Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
" Drzavata toa sum jas- Gruevski"--marambo

Ne se brukaj!
ти се брукаш кога ги оправдуваш политичарите што се на власт, а ги обвинуваш граѓаните дека сами си се криви за тешката состојба во која се наоѓаат.
 
Член од
6 февруари 2009
Мислења
496
Поени од реакции
462
ти се брукаш кога ги оправдуваш политичарите што се на власт, а ги обвинуваш граѓаните дека сами си се криви за тешката состојба во која се наоѓаат.
Abe toa tie...ubavo vikam ako ne te biva vlasta ti e kriva! Koa ke se smeni vlasta ke procvetash dzanam! Pak ke bidesh dibidus ja da ti kazam!
I so prethodnata vlast isto ubavo terav i so ovie...si ja brkam rabotata i ne placham kao piche nekoe...grujo mi e kriv branko mi e kriv![DOUBLEPOST=1433192338][/DOUBLEPOST]
нема лек за тебе ни просвета,тие што знаат само да се лупаат по градите од носот потаму не разбираат во животот и за животот
Of mori majko koj ke me uchel za zivotot! za patriotizam i za rodoljubie! Takvite kako tebe paraziti, znaat samo da cicaat od drzavata i da chekaat radna akcija za da im se sredi neshto u zivotot. Nemoj sluchajno SAM da pridonesesh za sebe pa i za drzavata!
Zal mi e za tebe iskreno.
 
Последно уредено:

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Оти сте такви смешни бе?
Шо плукате по инвестициите?
Шо лошо има од нив?
 

Ciudad Juarez

rothschild
Член од
18 март 2015
Мислења
385
Поени од реакции
403
Тоа е тоа.
Кога некој те убедува дека ти е убаво во земјава на оваа ситуација...:facepalm:

Затоа и константно плукам по својот народ во последно време на форумов.
Заслужуваме нешто најцрно да ни се случи.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840
Kako epten patriot! Zatoa me nerviraat lezilebovichi na koi uvek drzavata im e kriva i chekaat na radna akcija ili milostina od drzavata za da postignat neshto.
Kako beshe ona " ne shto moze drzavata da napravi za tebe nego shto mozesh ti za drzavata" !?
Na nekoj mu odgovara obratnata varijanta ama mene jok!
Јас плаќам данок не кршам закон и сум совесен граѓанин. Тоа го правам што повеќе треба да направам?

Е сега другата страна, другар мој отвори продавница за продажба на храна за спортисти (боди билдери). Е сега доаѓа инспекција и му вели дека треба да има план за евакуација да има положено тест за пожар и слично, му бараат за отпор за заземјување (само не ми е јасно како го легализирале тој објект без тоа мерење?) итн.
И во ред вели другаров кај треба и му даваат фирма каде да оди и доаѓа типов од фирмата и првото понашање му беше каубоец. После му дава тест и му вели потполни само податоци прашањата он ќе ги одговорел и другаров му вели зошто ти да ми ги одговараш јас ќе ги одговорим (инаку има работено 7 години на брод и тамо секој месец се полагаат такви тестови). Ипочнал да ги одговара и фраеров му вели до 20 пиши другите не затоа што ни јас не ги знам. Другаров се насмеа и му вели абе ти џабе лебот го јадеш, јас ќе ги одговорам ги знам, овој зачудено гледа. После му вели земи ПП апарат. Другаров веле каков ПП апарат. Овој се чуди и вели па ПП апарат де за гаснење пожар. Да ама има различни типови каков? Абе му вели нема врска земи каков било. Хмммм. И ОК уште еден друг други глупости.
И поентата ми е другаров гледа другите дуќани до него има пицерија, кафич и аптека. Од пицеријата газдарицата сестраи ја држи фирмата за безбедност. И кога гледа ниту во еден од тие локали нема ПП апарат, а рачунај пицерија има оган печки, кафиќот пијалоци (кои се запалливи) итн, а овој само 5 рафтови со храна и ништо повеќе го дриблаат 300% за само пари да му земат.

Е тука е проблемот во државата што те тера да инвестираш и ако немаш пријатели мамичето ќе ти го расплачат со инспекции и давачки што ќе се покаеш што си пробал да инвестираш и тоа во ред се давачките но кога би плаќале сите исто а не за едните важи за другите не. А тоа е последица што кој стигна се вработи во администрација и врска си немаат од работата и никој не им може ништо затоа што се партиски влезени.

И ај сега кажи ми ти мене што прави државата за мене? Јас моето го направив.....
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.123
Поени од реакции
8.911
Јас плаќам данок не кршам закон и сум совесен граѓанин. Тоа го правам што повеќе треба да направам?
Во секоја нормална држава ништо, ама ние сме далеку од тоа.

Да ги прашам овие што трчат по портокаловите месни комитети дали факаат врски за да прават кабли во Дрекслер или шијат навлаки во Џонсон или пак за да влезат во образование, општина или министерство. Тие живеат со паролата не гледај што правам, слушај што зборам.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Ај сега да земеме сите да коментираме на пример за луѓето што местат павер елементи или што копаат или што истовараат роба. Да ги нарекуваме абдали, магариња, робови и тн. мене на пример таков човек ми е сто пати поокеј од некој што е ѓоа загрижен по форуми а лапа пари од родителите или зима илјада евра плата. Дали би го работел јас тоа? Не. Ама во секој случај е подобро него да живеат од социјална помош здрави прави или да го поминат цел живот огорчени седејќи дома. Не секој решил да заврши факултет и не секој човек има исти амбиции и тоа го почитувам.
И конечно, ако сте толку загрижени, покачете им ја платата на вработените во вашите фирми. Ама знам сега ќе речете многу давачки има кон државата и нема простор за покачување а се разбира секогаш има пари за нови коли, викенди во грција и тн.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.072
Поени од реакции
11.439
Ај сега да земеме сите да коментираме на пример за луѓето што местат павер елементи или што копаат или што истовараат роба. Да ги нарекуваме абдали, магариња, робови и тн. мене на пример таков човек ми е сто пати поокеј од некој што е ѓоа загрижен по форуми а лапа пари од родителите или зима илјада евра плата.
Луѓето што местат павер или копаат или истовараат не се субвенционирани од даноците што ги плаќам, беспредметно е да им се мешаме и да ги спомнуваме.

Дали би го работел јас тоа? Не.
Зошто не? Нели е чесна работа со сите бенефиции што Битуше ги наброја.

Ама во секој случај е подобро него да живеат од социјална помош здрави прави или да го поминат цел живот огорчени седејќи дома. Не секој решил да заврши факултет и не секој човек има исти амбиции и тоа го почитувам.
Може е ок за некој што нема работно искуство, па да поработи неколку месеци дури да се најде нешто поасално за работа. Во никој случај не е долгогодишна работа со која ќе може да се рани фамилија.
Факултетот е ирелевантен за 99% од овие работни места, има и среднисти и со факултет и со осмолетка, ама е навреда некој со факултет да работи по 12 саати на ден за 200 евра, а да знае дека фирмата може да исплати и поголеми плати, само што не го прави тоа за да не им го руши пазарот на домашните газди. Едноставно многу од нив се уценети да работат таму, далеку од тоа дека избрале да работат за овие инвеститори.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Уште пострашно, ја фали фирмата што му овозможила експлоатација на вработените. Хипокризија.



Не треба да си Никола Тесла за да сватиш како не требало да се прави како што се направило со Дрексл и Кромберг. Даночни олеснувања и субвенции само за фирми кои ќе гарантираат дека ќе исплаќаат плати над државниот просек, така ќе стимулираш вискотехнолошки фирми да ти дојдат. Плус обавезно слободна економска зона за фирми од ИТ секторот.
Дрексл. и Кромб. отворија илјадници НОВИ РАБОТНИ МЕСТА и заслужуваат субвенции, исто како и секој инвеститор кој ќе отвори многу работни места. Субвенциите се важни за привлекувањето странски инвеститори, посебно затоа што земјите од опкружувањето (особено Србија и Бугарија) даваат можеби и поголеми субвенции на странските инвеститори. Србија на ФИАТовата фабрика во Крагујевац 10 години ќе исплаќа плати и придонеси за вработените, како и 10 години ја ослободува фабриката од даноци. А ти Тесло кажи ми, како Македонија ќе привлече странски инвеститори доколку не дава бенефиции, ако веќе имаме голема конкуренција од Србија и Бугарија кои даваат големи субвенции за странските инвеститори?[DOUBLEPOST=1433275892][/DOUBLEPOST]
Може е ок за некој што нема работно искуство, па да поработи неколку месеци дури да се најде нешто поасално за работа. Во никој случај не е долгогодишна работа со која ќе може да се рани фамилија.
Факултетот е ирелевантен за 99% од овие работни места, има и среднисти и со факултет и со осмолетка, ама е навреда некој со факултет да работи по 12 саати на ден за 200 евра, а да знае дека фирмата може да исплати и поголеми плати, само што не го прави тоа за да не им го руши пазарот на домашните газди. Едноставно многу од нив се уценети да работат таму, далеку од тоа дека избрале да работат за овие инвеститори.
Многу контрадикторности во еден пасус.
Никој не е уценет да работи во странските фабрики, туку сите настојуваат да се вработуваат кај нив, зошто даваат нешто повисоки плати и ги почитуваат основните работнички права, се знае што е работно време, што е додатна работа и како се доплаќа. А против странските инвеститори се оние домашни газди, кои, ако исплаќаа по 5000-6000 денари плата и ги уценуваа вработените да мораат да работат под мизерни услови и по 12 часа, сега со доаѓањето на странските фабрики мораат да исплаќаат 12,000 денари и да се доближуваат до стандардите на странските инвеститори.[DOUBLEPOST=1433276205][/DOUBLEPOST]
После волку фалење верувам веќе си поднел апликација за работа во Дрексл.
Доколку би бил работник од Тиквешијата и сум работел за некој газда за вообичаена плата од 7000 денари за тој крај, тогаш би аплицирал во Дрексл.
 
Последно уредено:

Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210
--

Половина странски инвестиции од Карибите


Во првите три месеци од годинава во Македонија влегле 69 милиони евра странски инвестиции, што е сериозно намалување во однос на истиот период минатата година кога влегле 109 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка. Половина од странските инвестиции што во првиот квартал влегле во земјава, односно 35 милиони евра се од малата карипска островска држава Свети Винцент и Гренадини, која важи за даночен рај и земја во која тешко се проверува сопственоста на парите.

Она што мислам дека е пресудно за самите странски инвестиции е квалитетот на институциите во нашата земја, тоа е нешто што се провлекува неколку години наназад, а тоа е владеење на правото, независно судство, остварување на сопственичките права - Шенај Хаџи Мустафа, универзитетски професор.

Минатата година во земјава влегле 262 милиони евра, а годината претходно 252 милиони евра странски капитал.




Претставниците на власта постојано најавуваат нови инвестиции и отворање на работни места, но економистите се скептични и посочуваат дека странските инвеститори поради политичката криза уште повеќе ќе ја заобиколуваат земјава.

Тоа ќе го има и во иднина, но тоа ќе бидат мали суми во споредба со огромните изнесени пари од Република Македонија во целата оваа декада, па и пред тоа - Петар Гошев, поранешен гувернер на НБРМ.

Професор Шенај Хаџи Мустафа вели дека политичката криза влијае на странските инвестиции, но не е пресудна.

„Она што мислам дека е пресудно за самите странски инвестиции е квалитетот на институциите во нашата земја, тоа е нешто што се провлекува неколку години наназад, а тоа е владеење на правото, независно судство, остварување на сопственичките права. Мислам дека тоа е многу побитен фактор и нешто на што внимаваат, како странските, така и домашните инвеститори. Значи мислам дека тоа е многу побитен фактор, иако и политичка криза има влијание“, вели таа.

Поранешниот гувернер на НБРМ Петар Гошев вели дека ниското ниво на странски инвестиции се должи на погрешните политики на владата, а не на политичката криза.

„Генерално, нивото на странски инвестиции не соодветствува на трошоците коишто ги направи оваа влада за остварување на тој концепт и тој концепт нема да ја развие Македонија, тој концепт од Македонија прави класична колонија или ајде да речеме неоколонијализам како што се квалификува во економската теорија“, вели Гошев.


Инвестициите, пак, од офшор државите ги гледа како срамежливо враќање на украдените пари од Македонија.

„Тоа ќе го има и во иднина, но тоа ќе бидат мали суми во споредба со огромните изнесени пари од Република Македонија во целата оваа декада, па и пред тоа“, вели Гошев.

Податоците на Светската банка покажуваат дека Македонија во регионот остварува подобри резултати во привлекувањето странски инвестиции само од Босна и Херцеговина.

--
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Сакавте странски инвестиции?
- еве ви
Сакавте работа?
- еве ви
А сега сакате и европска плата и услови, епа нема. :icon_lol:
 

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
736
Поени од реакции
660
Сигурно и невработеноста ќе се намали сега, ќе вработат еден пуштач на греење!! Па нормално после тоа и рамковен гаснач на греење да не се стоплат многу:D:D
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Даночни олеснувања и субвенции само за фирми кои ќе гарантираат дека ќе исплаќаат плати над државниот просек.
Лесно е да се каже... Ама, каква полза имаме ние ако фирмата не отвори погон кај нас? И 200 евра е подобро од ич. Далеку е од пристојна плата, ама има многу и домашни фирми кои на продавачки на пример, им плаќаат по 5000 денари месечмо. Претежно во помалите места. За да се стигне до повисоки плати, треба да се намали невработеноста, пред се. Тоа е основната причина за ниски плати. Голем број на кандидати за едно работно место. И секако, се лицитира надолу со платата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom