Книга: Тајната на Бакарната книга

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Дали во Македонија кришум е донесено телото на Александар Велики Македонски?

* Разговор со Александар Донски по повод неговата најнова книга, историскиот трилер под наслов "Тајната на Бакарната книга"


O: Господине Донски, Вашата најнова книга веќе предизвикува голем интерес среде македонската јавност. Некои веќе ја нарекуваат како македонска варијанта на "Кодот на Да Винчи". Дали е вистина тоа што е напишано во неа?

Александар Донски: Романот "Тајната на Бакарната книга" не е историска книга. Тоа е трилер, мистерија, чија содржина е заснована врз автентични историски податоци. Оставам на самите читатели да заклучат што е вистина во нејзината содржина.


O: Кои историски настани се основа на Вашиот роман?

Александар Донски: Најнапред овде е таинствената Бакарна книга, која и навистина постои и денес се чува во една приватна колекција. На нејзините страници се среќаваат неверојатни податоци, иако најголем дел од содржината се уште не може да се одгатне...

O: На пример?

Александар Донски: На пример, на едно место во оваа Бакарна книга дословно пишува: "Антику Александро Басилео Бенедикту Богатство", што значи: "Богатството на благословениот антички цар Александар". Има и други тајни знаци, зборови и цртежи, кои асоцираат на тајни пораки и мапи од кои може да се претпостави дека и навистина се работи за некоја огромна тајна, сокриена во нашата држава.


O: Кои се другите историски податоци? Во романот се се врти околу претпоставките за скришното донесување на телото на Алекандар Македонски во нашата земја, заедно со некакви тајни записи. Врз основа на што го тврдите тоа?

Александар Донски: Јас ништо не тврдам. Само пренесувам познати историски податоци, а заклучокот го оставам на самите читатели. Да почнеме со сведоштвото на римскиот историчар Дио Касиј, кој во своето дело "Историја на Рим" јасно запишал дека римскиот цар Септимиј Север во 2 век, наредил телото на Александар Македонски (кое дотогаш се наоѓало во Александрија) да биде сокриено од јавноста, заедно со (цитат): "книгите што содржеле тајни знаења со цел никој во иднина да не може да го види телото на Александар, ниту пак да го прочита тоа што е напишано". Каде било потоа однесено телото, до денес не се знае. Но, постојат неколку фрапантни податоци. На пример, во 1979 година светски познатата јасновитка баба Ванѓа, по една своја визија, изјавува дека од Египет во (како што вели таа) "нашите земји" кришум било донесено телото на некој голем цар. Било носено во камен ковчег со караван од камили во придружба на робови. Во ковчегот биле сокриени тајни пораки пишувани со непознато писмо во кои биле опишани минатото и иднината на човештвото. Баба Ванѓа тврди дека ковчегот, заедно со тајните исписи, кришум бил закопан на непознато место, а потоа робовите сите до еден биле убиени за да нема сведоци на тој настан. Ова нејзино сведоштво е објавено во книгата за неа, напишана од нејзината внука, која е преведена и на македонски. Да потсетам дека баба Ванѓа беше родена струмичанка, а за нејзината докажана моќ за претскажување нема потреба од дополнителни објаснувања.


O: Постојат ли други интересни податоци?

Александар Донски: Да. Нашата јавност не знае дека во 1989 година пратеник на Ватикан ја посетил Југославија и одржал таен состанок со дел од тогашниот политички врв на земјата. Недолго потоа, единиците на ЈНА стационирани во Македонија, извршиле блокада на дел од планината Беласица. Дали тоа било поврзано со податоци донесени од Ватиканската библиотека, тоа само можеме да претпоставуваме. Истата година тогашните југословенски разузнавачи известиле дека од страна на Грците бил направен обид кришум да се ископа тунел под Беласица од нивната страна на границата. Осум грчки работници загинале за време на копањето, по што проектот бил прекинат. Сите овие податоци ми ги кажа неодамнешен висок функционер во МВР, сериозен човек, кој имал пристап кон тајните документи на поранешната југословенска служба за разузнавање.


O: И која е вистината?

Александар Донски: Вистината можеби може да се открие само преку Бакарната книга, која мислам дека нашата држава треба под итно да ја откупи од нејзиниот сопственик,кој е поддготвен да ја понуди на продажба. Ако испадне така како што укажуваат многу индиции, тоа може да биде најголемиот настан во поновата историја на Македонија, па и пошироко.


O: Во романот еден од главните ликови е капетанот Ангел Ивановски. Дали е тој вистинска личност? Дали навистина во неговото семејство се крие Бакарната книга?

Александар Донски: Се разбира дека е, но починат е уште во 1983 година. Во романот се објавени документи за неговото апсење и престој на Голи Оток, како и фотографија од него. Со неговиот син Славе Ивановски сме другари уште од гимназиски денови. Тој и го спонзорираше овој роман. За сопственоста на Бакарната книга не можам да кажам ништо повеќе. Ако е "паметна" државата ќе ја откупи и ќе ја претстави пред светот како археолошка реликвија со непроценлива вредност, а можееби нејзината содржина ќе доведе до неверојатни откритија.


O: Што понатаму со романот?

Александар Донски: Романот веќе се преведува на англиски и цел е негово пошироко презентирање во светот, а можеби и снимање филм. Впрочем, обата рецензенти: д-р Марија Кукубајска и д-р Мајкл Серафинов се од САД, па ќе видиме што ќе испадне.

 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Каде се продава книгава? Баш би сакал да ја прочитам. За нејзината веродостојност не можам да коментирам бидејќи прв пат слушам за ваква работа...
 
