Корупцијата во образованието

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Најверојатно чувте за акцијата која пред десетина дена ја направија Хрватите и кога конечно ставија крај на корупцијата во високото образование. Акцијата заврши со апсење на куп универзитетски професори кои пишувале оценки за пари.

Јавна тајна е дека кај нас има многу такви професори. И на државните и на приватните универзитети.

Кога ќе ги подберат кај нас? До кога ќе ги толерираат старите корумпирани дртала?
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
За на приватен не се согласувам ... моиве другари бар што се на европски ... фино лепо ако ги паднат на испит идат кај Бојо .. и 6ки лапаат одма=)

Инаку се согласувам ... крајно време е ... преку тасета со тоа господовско понашање ...
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Кога ќе ги подберат кај нас? До кога ќе ги толерираат старите корумпирани дртала?
Се додека некој не се осмели да зине и да покаже, јавно да ги посрамоти и засекогаш да ги тргне од позициите на кои дремат со години недозволувајќи да се вработи млад кадар.... ама ај нека им е, времето работи против нив, кај и да е самите ќе се исчистат.

А тоа дека треба чистка... треба и тоа како.
 
Член од
1 февруари 2007
Мислења
92
Поени од реакции
9
На приватните универзитети владее уште поголема корупција. Таму имаш случаи каде ти даваат на ливче напишана лична жиро сметка на професорот каде треба да ги уплатиш парите.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Студент полагал испит и во индексот ставил 200 евра

Професорот
Колега каде била фрлена првата нуклеарка ?
студентот
јапан
професорот
честито колега положи

Доаѓа студент со празен индекс
професорот
колега каде била фрлена првата нуклеарка ?
студентот
јапан
професорот
каде поточно
студентот
хирошима и нагасаки
професорот
кога?
студентот
6-ти и 9-ти август 1945
професорот
колку погинале?
студентот
140 000
професорот
имиња ми требаат колега .... имиња

Од секогаш корупцијата е проблем не само во образованието насекаде во државава, посебно здравството е катастрофа ... да се надеваме дека во скоро време барем за нијанса ќе се среди
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Треба студентите да се организираат, да ги викнат А1 и Сител и да дадат листа од имиња кои фраери играат нечисто. Да ги пријават за земање на мито и корупција, нека се направи една убава сторија за на дневник. Нека ги пријават во полиција, ама полицијата да пише казни, да ги суспендира од работа, а не Заев метода.
Ама на сите им фуфти, кој ќе се организира кога пичка народ сме. За еден протест за името, што е најважно нешто, луѓево се мислеа дали да излезат или не, а не па за ваква работа.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Море сега со ЕКТС барем кај мене на Правен, помалку се дрпа, инаку порано, кога испрашувале за оценка професорите кај него во канцеларија, очи во очи, си ебале мајката...
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
На приватните универзитети владее уште поголема корупција. Таму имаш случаи каде ти даваат на ливче напишана лична жиро сметка на професорот каде треба да ги уплатиш парите.
Не се согласувам со тебе за тоа. На приватните немаат причина за мито. Преголеми плати и преголем страв да не бидат избркани. Значи ќе кажеш колку повеќе имаш толку повеќе ќе сакаш, ама не е така барем на приватните. Тука студентот го има главниот збор, студентот има можеби и преголеми права, професорот е тој што предава и ги учи студентите и толку нема повеќе. Професорите се секогаш тука ако нешто зачкрипи. Ако се истите професори од државните, но на приватните за едно излегување од факултет им треба дозвола, камери секаде и будно се пратат.

Кога ќе ги подберат кај нас? До кога ќе ги толерираат старите корумпирани дртала?
До кога? Па кога ќе им избегаат сите студенти и кога ќе сфатат што направиле и како постапуваат. Треба храброст голема да излезеш пред нив, зашто после цел живот ќе бидеш обележан од нивна страна и верувај нема да се вработиш на саканото место, па и да се вработиш голема е можноста да те отпуштат зашто тие ќе најдат врски ти веќе да не си таму. Да е еден студент ок, многу се, посебно студентки кои трпат се и сешто за една 6ка. Некој ќе каже они си се криви, можеби не велам не, ама тоа е 5 проценти од сите останати. Премногу се поврзани едни со други за да може некој да направи нешто против нив. Појди од тоа што самите декани на факултетите се тие најкорумпираните зашто не им може никој. Штом некој порано не се нафатил на ваков голем чекор, сигурно има причина. Можеби се нафатил ама некој му затворил уста.
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Не се согласувам со тебе за тоа. На приватните немаат причина за мито. Преголеми плати и преголем страв да не бидат избркани. Значи ќе кажеш колку повеќе имаш толку повеќе ќе сакаш, ама не е така барем на приватните. Тука студентот го има главниот збор, студентот има можеби и преголеми права, професорот е тој што предава и ги учи студентите и толку нема повеќе. Професорите се секогаш тука ако нешто зачкрипи. Ако се истите професори од државните, но на приватните за едно излегување од факултет им треба дозвола, камери секаде и будно се пратат.
Прекрасна илузија.
Случајно професориве да не масираат и стапала после часови?


Онтопик:
Сигурно ќе има, но ќе страдаат само мал дел. 2-3 големи фацки, 5-6 помали, ќе ги има во сите весници, ќе ги судат сите ама ќе осудат двајца и тука ќе заврши.
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Прекрасна илузија.
Случајно професориве да не масираат и стапала после часови?
Извини јас ништо никогаш не зборам од памет, значи знам како е и што е. Да не знаев само ќе читав и претпоставував како тебе.
За стопала си има масер.:)
 
Член од
27 септември 2008
Мислења
98
Поени од реакции
3
Па ако си студент запишан за да има само диплома секогаш ќе постои можност да платиш на некого за да ја добиеш истата и тука нема ни ништо ново, ни чудно. Проблемот е за тие што се запишале и сакаат нешто да научат, а не само да добијат диплома.

На државниот факултет истите треба да бидат премногу диплицинирани, да му бидат десна рака на професорот со цел лесно да полага и да добие десетки. За разлика од таму на приватните треба да седнеш и да учиш за да добие десетка нема друг рецепт. На државниот иако си научил може да паднеш, а на приватниот ако си научил тука е резултатот реално е оценувањето што се однесува за оценките 8, 9 и 10.

На приватните нема причина да плаќаш повеќе зошто со учење на битните лекции може да се извади 6ка додека на државниот и со учење на цела книга на памет може да паднеш.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.105
Поени од реакции
5.827
На приватните универзитети владее уште поголема корупција. Таму имаш случаи каде ти даваат на ливче напишана лична жиро сметка на професорот каде треба да ги уплатиш парите.
Хммм... интересно. Кажи на кој приватен го има тоа, сакам да се префрлам таму.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.132
За на приватен не се согласувам ... моиве другари бар што се на европски ... фино лепо ако ги паднат на испит идат кај Бојо .. и 6ки лапаат одма=)

Инаку се согласувам ... крајно време е ... преку тасета со тоа господовско понашање ...
Твојте другарчиња плаќаат по 10-15 000 евра за студии на тој универзитет така да нема потреба од корупција.Јавно и легално им ги земаат парите.:toe:
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Ma nalet korupcijata...drtalata si baraat i mlado mevce za uzinka mameto nivno...
Nema ni cel mesec...clen na mojata potesna familija plati mnogu evra za pomin kaj Dragi Janev, slavniot prof. po matematika na ekonomski fakultet...
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Членот во твојата потесна фамилија рачунај дека ќе плати и кај Ристе - статистика и кај Шуклев - менаџмент. Поврзани се, еднаш платиш и после неможеш да избегаш од кругот, освен ако не си ги земеш документите што и за тоа се земаат пари.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom