Карцином/Канцер/Рак

Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Како да ти кажам, ај не замарај веќе! Ко секташи некои се понашате. Ајт таму кај Слаџана Велков капете се со соларна вода! И за марихуаната не само да пиете и у газ ставете така послесно се апсорбира!
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Од тоа што го добивам како информација, тој покрај магнезијум хидрат, консумира само темно масло од марихуана... Вообичаено пие миксиран сок од најстарите (први) листови на било кој зеленчук со малку сол...

Татко ми почина од пред неколку дена,поточно во Петокот.Верувај дека не ја знам цифрата на потрошени пари за овошје,зеленчук,лекарства и други работи.. масло од марихуана,црно семе,газија,гасена вар,сребрена вода,сокови од блендер од овошје и зеленчук,Биобран,Имуно АХЦ...... ништо не го спаси.Имаше 640 тумор маркери,на 24 Август ни кажаја дека повеќе од 2 недели нема шанси да преживее.. тоа беше 24 Август а умре на 15 Ноември.. па ти види колку време го одржавме во живот.. сакам да кажам,со се ова што му дадовме му го продолживме животот за толку време од 24 Август до 15 Ноември,некои викаат тука НЕМА БОГ АКО НАЈДЕТЕ ЛЕК ДОБРО АКО НЕ ГОТОВ Е.Јас обратно кажувам,барајте го Господ а не лекот,ако тој се смилува ќе преживее пацинетот,ако неговата воља е друга,тогаш лек нема,лекот само го продолжува за краток период животот и да нема болки..
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.057
Поени од реакции
6.668
муабетите со разни “надрилекарства“ не се од вчера,но посебно земаат замав во последно време........за жал медицината се уште го нема официјално најдено(или го нема презентирано) лекот за ракот,прикаските со излекувањето се помалку и смешни - и конвенционалниот и неконвенционалниот метод едноставно го дизбалансираат функционирањето на организмот,додека конвенционалниот со хемо и со зрачење ги убиваат клетките на ракот(тие што одговараат позитивно на терапијата),неконвенционалната би рекол не нуди баш нешто посебно да речам “магичен буст на одбранбениот систем“ како телото би го ослободил од оваа напаст !

за жал во поодминати стадиуми ракот е смртоносен сеуште за разлика кога е откриен рано пред да се прошири,тогаш може да се искорени или пак да се продолжи квалитетен живот уште доста време кај човекот
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
зошто е на коски, затоа нема. Коски и глава е најстрашно.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
како за другите видови на канцери има па за овој нема..
Затоа што таткоми во април “замина“ од истото, лек е превенцијата само, ако се појави никакви терапии не помагаат, може да го успориш за месец-два-три но коски имаат луѓето 200 и кусур, многу брзо се шири низ организмот...
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Затоа што таткоми во април “замина“ од истото, лек е превенцијата само, ако се појави никакви терапии не помагаат, може да го успориш за месец-два-три но коски имаат луѓето 200 и кусур, многу брзо се шири низ организмот...
Татко ми пред точно 41 ден умре од Липосаркома,на почетокот на Август ни кажаа дека е 5ти стадиум,нема повеќе од две недели живот,умре на 15 Ноември.. па ти види дали се месец-два.. сепак ракот е чиста судбина,познавам многу кои се излечиле во крајни стадиуми со истите методи.. а и многу што се покојни..
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Татко ми пред точно 41 ден умре од Липосаркома,на почетокот на Август ни кажаа дека е 5ти стадиум,нема повеќе од две недели живот,умре на 15 Ноември.. па ти види дали се месец-два.. сепак ракот е чиста судбина,познавам многу кои се излечиле во крајни стадиуми со истите методи.. а и многу што се покојни..
од липосаркома, саркома, на коски и глава нема лечење па мајка Јана нека е. Има исто така милион типови и подтипови на рак и секој со своето дејство, има една жена што знам што со една хемотерапија живее веќе десет години со рак на плуќа, не е тоа кој како се лечел или наредил, до типот е.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
од липосаркома, саркома, на коски и глава нема лечење па мајка Јана нека е. Има исто така милион типови и подтипови на рак и секој со своето дејство, не прави чаршија муабети.
не правам јас никаква чаришја,а кажи ми,не ги коси ли ракот на дојката жените ? ги рамни со земја така ? колку од нив се излекуваат ? само малку... знам таквии што имаат по 80 години,и го преживеале тоа на тие години,без никакво зрачење,терапии,лекарства.. туку одење во црква секој ден.И не само тој вид на рак туку и рак на бели дробови,леукемија итн.Пред да кажеш некој заклучок види прво дали е вреден воопшто да се каже.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
а океј, одењето во црква ги спасило а не тоа што може бил аденокарцином, карцином, метастаза, пиење биобран, одговарање на организмот на воспоставување хомеостаза... друже извини вака али ако памтиш и за татко ти ти кажав тогаш дека нема спас иако беше сурово додека одеше по алтернативи и прашуваше по теми, затоа што имам тетин што почина на 35 години од истото за 6 месеца, значи секако имам знаење од таа област. И извини уште еднаш ама додека има вакви што веруваат во цркви помагатели при рак како тебе, ќе имаме министри за здравство како Тодоров. Ако се излечи некој, Господ е голем, ако почине, лекарот е крив.

баш ме интересира што би рекле @Ставрогин или @Мачорка тука, црква или хемотерапија?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
а океј, одењето во црква ги спасило а не тоа што може бил аденокарцином, карцином, метастаза, пиење биобран, одговарање на организмот на воспоставување хомеостаза... друже извини вака али иако малку сурово ако памтиш и за татко ти ти кажав тогаш дека нема спас иако беше сурово додека одеше по алтернативи и прашуваше по теми, затоа што имам тетин што почина на 35 години од истото за 6 месеца, значи секако имам знаење од таа област. И извини уште еднаш ама додека има вакви што веруваат во цркви помагатели при рак како тебе, ќе имаме министри за здравство како Тодоров. Ако се излечи некој, Господ е голем, ако почине, лекарот е крив.

баш ме интересира што би рекле @Ставрогин или @Мачорка тука, црква или хемотерапија?

Верниците воопшто не би требале да одат на лекар. Се што е на овој свет, од Бога е дадено, па така и болестите. Со одењето на лекар му се спротиставуваат на Божјата воља.

:)

Арно ама пустото, кога ќе се разболат ги полнат болниците и аптеките. Ако оздрават, голем е Господ. Логика, религиска... :D

Се сеќавам кога се запали тој манастирот над Прилеп, па од кога изгоре дел од него, а се спасија конаците, некој овде напиша, Господ е со нас. Ако беше Господ со него или со нив, зошто воопшто манастирот се запали?

