Јас имав сериозен проблем со една лезбејка.
Не дискриминирам, напротив, си ги поддржувам пријателите со виножитото
Но, моето лично искуство е малце weird
Имено, пред околу 3 години, запознав еден дечко, онака ОК типот, сосема случајно, како познаник на моја другарка. Јас во тој период имав раскинато со фраерот и патев. Типов испадна ептен добар, абе муабети до 101 и назад. Ептен се здруживме. Проблем настана кога тој се вљуби во мене. Почнав да го фаќам во банални лаги, и глупости. Сето ова се случуваше подолг период, на крајот резултираше со карање ама опасно
И тогаш се појави негова бивша девојка, која мене ми рече дека тој, всушност е таа. Јас секако не и верував, зошто поминував многу време со него, и не забележав ама никаков женски симптом, ништо.
Поминуваа месеци, години, се повеќе лаги се откриваа, но никогаш тој ништо не искоментира на муабетов, освен од време на време, демантираше по нешто. На крај сосема престанавме да комуницираме.
По една година, ми пиша, демек како си, што правиш, едно друго. И јас прво што прашав - што си ? (инаку, јас си патев зошто навистина бевме блиски). И ми кажа дека е ЖЕНА.
Ми кажа како се вика, ми потврди се што ми кажуваа другите. Ама се, баш се.
Сеуште ја ословувам како машко. Долги 3 години мислев дека е. А таа успеа добар филм да ми сврти, па уште еден тон луѓе да ги натера да ме лажат.
Затоа, се плашам од лезбејки.
Извинете сите лезбејки на форумот, искуството ми е такво. Сакале верувајте, сакале не.