Катанец си отиде, според вас кој од домашните стручњаци треба да го наследи?

Кој да го замени Катанец на селекторската функција?

  • Ѓоко Хаџиевски

    Гласови: 29 15,3%
  • Бобан Бабунски

    Гласови: 9 4,8%
  • Драган Канатларовски

    Гласови: 11 5,8%
  • Никола Илиевски - Џиџи

    Гласови: 15 7,9%
  • Бошко Ѓуровски

    Гласови: 6 3,2%
  • Чедо Јаневски

    Гласови: 57 30,2%
  • Ѓоре Јовановски

    Гласови: 15 7,9%
  • Потребен е странски селектор

    Гласови: 47 24,9%

  • Вкупно гласачи
    189

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Се согласувам со тебе дека немаме никаков напредок во играта последниве неколку години... Иако мајмунот Хари и Сречко се удираа во гради со најголемиот успех (49 место на фифа листата), сепак 95% од тој успех е резултат на менувањето на бодовите, односно наместо последни 4 циклуса, по новото бодување во предвид се земаа резултатите од последните 2. Катанец не направи ама баш ништо со репрезентацијава. Едни исти играчи ги гледаме последниве 5 години, иако 70% од нив не седат ни на клупа во нивните тимови, мал милион уценувања, сомнителни натпревари, моментални блесоци и тоа беше се од Сречко. Иако беше дочекан како крал, оправдано денеска пола Македонија плука по него. Мое лично мислење е дека најдобро решение во моментов за селектор е Ѓоко Хаџиевски или Чедомир Јаневски, а ако веќе се оди на странец, тогаш дефинитивно се сложувам со тебе, односно дека тоа треба да биде некој надвор од Балканов. Балканциве сите до еден пред се гледаат добро да си го наполнат џебот, а резултатите ќе им бидат во втор план нормално. Кога ќе видат дека имаме неписмено муле (иња) во нашава федерација, луѓе кои не знаат 2 збора да сврзат, а не па отказ да доделат, на балканецот се ќе му тече како мед и млеко. Замисли изјава на Иванковиќ: Ќе прифатам и пола од платата на Катанец! Па како нема да прифати, Билиќ е селектор за 5000евра, а Катанец земаше околу 15-16 000 + бесплатен превоз, стан, телефон... Пола од сумава е 7-8000 евра, па зарем има будала некоја што не би прифатила ваква понуда!?!?!? Како што кажав, ако веќе биде селекторот странец, тогаш нека биде некој Англичанец, Холанѓанец, Германец... Некој што убаво ќе ги растреска овие наши wannabe фудбалери, селектор кој ќе му објасни на Пандев дека ова е репрезентација, а не селска кооперација, кога ќе треба да се трча-сите ќе трчаат, кога ќе треба да се одмара-сите ќе одмараат, а не на кого како му прдне, така да си прави...

Pozitivno me iznenadi tvojeto realno gledanje sprema fudbalskava reprezentacija i FFM nisto ne e izmisleno sve e toa realitet, POZDRAV!!!:salut:


A za SUPERSTARPIZZA ako sega ne razbra sto mislev,togas od drugi neka bara objasnuvanje....
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Na fudbalsko pole znaci deka: poslednive 5-6 god. Makedonija igra na nivo od Andora negledam nikakov napredok vo igrata a za toa se krivi tie nasi+balkanski treneri!!Neznam kolku e sledis igrata na nasava reprezentacija,za mene e podobro da izgubime 3-0 ali da pruzime edna dobra partija otkolku da pobedime 1-0 so nikakva igra,kako sto igrame poslednive godini..Tie 2-2 ili 0-0 so Anglija i Holandija bea sve slucajno a ne zato sto nie dobro igrame,tuku samo SREKA i nisto drugo...

Za talenti i da ne zboruvame,da ne bea ovie Forumi,TV i Vesnici i den denes ke igraa KIRIK,PANCEV,NAJDOVSKI itn.Znaci ne se samo tie balkanski Treneri krivi nego i tie nasite..Zatoa sum za eden stranski strucnjak(samo da ne e od balkanov) so drug mentalitet,pa da vidime dali nesto ke se promenit,dali ke vnesit eden pobednicki mentalitet a ne uste ne pocnata utakmicata da se predavame,koj saka neka ni bide protivnik!!!!

Баткаааа.. на нас не ни треба некои тренери кои не знаат ни името Македонија да го изговорат а камоли пак да ни водат репрезентација!!!
Друго ние немаме време за експерименти веке сме во средина на квалификации, и ги играм можеби најважните два натпревари во нашата историја, така да да се донеси некој ЕВРОПСКИ не балкански тренер ке му треба НАЈмалку 1 година за да ги научи имињата на сегашниве играчи а тек потоа да хара по светов и да ги бара нашиве таленти што и тоа не е можно, мислам дека се знае на кој му е работата да бара таленти или заборавени играчи за тоа постојат менаџерите кој сугерираат на селекторот по направената анализа на играчот за да дојде да го гледа една утакмица или две па тек после селекторот одлучува дали ке го викне или не.
Е сега затоа велам ни треба највеке за тоа Чеде Јаневски човекот мислам дека стварно заслужува да застане на чело на нашиот тим.
Прочитај го само ова и доволно ке ти се разјасни ситуацијата и притоа притоа врати се во реалноста дека живеем во Македонија и дека ние имаме таков менталитет и ние ТАКА работиме.


Фактите за Чеде Јаневски
Роден: 03.07.1961 (Скопје)
Кариера: Вардар (1984-89), Бриж (1989-1991), Шарлоа (1991-1995), Истанбулспор (1995-96), Локерен (1997-97)
Тренер: Олимпијакос -асистент (2005-07), Бриж 2006-2007, Гент асистент (2007-08), Црвена Звезда (2008-09)...
Успеси: Пехар во Купот на Белгија 2007. Шампион на Грција 2005, 2006.
Репрезентација: СФРЈ 2 настапи, Македонија 5 настапи.

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ОД ДОМАШНИТЕ ТРЕНЕРИ СО СВОЈ СТАВ ОКОЛУ КОМПЛЕТНИТЕ НАСТАНИ ПОВРЗАНИ СО СЕЛЕКТОРСКАТА ФУНКЦИЈА ВО НАШИОТ НАЦИОНАЛЕН ТИМ
Јаневски: Еден ден ќе бидам селектор...
*"Свесен сум дека ќе дојде моментот кога ќе седнам на клупата на мојата земја. Тоа е предизвик, одговорност, но и обврска...", коментира Јаневски, кој не е ниту во комбинација на "залутаните" во ФФМ за функцијата селектор
Намерно или ненамерно. Чедомир Јаневски не е кандидат за селектор на Македонија на изборот в петок, во "Александар Палас". Никој не се ни обидел да контактира со нашиот стратег кој сега е на клупата на Црвена Звезда и кој во јуни е без обврски. Ова е доволен доказ дека ФФМ нема стратегија, нема план и не знае да ги почитува вредностите на она што е најдобро, на она што е наше и на она што има успеси надвор од нашите граници. Премногу понижувачки од страна на фудбалскиот врв кон нашите тренерски имиња кои работат надвор од нашите граници и кои повеќе се вреднувани од странците отколку од луѓето во сопствената земја. Се знае играта на ФФМ и обидот на Хаџи Ристески да си "протне" свој тренер. И првиот човек на ФФМ е свесен дека неговите ефтини приказни не можат да поминат кај тренерско име од типот на Јаневски и од стратег кој е голем професионален и човек кој нема кредити кон никого во оваа наша Македонија.
"Не сакам да се манипулира со моето име. Ова е веќе видена приказна и веќе го минав ваквиот период уште пред 3-4 години кога бев во Бриж. И тогаш имаше најави, но во преден план беа некои други тренерски имиња. Свесен сум дека во мојата земја навивачите ме барат и знам дека еден ден јас ќе бидам селектор на Македонија", коментира Јаневски за "Македонски спорт" кој преку нашите страници открива многу детали околу неговото име, шпекулациите и преговорите за селекторската позиција во Македонија.
"Селекторската фунција е предизвик за секој тренер. Никогаш нема да го одбијам повикот од мојата земја затоа што јас сум Македонец и поранешен репрезентативец кој добро знае што е национален тим, државен грб и национална гордост. Мене не ме интересират политики, делегати, гласови.... Јас сум фудбалски тренер и мојата работа е на теренот, на натпреварите. Јас сум тој кој треба да одам по резултати, титули... Така сум научен и така работам. Тоа е мојот стил на работа во тренерскиот занает и таквата работа ме доведе во клубови од самиот европски врв како Црвена Звезда, Бриж, Олимпијакос. Ќе продолжам така и мислам дека ќе успеам. Околу селекторската фунција на Македонија можам само да кажам дека ќе дојде и тој ден. Тоа е мојата порака до моите навивачи. Еден ден ќе бидам селектор и тоа е мојата желба", изјавува Јаневски околу неговиот став поврзан со селекторската позиција.
Колку нашиот поранешен репрезентативец ги следи настаните во Македонија, во националниот тим...
"Постојано сум со професионални ангажмани и во слободното време редовно следам што се случува со фудбалот во Македонија со Вардар и со националниот тим. Знам дека сега по заминувањето на Катанец е разнишана атмосферата, знам дека има резултатска криза и знам начин како сето тоа да се надмине. Во последниве денови добив многу повици, но и пораки од Македонија дека сум во игра за позицијата која остана слободна по заминувањето на Катанец. Сето тоа остана само на тие пораки и јавувања, но без официјален контакт со луѓе од Фудбалската федерација на Македонија. Тоа што ми кажувате дека изборот на нов селектор е во петок а мене никој не ми се јавил е доволен сигнал дека не сум во комбинација", е ставот на Јаневски околу контактите со Македонија по најавите дека и тој е во игра за клупата на "црвено-жолтите".
А Јаневски е човекот кој редовно е меѓу кандидатите кога немаме селектор. Редовно и ние медиумите се надеваме дека човекот ќе добие шанса и дека првиот човек со тренерска про-лиценца од Македонија ќе ја добие селекторската позиција. Многу се надеваме, но некои не знаат да ги гледат работите објективно. Немаат осет и немаат стратегија околу тоа каков профил на селектор & е потребен на нашата репрезентација. Најдобрата комбинација е Јаневски. Тренер со наша крв, а со европски погледи и современ начин на работа. Подобро нема, а и човекот заслужува шанса. Има многу подобро досие отколку Јонуз или Станојковиќ. Споредбата е небо и земја...
"Многу ми значи тоа што медиумите ме бараат, но и навивачите. Тоа е мотивот поради кој и во иднина ќе работам за да докажам дека моите тренерски квалитети се доволни за селекторската функција. Мојот договор со Црвена Звезда истекува во јуни. Пред мене ќе следи нов предизвик. Постојат многу комбинации и алтернативи, но мојот приоритет до крајот на сезоната е пехарот во Купот на Србија и второто место на табелата. Тоа го ветив кога дојдов на 'Маракана' и тоа е достижно за овој тим на Црвена Звезда. А може еден ден, а се надевам многу брзо, ќе ја добијам и довербата за да ја водам репрезентацијата на мојата земја", порачува Чедомир Јаневски, фудбалерот од златната вардарова генерација, капитен на нашиот најпознат клуб, но и капитен на неколку средби на националниот тим во онаа прва генерација. Сега тренер кој со своите 47 години работеше во екипи со европски круни како Црвена Звезда и Бриж. Тоа е доказ дека има квалитет, но тоа не е доволно за оние кои одлучуваат околу селекторската позиција. Прават с$ за да го анулираат она што е вредно само да постават в.д селектор кој ќе биде по нивни вкус и селектор кој ќе биде под нивна команда. Токму поради ваквите фудбалски неправди и поради незнаењето во ФФМ не треба да очекуваме и да се потресуваме поради резултатите на националниот тим. А народот на многу анкети низ земјава му ја дава довербата на Јаневски и посакува тој да биде новиот селектор. Во него многумина гледат како спасител...но тоа нема да се случи сега и најверојатно не додека Хаџи-Ристески е на чело на ФФМ.
И. Д. Ивановски

Македонија има шанси за бараж
"Настапите на Македонија редовно ги следам. Го знам тимот, ги знам условите. Добро сум информиран за с$ што се случува со фудбалот во Македонија и редовно контактирам со моите пријатели меѓу кои има и лица кои се тренери, поранешни фудбалери... Оваа генерација предводена со Пандев заслужува подобри резултати и мислам дека имаме сила и капацитет да бидеме конкурентни во квалификациите. Овој циклус с$ уште не е загубен и мора да се вложат сите напори и да се собираат бодови с$ додека имаме и теоретска шанса за тоа второ место. Со 6 бода во јуни против Норвешка и Исланд ќе бидеме меѓу фаворитите за пласман во баражот од нашата квалификациска група", е видувањето на Јаневски за сегашниот пласман на националниот тим во квалификациите за СП.

Никого нема да молам!!!
"Никогаш нема да се случи некого да молам или да му се јавувам за да добијам тренерска работа. Никогаш па ни сега во овој случај кога станува збор за позицијата околу селекторската фунција во Македонија. Тоа не е мој стил на работа", коментира Јаневски, кој открива дека нема менаџери.
"Работам само со мојот адвокат. Веќе реков дека ваквиот начин на работа ме доведе во познати екипи. Така ќе продолжам и нема да се менувам. За мене нејасно е да се јавувам да барам некого и да лобирам кај луѓе кои гласаат во ФФМ за функцијата селектор. Моите факти се достапни и јас сум подготвен да разговарам со секого. Тоа е професионализам и така треба сите да се однесуваме. Јас сум долго надвор од Македонија и не познавам ниту еден од тие кои сега се во УО на ФФМ", открива Јаневски за својот принцип на работа.

Го омаловажуваат неговите успеси
Машинеријата на ФФМ, која, за жал, одлучува околу името на новиот селектор, со денови низ чаршијата шири шпекулации и приказни со кои се омаловажуваат успесите на Јаневски само за да се оправдаат околу тоа зошто тие ќе му го дадат својот глас на Јонуз. Има и такви членови на УО па и претседателот на ФФМ кои во неформални разговори коментирале во стилот: "Кој е Јаневски...!?", "Каде работел...", или "Бил помошник...".
Е тие "експерти" во ФФМ и сите тие кои мислат како нив ќе бидат во право оној ден кога некој наш тренер ќе стигне до Олимпијакос, Црвена Звезда или Бриж. Само тогаш а до тогаш нека молчат и нека се кријат затоа што немат врска и не знаат да ги почитуваат вредностите на нашите тренери. Затоа ни треба Катанец. Затоа!!! Да не срамоти, да биде добро платен и сите да му молчат.
 

MAKEDONEC_PP

ПОБЕДАШ
Член од
7 декември 2007
Мислења
778
Поени од реакции
74
На нашата репрезентација најмногу и требаат кондиционен тренер (да трчаат и во второ полувреме) и што е најважно ПСИХОЛОГ:vozbud: (да не се плашат да победат)!!!:tapp:

П.С. И јас сум за Чеде Јаневски!!! Ама немам против и да е квалитетен странец...
 

toiise

Паско Кузман
Член од
17 декември 2007
Мислења
661
Поени од реакции
93
И јас сакам да е Чеде ама да сме реални лоповон ке го одбери тој од кој има најголема корист а не тој со кој Македонија ке напредува како што видовме досега негов интерес е само профит и ништо повеке.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.222
Поени од реакции
16.181
По се изгледа дека Јонуз ќе биде селектор.

Мирсад Јонуз денеска се очекува да биде промовиран како в.д. селектор на Македонија до крајот на квалификацискиот циклус за пласман на СП 2010 година. Можеби не ви се верува ова што се пишува, но тоа е реалниот одраз на настаните во нашиот фудбал. Сега веќе и националниот тим станува жртва на препукувањата кои го заробија во црно овој спорт во земјава веќе неколку години. Јонуз без резултати, без големо тренерско педигре зад себе ја добива довербата на УО на ФФМ затоа што денешниот ден со години го чекаа тајфата на потпретседателот Реџеп Беџети. Веќе нема тајни и нема дилеми. Луѓето кои поправаат амортизери, пензионери, стечајци, градоначалници, стоматолози... и пратеници. Таков профил на личности бираат селектор на Македонија. Тоа се само дел од луѓето кои ја имаат функцијата членови на УО на ФФМ. Тоа е болната точка на овој наш фудбал затоа што веќе со години ФФМ не бара, а и нема стручни лица кои имаат знаење и квалитетите да кажат каков профил на селектор ни треба.

ФФМ си тера по свое и си прави што сака, а потоа некој друг ќе биде виновен за неуспесите на репрезентацијата. Треба да се биде реален и да се каже дека Мирсад Јонуз не е личноста за селектор. Зошто!? Затоа што зад себе има многу гревови, мина рекордни 6 години како селектор на младата репрезентација и нема резултати. Единствено што му оди во прилог е тоа што се фали дека има авторитет кај некои делегати во Собранието на ФФМ, дека Харалампие му е голем должник....

За да биде трагедијата уште поголема Јонуз ќе биде единствениот кандидат. А минаа 45 дена од заминувањето на Среќко Катанец. Овој период без селектор е доволен доказ за неспособноста на Харлампие Хаџи-Ристески, кој имаше време, но не успеа да најде квалитетно тренерско име за клупата на сениорската репрезентација. Сега на неполн месец до пресудните дуели со Норвешка и Исланд ќе му ја дадат довербата на Јонуз. Приказните од типот на Олег Блохин, Дино Ѕоф... се замо за да се замачкаат очите дена имало кандидати иако сите добро знаеме дека најдобрата понуда беше од страна на Хрватот Бранко Иванковиќ (се откажа), а од домашните сили требаше да се бара решение во тренерите од типот на Јаневски, Хаџиевски, Савевски.

Сепак, останува уште време и можност некои луѓе во УО на ФФМ да го стават прстот на глава и да размислат што прават. Дека националниот тим не е полигон за враќање на долгови и дека тоа е нашата национална гордост. Никој не смее да си поигрува со функцијата селектор на државниот тим. Тоа е многу "тешка" титула која не може да му се даде на кого било. Не на тренер кој пред неколку години кога загуби од Србија со 7:0 во Охрид лажеше и кажуваше дека крајниот резултат бил 5:0.

На денешната седница, која почнува од 13 часот, во хотелот "Карпош", ќе се донесе и одлука за изградба на тренинг кампот за репрезентациите и куќата на фудбалот. УЕФА ни подари 2,8 милиони евра и тоа се финансиите кои ќе бидат вложени во овој проект за кој се надеваме дека нема да заврши како проектите за изградбата на стадионите во Прилеп и Струмица.

ФФМ денеска ќе изгласа и координативно тело кое ќе ја организира свеченоста по повод 100-годишнината од играњето на фудбал во Македонија. Ќе се прифати оставката на селекторот со 17 години Роберт Стојановски и ќе се наименува нов предводник на овој тим (најверојатно Гоце Петрески од Работнички).

На дневниот ред има 9 точки, а голема е веројатноста дека Хаџи-Ристески и неговата тајфа ќе се обидат да одредат и термин за Изборното собрание (се типува за 12 јуни). Ова следи по низата спорни и фалсификувани, но и нестатутарни Собранија низ ОФС.

Сепак, сите погледи се фокусирани кон точката за избор на в.д селектор.

Извор: Мак Спорт.


И ако овој човек стане селектор на Мак репрезентацијава у фудбал (било тоа и ВД) моја нога не стапнуе на Градски!
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.554
Денес одбираат селектор,дај боже само ЈОнуз да не го одберат
:pred::pred::pred::pred::pred::pred::pred::pred::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Денес одбираат селектор,дај боже само ЈОнуз да не го одберат
:pred::pred::pred::pred::pred::pred::pred::pred::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:

Со 99,9 сигурност ке биде избран Јонуз, пиунчето на Реџепи!!!

А и да сакаат друг да изберат треба прво да се преговара со некој што тоа тие не го направиле со никој па дури и со Јонуз а со него не е преговарано затоа што тој си знае дека ке си биде таму па затоа и нема потреба од дополнителни бламирања!!!:toe:
 
П

Паспарту

Гостин
Со 99,9 сигурност ке биде избран Јонуз, пиунчето на Реџепи!!!

А и да сакаат друг да изберат треба прво да се преговара со некој што тоа тие не го направиле со никој па дури и со Јонуз а со него не е преговарано затоа што тој си знае дека ке си биде таму па затоа и нема потреба од дополнителни бламирања!!!:toe:
За да се преговара со некого (странец) потребно е да се има познавање од некој странски јазик, а неписмениве во федерација освен дијалект ништо друго незнаат, така да...
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Фудбалската репрезентација не доби селектор

Управниот Одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница одржана во Скопје не донесе одлука за назначување селектор на репрезентацијата, туку го овласти претседателот Хари Хаџи-Ристески да разговара со сите кандидати за селекторското место на националниот тим кои доставиле пријава до Федерацијата или ќе достават биографија најдоцна до четврток 14 Мај 2009 година. Конечната одлука за наследникот на Катанец ќе биде донесена на следната седница на УО која ќе биде одржана на 16 Мај.

УО ги прифати условите за раскин на договорот со досегашниот селектор, Сречко Катанец според кои тој е раскинат спогодбено, со што обврските кон досегашниот селектор завршуваат заклучно со 1 април годинава.


На денешната седница беше формиран Организациски одбор за прослава на големиот јубилеј 100 години фудбал во Македонија. Одборот го сочинуваат претседателот Хари Хаџи-Ристески и членовите на УО - Лазар Нанев, Драги Серафимов, Беким Баута и Илија Јовков.

Izvor:MIA


Cudo, ne ke bide Jonuz,izgleda od FFM se spremaat da ne iznenadat...
 
П

Паспарту

Гостин
Фудбалската репрезентација не доби селектор

Управниот Одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница одржана во Скопје не донесе одлука за назначување селектор на репрезентацијата, туку го овласти претседателот Хари Хаџи-Ристески да разговара со сите кандидати за селекторското место на националниот тим кои доставиле пријава до Федерацијата или ќе достават биографија најдоцна до четврток 14 Мај 2009 година. Конечната одлука за наследникот на Катанец ќе биде донесена на следната седница на УО која ќе биде одржана на 16 Мај.

УО ги прифати условите за раскин на договорот со досегашниот селектор, Сречко Катанец според кои тој е раскинат спогодбено, со што обврските кон досегашниот селектор завршуваат заклучно со 1 април годинава.


На денешната седница беше формиран Организациски одбор за прослава на големиот јубилеј 100 години фудбал во Македонија. Одборот го сочинуваат претседателот Хари Хаџи-Ристески и членовите на УО - Лазар Нанев, Драги Серафимов, Беким Баута и Илија Јовков.

Izvor:MIA


Cudo, ne ke bide Jonuz,izgleda od FFM se spremaat da ne iznenadat...

Еве и од сајтот на А1...


Како да е најкомплицираната работа на светот, македонската фудбалска репрезентација ќе добие селектор дури на 16-ти мај.

Управниот одбор на ФФМ денеска одржа седница, но го пролонгираше изборот иако заканата итно одамна ја следи цела ситуација.

Фудбалската федерација не се ни реши дали тоа ќе биде домашен или странски стручњак, ВД или постојан селектор, туку управниот одбор само формално го овласти претседателот Харалампие Хаџиристески да преговара со сите кандидати.

Во конкуренција се оние што досега официјално доставиле пријава или тие што ќе го направат истото најдоцна до четврток 14 мај.

На тој начин на новиот селектор му се скратува времето на само три недели да подготви стратегија за две победи против Исланд и Норвешка кои единствено ќе ја задоволат јавноста.

Во меѓувреме ќе продолжи сеирот дали тоа ќе биде Јонуз, Јаневски, Станојковиќ, Иванковиќ, Блохин, некој од турските стручњаци или пак, некој трет ас од ракавот.

Во брзопотезната седница управниот одбор го прифати раскинат на договорот со екс селкторот Катанец, формираше организациски одбор за прослава на јубилејот 100 години фудбал во македонија и донесе одлука со која се забрануваат регистрации на играчи во било која форма во последните седум првенствени кола, а до крајот на шампионатот на првата лига, на пример останаа уште само четири.

Добро за болдирановоможе да им се опрости, па при толку јадење и пиење, човечки е да се донесе идиотска одлука... :kesa::tv:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Јонуз гитла.
Иванковиќ за селектор. Крај.
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Janevski dade ostavka vo CZ,pa sega ima sloboden pat za vo reprezantacijata...Zatoa izgleda FFM si dade edna nedela vreme
do konecna odluka...Ova e izneduvanjeto sto go nagovestiv prethodno,samo mnougu brzo dojde...Strasno!!!
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.222
Поени од реакции
16.181
Како што гледам Ѕвезда по се ќе иде под стечај, Јаневски поднел оставка па се надевам дека и тој ќе поднесе пријава на селекторсково место.
 
Z

ziko bt

Гостин
abe sve e mesteno ova use od pocetokot a mislam deka gi znajme faktite toes vrakanje uslugi
 

Kajgana Shop

На врв Bottom