- Член од
- 22 февруари 2009
- Мислења
- 746
- Поени од реакции
- 35
Книги што треба да се запалат како Енциклопедијата
Список на книги што треба да ги снема од светлото на денот, а кои претставуваат голема пречка за развојот на нашите односи со братските ни народи на Грција, Бугарија, Србија и Албанија
Повлекувањето на Македонската енциклопедија и изнуденото менување на нејзината содржина ни ги отвора очите. Од Владата, од политичките партии во Македонија и од голем број новинари да побараме поддршка за повлекување и на некои други книги чија содржина може да навреди нечии национални чувства. Тоа е од посебно значење во овие денови, кога го очекуваме извештајот на Европската комисија за напредокот Република Македонија во исполнувањето на оние фамозни „бенчмаркови“ и во кој може, но и не мора да бидат препорачани преговори и датум за преговори на нашата земја за членство во ЕУ. Со тоа, ете, и ние како интелектуалци ја исполнуваме нашата должност да дадеме придонес за развојот на нашето општество и да направиме мал чекор за нас, но секако голем чекор за иднината на Македонија.
Еве како би можела да изгледа таа првична листа на книги што итно би требало да се повлечат и евентуално да се преработат, зашто извештајот следува за десетина дена:
- „За македонските работи“ од Крсте Петков Мисирков, зашто тоа е една од книгите што создаваат најмногу нервоза кај речиси сите наши соседи, посебно кај двете членки на ЕУ Бугарија и Грција;
- „Дневник“ од Крсте Петков Мисирков во издание на Државниот архив на РМ, кој се финансира од буџетот на РМ, затоа што наспроти претходната книга, која ги нервира Грците и Бугарите, оваа создава нервоза кај Македонците поради некои подоцнежни ставови на Мисирков;
- „Грчката антимакедонска борба“ од Крсте Битоски во издание на Институтот за национална историја, зашто веќе осум години ги провоцира Грците поради тоа што расветлува некои нивни злосторства врз Македонците. На пример, тоа во с. Зеленич 1904 година, кога грчка банда извршила масакр на една свадба убивајќи 40-тина луѓе, и тоа во с. Загоричани од март 1905 година, кога се убиени 64 невини жители на селото. Згора на тоа, во книгата, грчките херои како Павлос Мелас се претставени како разбојници, што секако не е убаво од наша страна. Посебно за такви луѓе, за кои Грците имаат изградено дури и музеј. Сите примероци на книгата да се соберат на едно место, да се спакуваат и во знак на добра волја (дека веќе нема да ги провоцираме чувствата на нашите јужни соседи), спакувани, да му се испратат на грчкиот премиер Костас Караманлис. Со оглед на тоа што за овие злосторства е пишувано и по весници, да се лоцираат и да се сторат недостапни таквите примероци. Авторот на овие редови стои на располагање за помош од таков вид;
- „Грчката антимакедонска борба, од Илинден до Загоричани“, од Димитрис Литоксоу, затоа што зборува за истите злосторства како и Битоски и затоа што воопшто е објавена на јазик што некои го нарекуваат македонски;
- „Измешана нација“, од Димитрис Литоксоу, затоа што како автор не е фер кон грчкиот народ, на кој и самиот му припаѓа. Истовремено, да се замолат грчките власти да најдат начин за ресоцијализација на овој човек во грчкото општество, со што ќе ни лекне и нам, зашто нема веќе да имаме проблем со неговите книги, кои ни создаваат непријатности со Грците;
- „Македонската борба“, мемоари на костурскиот владика од почетокот на 20 век, Гркот Германос Каравангелис. Со мемоарите всушност се открива грчката експанзионистичка политика кон Македонија по Илинденското востание. Таа ги повредува не само нашите чувства (зашто кај некои Македонци може да создаде чувство на потреба од непопустливост во преговорите за името), туку може да биде незгоден сведок и за Грците. Поради тоа, можеме да отидеме и чекор понапред, замолувајќи ја грчката влада и таа да ги повлече грчките изданија на овие мемоари.
- „Митолошки и обредни песни“ во рамките на едицијата Македонски народни умотворби во избор и редакција на д-р Марко Китевски, зашто сигурно содржи некои песни што се претставени како македонски, а за кои Бугарите сметаат дека се нивни;
- „Поранешните балкански војни“, извештај на Карнегиевата комисија за злосторствата на сите учесници во Балканските војни. Книгата е незгодна за сите народи од овој дел на Балканот - Грци, Бугари, Срби, Турци и Македонци. Таа и по речиси сто години од Балканските војни може да претставува потсетник за копањето очи на живо, колењата, силувањата, прободувањето на деца од друга националност со бајонет, палењето живи луѓе. Истовремено, да се побара од Франција, В.Британија, Русија и сите други држави што во своите архиви ги чуваат документите од работата на оваа комисија, да ги уништат, зашто никој не може да гарантира дека и по повлекувањето на книгата, еден ден некому нема да му падне на памет пак да ја објави и со тоа одново да ги разгори страстите од минатото меѓу балканските народи;
- „Гробот на Александар Македонски“, од Паскал Камбуровски, зашто ни создава тензии во односите со Грција. Со оглед на тоа што книгата е издадена и во соседна Србија, да се замолат властите во некогашната ни братска република и тие да ја повлечат, бидејќи таа не само што ни прави штета нам, туку може да ги влоши и српско-грчките односи. Србите можеби не се свесни за тоа, но затоа сме ние тука да им укажеме;
- „Македонско културно наследство - Археолошки локалитети“, книга издадена минатата година. Спорна е зашто за археолошките наоѓалишта од античко време на територијата на Македонија зборува како за наше, македонско културно наследство, а тоа не оди во прилог на развојот на нашите добри односи со Грција. Следствено на тоа, нé оддалечува од НАТО и од ЕУ, што само по себе е дополнителен проблем. Потоа, зборува за „македонски династии“ во контекст што не е одраз на добра волја кон Грција и за „македонски период од историјата на светот во афирмација на хеленистичката култура“, што е веќе дрскост. Воопшто, од книгата произлегува дека денешна Република Македонија има некоја врска со античкиот период, што секако ги нервира не само Грците, туку и „нашите западни пријатели“, како што обично кажуваме овде во Скопје.
Патем, со оглед на тоа што оваа книга е издадена со помош на УНЕСКО, да се упати протест до ООН со цел во иднина да не се поддржуваат вакви провокативни изданија што можат да ги навредат чувствата на нашите соседи од југ. Или, барем луѓето од УНЕСКО да ги прегледуваат книгите чие објавување го помагаат, пред тие да бидат објавени;
- Сите изданија што зборуваат за Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година како војна која довела до обесправување на Македонците;
- Сите изданија што на кој било начин зборуваат за злосторствата на албанските банди во текот Втората светска војна и по неа и да се изрази жалење од страна на сите досегашни македонски премиери (Црвенковски, Георгиевски, Костов, Бучковски, Груевски, а од името на Владата предводена од д-р Никола Кљусев, некој од потпретседателите) што некои личности, како на пример, балистите Џемо и Мефаил, се прикажувани како негативни личности. Тие изданија не се публикувани во време на мандатот на овие влади, но биле присутни во јавноста и со тоа секако негативно влијаеле на односите меѓу македонскиот и албанскиот народ;
- „Бела книга - Тероризмот на т.н. ОНА“, издадена од МВР, која зборува за воени злосторства извршени во 2001 година од паравоената албанска воена формација со што се подгреваат меѓуетничките тензии во РМ.
- „Татковино, за што се боревме“, од Спас Марковски и Блаже Миневски, книга што содржи серија репортажи за загинатите и ранетите припадници на македонските безбедносни сили во текот на војната од 2001 година. Таа е класичен пример на подгревање нетрпеливост кон албанската етничка заедница во РМ, зашто нивната борба не е претставена како борба за човековите права. Истовремено, да се упати апел до оние што ја поседуваат книгата во своите домови, љубезно да ја отстапат на уништување, за да се исклучи секаква можност од влијание на нејзината содржина врз идните благопријатни односи меѓу Македонците и Албанците.
И на крајот од овој краток, првичен, но се надеваме не и единствен список на дела што заслужуваат да бидат повлечени, секако има место и за:
- Сите книги во кои е испуштено да се каже дека Св. Јован Бигорски е Албанец;
- Библијата, зашто ги навредува чувствата на атеистите;
- Сите изданија што на кој било начин го пропагираат атеизмот, зашто со тоа ги навредуваат чувствата на верниците.
Се разбира дека овој список не е и не може да биде конечен. Ова е само минорен обид што нема претензии да биде сеопфатен. Но, тоа не е толку битно за вакви клучни историски моменти. Битно е сега, кога процесот започна, тој постојано да се дополнува со нови содржини. Само така ќе можеме да зборуваме за „револуција што тече“ и за револуција што не се заборава по едно или две достигнувања.
Албански енциклопедиски речник навредлив за грчкото малцинство во Албанија
Претставниците на грчкото малцинство во Албанија остро реагираа во врска со албанскиот енциклопедиски речник, издаден пред неколку месеци, кој го сметаат за навредлив за нив, особено во првиот дел, во кој е наведено дека малцинствата во Албанија не се автохтони.
Како што јави дописникот на МИА од Тирана, грчкото здружение „Афирматори на нашиот идентитет“ ја обвинува Академијата на науките на Албанија за дискриминаторски и деградирачки однос кон грчкото малцинство, неговата историја, култура и придонесот за општеството и за албанската држава.
Според претседателот на здружението Панајот Барка, пратеник на партијата на грчкото малцинство во првиот плуралистички парламент, грчкото малцинство во овој документ не го добило местото што го заслужува.
- Без да сакаме да бидеме интерпретатори на ставот на официјална Атина за историските и актуелни односи што во овој речник се воспоставуваат меѓу Албанија и Грција, од географски, демографски, културен, политички па и етнички аспект, најостро реагираме во врска со овој дискриминирачки и понижувачки став кон етничките Грци во Албанија, во однос на нивното потекло, култура и идентитет внатре во албанската држава - рече Барка.
Според него, и во претходните два тома на речникот се содржани познатите дискриминаторски ставови на комунистичкиот режим, кон ова малцинство, како што тоа е и во многу училишни, академски и историски текстови.
- Во илјада страници на речникот нема ниту буква за ова малцинство и за неговите етнички, културни, демографски и географски карактеристики - изјави Барка, кој ги критикуваше и претставниците на грчкото малцинство, за кои вели дека ги продале етничките за лични интереси.
Остри реакции упати и здружение на грчкото малцинство „Омонија“, кое порачува дека Грците се автохтон народ што живее на тие простори со векови, а не се дојденци како што се претставува во речникот