Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Вистеон си оди, народ си оди, Керфур затвори, Субрата ниту дојде, само 5-6% од земјиштето во ТИРЗ е искористено, добивме втор Сведмилк или трет ТаТ или енти Лавци и Алфа-С, секоја трета фирма со блокирани сметки, над 11% лоши кредитни пласмани, долгови од граѓаните над 1 милијарда евра...не знам дали живееме во паралелен свет со оние кои се убедени во лидерството и економските успеси на земјата.
 
S

silmarillion

Гостин
Не му замерувајте на Ростушанецот он има работни задачи за секој работем ден:

07:30 - јавување во утринска Сител
08:30 - јавување во утринска Канал5
09:30 - коментар за пофалба на власта на ФБ профилот на Миленко
10:00 - преглед на профилот на Јанко да не случајно некок соросоид се осмелил да го вреѓа фирерот
11:00 - шерување на урнебесно смешен статус на Чилиманов
12:00 - ручек пауза
13:00 - 20 клика во минута на било што на Курир во интервал од саат време.
И од 14:00 до 22:00 - Кајгана активност
22:00 - Обид за јавување кај Јанко со надеж дека нема да го исклучи пошто 10 пати ќе му рече "добро вечер Јанко"
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Ајмо машински инжинери нов оглас, фабрика геманска, плата германска (добро де, една нула фали, ама нулата и така никој не ја рачуна)

 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Вистеон си оди, народ си оди, Керфур затвори, Субрата ниту дојде, само 5-6% од земјиштето во ТИРЗ е искористено, добивме втор Сведмилк или трет ТаТ или енти Лавци и Алфа-С, секоја трета фирма со блокирани сметки, над 11% лоши кредитни пласмани, долгови од граѓаните над 1 милијарда евра...не знам дали живееме во паралелен свет со оние кои се убедени во лидерството и економските успеси на земјата.
Побогу, човече....што е ова ? Изненаџен сум и увреџен......
Читаш ли нешто воопшто, Курир, Република, гледаш ли Сител, анал5...немој, те молам така...

Македонија со најдобри економски перформанси во регионот
Време: 15:28
Датум: јануари 28, 2015

Македонија најдобра во регионот според индексот на економската слобода

20 октомври 2014 - 12:17

Македонија меѓу 10-те економии со најголеми подобрувања во водење бизнис
Канал5 - 29.10.2013
http://www.time.mk/r/c/e12e95a212/
Македонија одново меѓу десетте топ реформатори според Дуинг Бизнис
Макфакс - 29.10.2013
 
K

kaiser soze

Гостин
Вистеон си оди, народ си оди, Керфур затвори, Субрата ниту дојде, само 5-6% од земјиштето во ТИРЗ е искористено, добивме втор Сведмилк или трет ТаТ или енти Лавци и Алфа-С, секоја трета фирма со блокирани сметки, над 11% лоши кредитни пласмани, долгови од граѓаните над 1 милијарда евра...не знам дали живееме во паралелен свет со оние кои се убедени во лидерството и економските успеси на земјата.
Додај ги тука и Продис пред колапс,Улмак веќе затворена,нереализирани,а ветени како оваа,билансот е очаен.
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Не му замерувајте на Ростушанецот он има работни задачи за секој работем ден:

07:30 - јавување во утринска Сител
08:30 - јавување во утринска Канал5

09:30 - коментар за пофалба на власта на ФБ профилот на Миленко
10:00 - преглед на профилот на Јанко да не случајно некок соросоид се осмелил да го вреѓа фирерот
11:00 - шерување на урнебесно смешен статус на Чилиманов
12:00 - ручек пауза
13:00 - 20 клика во минута на било што на Курир во интервал од саат време.
И од 14:00 до 22:00 - Кајгана активност
22:00 - Обид за јавување кај Јанко со надеж дека нема да го исклучи пошто 10 пати ќе му рече "добро вечер Јанко"
Да не е Тале?:pos: Си испуштил во 16ч на 24 вести, само таму Огнен одма го сече.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.219
Поени од реакции
35.821
Ова е мајката на ветувањата.


Мени
МАКЕДОНИЈА
Осум милијарди евра инвестиции во стратешки проекти
2. МАРТ 2009 - 6:18 |


Нова инвестициска програма тешка осум милијарди евра, најавува Владата. Програмата опфаќа осум области во кои во наредните 7 години ќе се реализираат крупни стратешки инфраструктурни проекти во повеќе области.


- Се работи за продуктивни, инвестициски и капитални проекти. Реализацијата на овие проекти во овие кризни услови значително ќе го подобри квалитетот на живеење на сите граѓани, ќе го стимулира развојот на долг рок и значително ќе ја подигне конкурентноста на македонската економија. Се работи за стратешки план кој е прилично амбициозен и кој ќе бидам задоволен ако успееме да реализираме две третини од него, а ако биде над тоа реализирано ќе го цениме за значаен успех - рече премиерот Никола Груевски.

Најобемен е делот во енергетиката. Треба да се реализираат 30-тина проекти, рудници, далноводи, хидро и термо централи, ветерници како и изградба на нуклеарна централа. Овие инвестиции ќе вредат над 3,8 милијарди евра. Од нив 250 милиони евра ќе бидат буџетски средства, една милијарда задолжување, а останатите 2,6 милијарди концесии и јавно приватно партнерство. Станува збор за ревитализација на старите објекти, отворање нови, а предвидени се пари и за истражувања.

Во патната инфраструктура предвидено е да се инвестираат над 2,6 милијарди евра. Македонија со тие пари ќе добие 950 километри нова патна мрежа. Во нив се проектите за санација на старите патишта, и изградба на нови дел со државни пари дел со концесии.

Оваа најава треба да биде поттик за градежната оператива во земјава која заради светската криза сега е во тешка состојба.

- Тоа од една страна на краток рок ја активира не само градежната оператива, туку и други индустрии поврзани со градежништвото, а од друга страна долгорочно ќе го зголемува потенцијалот на економијата - рече вицепремиерот Зоран Ставрески.

Програмата предидува до 2012 година да се изградат и 1.100 социјални станови за што се обезбедени 34 милиони евра. Ќе се градат нов универзитет за информатичка технологија во Охрид, нов студентски дом во Аеродром и 93 нови училишта, културни и спортски објекти за цела Македонија како и проекти од областа на заштитата на животната средина.[DOUBLEPOST=1454759300][/DOUBLEPOST]Најомилен ми е делот за енергетиката. Хидро централи, рудници, термо електрани, нуклеарна централа :гик:
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Каква врска има ова со странските инвестиции?
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
2011
На неколку фирми меѓу кои и германската веќе се издадени одборенијата за градби од општината и инвеститорите ќе ги отпочнат активностите за подигање на своите производствени капацитети. Заев очекува следните два месеца и останатите да ги подигнат одобренијата за градба и следниве неколку месеци да ги отпочнат градбите на капацитетите.

До крајниот рок, 30-ти јули сите 16 домашни и странски компании кои купија парцели за изградба на фабрики и погони во Индустриската зона Сачево, ќе добијат дозвола за градба.

2016 година - ниту една фабрика не е изградена.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.274
Поени од реакции
78.922

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.274
Поени од реакции
78.922
... 30-тина проекти, рудници, далноводи, хидро и термо централи, ветерници како и изградба на нуклеарна централа. ...
Ме потсети на текстов од песнава:
[DOUBLEPOST=1454760939][/DOUBLEPOST]
Колку си ти само забеган.
Колку?

(покажи со ширење раце како рибар кога покажува колкава риба фатил, како детенце кое покажува колку ја сака мама)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
2011
На неколку фирми меѓу кои и германската веќе се издадени одборенијата за градби од општината и инвеститорите ќе ги отпочнат активностите за подигање на своите производствени капацитети. Заев очекува следните два месеца и останатите да ги подигнат одобренијата за градба и следниве неколку месеци да ги отпочнат градбите на капацитетите.

До крајниот рок, 30-ти јули сите 16 домашни и странски компании кои купија парцели за изградба на фабрики и погони во Индустриската зона Сачево, ќе добијат дозвола за градба.

2016 година - ниту една фабрика не е изградена.
не им понудивме доволно пари на инвеститиорите за да дојдат и отворат фабрики овде, а можи од данок не ги ослободија
 

Kajgana Shop

На врв Bottom