Канада требаше наредната недела да игра пријателска со Иран. Најмногу бука се крена откако премиерот, Џастин Трудо, ја критикуваше федерацијата и лобираше оваа утакмица да не се одигра. Вчера беше објавено дека утакмицата е откажана и истата нема да се одигра. Оваа утакмица требаше да биде пријателска подготвителна утакмица за двете екипи пред престојното СП во Катар.
Ме интересира, дали сега Канада би била казнета од ФИФА поради мешањето на највисокиот врв да се откаже една утакмица од пријателски карактер. Мислам дека речиси и никој и не знаеше дека Канада ќе игра пријателска баш со Иран во Ванкувер, да не излезеше Трудо и да кажува дека истата не треба да се изигра.