A

anaveno

Гостин


СИТЕ ИНИЦИЈАЛИ, ИМИЊА ИЛИ БИЛО КОИ БУКВИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАРИ СЕ ИСТИ СО ПИСМОТО НА БАКАРНАТА КНИГА НА КАРПЕСТАТА УМЕТНОСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПИСМА ВО ЕВАНГЕЛИЈАТА И ВО ЦРКОВНИТЕ КНИГИ НА КОИ СЕ ИЗВЕДУВА СЛУЖБАТА ВО
ПРАВОСЛАВИЕТО

колку да се знае..
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Ја има во некоја книжарница, или мора преку Донски да оди? Вака ми изгледа интересно, и покрај напумпаните reviews..
 
А

Адриано

Гостин
го поддржувам Донски,Македонија МОРА да ја откупи книгата.Тоа може да биде значаен документ во борбата со грција за името!
 
Член од
14 јули 2007
Мислења
939
Поени од реакции
21
Iskreno, knigava na Donski sigurno e interesna, no moe mislenje e deka vistinaskata bakarna kniga e laga, se nadevam deka gresam.

Zosto bakarnata kniga e laga ?
Dokolku taa imase vrednost, nikoj nemase da ja prasa Makedonija, ke dojdea od stranstvo i ke ja odzemea, ili otkupea za ekstremna suma.
Nikoj nemoze da tvrdi deka e vistinita dodeka ne pomine ekspertska analiza.
Sopstvenikot, ili pak dogovoreni strani samo podgrevaat situacija koja voopsto ne e realna, mozebi e realna no pak se vrakame na analizata.
Dokolku ja poseduva, neznam koja zastita ja ima toj samiot, ima drzavi koi navistina bi vklucile masinerija za taa kniga i ne bi se sekirale za posledicite.
Dokolku toj ja donese na ekspertska analiza, ke mu bide odzemena.
Postoi moznosta, sopstvenikot da ja predade na drzavata, no potoa nekoj da ja prodade pak.
Znaci status kvo.

Bas me interesira koja e procedurata vo vakvi slucaevi, koga sekoj cekor e rizicen za site strani.
 
A

anaveno

Гостин
ЗАГРЕА И ПОЛИЦИЈАТА

Крим-полицајци трагаат по книгата со името на Александар Македонски

- Предметот веројатно е од странство и целата работа е да се изнудат пари, постојано контактираме со полицијата и во тек е план што не е за јавноста, вели Јован Ристов


Налог за акција за случајот со бакарната книга, која наводно потекнува од првиот век пред нашата ера, а во неа се споменува името на Александар Македонски и се опишани настани од македонската историја, издал Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата. Инспектор од Заводот и претставник на крим-полицијата денеска ќе сретнат за да ги утврдат деталите.

Јован Ристов, директор на Републичкиот завод, вели дека случајот е многу стар, познат им е и не треба да се крева многу прав. Според нивните информации, бакарната книга не била пронајдена кај Беласица, туку во Бугарија.

- Предметот веројатно е од странство и целата работа е да се изнудат пари. Не знаеме дали е наше национално богатство. Мора да бидеме многу внимателни. Постојано контактираме со полицијата и во тек е план што не е за јавноста - рече Ристов.

Тој додаде дека односот на Душко Алексовски (човекот што објави фотографии од книгата пред неколку дена) е несериозен и оти "не може сите да играат на шупелката на Алексовски".

Фотографии од наодот пред неколку дена објави Алексовски, претседател на Македонскиот центар за карпеста уметност, на прес-конференција во Куманово. Плочата пред 25 години ја открил нашинец, кој сакал да остане анонимен, зашто се плашел од полицијата или некој да не му ја земе. Според Алексовски, фотографии од плочата виделе експерти од аукциските куќи "Сотби" и "Филипс" и ја процениле нејзината вредност на еден милион евра.

Повеќе интелектуалци вчера се оградија од случајот и го прифатија со скепса. Нивен став е дека книгата прво треба да се однесе во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата и компетентни стручњаци да направат процена за да се утврди неговата автентичност.

Весна Ивановска

http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2075&stID=14263
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Spored mene e greshka da se objavuva oficijalna potrega po knigata !

Po prvo ke i skokne vrednosta..odnosno ke se javat poveke zainteresirani strani za da platat.

Sto bi gi sprecilo Grcive da go storat toa pred nas ili da ponudat pojke pari?
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Ако е "паметна" државата ќе ја откупи и ќе ја претстави пред светот како археолошка реликвија со непроценлива вредност, а можееби нејзината содржина ќе доведе до неверојатни откритија.
Ако продавачот гледа малку подалеку од сопствениот нос, ќе свати дека ако ја продаде книгата на грците, џабе ќе му се милион долари. Имаме јаки бизнисмени патриоти, нели?
 
Член од
14 септември 2007
Мислења
145
Поени од реакции
0
Spored mene e greshka da se objavuva oficijalna potrega po knigata !
Po prvo ke i skokne vrednosta..odnosno ke se javat poveke zainteresirani strani za da platat.
Sto bi gi sprecilo Grcive da go storat toa pred nas ili da ponudat pojke pari?

Какав е езикот на клетвата, извините?
 
Член од
14 септември 2007
Мислења
145
Поени од реакции
0
е сега и Ванга ли бе

И баба Ванга ли е века Македонска...ке паднам
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Баба Ванга е струмичанка.

Ако си за паѓање, кажи :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom