)F-15 - Сирија, Босна, Косово.
Никој не го оспорува фактот на експлозивот и неговата моќ на уништување, но таа моќ е во одреден радиус. Каде падне ракета или проектил е таму трева не расне.
Чекај малку,го заборави калашников,РПГ,Т55,Т62,Т72 пнатаму Ми17,МИ24.....Руските скадови кои го гаѓаа израел па и модовите ФАКТ најмногу луѓе имаат погинато од оружје кое по потекло е од Исток Профитот на фирмите од САД се должи на ПОВИСОКАТА ЦЕНА-не на квантитет,еве прашај ги рособоноекспорт,или пак Украинците...ах да Го заборавивме IMD,Raphael и низа Елбит системс(нашите хеликоптери ги апгрејдуваа) од Израел.
Роланд(не не прават само озвучење!!) туку и САМ системи,германците колку леопарди продадоа на Турција,Грција и шведска???
 
Не го заборавив само посочив неколку од фирмите и нивното оружје кое убива луѓе. Без разлика дали е авион, пушка, ракета или проектил луѓето умираат.
 
B

Black Guard

Гостин
Никој не го оспорува фактот на експлозивот и неговата моќ на уништување, но таа моќ е во одреден радиус. Каде падне ракета или проектил е таму трева не расне.
Посебно ако е со осиромашен ураниум,инаку ваквата муниција се докажа како солидна за противоклопна борба и кинетичка пенетрација...ама ја прекршува женевската конвенција со фактот што контаминира-штета што многу држави ја користат.

Кога сме кај Ирак еве садам што направи(18+ Години) па мораа да го средат.
--- надополнето: 15 март 2012 во 14:44 ---
Не го заборавив само посочив неколку од фирмите и нивното оружје кое убива луѓе. Без разлика дали е авион, пушка, ракета или проектил луѓето умираат.

Епа не убива само западното оружје-ете ти пример.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Посебно ако е со осиромашен ураниум,инаку ваквата муниција се докажа како солидна за противоклопна борба и кинетичка пенетрација...ама ја прекршува женевската конвенција со фактот што контаминира-штета што многу држави ја користат.

Кога сме кај Ирак еве садам што направи(18+ Години) па мораа да го средат.
--- надополнето: 15 март 2012 во 14:44 ---

Епа не убива само западното оружје-ете ти пример.
Не реков дека убива само западното оружје. Не го делам оружјето на западно и источно. Западот доминира во производството и во извозот, Америка сака и на тоа поле да има доминација. Убива и она од бунтовниците во Либија, Ирак, Судан и ред други земји.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Бомбата паѓа таму кај што ќе и кажеш да падни. Ако ја фрлиш врз болница, таму и ќе експлодира. Ако ја фрлиш врз тенк, таму и ќе експлодира.

Патем, голем број од горенаведениве примери се грешка на пилотите или грешка во информирањето. Последниот линк се најчесто бомбашки напади и немаат врска со водените бомби.
Информирањето им било на место, а пилотите баш точно погодиле.А сигурен сум дека не се криви пилотите, им било кажано дека целта е едно (пр.воен магацин), а реално да е болница.Ама намерно им се такви информации давани, за да се заплашат луѓето на напаѓаната земја.

Нормално дека тие ќе се вадат на грешки во разузнавачки информации, ама реално се точно познати местата на напад од типот на патнички воз, болници, училишта.Креирање страв меѓу населението.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.050
Поени од реакции
4.700
Информирањето им било на место, а пилотите баш точно погодиле.А сигурен сум дека не се криви пилотите, им било кажано дека целта е едно (пр.воен магацин), а реално да е болница.Ама намерно им се такви информации давани, за да се заплашат луѓето на напаѓаната земја.

Нормално дека тие ќе се вадат на грешки во разузнавачки информации, ама реално се точно познати местата на напад од типот на патнички воз, болници, училишта.Креирање страв меѓу населението.
Е тоа го викам цело време. Луѓето убиваат, не оружјето.
Прецизните бомби и ракети служат за да ги намалат цивилните жртви и да извлечат максумум од уништувањето на одредена цел онака како што се замислени.
Тоа што некој ги употребува за убивање цивили е друга работа, а тој што сака да убие цивили, не му е битно дали ќе користи томахавк од 600 000 долари или обични бомби од 2 500 долари кои имаат иста моќност, но дострелот и прецизноста се сосем друга работа.
--- надополнето: 15 март 2012 во 17:18 ---
Не реков дека убива само западното оружје. Не го делам оружјето на западно и источно. Западот доминира во производството и во извозот, Америка сака и на тоа поле да има доминација. Убива и она од бунтовниците во Либија, Ирак, Судан и ред други земји.
Русија и околните земји продаваат количински далеку повеќе оружје отколку Западот.
Оружјето на Западот е далеку поскапо, пример еден американски авион со иста намена чини колку 2 Руски. Најверојатно заради повисокиот стандард на западот тоа е така.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom