Какви книги се по мерка на македонските соседи?

Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Книги што треба да се запалат како Енциклопедијата

Список на книги што треба да ги снема од светлото на денот, а кои претставуваат голема пречка за развојот на нашите односи со братските ни народи на Грција, Бугарија, Србија и Албанија

Повлекувањето на Македонската енциклопедија и изнуденото менување на нејзината содржина ни ги отвора очите. Од Владата, од политичките партии во Македонија и од голем број новинари да побараме поддршка за повлекување и на некои други книги чија содржина може да навреди нечии национални чувства. Тоа е од посебно значење во овие денови, кога го очекуваме извештајот на Европската комисија за напредокот Република Македонија во исполнувањето на оние фамозни „бенчмаркови“ и во кој може, но и не мора да бидат препорачани преговори и датум за преговори на нашата земја за членство во ЕУ. Со тоа, ете, и ние како интелектуалци ја исполнуваме нашата должност да дадеме придонес за развојот на нашето општество и да направиме мал чекор за нас, но секако голем чекор за иднината на Македонија.
Еве како би можела да изгледа таа првична листа на книги што итно би требало да се повлечат и евентуално да се преработат, зашто извештајот следува за десетина дена:
- „За македонските работи“ од Крсте Петков Мисирков, зашто тоа е една од книгите што создаваат најмногу нервоза кај речиси сите наши соседи, посебно кај двете членки на ЕУ Бугарија и Грција;
- „Дневник“ од Крсте Петков Мисирков во издание на Државниот архив на РМ, кој се финансира од буџетот на РМ, затоа што наспроти претходната книга, која ги нервира Грците и Бугарите, оваа создава нервоза кај Македонците поради некои подоцнежни ставови на Мисирков;

- „Грчката антимакедонска борба“ од Крсте Битоски во издание на Институтот за национална историја, зашто веќе осум години ги провоцира Грците поради тоа што расветлува некои нивни злосторства врз Македонците. На пример, тоа во с. Зеленич 1904 година, кога грчка банда извршила масакр на една свадба убивајќи 40-тина луѓе, и тоа во с. Загоричани од март 1905 година, кога се убиени 64 невини жители на селото. Згора на тоа, во книгата, грчките херои како Павлос Мелас се претставени како разбојници, што секако не е убаво од наша страна. Посебно за такви луѓе, за кои Грците имаат изградено дури и музеј. Сите примероци на книгата да се соберат на едно место, да се спакуваат и во знак на добра волја (дека веќе нема да ги провоцираме чувствата на нашите јужни соседи), спакувани, да му се испратат на грчкиот премиер Костас Караманлис. Со оглед на тоа што за овие злосторства е пишувано и по весници, да се лоцираат и да се сторат недостапни таквите примероци. Авторот на овие редови стои на располагање за помош од таков вид;

- „Грчката антимакедонска борба, од Илинден до Загоричани“, од Димитрис Литоксоу, затоа што зборува за истите злосторства како и Битоски и затоа што воопшто е објавена на јазик што некои го нарекуваат македонски;

- „Измешана нација“, од Димитрис Литоксоу, затоа што како автор не е фер кон грчкиот народ, на кој и самиот му припаѓа. Истовремено, да се замолат грчките власти да најдат начин за ресоцијализација на овој човек во грчкото општество, со што ќе ни лекне и нам, зашто нема веќе да имаме проблем со неговите книги, кои ни создаваат непријатности со Грците;

- „Македонската борба“, мемоари на костурскиот владика од почетокот на 20 век, Гркот Германос Каравангелис. Со мемоарите всушност се открива грчката експанзионистичка политика кон Македонија по Илинденското востание. Таа ги повредува не само нашите чувства (зашто кај некои Македонци може да создаде чувство на потреба од непопустливост во преговорите за името), туку може да биде незгоден сведок и за Грците. Поради тоа, можеме да отидеме и чекор понапред, замолувајќи ја грчката влада и таа да ги повлече грчките изданија на овие мемоари.

- „Митолошки и обредни песни“ во рамките на едицијата Македонски народни умотворби во избор и редакција на д-р Марко Китевски, зашто сигурно содржи некои песни што се претставени како македонски, а за кои Бугарите сметаат дека се нивни;

- „Поранешните балкански војни“, извештај на Карнегиевата комисија за злосторствата на сите учесници во Балканските војни. Книгата е незгодна за сите народи од овој дел на Балканот - Грци, Бугари, Срби, Турци и Македонци. Таа и по речиси сто години од Балканските војни може да претставува потсетник за копањето очи на живо, колењата, силувањата, прободувањето на деца од друга националност со бајонет, палењето живи луѓе. Истовремено, да се побара од Франција, В.Британија, Русија и сите други држави што во своите архиви ги чуваат документите од работата на оваа комисија, да ги уништат, зашто никој не може да гарантира дека и по повлекувањето на книгата, еден ден некому нема да му падне на памет пак да ја објави и со тоа одново да ги разгори страстите од минатото меѓу балканските народи;

- „Гробот на Александар Македонски“, од Паскал Камбуровски, зашто ни создава тензии во односите со Грција. Со оглед на тоа што книгата е издадена и во соседна Србија, да се замолат властите во некогашната ни братска република и тие да ја повлечат, бидејќи таа не само што ни прави штета нам, туку може да ги влоши и српско-грчките односи. Србите можеби не се свесни за тоа, но затоа сме ние тука да им укажеме;
- „Македонско културно наследство - Археолошки локалитети“, книга издадена минатата година. Спорна е зашто за археолошките наоѓалишта од античко време на територијата на Македонија зборува како за наше, македонско културно наследство, а тоа не оди во прилог на развојот на нашите добри односи со Грција. Следствено на тоа, нé оддалечува од НАТО и од ЕУ, што само по себе е дополнителен проблем. Потоа, зборува за „македонски династии“ во контекст што не е одраз на добра волја кон Грција и за „македонски период од историјата на светот во афирмација на хеленистичката култура“, што е веќе дрскост. Воопшто, од книгата произлегува дека денешна Република Македонија има некоја врска со античкиот период, што секако ги нервира не само Грците, туку и „нашите западни пријатели“, како што обично кажуваме овде во Скопје.
Патем, со оглед на тоа што оваа книга е издадена со помош на УНЕСКО, да се упати протест до ООН со цел во иднина да не се поддржуваат вакви провокативни изданија што можат да ги навредат чувствата на нашите соседи од југ. Или, барем луѓето од УНЕСКО да ги прегледуваат книгите чие објавување го помагаат, пред тие да бидат објавени;

- Сите изданија што зборуваат за Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година како војна која довела до обесправување на Македонците;

- Сите изданија што на кој било начин зборуваат за злосторствата на албанските банди во текот Втората светска војна и по неа и да се изрази жалење од страна на сите досегашни македонски премиери (Црвенковски, Георгиевски, Костов, Бучковски, Груевски, а од името на Владата предводена од д-р Никола Кљусев, некој од потпретседателите) што некои личности, како на пример, балистите Џемо и Мефаил, се прикажувани како негативни личности. Тие изданија не се публикувани во време на мандатот на овие влади, но биле присутни во јавноста и со тоа секако негативно влијаеле на односите меѓу македонскиот и албанскиот народ;

- „Бела книга - Тероризмот на т.н. ОНА“, издадена од МВР, која зборува за воени злосторства извршени во 2001 година од паравоената албанска воена формација со што се подгреваат меѓуетничките тензии во РМ.
- „Татковино, за што се боревме“, од Спас Марковски и Блаже Миневски, книга што содржи серија репортажи за загинатите и ранетите припадници на македонските безбедносни сили во текот на војната од 2001 година. Таа е класичен пример на подгревање нетрпеливост кон албанската етничка заедница во РМ, зашто нивната борба не е претставена како борба за човековите права. Истовремено, да се упати апел до оние што ја поседуваат книгата во своите домови, љубезно да ја отстапат на уништување, за да се исклучи секаква можност од влијание на нејзината содржина врз идните благопријатни односи меѓу Македонците и Албанците.

И на крајот од овој краток, првичен, но се надеваме не и единствен список на дела што заслужуваат да бидат повлечени, секако има место и за:
- Сите книги во кои е испуштено да се каже дека Св. Јован Бигорски е Албанец;
- Библијата, зашто ги навредува чувствата на атеистите;
- Сите изданија што на кој било начин го пропагираат атеизмот, зашто со тоа ги навредуваат чувствата на верниците.

Се разбира дека овој список не е и не може да биде конечен. Ова е само минорен обид што нема претензии да биде сеопфатен. Но, тоа не е толку битно за вакви клучни историски моменти. Битно е сега, кога процесот започна, тој постојано да се дополнува со нови содржини. Само така ќе можеме да зборуваме за „револуција што тече“ и за револуција што не се заборава по едно или две достигнувања.
Албански енциклопедиски речник навредлив за грчкото малцинство во Албанија
Претставниците на грчкото малцинство во Албанија остро реагираа во врска со албанскиот енциклопедиски речник, издаден пред неколку месеци, кој го сметаат за навредлив за нив, особено во првиот дел, во кој е наведено дека малцинствата во Албанија не се автохтони.

Како што јави дописникот на МИА од Тирана, грчкото здружение „Афирматори на нашиот идентитет“ ја обвинува Академијата на науките на Албанија за дискриминаторски и деградирачки однос кон грчкото малцинство, неговата историја, култура и придонесот за општеството и за албанската држава.

Според претседателот на здружението Панајот Барка, пратеник на партијата на грчкото малцинство во првиот плуралистички парламент, грчкото малцинство во овој документ не го добило местото што го заслужува.
- Без да сакаме да бидеме интерпретатори на ставот на официјална Атина за историските и актуелни односи што во овој речник се воспоставуваат меѓу Албанија и Грција, од географски, демографски, културен, политички па и етнички аспект, најостро реагираме во врска со овој дискриминирачки и понижувачки став кон етничките Грци во Албанија, во однос на нивното потекло, култура и идентитет внатре во албанската држава - рече Барка.

Според него, и во претходните два тома на речникот се содржани познатите дискриминаторски ставови на комунистичкиот режим, кон ова малцинство, како што тоа е и во многу училишни, академски и историски текстови.

- Во илјада страници на речникот нема ниту буква за ова малцинство и за неговите етнички, културни, демографски и географски карактеристики - изјави Барка, кој ги критикуваше и претставниците на грчкото малцинство, за кои вели дека ги продале етничките за лични интереси.
Остри реакции упати и здружение на грчкото малцинство „Омонија“, кое порачува дека Грците се автохтон народ што живее на тие простори со векови, а не се дојденци како што се претставува во речникот
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
По мерка на соседите се книги во кои не постоиме. Кај и да е, ќе не натераат такви книги да пишуваме ако сакаме да влеземе во Европа и НАТО.

Чекам кога ќе направат демонтажа на МПЦ и таму да ги внесат рамковниве. Академија по рамковен?!!? Оф Боже што ти згрешивме??? Покрај тоа што аналфабетиве ги набутаа во администрацијава, а они сироти да се потпишат незнаат, сеа и академици ќе ги праат?...машала...далеку ќе догураме. Нормално согласно европсите вредности неписмени во државна администрација треба да работат.
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
МОНАСТИР БЕЗ ЕВРЕИ


Сведоштво на македонска Еврејка Жамила Колономос пред американските читатели низ книгата „Монастир без Евреи“ што неодамна беше објавена во Њујорк

Мемоарите на Жамила Ангела Колономос „Монастир без Евреи: сеќавања на партизанката - Еврејка од Македонија“ неодамна е објавена во Соединетите Американски Држави од Фондацијата за унапредување на сефардските студии и култура во Њујорк. За книгата, што од ладино (јудејско-шпански) јазик на англиски ја преведоа Исак Нехама и Брајан Берман, осврт имаше и во тамошниот весник „Форвард“, кој со над стогодишната традиција на излегување ужива голем углед во целата еврејска дијаспора. Новинарот Ели Розенблат, меѓу другото, ќе напише дека оваа книга е вреден додаток во литературата на Сефардите на Балканот и одлично сведоштво за светот што повеќе не го знаеме. „Редовите се полни со главните особини на ладино, со сеќавање за оние сефарди што исчезнаа од рацете на фашистите и живописни панорами на градовите Битола, Скопје и Штип. Огромно чувство на отпор излегува од текстот“, вели Розенблат и појаснува дека со сеќавањата на Колономос за сопственото време минато во југословенскиот отпор, таа ја расветлува посветеноста кон граѓанското општество и слободата, кои не успеаја да бидат уништени во Втората светска војна. „Денес мора да запаметиме“, вели новинарот на њујоршкиот весник, „дека во секој агол на светот се' уште постои неправда, од ромските населби во Европа, некои од нив изградени врз свети еврејски места, до сиромашните населби во Бразил, каде што потомците на робовите се борат со економската реалност. ’Монастир без Евреи’ на многу начини е апел за акција. Како што се сеќава Колономос на својот ладино јазик - ’Моќта на волјата може да направи се'!’“, пишува Розенблат, кој го запознал Балканот во есента 2004 година, посетувајќи ги Србија, Косово и Македонија, регион за кој вели дека е од големо меѓународно значење и со прекрасни пејзажи, каде што еврејската историја и култура опстојуваат покрај многу други култури.

ЕМОЦИИ „Не можам да најдам зборови што ќе можат да ги опишат моите емоции кога го гледам ова англиско издание. Легнувам во мојот кревет и пред очи ми се врти целиот живот и солзите почнуваат да капат...“, вели Жамила Колономос, истакнувајќи дека имала среќа нејзиното дело да падне во рацете на Роберт Бедфорд (извршниот директор на Фондацијата н.з.) и Исак Нехама. (Вториов, иако роден во Атина, има потекло од Битола. Своите најблиски ги изгубил во холокаустот, а тој се спасил придружувајќи им се на грчките партизани.) Авторката на оваа исклучителна публикација потенцира дека без нив немало да бидат обелоденети овие детали и херои во борбата против нацизмот, кои најверојатно ќе исчезнеле во претстојното игнорирање на холокаустот. Книгата која првично била напишана само на ладино јазикот е компилација на текстови и есеи на Жамила Колономос, објавувани во изминатите години во разни сефардски публикации, но и во македонските весници. Таа во мемоарите се присетува на судбината на припадниците на Еврејската заедница во Битола (Монастир) за време на холокаустот, но е и сведок за присуството на Евреите во југословенскиот отпор, а поместени се и 150 лични и архивски фотографии. „Монастир без Евреи“, според издавачот, е редок опис од прва рака на животот и смртта на сефардската заедница во Македонија, која на 11 март 1943 година била собрана во магацинот на Тутунскиот комбинат во Скопје. Таму, Евреите собрани од Битола, Скопје и од Штип се депортирани во Треблинка. Само неколку странци и лекари биле ослободени, а ниту еден Евреин од Македонија не го преживеа злогласниот концентрационен логор во Полска.

Фактографијата кажува дека пред тоа, во 1941 година, во земјава (Скопје, Битола, Штип, Куманово, Гевгелија, Велес, Крива Паланка) имало околу 8.000 лица со еврејско потекло. Се' додека фашистичките влади на Бугарија и нацистичка Германија во најголема тајност не почнат да водат преговори за предавање на еврејското население од бугарските територии на Германците. На 22 февруари 1943 година во Софија ќе се потпише спогодбата за иселување на 20.000 Евреи од местата окупирани од страна на Бугарија, односно од Тракија и од Македонија. Авторката на книгата пишува дека на 10 март делегација на битолските Евреи била примена од владиката, кој великодушно им ветил дека нема да дозволи ништо да им се случи. „Истата ноќ, градовите Битола, Штип и Скопје беа блокирани, а еврејските населби опколени со бугарска војска и полиција. На најгруб можен начин ги скорнуваа од креветите жените и децата, болните ги товареа во камиони, а полицајците викаа по нив да си ги земат сите скапоцености и пари, зашто ќе им требаат и дека ќе ги носат во Бугарија. Пљачкосувањето настана уште на самото место во куќите, при собирањето на Евреите“, вели Жамила Колономос.

Семејството на Моше и Ребека Камхи снимени во Битола, 1932

ТРАГЕДИЈА Во нехигиенските и валкани простории на Монополот, Евреите се сместени од 300 до 500 души во една соба, на голи штици, во студ. Четири дена не добиле никаква храна, а немале ни вода за пиење. Надвор ги пуштале еднаш дневно, зграда по зграда, на половина час. Меѓу 7.215 луѓе затворени во магацините на Државниот монопол, имаше 2.313 деца.

„Од Треблинка не се врати никој. Не остана ниту еден сведок да раскаже за стравотиите на уништувањето на еврејското население од земјава“, нагласува Колономос. Според нејзините сеќавања, во Битола партизанските единици влегуваат на 4 ноември 1944 година, во Штип на 8 ноември, а во Скопје на 13 истиот месец. Во цела Македонија е воспоставена народна власт: се враќаат Евреи од единиците на Народноослободителната војска, од бугарските затвори и интернации, од фашистичките логори во Германија, од илегалниот престој и учество во антифашистичките движења во Грција, Албанија, Бугарија и во Италија, а тие, главно, се населуваат во Скопје и во Битола. По геноцидот, во земјава има само околу 200 припадници на речиси истребениот народ.

Со создавањето на еврејската држава Израел (во мај 1948 година), најголемиот дел од членовите на македонската еврејска заедница се иселува во својата нова татковина. „Меѓутоа“, тврди писателката, „тие остануваат длабоко врзани за својот роден крај и по разни поводи се собираат“.


Жамила Колономос со својот втор сопруг Аврам Садикарио

Денес во Битола нема ниту еден Евреин, во Штип еден, во Гевгелија еден, во Скопје, во Еврејската општина, се регистрирани вкупно 157 члена, а само дваесетина се битолски и скопски Евреи.

„Оние што ги нема“, тврди авторката „сепак, не се заборавени. За нив, вистината се појавува, како што вели една сефардска поговорка - маслото секогаш се крева над водата“. Жамила Колономос ја подготвила оваа книга затоа што по појавувањето на нејзиното последно дело „Искри на сефардизмот во Македонија“ примила многу пријателски писма од Америка, Франција, Израел, од Чиле, кои ја стимулирале да продолжи со работа на сефардската култура. Особено и' се драги есеите и писмата на Жан Карасо - уредник во „Ла летр Сефард“, Хаим Видал Сефиха - професор емеритус од Нова Сорбона и на Ицак Навон - поранешен претседател на Израел.

„Им должам голема благодарност на Исак Нехама и Брајан Берман за нивниот превод од ладино на англиски јазик. Всушност, ние работевме како тим и англиската верзија на книгата беше на Исак, кој сметаше дека таа ќе ја рашири информацијата до поголема публика, заинтересирана за вистината за животот и трагедиите во тие матни времиња“, истакнува Колономос и додава дека, исто така, многу му е благодарна на новинарот Мирче Томовски, сега починат, кој бил неуморен поддржувач на еврејската кауза. На крајот вели: „Илјада благодарам до сите оние што ме поттикнуваа и ме помагаа да придонесам во напорите во име на сефардскиот свет“.
Еврејката од Монастир

Жамила Ангела Колономос е родена во 1922 година, во еврејско семејство во Битола. На 19-годишна возраст таа станува член на југословенскиот отпор кусо време по бугарската окупација на Македонија во 1944 година. Таа успева да го избегне собирањето и депортирањето на Евреите од Битола и со неколку другари Евреи им се приклучува на партизаните во април 1943 година, и со тек на време се стекнува со чин комесар на неколку баталјони пред да стане заменик-комесар во македонската бригада и во 42. југословенска дивизија.

По војната, Колономос во неколку наврати беше одликувана за заслугите и храброста и беше водечки функционер во многу политички, добротворни и општествени здруженија, вклучувајќи ги Сојузот на југословенскиот отпор, Сојузот за заштита на деца во Македонија и АФЖ во Македонија, како и пратеник во македонското Собрание. Во 1962 година, Колономос беше именувана во професор емеритус на Филозофскиот факултет, оддел романска филологија, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Таа е автор на голем број текстови и дела од областа на историјата, јудео-шпанскиот јазик (јазикот на Сефардите) и на југословенско-македонскиот отпор.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Со смената на Блаже Ристевски дефинитвно Македонскиот народ го допре дното и влезе во една нова свера, духовна беда.

Масакрот врз македонските војници, Вејце, Карпалак, мавровски работници, Бриони, се случаи каде извршителите се амнестирани и наградени со учество во македонскиот парламент, а еден академик под притисок на албанската иредента и домашните квинслинзи за 7 дена е линчуван од функцијата.
На научни аргументи се одговри со иредента, палење на знаме, повикување на војна.
Овие вторите влакно не им фали, академикот е експрено осуден.

Во тешка беда западнавме, тежок е овој период за македонскиот народ.

Името ни го сменија, знамето, уставот, територијална поделба, војни, сега во мозокот ни чепкаат, ни прават лоботомија и ни оставаат само функции за јадење, сеири гледање и кичма виткање.

Жално.
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
A Girl From Neret
By Lefa Ognenova-Michova & Kathleen Mitsou-Lazaridis

A Girl From Neret is the first book about the picturesque mountain
village of Neret in Aegean Macedonia, which since 1912 has been part of northern Greece.


Written in English, the book is an autobiography by Lefa Ognenova-Michova and her daughter Kathleen Mitsou-Lazaridis, telling of Lefa's childhood in her village and capturing many of the details and characters of family and village life in the 1940s.
It also tells of life during the Macedonian War of Independence that was part of the Greek Civil War, and how Lefa, at the age of nine, becomes a child refugee. Along with thousands of other Macedonian children she leaves her village and homeland and begins a long journey that takes her through Macedonia and eastern Europe to Hungary. Living with other Macedonian children, she is educated and grows into a young woman before finally being reunited with her family in Australia over seven years later.
The family builds a new life in Manjimup in the south west of Western Australia where Lefa marries and she and her young family later move to Melbourne and Perth. A Girl From Neret is a first hand account of a childhood in an old Macedonian village, and a child's view of a War that has affected many thousands of Macedonian families. It is also a strong story of how Australia has allowed its troubled immigrants to rebuild their lives and flourish in a land free from poverty, war and political oppression.

For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters

Translated by Elizabeth Kolupacev Stewart

Download the full book as a PDF file Here (3 MBs)
or read the HTML format below.
Portraits of Fallen Freedom Fighters
Publisher's Introduction - 370 Macedonians Who Died For Freedom
-------
http://www.pollitecon.com/html/freedom_fighters/Koroveshi_Tanas.htm
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Со смената на Блаже Ристевски дефинитвно Македонскиот народ го допре дното и влезе во една нова свера, духовна беда.

Масакрот врз македонските војници, Вејце, Карпалак, мавровски работници, Бриони, се случаи каде извршителите се амнестирани и наградени со учество во македонскиот парламент, а еден академик под притисок на албанската иредента и домашните квинслинзи за 7 дена е линчуван од функцијата.
На научни аргументи се одговри со иредента, палење на знаме, повикување на војна.
Овие вторите влакно не им фали, академикот е експрено осуден.

Во тешка беда западнавме, тежок е овој период за македонскиот народ.

Името ни го сменија, знамето, уставот, територијална поделба, војни, сега во мозокот ни чепкаат, ни прават лоботомија и ни оставаат само функции за јадење, сеири гледање и кичма виткање.

Жално.
Има една речица-всеки народ е достоен за това което му се слочува.
Хубаво или лошо- това е.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Има една речица-всеки народ е достоен за това което му се слочува.
Хубаво или лошо- това е.
Тогаш немој да скокаш ко попарен кога ве нарекуваме татари:vozbud::pos2:
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Тогаш немој да скокаш ко попарен кога ве нарекуваме татари:vozbud::pos2:
Ние сме си виновни,това сум го рекол много пати. :wink:
Има и една друга речица-Биj за да те почитуват.
Но всеки носи своja крст :wink:
 
M

MKEUpatriot

Гостин
Ние сме си виновни,това сум го рекол много пати. :wink:
Има и една друга речица-Биj за да те почитуват.
Но всеки носи своja крст :wink:
Биј за да те почитуват,или уценувај за да мислат како тебе :smir:

А има ова логика треба да се повлечат сите книги кои може да ги иритираат соседите.За античката историја ке земеме грчки книги,за средниот век и преродбата ке земеме бугарски книги,а за историјата на Охридската архиепископија ке земеме српски книги.Така ке бидеме како една добронамерна,демократска земја која ги љуби своите соседи и сака добрососедство,земја која ке ги исполни критериумите за влез во ЕУ.кртериуми кои и биле поставувани на секоја една членка аспирант:nesvest:
 
Член од
27 мај 2008
Мислења
54
Поени од реакции
9
Андонов Бале ти си најголемиот глупак штом сметаш дека тие книги треба да се запалат што се од огромно значење за Македонија и за Македонската култура и историја.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
Андонов Бале ти си најголемиот глупак штом сметаш дека тие книги треба да се запалат што се од огромно значење за Македонија и за Македонската култура и историја.
izgleda ne ja svati poentata na negovoto pisuvanje, nejse, mozebi si mal, treba uste ednas da procitas..
 
Член од
24 декември 2009
Мислења
312
Поени од реакции
18
"За македонцките работи" воопшто не создава невроза на Бугари и Грци, ако се чита внимателно. Таму jасно пишува како са се велеле македонците. За карнегиевата анкета да не зборуваме - таму јасно си пишува што е било населението. Читаj :) Знаењето е сила.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
"За македонцките работи" воопшто не создава невроза на Бугари и Грци, ако се чита внимателно. Таму jасно пишува како са се велеле македонците.
Еми "сичко хубаво" бре момчета турко-монголчета.
Еве читај, штом е така:

"Сега се питат: дали од нашето отцепуаiн'е од балканцките народи, ке се восползуват нашите неприiатели и коiи сет тиiе? Сега во Бугариiа iет мода да зборуат, да сет наi големи неприiатели на балканцките словени: русите и ав.строунгарците, коiи сакаат на оточва на македонцкото прашаiн'е да се зафатит и продолжит iедна борба меѓу србите и бугарите, коiа ке ослабит силите и на iедните и на друзите до таква степен, шчо ке требит да се набркаат во балканцките работи Русиiа и Австро-Унгариiа и првата ке завоiуват Бугариiа и Стамбул, а втората Србиiа и Солун. Јас ке си позвол'ам да не се согласам со такво глабоко политично „далековидеiн'е". Можит, бугарите и сет праи, кога мисл'ат, оти Русиiа без Бугариiа не можит да сашчествуат, ни политично, ни економцки, но тоа iет бугарцка политика, а iас не сум намерен да политиканствуам бугарцки. Јас сум македонец и интересите на моiата таткоина ми се предстауат така: не Русиiа и Австро-Унгариiа сет неприiателите на Македониiа, а Бугариiа, Грциiа и Србиiа. Само енергична борба со тиiа три држаи ке избаит од погубуаiн'е нашата таткоина. Борбата со трите балканцки држаи не протиоречит на нашите интереси, коiи се достигаат и со револ'уциiа и со евол'уциiа, или постепено развиiаiн'е на нашиiот народ во моралнорелигиозен праец. Револ'уциiата стана и, ако има наiужасни последици за нас, пак даде некоiи благодатни резултати, со кои шчо можат да бидат задоолени нашите борци за национална слободиiа: тоа сет мiурцштегцките реформи, коiи ке бидат раширени опроти нуждите, шчо ке се покажат со време. Идеiите за полно отцепуаiн'е на нашиiот народ од друзите балканцки народи, не сет протиоречiе на досегашното работеiн'е на нашиiот народ за слободиiа, а само продолжеiн'е на негоото досегашно работеiн'е, на почва евол'уциiна. До сега нашиiот народ се интересуал поеке само со полна политична автономиiа, а во националните наши интереси допушк'ал башибузукцки да му се набркуат разни неканени гости, како: бугари, грци и срби. По политичката борба идит значит националната. Но борбата со пропагандите во Македониiа не iет чекор назад, туку напред, зашчо и тука имаме работа со борба за слободиiа, со борба со мрачните сили, шчо не дозвол'уат на таткоината ни сама со свои очи да гледат своите интереси, ами и наврзуат дзрдзала, шчо омрачуат истината и и придаат бугарцка, србцка и грцка боiа. Време iет да отфрлиме од очите наши мрежите, шчо ни и кладоа националните и верцки пропаганди в' Македониiа."
 
Член од
24 декември 2009
Мислења
312
Поени од реакции
18
Еми "сичко хубаво" бре момчета турко-монголчета.
Еве читај, штом е така:

"Сега се питат: дали од нашето отцепуаiн'е од балканцките народи, ке се восползуват нашите неприiатели и коiи сет тиiе? Сега во Бугариiа iет мода да зборуат, да сет наi големи неприiатели на балканцките словени: русите и ав.строунгарците, коiи сакаат на оточва на македонцкото прашаiн'е да се зафатит и продолжит iедна борба меѓу србите и бугарите, коiа ке ослабит силите и на iедните и на друзите до таква степен, шчо ке требит да се набркаат во балканцките работи Русиiа и Австро-Унгариiа и првата ке завоiуват Бугариiа и Стамбул, а втората Србиiа и Солун. Јас ке си позвол'ам да не се согласам со такво глабоко политично „далековидеiн'е". Можит, бугарите и сет праи, кога мисл'ат, оти Русиiа без Бугариiа не можит да сашчествуат, ни политично, ни економцки, но тоа iет бугарцка политика, а iас не сум намерен да политиканствуам бугарцки. Јас сум македонец и интересите на моiата таткоина ми се предстауат така: не Русиiа и Австро-Унгариiа сет неприiателите на Македониiа, а Бугариiа, Грциiа и Србиiа. Само енергична борба со тиiа три држаи ке избаит од погубуаiн'е нашата таткоина. Борбата со трите балканцки држаи не протиоречит на нашите интереси, коiи се достигаат и со револ'уциiа и со евол'уциiа, или постепено развиiаiн'е на нашиiот народ во моралнорелигиозен праец. Револ'уциiата стана и, ако има наiужасни последици за нас, пак даде некоiи благодатни резултати, со кои шчо можат да бидат задоолени нашите борци за национална слободиiа: тоа сет мiурцштегцките реформи, коiи ке бидат раширени опроти нуждите, шчо ке се покажат со време. Идеiите за полно отцепуаiн'е на нашиiот народ од друзите балканцки народи, не сет протиоречiе на досегашното работеiн'е на нашиiот народ за слободиiа, а само продолжеiн'е на негоото досегашно работеiн'е, на почва евол'уциiна. До сега нашиiот народ се интересуал поеке само со полна политична автономиiа, а во националните наши интереси допушк'ал башибузукцки да му се набркуат разни неканени гости, како: бугари, грци и срби. По политичката борба идит значит националната. Но борбата со пропагандите во Македониiа не iет чекор назад, туку напред, зашчо и тука имаме работа со борба за слободиiа, со борба со мрачните сили, шчо не дозвол'уат на таткоината ни сама со свои очи да гледат своите интереси, ами и наврзуат дзрдзала, шчо омрачуат истината и и придаат бугарцка, србцка и грцка боiа. Време iет да отфрлиме од очите наши мрежите, шчо ни и кладоа националните и верцки пропаганди в' Македониiа."
Читаш Мисирков, како ѓаволот чита библијата.

Мнозина од македонцките читачи ке бидат удивени от поiавуан'ето на таiа книга. За удивуаiн'е ке им бидит во неiа много. Некоiи ке речат: зошто отцепуаiн'е от бугарите, кога ниiе до сега сме се велеле бугари и соединеiн'ето, а не расцепуаiн'ето праит силата?

Радев: Нема да го коментирам ова.
...
Ако се постаифме во положеiн'ето на руското праителство, и ниiе не ке можефме да постапиме инак . . До 1878 год. сите, па и руското праителство, велеа, оти Македонците сет бугари. После Берлинцкиiо догоор истапиiа со своите претенциiи на Македониiа србите.

Радев: До 1878 сите велеле дека Македонците се бугари! Србите по Берлинскиот договор.
...
До рускотурцката воiна имаше само iедна теориiа за народноста ни. Сега сет две. Кон ниф се прибауат и трек'а, оти македонците сет нешчо стредно мег'у србите и бугарите.

Радев: Истото како погоре. Jасна е едната теориjа до 1878 година и како се велеле македонците

...
За некоiи тоа прашаiн'е iет многу лесно: нека се признаiат неколку официални iазици т. е. и турцки, и бугарцки, и србцки, и грцки, и влашки, и албанцки, според населеiн'ето на областа. Зборуваат при тоа: како шчо беше во Источна Румелиiа (јужна Бугариiа) а тамо ке се видит, каде имат грци, каде - срби, бугари, турци, власи и арнаути. Некоiи ушче прибавуат: и за Источна Румелиiа кажуваа, оти имало грци во неiа, но после ослободуаiн'ето се покажа колку грци имат тамо. Со друзи зобори даiте виiе властта во раците на македонците, тоа требит да се разбират, на тиiе од ниф, шчо се викаат бугари, да од неколку години после виiе ке видите, оти и во Македониiа од друзите народности ке останит тоа, шчо остана од грците во Источна Румелиiа, по ослободуаiн'ето на последната. Со друзи зборои цела Македониiа ке станит бугарцка.

Радев: Каде е овде македонскиот jазик?
...
От тука не iет ли iасно, оти Бугариiа и комитето сакаат да создадат „Бугарцка Македониiа" во вреда на друзите рисiанцки македонцки народности?

Радев: Кои се другите христиjански македонски народности? Во каква смисла е ова "македонски", етничка или географска?
...
Ама зашчо бугарцка, зашчо не србцка? Ке станит бугарцка, зашчо и iет таква; да имаше во неiа поеке срби, ке станеше цела србцка и бугарцкиiо елемент ке ослабнеше.

Радев: Тука две мислења за ова прашање нема. Вели "Ќе стане бугарска, зашто е таква"
...
А пошчо во автономна Македониiа ке немат место за пропагандите, то србите ке требит да остапат место на бугарите.

Радев: Мисирков многу добро знае што ке стане кога Македониj добие автономиjа.
...
Ниiе требаше да знаеме, оти против нашето востаiн'е ке бидат: и Кара-Влашко, и Србиiа, и Грциiа. Кара-Влашко не можит равнодушно да гледат на усилеiн'ето на Бугариiа со дааiн'ето на Македониiа автономна управиiа. На автономиiата се гледат, како на преодна степен кон соiединуаiн'е на Македониiа со Бугариiа. Кара-Влашко не можит да допушчит на неiните граници создааiн'ето на iедна голема Бугариiа, коiа, можит, после ке барат од неiа Добруджа!
...
Автономна Македониiа, како пат, по коi шчо ке се доiдит до соiединуаiн'ето на Македониiа со Бугариiа, Србиiа никоi пат не ке допушчит.

Радев: Мисирков многу добро знае што ке стане кога Македониj добие автономиjа.
...
И така неуспехо на востааiн'ето iет iасен, како бел ден. То от самиiо зафаток iет постаено на лоша осноа: не iет обшче македонцко, но iет частично, и имат бугарцка боiа. Во него имаат раководна рол'а само македонцките словени, шчо се викаат бугари.

Радев: Koj го раководи Илинденското востание? Гоце, Даме и т.н. No Comment.
...
Интелегенциiата, не само на друзите македонцки народности, ами и на самите македонцки словени, беше непричастна во управлеiн'ето на комитето.

Радев: Ajде пак излегоха друзи македонски народности...
...
Имат ли нешчо подобно во организациiата? Коiи сет во Бугариiа главните предстаители на организациiата? - Татарчев и Матов.
Можит да бидит, оти и iедниiо и другиiо сет луг'е со висок патриотизм и знаiан'е на положеiн'ето во Македониiа. Но тиiе сет приврженци на краiни мери, без да гледаат на политичното положеiн'е. После, како се видит, они мисл'ат за единствено праилна гледна точка на прашаiн'ето за народноста на македонцките словени - бугарцката


Радев: Чидаj добро коjа гледна точка Мисирков нарекува "единствено прилна", коjа се поткрепува од Татарчев и Матов.
...
И сите друзи раководци, како Радев, Станишев, Караiовов и пр., сет од иста категориiа. Тиiе си мислеа, доста iет iедно заiавуаiн'е, оти Македониiа ке бидит за македонците. Комитетот можит да се пофалит и со по умерени раководци, но и тиiе мислеа, оти спасеiн'ето на Македониiа iет само во дуовното iединеiн'е па и господствуаiн'е на бугарите во Македониiа. Можит он да се пофалит и со луг'е, коiи шчо сакаа дуовно да се отдел'ат македонците од бугарите.

Радев: "сакат духовно да се отделат македонците од бугарите" Пак за отделуване зборува, не за ралични народи.
...
Идеiата за образуан'ето на нашето другарство беше -полно оддел'уан'е на нашите интереси од бугарцките. Со него ниiе сакафме да покажиме на русите, оти у нас во Македониiа немат национален антагонизм и iет возможно задружно работеiн'е от сите македонцки народности на културна почва

Радев: Еве, пак некоj се отделува од друг. И пак сите "македонски народности".
...
Нашите противници вел'ат, оти сега не му било времето да се подигаат национални прашаiн'а во Македониiа, кога iет зборот за iедно сносно сашчествуаiа'е на сите народности. Сега не iет времето да се оддел'уаме од Бугариiа, кога она напраила толку жртви за нашето ослободуаiн'е и ке напраит ушче за однапред. Неуместно и неразумно iет да оддел'аме своiите интереси од обшчебугарцкете кога во соiединеiн'ето, а не во расцепеiн'ето iет силата.

Радев: Не е време "да се отделуваме от Бугариjа". До сега биле заедно?!? Последната реченица може да го прочиташ неколку пати. "Своите од општобугарските".
...
Зар и возможно ли iет сега националното обiединуаiа'е на македонците, кога во Македониiа имат многу, а не iедна националност, и кога немат iедна оддел'на македонцка словенцка нациiа ?

Радев: Знае Мисирков, знае.
...
Прво нешчо, шчо можит да се речит, тоа iет, да ниiе не сега се оддел'уаме од Бугариiа, и со тоа раздробуаме iедно создадено цело, но сме одделени и живиме веке оддел'но поеке од 25 години. Друзи не разделиiа и создадоа од нас и бугарите различен жиот, разни потребности, нерамен положаi. Друзи и не ни даваат да се соiединиме.

Радев: Според Мисирков, македонците (сите народности) живеат одделно повеке од 25 години. Книгата е пишана 1903 - 25 = 1878 (Годината на Ослободуване на Бугариjа)
...
Но Бугариiа не напраи ни iедното, ни другото: не напраи првото, зашчо бугарите сет есапчиiи, и сет готои да земат Македониiа, ако им iе подарит некоi; а инак, ако сакат, нека бидат запустена. Никоi друг од Балканците народи немаше така спокоiно да гледат на запустуаiн'ето на iеден краi, каi шчо се имаат негои сонародници.
...
Од сите преброiени фактои се видит големата вреда за нас македонците от тоа, шчо ниiе, или барем мнозина од нас, отожествуафме до сега нашите интереси со обшчебугарцките. Ниiе се велефме бугари.
...
За да се достигнит таiа цел'а, ниiе требит да се одделиме од друзите балканци народи.
...
Како и да iет, но одделеiн'ето наше од бугарите ке ни даiит возможност критично да се односуаме кон бугарцките работи, а не слепо да и копираме, и да насадуаме во Македониiа, на место национализм, социализм, како шчо го праела тоа натрешната македонцка револ'уциiна организациiа.
...
Ето зашчо прашаiн'ето: коiе наречиiе требит да бидит обшч литературен iазик за македонците и бугарите, ако првите и за однапред ке се вел'ат бугари, — коiе, прашаiн'е, сега не се постаат на дневен ред, зашчо умоите на сите македонци сега сет зафатени со револ'уционото движеiн'е iеден ден неминуемо ке поведит и без друзи причини кон iедно расцепуаiне мег'у Бугариiа и Македониiа, со создааiн'ето от последната своi литературен iазик.

Радев: Колку е прав Мисирков....


Прочитај "За македонцките работи" за да разбереш кога започна идејата за одделување на Македонците од Бугарите и кога почнало да се размислува за отцепувањето на македонските наречја како посебен јазик.

А кога овој процес заврши - сите знаеме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom