Секаде во светов има давачки. Имаше и порано давачки, како оддеднаш станаа проблем давачките, не знам.
Инаку, Македонија има најниски даноци во Европа, а придонесите за здравствено, социјално и пензиско осигурување се на исто ниво како во Европа.
За пример само, во Германија, фирмите плаќаат данок на платите на своите работници, а самиот работник пак има обврска да плати дополнителен данок на платата од 14% доколку зема поголема плата од минималната. Во Македонија нема такво дуплирање на даноците.[DOUBLEPOST=1433156864][/DOUBLEPOST]
Ако зголемување на минималните плати за 71,5% не е идење на подобро, не знам што да искоментирам повеќе
Ако ги погледнеш странскиве фабрики, на работниците им даваат плус бонуси за редовно доаѓање на работа, за сменска работа, за прекувремена работа, за работа во викедни, плус им организираат превоз и храна што е сепак еден вид на додаток на примањата, а да не заборавиме дека некои ги праќаат и своите работници со семејствата на викенд одмори итн .
Па така тие 12.000 стануваат всушност 18,000 - 20,000 денари.
Колку македонски фирми даваат бонуси за редовност, за сменска работа, за прекувремена работа, за работа во викедни, организираат превоз и храна, ги носат работниците на викедн????