Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Лани за малку, годинава статива! За ветувањата мислам!
Алфа и да сакаат да разберат неможат! Исто срање како и Шител и Анал5 ... Тоа се труби, мегафони владини.... разбирливо е зошто дебакл од 130 милиони (во првото полугодие) за нив е успех... можеби уште за некој зомбиран лепач на плакати.
http://www.makdenes.org/content/article/26514455.html
upload_2014-8-30_10-38-24.png
не само годинава и лани... исто катастрофа беше и 2012.... http://faktor.mk/archives/66540#
Според податоците од годишниот извештај на Конференцијата за развој на Обединети нации (УНЦТАД) Македонија е на последно место по странските инвестиции за 2012 година од земјите во регионот. Кампањите на владата да привлече странски инвестиции не и помогнаа да се одлепи од дното на списокот на земјите во регионот по бројката на странските инвестиции.
По Хрватска како успешна фигурира и Албанија која во 2012 година успеала да привлече 957 милиони долари а во споредба со Македонија не е лоша ниту Босна и Херцеговина со 633 милиона. Како успешна во рамките на регионот се вброи и Црна Гора со 609 милиона долара во 2012.
Сепак перформансите на Балканот се и понатаму слаби ако се земе во предвид дека Унгарија која е е во блиското опркужување во 2012 година привлекла 13,5 милијарди долари.

Една Црна Гора со големина (жители) колку Скопје, 2012 имале странски инвестиции толку - ТОЛКУ, КОЛКУ НИЕ Вкупно ЗА ПОСЛЕДНИВЕ ТРИ ГОДИНИ!.... Хрватска која е два пати поголема од нас по жители истата таа 2012-та година (како не членка во EU) имале странски инвестиции 10 пати повеќе од нас (1,2 млд) или ПОВЕЌЕ ОД НАШИТЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ЦЕЛА ДЕЦЕНИЈА!
Пак ќе повторам: Незнам зошто толку курчење, фалење за успех, подигање на пиедестал на актерите и најзаслужните за ‘‘успехот‘‘ (успех само за горе-споменатите сорти).... градење на министерство за финансии од 11 спрата и 14,000 м2 (колку што заедно немаат болниците во Битола, Прилеп, Велес)..... и постојано повторување - мантрање на стратегијата: СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ, странски инвестиции, странски инвестиции.....!
Не курчење и салви, туку сосема обратно, со вакви резултати некој фактор во Јапонија, ритуално ќе завршеше со Сепуку!
 
Последно уредено:
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Бидете реални малку,во споредба со Босна е комплетна катастрофа,со Унгарија срамота е воопшто и да се прави споредба али на Хрватите,Албанците и Црно Горците сите странски инвестции им се од крајбрежјето кое го распродаваат.

Али во секој случај тоа не е никаков изговор за нас.Можеби ќе беа и блиску до тие бројки да не беа до толку алчни.За Чебрен им беше нудено околу 25% од профитот они бараа повеќе од 40% + да ја изградад и Галиште која би била непрофитабилна,притоа вложувањата да се комплетно на инвеститорот.Само од една таква инвестиција најверојатно ќе си ги покриеја сите ветувања за 2-3 години,али мора некој да прави пари со увоз на струја.
 

energichen

EOTL
Член од
19 септември 2007
Мислења
519
Поени од реакции
75
Што стана со американската инвестиција со кол центарот од Јули? Од компанијата најавија вработување на 400 лица, по огласите пишуваше 1000, а од владата кажаа за 2000 и на крај ништо нема да испадне туку само популизам и фарбање.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Има многи фирми во најава но да не ни дојде премногу еве за почеток една.

Втора инвестиција на Гришко во Демир Хисар
  • Среда, 10 Септември 2014 18:06



Компанијата „Гришко" презадоволни од првата инвестиција во Македонија, поточно во Слепче, донесоа одлука уште еднаш да инвестираат во нашата земја.
Втората фабрика ќе ја градат во Демир Хисар. Премиерот Никола Груевски денеска оствари средба со челниците на компанијата, кои му ги соопштија деталните планови за новата инвестиција. Министерот за привлекување на странски инвестиции, Бил Павлески, по средбата откри дека почетокот на градбата на новата фабрика ќе се случи во почетокот на месец октомври.
-Во првата своја фабрика „Гришко" вработи 82 лица, кои во моментов работат на производство на обувки. Во фабриката која денес ја најавуваме ќе бидат вработени околу 200 лица. Се очекува следната година втората фабрика да започне со работа, а во меѓувреме ќе бара работници кои дополнително ќе ги обучи, истакна Павлески.

http://www.tera.mk/index.php/vesti/aktuel/83715-vtora-investicija-na-grishko-vo-demir-hisar
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Еве за инвестицискиот бум, за вефолмите и политиките, за проектира.... за стратегиите за привлекување странски инвестиции..... една многу реална анализа: http://www.bilten.org/?p=2454#
пишував малку погоре за нееднаквоста која ја протежира оваа власт, за падот на Џини коефициентот во МК.... (последниот пасус од анализава.....)
 
Последно уредено:

mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Статијава на Вечер, мислиш готово од утре влегуваат...еве нешто поконкретно.
Турски „Истем Медикал“ од следниот месец започнува со инвестицијата во Македонија

Премиерот Никола Груевски и членовите на владината делегација, кои се во неколкудневна посета на Турција, синоќа во Анкара остварија работна вечера со сопствениците и менаџментот на компанијата „Истем Медикал“. Оваа компанија веќе претходно објави дека ќе инвестира во технолошко – индустриската развојна зона во Скопје каде ќе произведуваат медицинска опрема, катетрхидрофилни катетери, уролошки системи и останати медицински производи.

Премиерот Груевски и менаџментот на компанијата разговараа за динамичниот план на компанијата и инвестицијата чие отпочнување од компанијата „Истем Медикал“ се најавува многу наскоро.

„Ние веќе во почетокот на наредниот месец планираме да започнеме со изградба на фабриката. Инвестицијата е вредна 10 милиони евра. Првенствено ќе имаме 150 вработени и после неколку години планираме таа бројка да се зголеми и да дојде до 250 вработени. Инаку сме многу благодарни на Владата што нуди добри услови за инвестирање и секогаш се однесува пријателски и добро не прими. Економските промотори многу ни помогнаа во реализирањето на оваа инвестиција и веруваме дека со ова темпо ќе продолжиме и понатаму и ќе реализираме и други инвестиции во иднина”, изјави извршниот директор на „Истем Медикал“, Муса Јамурло.

„Се работи за турска компанија која ќе произведува медицинска опрема во Република Македонија и ќе придонесе за креирање на нови работни места. Ова е доказ за сериозниот пристап и посветената работа на Владата која креира успешна бизнис клима за привлекување на нови странски директни инвестиции”, изјави заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот Климент Шекеровски.

Денеска владината делегација ја продолжува својата посета на Република Турција каде ќе се одржи бизнис форум во главниот град Анкара. На него ќе бидат презентирани поволностите за инвестирање во Република Македонија пред повеќе турски инвеститори и компании, а во попладневните часови премиерот Груевски ќе се сретне со претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган и премиерот Ахмет Давутоглу.
 
Член од
12 август 2014
Мислења
101
Поени од реакции
173
Еве од бумот инвестиции, уште една "потенцијална"

Турска „Мач Груп“ ќе гради фабрика во Скопје


Турската земјоделско-прехранбена компанија „Мач груп“ ќе инвестира три милиони евра во изградба на фабрика во Општина Илинден. Земјиштето за изградба на фабриката е веќе купено, а во иднина планираат инвестиции и во откупен центар и во земјоделството.

Одлуката за инвестицијата во Македонија ја објави денеска директорот на „Мач Груп“ Атај Мач во тек на бизис форумот во Анкара на кој македонска делегација предводена од премиерот Никола Груевски кој ги презентира поволностите за инвестирање во Македонија.

Турскиот инвеститор изјави дека ги истражувале условите за инвестирање две години и оти донеле заклучок дека Македонија е најдоброто место за инвестирање во регионот.

- Имаме фабрики и капацитети во Турција и размислуваме за проширување на нашиот бизнис во Европа и истражувајќи во повеќе држави дојдовме до сознанието дека Македонија е најсоодветна. Гледаме огромен потенцијал во Македонија, изјави Мач.

Купиле земјиште и сега планираат да почнат изградба на фабрика во Општина Илинден во Скопје.

- За понатамошните планови најпрво сакаме да изградиме откупен центар во Скопје и откако ќе го завршиме планираме да инвестираме во земјоделие и во добро земјиште кое ќе ни донесе приноси”, наведе Мач.

Tags: мач груп топ фабрика
 

mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Еве една потврдена...
„Демпо груп“ објави две инвестиции во Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски за време на својата посета на Република Турција, вчера по завршување на бизнис форумот во Анкара оствари повеќе одделни средби со претставници на заинтересирани компании за инвестирање кои покажаа интерес за вложување во повеќе сфери и полиња во Македонија.


Една од нив е и компанијата „Демпо груп“, чиј сопственик, Музафер Полат објави дека неговата компанија ќе инвестира во изградба на две фабрики во нашата земја, од кои првата е за производство на амбалажа, со вредност на инвестицијата од 3 милиони долари, а втората е за производство на мермер и мозаици, со вредност на инвестицијата помеѓу 2,5 и 3 милиони долари.

-Пред четири месеци ја посетивме Македонија, програмата беше организирана од Инвест Македонија и нејзиниот претставник од Анкара. Ја разгледавме цела Македонија и одлучивме дека ќе инвестираме таму. Планираме да дојдеме со две дејности во Македонија, првата е во секторот на амбалажа и производство. Тоа ќе биде фабрика во вредност од 3 милиони долари. Во првата дејност ќе има 150 вработувања, изјави сопственикот Музафер.



Тој објави и дека планира префрлање на дел од капиталот на компанијата и отворање на втора фабрика во Македонија за производство на мермер и мозаици.

-Во однос на втората инвестиција, бидејќи во нашата дејност имаме и дел кој се занимава со производство на мермер, планираме да ја префрлиме нашата фабрика за производство на мермер од Турција во Македонија. Планирана е преработка на мермер односно производство на мозаици од мермер. За почеток би биле 150 вработувања, а во подоцнежната фаза од 300 до 400 вработувања. Во почетна фаза, за производство на мермер инвестицијата е од 2,5 до 3 милиони евра. Со тоа што и за првата и за втората инвестиција, планираме нивно зголемување со тек на време. За првата инвестиција, за производство на амбалажа планираме да отпочнеме во првиот квартал од 2015 година, а за инвестицијата за производство на мермер и мозаици планираме да започнеме во вториот квартал од 2015 година” изјави сопственикот на „Демпо груп“, Музафер Полат. Инаку тој е сопственик на повеќе производствени погони во Турција и се занимава со производство на јаглен, амбалажа и мермер.

Премиерот Груевски истакна задоволство од одлуката на турската компанија за инвестиции во нашата земја.

-Голем е интересот во сите овие градови кои што ги посетивме. Вчера компанијата „Демпо“ во Анкара не извести дека донеле одлука да инвестираат во Македонија во две фабрики. Едната за преработка на мермер, и втора за изработка на различни видови амбалажи. Во двете фабрики планираат да вработат за почеток вкупно 300 луѓе, а подоцна планираат сето тоа да се зголемува. Се уште немаат избрано во кое место ќе градат, така што следното доаѓање ќе им биде да ја одредат локацијата, но она што ни го кажаа е дека поради условите кои ги нуди Македонија имаат донесено веќе дефинитивна одлука да инвестираат токму во Република Македонија, и тоа сакаат да го направат што е можно побрзо, изјави премиерот Груевски.

Премиерот Груевски се осврна и на бизнис форумот во Адана.

-Денес во Адана имаше голем интерес и голем број на компании дојдоа и како во секоја ситуација после презентацијата голем број од нив бараат директни средби. Имаме денес десетина директни средби со други компании и неколку кажаа дека со сигурност ќе дојдат да инвестираат. Две во земјоделието, некои компании за изработка на пластика, некои од текстилната индустрија и други дејности. Постои голем интерес и не само интерес, туку и објави на одлуки за инвестирање, изјави премиерот Груевски.
http://www.makedonija24.mk/play/turska-kompanija-e-gradi-dve-fabriki-vo-makedonija
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Фабрика за мермер.... Кај има мермер во Македонија а што не е веќе искористен?
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Македончето од секаков аспект се продаде на Турците, со ова темпо за неколку години МКД ќе биде економска колонија на Турција, ова е уште еден доказ дека патриотчињата на Вмро-Дпмне не се вистински патриоти.. МКД треба да се пази од турски и руски инвестиции, тие имаат лоши намери за МКД и за Балканот..
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Македончето од секаков аспект се продаде на Турците, со ова темпо за неколку години МКД ќе биде економска колонија на Турција, ова е уште еден доказ дека патриотчињата на Вмро-Дпмне не се вистински патриоти.. МКД треба да се пази од турски и руски инвестиции, тие имаат лоши намери за МКД и за Балканот..
Важи.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
755
Поени од реакции
356
Видов дека некоја нова фабрика се гради во Бунарџик, некаде наспроти Кемет. Знае некој нешто за ова?
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
А при 100% Македонски дали некој купува некој турски производи.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Македончето од секаков аспект се продаде на Турците, со ова темпо за неколку години МКД ќе биде економска колонија на Турција, ова е уште еден доказ дека патриотчињата на Вмро-Дпмне не се вистински патриоти.. МКД треба да се пази од турски и руски инвестиции, тие имаат лоши намери за МКД и за Балканот..
За среќа, ја погодија работата со Окта, ем новите газди со супер намери ем дупло поефтино гориво, ем Миладиновци стана заштитена еколошка зона (y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom