Па уште нѐ убедува дека сасвим ОК да работиш 3 смени за 8000.
какви ликови има на форумов
Не се 8 илјади туку се минимално 9.500 дури и да се 8 илјади подобро е од НУЛА, плус на сите овие луѓе им тече пензиско и здравствено се осигурени, башка исхрана и превоз. Така да со сите овие трошоци може да се земе дека на еден вработен ако зима 12 илјади нето фирмите имат минимум уште 50% трошок така доаѓаме до 18 илјади по вработен. Незнам колку точно има вработено до сега но еве нека се 15 илјади тоа се околу 50 милони евра кои опаѓат само на трошок за вработените. Да не зборуваме за почетната инвестиција, да не зборуваме за домашните фирми кои на директен или индеректен начин се поврзани со овие инвестиции.
Патем кога сме веќе кај бројките
Отчет за странските инвестиции: Расте извозот
02.01.2015 | 17:06
Економија
Прочитано: 248
Вкупниот извоз од компаниите во слободните економски зони минатата година изнесувал една милијарда и 170 милиони евра, или 54 отсто повеќе од претходната 2013-та.
За годинава се очекува извозот да се зголеми за 10 до 15 отсто. Според податоците од Дирекцијата за технолошко-индустриски и развојни зони, лани 13 компании донесле одлука за инвестирање во земјава, дел веќе имаат почнато со инвестиции, а дел се во најава.
Директорот на ТИРЗ Виктор Мизо најави дека сите овие компании треба да креираат 12.500 работни места.
Во првиот квартал од годинава се очекува да почне изградбата и на технолошко-индустриската развојна зона во Делчево, со што ќе се заокружи проектот на ТИРЗ, за функционирање на 14-те економски зони.
Од ТИРЗ велат дека освен во скопскиот регион, инвеститорите се повеќе се интересираат за инвестирање во зоните во другите градови во земјава.
Кон крајот на минатата година Владата објави оглас за ангажирање на консултантска компанија за анализа на проектот за привлекување странски инвестиции, која треба да направи длабинска анализа на воспоставениот систем за привлекување на странски директни инвестиции во Македонија и да изготви студија со предлог мерки за подобрување на системот.
http://24vesti.mk/otchet-za-stranskite-investicii-raste-izvozot