Уште еднаш, религиска логика...
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Не сакам а и никогаш н сум говорел на оваа тема но ако сами не си помогнеме и не мислиме на нашето здравје никакви лекари, надри лекари, цркви, џамии или што и да е нема И НЕМА да ни помогнат... единствено ако осетиме нешто да си го бараме чарето благовремено е лекот, одложувањето нема да не доведе до никаде... искрено жалам за сите што имале слична судбина но мојата фамилијарна судбина е таа... таткоми беше тврд на карактер, да неречам тврдоглав и самоубеден па ете тоа го кошташе живот, се надевам другите ќе мислат повеќе на себе...
Некаде авг-сеп 2011 сетил проблеми со мокрење, кажа за истото ама не можеше човек да го убеди да појди на лекар, болки кога имал кога не така 3-4 месеци и се со “муабетот ај ќе помине“ за да некој ден пред нова 2012 тогаш доживее тотална блокада, па набрзина катетри ова она... е сега што е причината ајде да се види, тука следува биопсија заклучок тумур на тестиси, операција-одстранување, па терапии ова она и скен на коски, и што таму... сенки “некакви“ на карлицата пак терапии и демек се е во ред, се е стопирано одстрането нема ништо, да се продолжи со терапија превентивно... и колку ... по некој месец отекување на нозете, болки, терапии вакви такви онакви несакам ни да набројувам и заклучок се од карлица надолу е зафатено или во фаза на зафатување со карциномот... за се да заврши средина на април годинава, значи 16-17 месеци од првото одење на лекар за проблемот но оние 3-4 месеци предходно се најбитните и најтрагичните во случајот. Ако нешто се преземеше можеби нештата ќе беа поинакви...
Само превенција и неверување во “ај ќе помине“ е правилно, се останато е само прашање на време, а тоа верувајте нема да е долго...
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Коски и глава е најстрашно.
Не знам по што ги категоризираш. Рак на панкреас, колку ми е познато е најбрз во „усмртувањето“ на носителот. Приказната е во рок од два до три месеци од појавување на симптоми до смрт - познавам повеќе случаи, страшна работа......а по болки и маки - не знам и не сакам да знам, ама сигурен сум дека нема лесен...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не знам по што ги категоризираш. Рак на панкреас, колку ми е познато е најбрз во „усмртувањето“ на носителот. Приказната е во рок од два до три месеци од појавување на симптоми до смрт - познавам повеќе случаи, страшна работа......а по болки и маки - не знам и не сакам да знам, ама сигурен сум дека нема лесен...
Акутен панкреатит е уште пострашно, многу поголема е смртноста без разлика дали се открие касно, рано... :) Тројца на секои 100 мислам дека е најголемиот процент што се спасиле. Но тој да речеме дека е предизвикан, грото од тие што заболеле, едно 90% се луѓе што константно консумирале алкохол и мрсна храна, свинско, чварки...
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
а океј, одењето во црква ги спасило а не тоа што може бил аденокарцином, карцином, метастаза, пиење биобран, одговарање на организмот на воспоставување хомеостаза... друже извини вака али ако памтиш и за татко ти ти кажав тогаш дека нема спас иако беше сурово додека одеше по алтернативи и прашуваше по теми, затоа што имам тетин што почина на 35 години од истото за 6 месеца, значи секако имам знаење од таа област. И извини уште еднаш ама додека има вакви што веруваат во цркви помагатели при рак како тебе, ќе имаме министри за здравство како Тодоров. Ако се излечи некој, Господ е голем, ако почине, лекарот е крив.

баш ме интересира што би рекле @Ставрогин или @Мачорка тука, црква или хемотерапија?
Добро де што ако прашував ? не гледам причина зошто го спомнуваш тоа сега? друго што е разликата меѓу рак и карцином ? и татко ми пиеше биобран па мислам дека немора да го спомнувам исходот ако мислеше дека лечи.. ти не разбираш,огромно извинување сакам да искажам со ова што ќе го кажам,не е во доменот и карактерот на моето однесување,НО,да немаше Кајгана толкави огромни г.... јадачи ќе ти кажев лични примери од аспект на религија,значи за мене но и за други зошто се излечиле само со како што сакаш ти и другите да се исмејувате на тоа ОДЕЊЕ ВО ЦРКВИ.Бидејќи ги има нема да кажам за да не се замарам со нив цела вечност,реков само дека преживувањето на рак е чиста судбина,и така и е... ако ја имаш прочитано Библијата и си прочитал што вели Бог за покажувањето милост ќе сватиш дека и во судбината има исклучоци а некогаш и ние самите ги правиме исклучоците.Јас го имам тој стих цитирано на некои една или две теми но не се сеќавам кои беа.Познавам голем број луѓе чии роднини имале планина од пари и се лечеле од рак со најразлични методи и во најразлични земји па сепак умреле,а знам и таквии кои се како преживари,едвај скрпуваат крај со крај па го победуваат ракот и во крајни стадиуми(види погоре).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom