Инвестициски БУМ во Македонија

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Бројкиве ми се ептен комунистички стил - националната авиокомпанија ја зголеми флотата за 100%.Сега имаме 2 авиони.
 
Член од
14 јули 2009
Мислења
24
Поени од реакции
22
Јасна слика за инвистицискиот бум од плати во Македонија

Државните функционери, директорите, дипломатите, стручњаците и научниците имаат највисоки плати, но само 1,4 проценти од вработените во земјава земаат плата повисока од 40 илјади денари. Порталб ја пренесува новата студија на статистиката посветена на пазарот на труд која покажува дека 22 отсто од вработените се со елементарни занимања, и токму во оваа категорија платите се меѓу најниските. Евитната работна сила е еден од аргументите на Владата со кои Македонија пред странските инвеститори ја промовира како атрактивна дестинација за инвестирање.



Повеќе од 100 000 вработени со плата од 200 евра…

Само 1,4% од вкупниот број на вработени имале месечна заработувачка повисока од 40 000 денари. Повеќе од 10% од вработените земале плата од пет до осум илјади денари. Ова го покажува најновото истражување на Заводот за статистика во кое се прави анализа на пазарот на работна сила во земјава. Најголем процент од вработените или скоро 18% земаат плата од 12 000 до 16 000 илјади денари. Еве колку од вработените какви плати заработувале:

-до 8 000 денари 10,3%

-до 10 000 денари 13,2%

-до 12 000 денари 16,1%

-до 16 000 денари 17,0%

-од 20 000 до 25 000 денари 23,8%

-до и повеќе од 40 000 денари 3,4%

Анализата на бројките покажува дека најголем дел од вработените лани, или повеќе од 109 илјади лица месечно живееле со плата од 162 до 200 евра. Ниските плати, односно евтината работна сила, според Владата е еден од клучните аргуменит со кои Македонија се промовира пред странските инвеститори. Оние што ќе отворат фабрики во бесцаринските зони се ослободени од ДДВ, но и од давачките на име плата. Така инвеститорите во период од 10 години се ослободени од данокот на добивка, но и од персоналниот данок за вработените.

„Еден од клучните аргументи на Владата за привлекување на странски инвестиции е евтината работна сила. Владата се фали дека Македонија според месечната заработувачка на работниците предничи во регионот и во Европа. Ние сме сведоци дека во дел од новите погони што ги отвораат странските инвеститори, особено во слободните економски зони, се даваат плати и по 200 евра месечно. И со овие плати јас би кажал дека тие работници се полувработени. Зборуваме за плати кои се даваат во слободните економски зони каде инвеститорите уживаат големи бенефиции во однос на домашните фирми, односно таму државата ги субвенционира придонесите за плата, а има и серија на даночни ослободувања.“ – објаснува за Порталб, еден од поранешните министри за финансии Џевдет Хајредини.

Ако платите се анализираат според професијата, односно занимањето, тогаш најдобро платени се функционерите, директорите, стручњаците и научниците. Така, од вкупниот број или 35 илјади членови на законодавни тела, функционери, директори, дипломати, скоро 10 700 месечно заработуваат од 20 илјади до повеќе од 40 илјади денари. Истата сума ја заработуваат повеќе од половина од научниците и стручњаците, односно скоро 50 илјади лица. Од друга страна, најголем дел од вработените со елементарни занимања, ракувачите со машини, техничарите, земаат плати пониски од 16 000 денари.

Неодамна отако во јавноста се отвори дебата за цената на трудот во странските компании, каде се даваат субвенционирани плата, Владата одби да ја коментира состојбата со образложение дека станува збор за приватни фирми.

„Македонија премногу се рекламира како земја со евина работна сила. Она што е важно е дека инвеститорите во слободните економски зони во одреден временски период не плаќаат придонеси и други давачки за платите на вработените, што значи дека државата на ваков начин не само што не може да очекува приливи, туку има и издашност за да ги покрие овие трошења. Наместо да подржува вакви модели на бенефеции, владините политики треба да одат во насаока на поддршка на синдикалните здружувања кои пак ќе се борат не за било каква плата, туку за повисока плата“ – оцени неодамна за „Пораталб“ професорот Здравко Савевски.

Администрацијата и натаму останува најпосакувана работа. Истражувањето на статистика покажува дека скоро 11 отсто од вработени се државни службеници, функционери и чиновници. Така, повеќе од 35 илјади луѓе се членови на законодавни извршни тела, државни функционери, раководители, дипломати и директори. Еве во кои сектори и занимања има најмногу вработени:

-Елементарни занимања 22,1%

-Работници во услуга и трговија 15,0%

-Стручњаци и научници 13,5%

-Неиндустрија 11,9%

-Директори, функционери, дипломати 5,2%

-Службеници 5,7%

Она на што упатува експертската јавност е големиот јаз меѓу најниските и највисоките плати. Така, во истражувањето „Богатството и сиромаштијата во Македонија“ пишува:

„Тоа што највисоката нето-плата е 245 пати повисока од просечната нето-плата фактички значи дека оној што зема просечна плата треба да работи 245 месеци или 20 години и 5 месеци за да прими само една месечна плата на најплатениот менаџер во 2011 година. Споредбата со минимална плата е уште пофрапантна. Минималната плата од 8.050 денари, воведена во повеќето сектори во 2012 година, е 631 пат пониска од највисоката плата во 2011 година. Со други зборови, работникот кој зема минимална плата треба да работи 631 месец, односно 52 години и 7 месеци за да заработи само една месечна плата на најплатениот менаџер во 2011 година!“ – констатираат кретаорите на истражувањето.

Според магазинот “Форбс“ плaтите во земјава се за 50% пониски од оние во источно европските земји.

извор: http://www.radiomof.mk
 
Член од
24 јули 2014
Мислења
118
Поени од реакции
64
Со душа го чекам Септември. Може и да ме нема на интернет од што ќе бидам растрчан по инвеститори.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Со душа го чекам Септември. Може и да ме нема на интернет од што ќе бидам растрчан по инвеститори.
...имаш некоја идеа.., или само онака рекреативно ќе трчаш;)
 
Член од
24 јули 2014
Мислења
118
Поени од реакции
64
Имам идеја за рекреативен центар поддржан со зимско рекреативна програма. Али отом-потом!
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
Сами ако не се опрајме никој нема да не опраи. Македонецот не купува еден домашен производ, а сакаме висока плата и јак стандард. Јасно ми е дека неможи македонија да произведува висока технологија или автомобили, ама кога некој ми купува третокласни странски прехрамбени производи (наменети за балкански - пазар) ми се повраќа.

Одбираме третокласна Милка и Дорина, а ги игонорираме Европа и Витаминка. Одбираме грчка фета и павлака, а ги игнорираме македонските. Одбираме грчка маслинка, а ги игнораме дојранските. За густи сокови обавезно словенски некои или она никаквион браво. Користиме некое сончогледово масло од Србија, исто и брашно. Па и српскана вода Јана повеќе се троши него Пелистерка. Сувемеснато првен гледаме да е српско. Стекот мора од супермаркет некој увоз од словенија итн итн итн итн, знаеш колку има вакви примери... Исто така, место да купуваме главно од локалната продавница, нашиве курнази палат кола да одат до супермаркет и да им го полнат џебот на газдите од тинекс и кам, за 2 - 3 денари заштеда.

Гледај сеа што прават Албанциве. Некогаш идат во Прилеп да пазарат и не купуваат јајца од македонски фарми, туку си бараат јајца од везе шари-албанска фарма, без разлика што цената им е 1 денар поскапа (по јајце, 32 денари за табла). Обавезно земаат брашно од жито полог, иако е катастрофа квалитет. Исто така одат во единствената турска аптека во прилеп. Да имавме бар малку совест како нив, подруго ќе беше.
Народов што живее тука не заслужува ништо подобро од оваа сегашна ''беда''.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
@Dr Zmigo



Ова гарант ќе донесе инвестиции кога правилно ќе се имплементира.:D
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
@Dr Zmigo



Ова гарант ќе донесе инвестиции кога правилно ќе се имплементира.:D
Последниот член ми се ‘‘допаѓа‘‘..... особено она: ‘‘нема да се применува граѓанското право!‘‘.... Јас мислам дека во зоните треба и да се укинат и прописите од областа на кривично право на РМ.... Да ти се плукнам во Уставниот! Што работат овие!? Каде го има тоа укинување на легислатива, на граѓански права на територија на една држава!? На едно место важи, на друго не важи!..... Во Гвантанамо!?
 
Последно уредено:

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Последниот член ми се ‘‘допаѓа‘‘..... особено она: ‘‘нема да се применува граѓанското право!‘‘.... Јас мислам дека во зоните треба и да се укинат и прописите од областа на кривично право на РМ.... Да ти се плукнам во Уставниот! Што работат овие!? Каде го има тоа укинување на легислатива, на граѓански права на територија на една држава!? На едно место важи, на друго не важи!..... Во Гвантанамо!?
..почнуваат веќе да ландараат , очигледно полека им секнуват идеи или мудата им се толку веќе стиснати во кредиторските менгемиња , што не можат ни уфффф да кажат кога од нив се бараат отстапки кои се граничат со лудост....и навлегуваат во зона на злосторничко здружување против народот и државата...:cool:
Кога спомна Гвантанамо , станува појасно кој им го диктирал законот. Најверојатно истите тие кои се изземени од јурисдикцијата на Меѓународниот суд за воени злосторници.....т.е. безгрешните свети лонгхорн крави....:):):)
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Ма Гвантанамо го употребив како метафора, инаку ми е гајле како ги третираат муџахедините таму дури и осомничените овдека (Ел Масри).... или пак за граѓанските права на затворениците кај другиот полицаец https://www.youtube.com/watch?v=u9Gt8gJYF5g ....
Овде се работи за однос кон државјани на РМ, лојални граѓани, кои можеби и ја бранеле државава додека оние што сега го изготвиле правилникот за економски зони правеле кругови у песок со задникот тоа време....
Во една држава во чиј устав те во преамбулата на истиот пишува дека МК е демократска, правна, социјална држава, на сите граѓани кои живеат.... бла бла, бла....
Еве од Уставот:
- Република Македонија да се конституира како суверена и самостојна и како граѓанска и демократска држава;
- да се воспостави и изгради владеењето на правото како темелен систем на власта;
- да се гарантираат човековите права, граѓанските слободи и националната рамноправност;
- да се обезбеди мир и сожителство на македонскиот народ со националностите кои живеат во Република Македонија и
- да се обезбеди социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот,
Република Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава.
По колку точки се крши уставот!? А бе од Водно се гледа!
Каде е СОЦИЈАЛНА? КАДЕ Е ДЕМОКРАТСКА, каде е ПРАВНА.... каде е ‘‘НА СИТЕ ГРАЃАНИ КОИ ЖИВЕАТ ВО НЕА‘‘!? АЛОООО КАДЕ Е УСТАВЕН!? Каде е ПРАВЕН? Каде НЕЗАВИСНИ експерти? ...... Ова на уставен во земјиве што имаат проблем со Ебола би паднало (Того, Буркина Фасо, Нигерија, Слоновача, Леоне.....)
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
..еее мој Dr Zmigo се тоа паѓа у вода кога дојдеш под штикла на сопствениците на Гвантанамо...
Инаку љубопитен сум дали зоната ќе биде пристапна , под исти услови и за финансиски бизниси на граѓани на Македонија....или навистина ќе си остане ексклузива само за светите лонгхорн крави...како што се другите индустриски зони низ кои за сега само се тркалаат оние топчестите грмушки ко у шпагети вестерните..???;)
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
А како не, тие сопствениците на Гвантанамо ни се кабает! Тие не тераат сосила. Ние несакаме, Грујо вика несакам, а они велат: мора!.... Ние Србија Хрватска Босна и уште пар егзоти од држави..... ние вечно (со векови) ќе кажат патриотите - следбениците на Паторот - обесправени од надворешните климатски влијанија (сироти ние).... а во суштина неспособни, да си изградиме држава како што ни налага Уставот, каква што сакаме...
Не им пречеше на Естонија на пример држава скоро двапати помалубројна од нас која 90-тите години се одвои од ‘‘демократијата‘‘ алтернатива на Гвантанамо, со девастирана економија, упропастена држава и БДП тогаш едвај 3,5 млд, за денес 20 г подоцна да прават скоро 24 милијарди (трипати повеќе од нас).... за разлика од нас нели кои се закопавме на 8 млд! Или на Чешката Република која од истата *демократија* излезе со бруто производ од 45 млд за да денес не и пречи ама баш ИЧ, Гвантанамо и такви влијанија и достигне цели 200 милијарди бруто домашен производ... Или на Романија од 25 милијарди во демократијата на Чаушеску, па со штознам со каква денес нехумана демократија и таа да се доближи на скоро 200 милијарди! Или Полска од 64 (90-тите) денес да се доближи до 500 млд бруто производ..... Тука нешто не штима!
Арно ама тие немаат зони на самракот, не се заснива нивниот развој овие две децении на зони каде што се урива нивниот Устав, зони во кои не важат граѓанските права! Зони во кои се понижува работникот.... човекот!

Инаку за тоа дали и за нашите граѓани инвеститори би важеле истите услови во овие зони, една прилика премиерот (ако добро слушнав) изјави во смисл нека повелат нашите инвеститори нека извадат од џеб 40-50-100 милиони евра нека инвестираат во зоните, нека запослат 300-500 луѓе.... и за нив ќе важат истите услови! Кој идиотизам!? Чист Орвел...Братот и животинска фарма - две у едно! Ко нес кафе! Кое повторно кршење на Уставот!? Правата ниту облигационите, ниту оние закони за деловното право - економија и бизнис, најмалку за човечките права на крајот на краиштата....кои не се здобиваат или губат во зависност на инвестицијата капиталот и парите и во зависност во која зона или територија на МК се наоѓаат. Меѓутоа, кај овие пацериве тоа дозволувањето кршење на човечките права и Уставот, се смета како бенефит за инвеститорите!
 

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Зарем уште се очекува бум од инвестиции кај нас???
Јас мислам дека има само бум од лопови и лажови.Бум од идиоти народни.Бум од регрутирани партиски војничиња.А и бум од иселеници моментално........Од овј БУМ има само бум од ништо...
За жал тоа е тоа.Криминалот е до максимално ниво.Мислам само политичарите се криминалци.И оние криминалци што ги има секоја држава кај нас веќе маме им ебаа ги испозатворија или пак ги регрутираа.Сега има само или си војник или си дезертер.(партиски)
Бум
 

Kajgana Shop

На врв Bottom