Инвестирање во мини хидроцентрала

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Не иде ова вака,не работат хидроцентралите 24 часа.
Другар барај друго нешто за инвестирање,големи фирми ги градат овие работи. Ко прво не верувам дека имаш милион евра а и си ептен лаик во областа. Струјата е строго регулирана со тарифи за откуп,не се тоа субвенции како земјоделието.
Не можеш,технички не е возможно :)
Зошто не би работеле 24 часа?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.766
Поени од реакции
17.482
Зошто не би работеле 24 часа?
Така функционира енергетскиот систем,хидроцентралите не работат кога побарувачката на струја е мала. Тоа и протекот на вода не е константен.
 
Член од
15 мај 2016
Мислења
71
Поени од реакции
42
Јас би бил многу задоволен доколку можам да изградам нешто што ке ми генерира 500 евра месечно (па и помалце).

Еве да речиме имаш 100 000 евра и можеш да купиш 2 стана во ск да ги издаваш, да се бркаш со кираџии и така натаму, тоа би ти генерирално валјда во просек некои 500 евра... Тоа е бизнис план по кој функционираат со години многу голем дел од бизнисмените, и тоа докажано функционира. Но јас не ја гледам идеата таму. Бројот на ново изградени станови расте од ден на ден, луѓето се селат секој ден... не гледам таму иднина.

Но кога би нашол иште еден или двајца исто мисленици како мене и заедно да направиме нешто што ќе генерира ~ 1000 месечно (500 од инвеститор) јас ќе сум повеќе од задоволен.

Можеби изгледа како наивно да пристапвам на темата, но мене ми е повеќе од јасно дека ќе има борба со технички изведби, инспекции, дефеци, документи и така натаму.
Јас не очекува дека се ќе биде розево... Спремен сум на предизвикот, и свесен сум за ризикот.

Почеток на патувањето ми е да најдам повеќе луѓе и подетални информации за целото ова.
Потоа следи една добра калкулација дали вреди
ако вреди одиме, ако не вреди сме потрошиле само време и енергија и некоја ситна сума на пари.

тоа е мојот пристап.

Морам да земам повеќе информации и мислења од различни луѓе, форумот е идеален за тоа. Можеби има нешто што не го гледам и што ја прави целата изведба невозможна, затоа во потрага сум по такви информации, сигурно не би се впуштил со трускање пари во празно...

Фала ви на сите што учествувате во дискусијата, и пак ќе кажам секој заинтересиран да биде дел од ова на било каков начин слободно нека ми пише приватна порака
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Така функционира енергетскиот систем,хидроцентралите не работат кога побарувачката на струја е мала. Тоа и протекот на вода не е константен.
Неговата замисла е река што ќе има константен проток, така ќе биде конфигурацијата на земјиштето да он само ќе и го сврти текот на реката

Ако најде нешто такво тогаш би имал 24 часа проток.
Околу побарувачката, не знам дали се врши откуп 24 часа....ако не се врши откуп 24 часа тогаш тоа ја усложнува уште толку работава :)
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.766
Поени од реакции
17.482
Неговата замисла е река што ќе има константен проток, така ќе биде конфигурацијата на земјиштето да он само ќе и го сврти текот на реката

Ако најде нешто такво тогаш би имал 24 часа проток.
Околу побарувачката, не знам дали се врши откуп 24 часа....ако не се врши откуп 24 часа тогаш тоа ја усложнува уште толку работава :)
Да ама ако има помал проток се намалува и добиената енергија. Поготово што овие се градат на помали реки. А за откупот,овие се микро(мала моќност) меѓутоа планот е 400 хидроцентрали да се изградат со вкупна моќност од 255 МВ така да некој периоди од денот оваа струја ќе биде вишок. Плус најголемиот трошок-поврзување со системот.
Затоа големи фирми ги праат овие,не им е проблем да чекаат 10-15 години за да им се исплатат.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Да ама ако има помал проток се намалува и добиената енергија. Поготово што овие се градат на помали реки. А за откупот,овие се микро(мала моќност) меѓутоа планот е 400 хидроцентрали да се изградат со вкупна моќност од 255 МВ така да некој периоди од денот оваа струја ќе биде вишок. Плус најголемиот трошок-поврзување со системот.
Затоа големи фирми ги праат овие,не им е проблем да чекаат 10-15 години за да им се исплатат.
Незнам околу поврзувањето во систем, ќе мора нивна опрема да се користи или?
Незнам како би одела таа синхронизација со системот, и колку се движи цената од прилика за 50 KW на пример. Ако ти е нешто познато околу таа работа.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Со 8000 евра може да има капацитет од 5 KW преку сила тоа е добивка од пола евро на саат. Десет саати дневно се 5 евра пута 250 дена у година е 1200 евра. Ова ако им продаваш струја на комшиите :)
Нема веќе субвенции,квотата за солар е исполнета.А со 7-8 К можеш бојлерот дома да си го загрееш само.
Вакво имам монтирано и без проблем функционираат три спрата+подрум а преку зима имам дополнување од евн од некои 1000-1500 денари месечна сметка но работам и на тој проблем.
Планирам ветерница во двор да ставам
 

Attachments

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Вакво имам монтирано и без проблем функционираат три спрата+подрум а преку зима имам дополнување од евн од некои 1000-1500 денари месечна сметка но работам и на тој проблем.
Планирам ветерница во двор да ставам
Па толку колку што реков, ова има 4,5 KW моќност.
За 10 год. ги враќаш парите ако целата таа струја што ја произведеш ја потрошиш.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
А бе не оди тоа така лесно, пари во вода а да работиш на мало нема, и да најдеш некоја рекичка ќе имаш некое село покрај неа, или некаде во планина ќе нема пат или милион други работи... само сонце му е мајката и тоа она со подвижни огледала ама па немаме такво сонце во македонија... второ да најдеш терен за ветерници... друго не ми иди на памет ама знам со мали езерца нема ништо да направиш ако одговараа така лесно и беа исплатливи мепсо сам ќе правеше а не пример чебрен и галичте е блокирана 20 години, козјак ја направија кинезите ама колку платија само тие си знаат...
 
G

Goldie

Гостин
Со 8000 евра може да има капацитет од 5 KW преку сила тоа е добивка од пола евро на саат. Десет саати дневно се 5 евра пута 250 дена у година е 1200 евра. Ова ако им продаваш струја на комшиите :)
Па и не е лоша заработувачката ако е таква математиката, за 6-7 години да ја вратиш инвестицијата и после се што ќе земеш да ти е плус. Со инвестиција од 100.000е ќе завршиш добра работа
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.766
Поени од реакции
17.482
Незнам околу поврзувањето во систем, ќе мора нивна опрема да се користи или?
Незнам како би одела таа синхронизација со системот, и колку се движи цената од прилика за 50 KW на пример. Ако ти е нешто познато околу таа работа.
Ако е инвестицијата твоја ти ќе си изградиш приклучок до мрежата,за 50 Квати не верувам да се исплати да градиш (не дека ќе ти даде владата воопшто).
Вакви инвестиции праат крупни зверки како Кочо Анѓушев,Евн,Елем и тн.

Точни бројки неам,бидејки многу фактори се земаат во предвид и голем број на инжинери ги прават тие пресметки а не еден сеуште не дипломиран како мене:icon_lol:. Она што го знам е дека без повластени тарифи никој не гради бидејки не се исплати,струјата што од обновливи извори е поскапа од конвенционалната(*2 за хидро и ветер,*4 за сонце). Единствен начин кога се исплати е ако си одалечен од мрежата и трошоците за да поврзат се преголеми.[DOUBLEPOST=1463331151][/DOUBLEPOST]
Па и не е лоша заработувачката ако е таква математиката, за 6-7 години да ја вратиш инвестицијата и после се што ќе земеш да ти е плус. Со инвестиција од 100.000е ќе завршиш добра работа
Не можеш така да продаваш,ако дозволат на секој да продава струја во мрежата без регулација отиде цел систем.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
http://www.libertas.mk/harmonizatsija-na-energetskiot-pazar-so-standardite-na-eu/....
Хармонизација на енергетскиот пазар со стандардите на ЕУ
Еве од Анѓушев нешто....
Надолу во текстот конкретно за темата (иако овде се зборува за микро централа):
А како влијаеше градењето на малите хидроелектрани пошироко на економијата во Македонија? Во Македонија се пуштени во работа 58 мали хидроелектрани. Многу веројатно со проектите кои се во изградба на крајот од инвестицискиот циклус ќе бидат околу 100 електрани. Сите тие заедно ќе имаат повеќе од 120 MW инсталирана снага. Значи исто колку Св. Петка и Козјак заедно и ќе произведуваат количество на електрична енергија како овие две електрани заедно. Овие две големи електрани се најголемите инвестициски потфати во енергетиката во Македонија во последните 15 години и коштаат заедно околу 400 милиони евра. Изградени се со странски кредити каде државата се појавува како гарант. Ги градеа странски фирми кои главно го земаа бенефитот додека македонските фирми беа само подизведувачи и конечно производната цена на електричната енергија од овие електрани е 120-130 евра/MWh. За разлика од нив, малите електрани ги градат македонски фирми. Сега и опремата се произведува во Македонија (Фероинвест и БРАКО), државата не презема никакви финансиски гаранции, напротив има земено повеќе од 20 милиони евра за концесиски надокнади што ги имаат уплатено концесионерите. И конечно цената на електричната енергија просечно кошта цца 75 евра/MWh.
 

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Jas ne sum coek sto saka da dava potkupi, inace toa e eden od nacinite celata rabota da se sredi.
I najverojatno najcesto koristeniot nacin za da se dobijat tie dozvoli, so site loge so nekakvi iskustva vo vakvi nesta so koi zboruvav mi rekoja
'oti ne si platis kaj so treba, taka najbro ke sredis...'


Ne sakam da dadam potkup. Zatoa i ne sum siguren deka e vozmozno da uspej ovaa celata idea vo mk. Znam deka momentalno se desavaat teski turbulencii na tema politika, i da se nadevame daka ke se sredat nekoi raboti...

.

Sekako dokolku ima takov sto saka da zdruzime investicija i zaedno da investirame kesh vo vakvo nesto jas sum otvoren za sorabotka...



Momentalno se naogam vo sk, mozime da izlezime na kafe/pivo so sekoj koj saka da se vkluci vo ovaa moja idea.

Slobodno pisete mi privatna poraka za da razmenime broevi/email i slicno
Ako успееш да го изработиш ова без поткуп и било каков рекет во нашата ни мила Македонија и јас инвестирам без размислување

Ама кај нас од секогаш ситуацијата е
30% инвестиција
40% мито и корупција за сите дозволи на ова ниво
и останатите 30 % се рекет
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.978
Поени од реакции
14.748
За жал бизнисот со мали електрани во моментов е грабнат во многу моќни раце, и тешко некој од страна да успее да влезе тука.
Имам пријател повратник од Франција кој сакаше да инвестира во овој бизнис, но никако не успеа да истурка со дозволите.

Од една страна ЕВН инвестира во неколку мали хидро електрани, ЕЛЕМ е тука исто, а за приватниот дел е оставен подоходниот дел со побогати реки и релативно малку инвестици можи да се стигни до големи пари.

``Тој`` бизнисменот влегува со јавно рпиватно партнерство со јавни претпријатија и прави ршум во целата држава. Само во западниот дел од Македонија гради или изгради неколку вакви електрани:2 во Големо Илино, една над селото од БЦ-Слатино према планината, 3 кај село Бачишта кај Зајас, 1 во Белица покрај веќе постојната.....така да обичните смртници тешко да се најди простор.

Не би сакал да звучам обесхрабрувачки, но мислам дека големите риби тешко ќе дозволат малите да влезат во овој бизнис.

Едно да се знае-со Законот за води на РМ, водите се државна сопственост без обзир каде се наоѓаат
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.230
ЕЛЕМ е тука исто

``Тој`` бизнисменот влегува со јавно рпиватно партнерство со јавни претпријатија и прави ршум во целата држава. Само во западниот дел од Македонија гради или изгради неколку вакви електрани:2 во Големо Илино, една над селото од БЦ-Слатино према планината, 3 кај село Бачишта кај Зајас, 1 во Белица покрај веќе постојната.....така да обичните смртници тешко да се најди простор.
Се што си напишал ти е апсолутно на место. Само ме буни, од каде ЕЛЕМ во приказната до МХЕЦ? Освен ветерниот парк што е сработен на место, тие и немаат некои големи активности околу тоа што им е главната дејност (електрани). Се занимаваат со угостителство, жичари, рајски мајмуни и слично.

Инаку еве ја листата на МХЕЦи од бизнисменот:
http://www.feroinvest.com.mk/businesses_mhe.html
И еве ја листата со сите одобрени МХЕЦи:
http://www.erc.org.mk/pages.aspx?id=57
Дури и тие што не се од професорот бизнисмен, се правени по групи, односно позадината е некој поголем инвеститор.

Сепак еве, да не сме крајни песимисти, еве што има огласено од РКЕ околу формално правниот аспект на енергетиката:
http://www.erc.org.mk/pages.aspx?id=8
http://www.erc.org.mk/pages.aspx?id=53
 

Kajgana Shop

На врв Bottom