Колку би била успешна тужба против Топлификација?

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Обрати им се на правниче или princess of evil директно...
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.985
Поени од реакции
10.660
Значи сакаш да кажеш дека место да платам пример по 150 евра месечно сметка за јануари, декември, февруари кога е најголема потрошувачката, они тоа го делат на сметки за цела година и кога нема парно, и се испаѓа одприлика по 50 евра и кусур месечно (со сегашниве цени)?

Се ми стана јасно, незнаев дека така се определува цената за парно, мислев дека се смета по потрошувачка за месец посебно. Значи џабе ми е тужба како што рече... :(
А за скапо не да е скапо, у пм е скапо, и само расте не знам до кога... Како тргнало, следната година ништо чудно да биде по 100 евра сметка месечно. :mad:
братче незнам како за овие 2 опции не си знаел...
1. си плаќаш сметки само од почеток до завршување на грејната сезона и тоа колку си потрошил али тоа ти се мн високи сметки.
2. си плаќаш сметки преку целата година, нормално нели не така големи и доаѓа како олеснување за да не дадеш толку мн пари наеднаш.

и сеа зависи тебе каков ти е договорот али веројатно ке да е као 2та точка што ја пишав
јбг :oops:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ме интересира што мислите (посебно вие правните лица) околу идејата да се тужи топлификација бидејќи наплаќа сметки од речиси 4000 денари по месец за летни месеци кога парното е исклучено. .
Нема основ да ја тужиш Топлификација. Сметките за мај, јуни, јули се сметки кој се однесуваат на изминатата грејна сезона.
Ако сакаш да се спасиш од такви сметки, единствена можност е да се исклучиш од Топлификација. Се уште е тоа можно. Топлификација и Регулаторна подготвуваат нов правилник за да спречат исклучувања, но сеуште не е стапен на сила. Затоа побрзај и исклучи се додека можеш.
Секако дека ќе се обидеме на Уставен да го „ урнеме “ тој нов правилник, но никој не може да гарантира дали и кога ќе успееме.
Затоа, побрзај, исклучи се...!
 
Член од
2 мај 2012
Мислења
216
Поени од реакции
264

Тоа и му ја мислам... Сакам да направам математика колку ќе ме чини една сезона со грејни панели на струја. Штета што не живеам во куќа, тогаш ќе беше друга песна. :) Ама планирам да се преселам од ова бетонскава ќелија во куќа, зошто живот во стан било само одење во загуба.
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
неживеам во зграда ама ме интересира една работа... што ако некој се реши да не им ги плаќа сметките? едноставно несакам да плаќам сметка нека ме исклучи... или народов е приморан да плаќа сакал несакал?
--- надополнето: 12 јули 2012 во 22:37 ---

живеење во куќа има свои предности живеење во зграда има свои предности.. кога ги спомнуваш панелите - кај панелите има една мнооогу убава работа.. ако излагаш на пример некаде едноставно нема никој дома панелот го гасиш и потрошувачка на струја имаш 0 а кај парното цело време кружи водата. е сега - доаѓаш дома на пример - ако си на парно одма ти е затоплено во просторијата кај панелот треба допрва да уклучиш па за да се затопли - за пола саат од прилика ке постигнеш нормална температура со панелите ама кога ке размислиш поевтино и подобро се поминува со панел од едноставна причина што летно време нема да ти стигаат огромни сметки како што си моментално во ситуацијава
 
Ако не ја платиш сметката мислам дека ќе бидеш тужен и ќе ти наплатат десеткратно со извршители (плус за извршителите ќе си платиш). Сега како што се е на трансакциска, ќе ти ја стопираат платата па ти оди сликај се. :) Стара тактика од феудализмот.

Абе мислам дека има некој во зградава исклучени од парно, ќе ги прашам и нив како им е.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.873
Бегај подалеку од Топлификација!!!
Тоа сега сметката ти е нешто "изостанато" oд зимските сметки па ти го ставиле во овие месеци нешто како порамнување му доаѓа. Слично како што прават ЕВН еднаш ти дојде 900 ден а после те скинат со 3000 ден а не си толку потрошил.
Греј се на клима,панел околу 4000 ден месечно би требало да плаќаш за струја. Оние со термо плаќаат по 5000 ден за 6 часовно греење во текот на еден ден.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Тоа и му ја мислам... Сакам да направам математика колку ќе ме чини една сезона со грејни панели на струја. Штета што не живеам во куќа, тогаш ќе беше друга песна. :) Ама планирам да се преселам од ова бетонскава ќелија во куќа, зошто живот во стан било само одење во загуба.
Најефтино греење, во мометотов, е со клима. На Кајгана во тема бизнис економија - најекономично греење ќе најдеш многу информации. Исто ќе ти помогнат консултации со комшии кои веќе се исклучени.
Важно не се плаши, третина од потрошувачите на Топлификација се веќе исклучени и никој не останал не стоплен.
Се бориме да ја принудиме Топлификација драстично да ги намали цените, да затоплуваат еден квадрат за 18 денари, или стан од 60 м2 за 1080 денари месечно цела година, што е максимална конкурентна цена. Ако успееме ќе се разбере, до тогаш бегај од Топлификација
--- надополнето: 13 јули 2012 во 00:47 ---
што ако некој се реши да не им ги плаќа сметките? едноставно несакам да плаќам сметка нека ме исклучи... или народов е приморан да плаќа сакал несакал?
Ако не ги плаќаш сметките на АД Топлификација, тие постапуваат на следниов начин:
Не те исклучуваат, туку продолжуваат да те затоплуваат како ништо да не се случило, така да долгот расте. За парите што ги должиш, обавезно тужат секој шест месеци и пресметуваат законска камата од. По некое време, кога долгот и каматите ќе нараснат, ќе те викнат и ќе ти „ предложат “ да го ставиш станот под хипотека и да подигнеш кредит и да им платиш. Обично граѓаните се согласуваат и има многу што нај тој начин го изгубиле станот. Ако не прифатиш таков “ предлог “, бараат наплата со судови и извршители. Долг за некоку грејни сезони, заедно со каматите, изнесува повеќе илјади евра и толкав долг не е лесно да се наплати од трансакциона сметка.
Ова е една од причините зошто Топлификација е толку омразена
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Абе знам дека не мора да ги платам одма двете, ама како тоа да ми стигаат сметки за непостоечка потрошувачка? Значи еве имам сметка од пред април (тогаш се исклучува парното) и се си пишува колку kWh е потрошено. Овие сметки сега нема ни потрошувачка наведено ни ништо па пак е таа сумата, дури и 400 денари повеќе... :) Немој да ми кажеш дека ова не е чист грабеж, и тоа во лице.
Сметките се распределени за цела година, за да не ти биде прескапо во зимскиот период. Мислам дека сите така плаќаат. Подобро така, него во зима секој месец по 8 000 нели :)
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
Најефтино греење, во мометотов, е со клима. На Кајгана во тема бизнис економија - најекономично греење ќе најдеш многу информации. Исто ќе ти помогнат консултации со комшии кои веќе се исклучени.
Важно не се плаши, третина од потрошувачите на Топлификација се веќе исклучени и никој не останал не стоплен.
Се бориме да ја принудиме Топлификација драстично да ги намали цените, да затоплуваат еден квадрат за 18 денари, или стан од 60 м2 за 1080 денари месечно цела година, што е максимална конкурентна цена. Ако успееме ќе се разбере, до тогаш бегај од Топлификација
--- надополнето: 13 јули 2012 во 00:47 ---

Ако не ги плаќаш сметките на АД Топлификација, тие постапуваат на следниов начин:
Не те исклучуваат, туку продолжуваат да те затоплуваат како ништо да не се случило, така да долгот расте. За парите што ги должиш, обавезно тужат секој шест месеци и пресметуваат законска камата од. По некое време, кога долгот и каматите ќе нараснат, ќе те викнат и ќе ти „ предложат “ да го ставиш станот под хипотека и да подигнеш кредит и да им платиш. Обично граѓаните се согласуваат и има многу што нај тој начин го изгубиле станот. Ако не прифатиш таков “ предлог “, бараат наплата со судови и извршители. Долг за некоку грејни сезони, заедно со каматите, изнесува повеќе илјади евра и толкав долг не е лесно да се наплати од трансакциона сметка.
Ова е една од причините зошто Топлификација е толку омразена
незнаев дека играат таква политика у секој случај „добро“ осмислено од нивна страна... а што ако јас побрам да се исклучам од топлификација? колку треба да ги чекам нив? или „треба сам да ја превземам работата во раце“ па да се исклучам како што ЈАС знам ?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
незнаев дека играат таква политика у секој случај „добро“ осмислено од нивна страна... а што ако јас побрам да се исклучам од топлификација? колку треба да ги чекам нив? или „треба сам да ја превземам работата во раце“ па да се исклучам како што ЈАС знам ?
Сега за исклучување е лесно. Одиш во нивна канцеларија или во дирекција или реонска и пополнуваш барање. Треба да ти се сите претходни сметки платени и плаќаш за исклучување мислам дека е 300 или 500 денари по радијатор и други трошоци како ќе ти побараат. И они се должни во рок од 15 дена да дојдат да те исклучат. Можат да дојдат и покасно и кога сакаат, ама ти си од тогаш исклучен и немаш обврска да плаќаш во новата герејна сезона. Инаку новата сезона почнува од 1 август.
Со промените кои ги планираат ќе ти барат потписи од 80% станари за да се исклучиш, затоа побрзај!
 
Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.264
Поени од реакции
1.079
Тоа и му ја мислам... Сакам да направам математика колку ќе ме чини една сезона со грејни панели на струја. Штета што не живеам во куќа, тогаш ќе беше друга песна. :) Ама планирам да се преселам од ова бетонскава ќелија во куќа, зошто живот во стан било само одење во загуба.
Одма ќе ти ја направам мојата математика, за која ние се двоумевме доооолго време за на крај (бар за нас) да излезе добра.

Значи, парното го гасиш овој период од прилика, Јули или Август беше некаде сигурен сум. Ако ти помине Август ондак мораш да чекаш до другата година за да можеш да го исклучиш. А и убаво ти пишаа претходно, се крчка нов закон така да подобро со време да си го направиш тоа.
Откако ќе го исклучиш парното, веќе имаш од прилика 2-3 месеци да собереш пари за грејни тела. Т.е. ако си давал по 3-4 илјади за парно секој месец, само тргај ги тие пари на страна. Со тие пари во Октомври или Ноември ќе си купиш грејни тела. Една тројка такво ти е некаде околу 5-6000 денари. За во стан од 100 квадрати ти се потребни 2 до 3 максимум такви. 3 би било перфекција.
Кај нас во стан од 70 квадрати со бедна изолација, користиме една од 3kw и една од 2.5kw, за што плаќаме во просек плус 5,000 денари за струја во периодот од Ноември па до Март од прилика со тоа што се пуштени цело време на одредена температура, па дури и додека спиеме ако е премногу ладно. Првата сезона ги гасевме цело време кога нема никој дома, па дури и на пола саат, но после укапиравме дека е подобро т.е. исто доколку вртат цело време отколку да ги гасиш на секое излегување од дома.
Значи заклучок, од прилика цената парно vs. струја е тука некаде (со добра изолација на струја е поефтино гарант), но добиваш со тоа што цело време домот ти е топол, макар и да седиш цела ноќ, за разлика од тоа што парното го гасат во 9/10 саат навечер, баш кога сите се прибираат дома :tapp:
 
Член од
2 мај 2012
Мислења
216
Поени од реакции
264
Значи тебе те фаќа по 25 000 одприлика по сезона. Мене за парно оваа сезона ме фати 34 200 :). А станот ми е со бетонски ѕидови имам ставено од новиве прозори што држат ептен добра изолација. 60 м2 е.Значи што и да правам треба во следниве 15 ,16 дена да го направам.... А исто нешто разбрав дека без разлика на се ќе се плаќало 20 % или 50 % од сметката сеа не сум сигурен колку точно, ако цевките од парно ти поминуваат низ стан, а мене ми поминуваат :confused:. Сеа и тоа треба да се земе во предвид...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
А исто нешто разбрав дека без разлика на се ќе се плаќало 20 % или 50 % од сметката сеа не сум сигурен колку точно, ако цевките од парно ти поминуваат низ стан, а мене ми поминуваат :confused:.
Од „ поминување на цевки “не очекувај дека ќе се стоплиш, повеќе метри цевка се потребни да заменат само едно радијаторско ребро. За ова можеш да погледаш на економија бизнист - топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план .... на страна 19 пост # 281, каде имам поставено табела колку вати можат да се добијат од еден метар цевка и колку % тоа изнесува од едно радијаторско ребро.
А што се однесува за оние 20% или 50%, што се надеваат дека ќе ги добие Топлификација, во постовите на истата тема можеш да видиш дека контраофанзивата е во тек и дека можеби ќе го добијат тоа, а можеби ќе добијат нешто друго.
Во секој случај побрзај со исклучување.!
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Сметките се распределени за цела година, за да не ти биде прескапо во зимскиот период. Мислам дека сите така плаќаат. Подобро така, него во зима секој месец по 8 000 нели :)
Тоа нема врска. Тоа е само ИЗГОВОР.

Сметките цела година се изгор високи, а во летниот период се плака некаков си заостанат распределен долг, кој пак ке повторам е само изговор и нема врска со реалноста, за да "одржувањето" на топлификација преку летниот период не падне на нивни трошок, туку на трошок на граганите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom