Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864
Комши, нормално дека имаме економски успеси, па пред 10-20 години фирмите ни ги пропаѓаа и имавме само отпуштања пропратени со банкарски кражби. Сега се отвараат фабрики, народ се вработува, банкарскиот систем ни е стабилен со осигурени депозити. Вистеон може ќе си оди, ама многу други ќе дојдат и најважното е што државата се бори да привлече инвестиции преку одличните бизнис услови кои ги дава од 2007 наваму. Народов цениме труд, иницијативност, претприемчивост и знаење.
Тој економски раст од 3-4% со кој се фалат, а 3-4% не e баш за фалење, го крева градежништвото, а на сите ни е јасно (освен на тие што гледаат сител и канал5) дека тоа го потикнува владата со скопје 2014 со непродуктивни проекти, а сето тоа се плаќа со кредити кои го враќаат народот. Самите од влада кажуваате дека најголем двигател е градежништвото ама забораваат да кажат од каде се парите со кои го финансираат сето тоа. Тој еконоски расат практично е лажен, не реален.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.912
Поени од реакции
1.764
87.000 минатата година само:pos:[DOUBLEPOST=1454787623][/DOUBLEPOST]

Последниве 5год. за прв пат во историјата на Македонија се субвенционира авиотрснспортот, туризмот и носењето странски туристи.
Абе ТОРКО еден како не тие мака да тресиш глупости.Визаир добиват субвенции ама кој туристи доаѓаат :facepalm:,сите што летаат со Визаир се од Врање, Сурдулица,Прешево ,Лесковац и од Косово и тоа во мртва сезона,никаква корист Њамат државата од тоа.
Прашање е зошто Визаир не се пренасочит кон ОХРИД?
 
Последно уредено:
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.053
Поени од реакции
6.658
КАРФУР е одлична странска инвестиција,преку неа испумпаа цели 10 милиони евра(сигурно се и повеќе) ги оштетија и доведоа до банкрот добавувачите и работниците,што е ова ако не нов ТАТ ??
истото се случи и со СВИДМИЛК и поново ќе има исто сценарио , каде - ќе видиме наскоро........пошто нели пријавени се испумпувања на милионски цифри на странски инвестиции (наведено е кон матицата,времето ќе кажи накаде)

на здравје бричење на суво,гасете телевизии ,интернет и други медиуми кои ви го одвлекуваат внимание од проблемите,размислете како треба понатаму дури има време
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.219
Поени од реакции
35.824
Еве НБРМ што има да каже за реалноста.
Расте бројот на блокирани сметки и кај граѓаните и кај фирмите
982 VIEWSЈАНУАРИ 10, 2016БИЗНИСРЕДАКЦИЈА

Според последните податоци на Народната банка (НБРМ) во ноември лани, бројот на блокирани сметки изнесува 247.562, од кои 69.271 се блокирани сметки на правни лица, а 178.231 се блокирани сметки на граѓани.

Од почетокот на 2015 до ноември истата година бројот на блокирани сметки кај граѓаните се зголемил за околу 27 илјади, додека кај правните лица за 3.637 сметки, покажуваат податоците на НБРМ.[DOUBLEPOST=1455101526][/DOUBLEPOST]Според НБРМ во 2008 година, во Македонија имало 14,000 блокирани сметки на правни лица. Во 2015 бројката е повеќе 44,000 со тенденција за константен раст.

Јебига овие бројки за сега не можат да се фризираат....

Ај може ќе го сменат законот за НБРМ каде што објавување на овие податоци нема да биде обврзувачки. Па ако не се објават исто како да не постојат нели.
 
Последно уредено:
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.053
Поени од реакции
6.658
Остваруваме....

Блокирани сметки на граѓани
  • 2008 година - 1,620
  • 2015 година - 77,005

Блокирани сметки на фирми
  • 2008 година - 14,213
  • 2015 година - 44,542
им требаат луѓе за работа во странските инвестиции,Македонија после 2001ва протекторат,сега најобична провинциска колонија,но тешко тешко ни е да го разбереме и сфатиме тоа навреме
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
15.735
Остваруваме....

Блокирани сметки на граѓани
  • 2008 година - 1,620
  • 2015 година - 77,005

Блокирани сметки на фирми
  • 2008 година - 14,213
  • 2015 година - 44,542
па им се може... не плаќаат долгови, ама фирмата не се ликвидира и не се брише... а да одиш таму уште ја има истата реклама и истиот бренд, ама работи преку некоја друга фирма. Е после кога ќе треба да иде во пензија му фали стаж, бидејќи блокирал сметка не може да се платат придонеси, а не сака да ги плати на сите вработени, како е по новите закони, а сега нема ни извршување на придонеси за ПИОМ посебно, само на СИТЕ вработени...
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Депозитите на граѓаните и компаниите во банките пораснале за 301 милиони евра

И населението и фирмите минатата година многу повеќе вложувале депозити во денари отколку во странски валути, каде доминира еврото.

Граѓаните традиционално имаат многу повисоки штедни влогови од компаниите, а на крајот од 2015. година истите достигнале 3,45 милијарди евра.
- See more at: http://emagazin.mk/vesti/vest/18494#sthash.1HdLCU1h.dpuf

Za sporedba samo, depozitite na gragjanite vo 2006 godina bile samo 500 miliona dolari
(vidite povekje kaj http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=1758&stID=9633 ).

Masala, za samo 9 godini zastedata na Makedoncite se zgolemila za nad 700%.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ако некој деловен партнер ви должи пари.. дали ќе му ги простите или ќе си ги барате? И ако тоа се повторува...
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Блокирани сметки на фирми
  • 2008 година - 14,213
  • 2015 година - 44,542
Секој што мисли дека сите нови 30,000+ фирми на кои им пропаднал бизнисот во последните 7 години, се преваранти и затвориле само да не плакаат обврски е ГЛУП.
Стварно глуп.....
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.322
Поени од реакции
22.611
Проблем е шо живееме во крајно исполитизирано општество каде партијата коли беси на сите нивоа и од чија воља зависи дал ќе бидеш милионер со тендери, министер или ќе завршиш в затвор со 4 пресуди. Колку и да си вољен, спремен, образован, талентиран, мотивиран.... твоето делање зависи од диктат на некој си штаб. Ако во штабот одлучат дека треба да им испереш пари - ќе им испереш, ако им треба било каква услуга, покривање, руинирање на нешто... то ќе го направиш. Затоа и при смена на власт се менуваат не само министри и директори на државни агенции и фирми туку буквално секое поодговорно работно место и тоа во установи кои немаат блага веза со политика, во школи, болници, театри, водовод.... Каква врска има директор на основно школо со политика и кој е на власт? или директор на театар? Дали директор на водовод ќе клава поинакви цевки од предходна власт? или диектор на болница ќе менува начин на лекување во зависност од партија на власт?? и не само тие туку се менват преместуваат заменуваат и шефови, раководители, управители.... нема врска струка, способност, успеси во работа... шо дека ти ако си низал успеси последни 10 години на чело на некоја установа, кога ќе те сменат со партиски послушен кадар кој ниту има соодветна струка нити талент да води успешно работата али спремно ќе исполни сите желби и порачки на власта.
Е затоа пропаѓаме, што наместо професионализам во струка имаме политизирање во струка, што наместо да се грижиш за успех на организацијата, трчкаш по комитети и штабови да кординираш работата како му одговара на партијата. Се додека така се поставени работи, ќе пропаѓа офицерски зато што има директива да пропадне и така му е кажано на оној кој треба да се грижи да не пропадне, а нема да пропадне кога ќе има управител ослободен од тој политички страв, и слободен да си ја брка работата како што мисли дека е најдобро и единствено треба да се плаши дека ќе биде сменет ради несовесна или аљкава работа. Е во такво општество ќе ни тргне работата

Малку со закаснување, немав пристап до темава деновиве :ban: али мислам дека ова треба да се продискутира малку подлабоко.

Значи се слагаме горе доле сите дека партизирање на се во државата е голем проблем. Ако мене ме прашаш во Македонија 2те најголеми фирми се вмро и сдсм. Буквално секаде се набутаа и нема спас од штабски газолизачи каде и да се свртиш. Работата е како ова да се смени? Дали има начин?

Еден начин е да чекаме партиите да се средат, политичарите да пораснат и да почнат да се грижат за народот. Тој филм не мислам дека ќе го гледаме уште долго време ама еве може има некој што мисли дека грујо или заев ќе не оправат. Ако има такви на форумов слободно нека кажат како едниот или другиот „лидер“ ќе ја среди државата и врз база на што се темели тоа мислење.

Јас единствен начин да се излезе од оваа криза го гледам ако буквално се што може се приватизира ама правилно значи партиите и судството да си ја завршат работата со правење асални закони и поважно носење правилно пресуди ако има престапи. Тоа што го пишуваш дека во минатот се рушеле споменици итн не смее да се случува. Ако се направат добри закони и се почитуваат тогаш се што може слободно нека се приватизира. Иако и овој начин не е идеален пак мислам за Македонија е подобра опција него партискиот капитализам што го имаме сега. Од тој аспект слободно и домот и стадионите и водовод и комуналец (ова треба да се подели да нема монопол, нека има повеќе фирми) све нека приватизираат па макар и со загуба. Кога приватници ќе ги водат фирмите тогаш влијанието на политичарите ќе почне да опаѓа. Колку повеќе големи странски и домашни инвеститори имаме кој не условуваат со книшка за работно место толку побрзо ќе не биде.
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Абе ТОРКО еден како не тие мака да тресиш глупости.Визаир добиват субвенции ама кој туристи доаѓаат :facepalm:,сите што летаат со Визаир се од Врање, Сурдулица,Прешево ,Лесковац и од Косово и тоа во мртва сезона,никаква корист Њамат државата од тоа.
Прашање е зошто Визаир не се пренасочит кон ОХРИД?
Надвор од вашата тема ама има државата корист од Визер и тое не е спорно. Кога зборам државата мислам на народот. Да бидеме реални пре Виз Ер не се леташе толку многу а сега и летовите се поефтини и на крај краева ако ништо друго може за поефтини пари да се прошета макар и на продолжен викенд.[DOUBLEPOST=1455210503][/DOUBLEPOST]
Место што сакал да го купи Челзи Ел Чапо можел да купи од Македонија некој фудбалски клуб. И онака многумина мислат Самсоненко од чиста љубов вложува во Вардар клубовите иако баш и не е сето тоа од љубов.
Веруваш дека некој негде во светот вложува во клубови од чиста љубов ? Значи читам по форумов и има критики кон многу нешта што држат вода и кои се критики на место. Но не е поентата се да се критикува. Ако се перат пари подобро Вардар да има корист од тоа отколку истите пари да се перат преку Ц Звезда или Партизан.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
И инфраструктурата е дел од инвестициите.
Во 2011,
Се готви решение за проширување на улицата „Цветан Димов“

Во 2013
Ќе се пробива ул.Христијан Тодоровски Карпош

2013
Ќе се прошируваат улиците Пластичарска и Цветан Димов во Чаир

2015
Булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ се продолжува кон Бутел

таму сеуште нема ништо, а Ц. Димов и пластичарска сеуште не се проширени и не само што не е со прст мрднато туку е и бетер

Улиците во Чаир и Бутел како да немаат пешачки премини

необележени и во темница. Од сликата може да се види дека не може да се пофалат ни со тротоари.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
755
Поени од реакции
356
„Индоминерали и метали“ на доверителите им должи 8,7 милиони евра

Толку должи индиската компанија „Индоминерали и метали“, која управуваше со рудниците под концесија од државата. Освен неколку македонски компании, главни доверители се и повеќе од 1.000 рудари од двата рудника, чии претставници денеска побараа стечајната постапка да се одвива побрзо и тие да ги добијат заостанатите плати.

http://emagazin.mk/vesti/vest/19191
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Депозитите на граѓаните и компаниите во банките пораснале за 301 милиони евра

И населението и фирмите минатата година многу повеќе вложувале депозити во денари отколку во странски валути, каде доминира еврото.

Граѓаните традиционално имаат многу повисоки штедни влогови од компаниите, а на крајот од 2015. година истите достигнале 3,45 милијарди евра.
- See more at: http://emagazin.mk/vesti/vest/18494#sthash.1HdLCU1h.dpuf
Za sporedba samo, depozitite na gragjanite vo 2006 godina bile samo 500 miliona dolari (vidite povekje kaj http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=1758&stID=9633 ).

Masala, za samo 9 godini zastedata na Makedoncite se zgolemila za nad 700%.

Има пари печати печатница Киро Дандаро :icon_lol:.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom