Илуминати

B

Bafra

Гостин
Но, ако тебе ти се помили теориите на заговори и најмногу се радуваш на текстви кои негативно зборуваат за Илуминати и други тајни организации - нека ти биде.
Ти не си истражувач тогаш, а со такви не се споделува никакво знаење....
Да де како што кажав претходно, ти одредуваш кој е истражувач и која работа е вистинската :cuc:. Тоа што кажав- само вашето е вистинското се друго е лага.

Видеата се почетна точка за некој што почнува сега да се интересира, да не го заведетте лесно со хиероглифите, шифрите, ветувања итн итн сам да си одбере патот кој ќе го следи.Кога имаш повеќе информации полесно расудуваш
Јас набројав луѓе чии откритија и знаења се од непроценлива важност за цивилизацијата и несебично ги споделиле . а ти сатани, стари еони, ... ако го исклучиш човекот сатаната нема да постои, само во умот на човекот постои сатаната. Се друго е подредено на законите на универзумот.

Што имаат Илуминатите конкретно и корисно да споделат освен да живеат како паразити,да шират неморал, да воспостават систем кој ќе им служи за нивните потреби .. во смисла ние знаеме многу ама не ви кажуваме ќе го злоупотребите тоа.Пример ќе го злоупотребите знаењето за моќта и важноста на водата, затоа пијте мртва вода.

И кој е тој некој друг толку помоќен од нив (кои нели многу знаат а знаењето е моќ) што ги прави непријатели :cautious:

Теорија е нешто што не е докажано, а многу работи се докажани а и јавни :P
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Што имаат Илуминатите конкретно и корисно да споделат освен да живеат како паразити,да шират неморал, да воспостават систем кој ќе им служи за нивните потреби .. во смисла ние знаеме многу ама не ви кажуваме ќе го злоупотребите тоа.Пример ќе го злоупотребите знаењето за моќта и важноста на водата, затоа пијте мртва вода.

И кој е тој некој друг толку помоќен од нив (кои нели многу знаат а знаењето е моќ) што ги прави непријатели :cautious:

Теорија е нешто што не е докажано, а многу работи се докажани а и јавни :P
Илуминатите не постојат со векови! Како може да живеат како паразити?! Наназад на темава неколку пати постиравме што биле целите и залагањата на оваа организација! Каде виде паразитски стремеж таму?! Како може да дозволиш клипчиња на јутјуб да ти го исперат мозокот?! Ај прочитај ја страна 48 на темава: Link
Па дојди и кажи ми пак дека денешните олигарси, политичари и банкари имале врска со баварските Илуминати.
 
B

Bafra

Гостин
Илуминатите не постојат со векови! Како може да живеат како паразити?!
Па дојди и кажи ми пак дека денешните олигарси, политичари и банкари имале врска со баварските Илуминати.
1. Од каде знаеш дека само јутуб гледам и дека немам прочитано преку 10.000 страници од научници,историчари, форуми нормално и некое видео ...
Кој и со што ти гарантира дека твојот мозок не е испран ...

2. Под илуминати луѓето имаат претстава дека се работи за затворена група која сака да контролира. Јас се сложувам дека постои некоја група која "ебе наши кокошки па не носат јајца " .Дали се Илуминатите,Масоните,Хазарите или Коски и Черепи ми е гајле, сите ги ставам во ист кош, можевме разговорот да го правиме и кај масоните ист ќе ми беше муабетот.
Немам намера да се борам против нив, битно е да знам што сакам јас и да си работам на тоа. А универзумот со сите сили ќе ми го овозможи тоа :cool:

3. Олигарси , Политичари од кариера и банкари (посебно ГолдманСакс) тоа се би ставил на изолоран остров па нека се јадат меѓусебе. Сепак Некој ги штити тие групи :pistoldz:

Имаш политичари и банкари кои имаат искрени намери но кога населението е лесно подмитливо,без морал,принципи и интегритет ова е резултатот.

Пак ќе прашам тогаш кој ги уништил Илуминатите кои имале толку многу знаења а неможеле да створат нормално општество.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
1. Од каде знаеш дека само јутуб гледам и дека немам прочитано преку 10.000 страници од научници,историчари, форуми нормално и некое видео ...
Кој и со што ти гарантира дека твојот мозок не е испран ...
Знам по тоа што го пишуваш овде, да си прочитал ти и 1000 страници само а не 10 000 подруг муабет ќе правеше, вака ептен е очигледно дека јутјуб ти е главниот извор на информирање.
2. Под илуминати луѓето имаат претстава дека се работи за затворена група која сака да контролира. Јас се сложувам дека постои некоја група која "ебе наши кокошки па не носат јајца " .Дали се Илуминатите,Масоните,Хазарите или Коски и Черепи ми е гајле, сите ги ставам во ист кош, можевме разговорот да го правиме и кај масоните ист ќе ми беше муабетот.
Епа овде е проблемот! Замисли сега африкански форум каде некој те става тебе во ист кош со французите, холанѓаните, англичаните и тврди дека си ти причина за неговата мизерија бидејќи си му ја колонизирал земјата. Се само поради тоа што си белец и си од европа.
Пак ќе прашам тогаш кој ги уништил Илуминатите кои имале толку многу знаења а неможеле да створат нормално општество.
Католичката црква со помош на баварската влада! Бидејќи Илуминатите се залагале за секуларно општество, за укинување на цензурата и за слобода на мислата! Практично, се залагале за сега ти да можеш слободно да пишуваш без да се плашиш дека утре жив ќе те спали некој поради тоа!
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Кои се тоа „наши“ или „ваши“ кои ги споменуваш?
Христијанин си ти па вака лошо гледаш на тајните организации и постојано за тебе тие шират неморал?

Кој нешто прозборе за вистина, лага итн итн кога само реков да се истражува подлабоко, далеку од теории на заговори и константното мешање на работите и сешто ставање во исти кош и тоа со слушање и гледање видео клипови?

Ништо ново не ми кажа од она јас што кажав дека правиш:

„Не може со видеа да се анализира нешто толку комплексно и обвиткано со симболи како Илуминати или било која друга организација и учење кои содржат хиероглифи...

Но, ако тебе ти се помили теориите на заговори и најмногу се радуваш на текстви кои негативно зборуваат за Илуминати и други тајни организации - нека ти биде.
Ти не си истражувач тогаш, а со такви не се споделува никакво знаење....“

По default ти сешто ставаш во кошот „Илуминати, масони, тајни организации, банки, влади, корпорации“ и си тераш сказната...

Обожаваш сите тие организации да ги сметаш за зло кое шири неморал, иако не знам што за тебе е неморал, а што е морално денес...

Не знам што мислиш за муслиманските и христијански организации кои всушност владеа до скоро со светот и на кои им смета напредок на било кое ниво...

Но што е тука е :)

P.S. Тоа што сешто ставаш во еден исти кош, покажува всушност дека не си истражувач туку само ја задоволуваш лудо својата потреба работи до кои немаш пристап, и по се изгледа те плашат - да создаваш негативен мит за нив, наоѓајќи насекаде оправдувања за таа негативност.
Продолжи, ништо страшно или кобно за оние од другата страна.
Бесцелно е да се расправа со тебе на овие теми понатаму.
 
Последно уредено:
B

Bafra

Гостин
Според вас: Сегашните Илуминати немаат врска со претходните кои биле истребени, овие само си го присвоииле името. Ок можно е, ама штом ги нема значи ни знаењата не им биле многу вредни :D и шшто толку ги браните и фалите
За претходните нешто конкретно, опипливо, вистинито што направиле или тајна е тоа да не се злоупотреби.

НЕ се занимавајте со мене дали сум глуп или неписмен, времето ќе ми потврди дали сум на прав пат, НЕ ве прашав да ме оценувате ниту што мислите за мене.

Многу членови постирале разни информации дел во право дел не но сепак некакви факти а Вие досега само дека никој не е во право освен Вие и толку.
Значи вашата истребена група Илуминати што му дала на човештво: земјата дека е тркалезна, дека се врти околу сонцето, согорување,струја, интернет ... знаење во врска со правилата на природата/универзумот ... јас презентирав неколку исклучителни луѓе кои не биле Илуминати а ние од нив имаме огромна корист.

Уште па дека сме имале слобода да се изразуваме :eek:
Иди во било која земја кажи јавно нешто против власта, религијата, посебно некој факт дека се корумпирани па после кажи ми дали имаш Право или Привилегија која може во било кој момент да ти биде одземена и бел ден нема да видиш.. Ние сме сеуште варвари, само со модерни средства за убивање.

Хепта истражувачот со дозвола до Ватиканските и Циа архиви :cuc: нема потреба да расправаш, штом само магла нудиш. Исти сте како поголемиот дел од религиозните проповедници само другата страна на паричката. И тие и вие кажувате знаењето е опасно.Слушај што ти зборам, не гледај што правам :D

Ipsissimus не си слушнал дека Филип и Аце Северна Африка,Азија маме ебавале. Пример шЌиптарите се племе донесени од освоените територии и сега ред е тие нас :sekc:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
јас презентирав неколку исклучителни луѓе кои не биле Илуминати а ние од нив имаме огромна корист.
Варвари бидејќи секој ја има „моќта на гласот“!

Затоа вакви влади, несопсобни луѓе како поглавари на учења кои треба да донесат мир, а не разединување...
Тоа што имаш корумпирани влади, религиозни фанатици желни за моќ и превласт - не е дело на Илуминатите ниту масони ниту било кои „тајни организации“.
Тоа е дело е на други, многу повидливи и поприсутни луѓе кои не прифаќаат различност и кои ако не е по нивни терк, се е неморалност!!!
Оние кои го боцкаат братот против брат, синот против татко... ќе ти светне кои се, знам јас, паметен момак си ти.

Да знаеш било што за Илуминатите ќе знаеш дека тие биле строго против шеријат, христијанско уредување на држави со поставување неспособни кралеви да владеат со неуките, биле против елита на религиозни фанатици кои ќе зборуваат што е, а што не божја волја за сите, но секогаш биле за тоа секој да може да учи и напредува согласно својата природа и способност!
Тие барале и се бореле за просветлување дури и ете на оној обичен орач во нивите! Бидејќи и тој би можело да биде крал, од каде знаеме?

Денес ти ги обвинуваш Илуминатите што имаш килава влада? Ги обвинуваш Илуминатите што за било што мораш мито да поднесеш? НЕ!
Не, не се криви Илуминатите - криви се гласачите, крив е обичниот човек, профаниот кој што брза од изгрејсонце до зајдисонце, па и во глуво доба да зграби повеќе, да изоди патеки на најмал отпор, не грижејќи се за цената што се плаќа. Реков претходно: нивното срце е лесно за корумпирање!

Просечниот гласач е морон!

Ве научија дека други се криви, тајните организации и не знам уште кој... ок, нека бидат Илуминатите криви, ова ми е веќе детско расправање со тебе...
Постои сила која може да ги сопре сите работи што тебе ти сметаат - но овој еон не бара крв повеќе.
Потребно е менување одвнатре - не однадвор.
Потребно е спасување од внатре - не надворешен спасител!

Дознај прво зошто и кога настанаа овие толку омразени „тајни организации“, зошто заминаа во „илегала“ и сето знаење го задскрија во „бесмислени хиероглифи кои не значат ништо!“ ;)

П.С. Секој може да каже за себе си дека е или не во Илуминатите.
И јас би кажал дека не сум во О.Т.О. на пример, ако некој ме заморува и знам дека може да ми наштети во животот непотребно, заради негови хирови и налудничави идеи - и тука нема ништо чудно!
Не верувај ако некој ти каже дека е ова или она, ниту пак дека не е :)
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Многу членови постирале разни информации дел во право дел не но сепак некакви факти а Вие досега само дека никој не е во право освен Вие и толку.
Токму спротивното е случајот. Од наша страна имаш аргументи и факти, посочени книги, документи, литература и слично. Ти единствено што понуди беа клипчиња од јутјуб.
На темава од наша страна беа објавени автентичните ритуали, заклетви и заложби на Илуминатите! На 48-ма страна имаш постиран разговор со иницијант што за прв пат ги превел автентичните ритуали од германски во книгата:
The Secret School of Wisdom - The Authentic Rituals and Doctrines of the Illuminati

Вие сте чудна сорта..... Ги затворате очите и ушите пред аргументите и како расипана плоча одново и одново верглате едно исто..... Нешта кои веќе биле дискутирани, објаснети, поминати.
 
B

Bafra

Гостин
Хептаграм XI па тоа прашувам на кој начин тие Илуминати му помогнале на обичниот човек да сфати некои работи, на орачот да му помогнат да добие поглеми приноси, да ја подигнат свеста кај човекот а не да останеме варвари. Кој изум го споделиле, кое знаење кога 90% сме сеуште на исто ниво со свест како и пред 300 години.

На пример неколку научни достигнувања на Walter Russell други си ги присвоиле божем тие биле првите на кои им "светнало" а тој продолжил со споделување на знаењата и откритијата. Wilhelm Reich постигнал и во науката и во психологијата па пак Фројд е главна фаца.

Оваа кратка содржина од 10 страни во сите школи треба да се изучува
http://www.wilhelmreichtrust.org/listen_little_man.pdf
*НЕ е за тебе Хепта бидејќи нема Secret во насловот

Ipsissimus заборавив ти брат на Хепта си, дојде од друга планета,бидејќи ние сме чудна сорта а Вие со по 2 г'зиња изгледа сте :D
"На темава од наша страна беа објавени автентичните ритуали,заклетви и заложби на Илуминатите! "

Тоа и ја го кажувам освен ритуали,заклетви,ветувања и дека некој ги мразел друго не прочитав за Илуминатите. Книгата што си ми ја понудил во самиот наслов - SECRET (y) . Сите работи во неа сигурно ги има и во Веда записите,Будистите,Taoистите и разни други групи и просветлени индивидуи. Само кај вас е така спакувано,обвиткано, напишано, што само изгледа тие со 2 чмара можат суштината да ја сфатат.

И да во право сте нема крај бидејќи од ваш агол гледате 6ка а јас 9ка, само што ја не кажувам дека си глуп,неписмен и со испран мозок.
Има една:
Поклонот кој не го примаш,тој што ти го дава си го зема назад со себе
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Хептаграм XI па тоа прашувам на кој начин тие Илуминати му помогнале на обичниот човек да сфати некои работи, на орачот да му помогнат да добие поглеми приноси, да ја подигнат свеста кај човекот а не да останеме варвари. Кој изум го споделиле, кое знаење кога 90% сме сеуште на исто ниво со свест како и пред 300 години.
Промената на свеста рековме дека не е надворешна работа, туку внатрешна.
Немој со твоите христијански сказни за надворешен спасител кој што треба својата крв да ја пролее за да те спаси тебе! Никој нема да го направи тоа денес за тебе...
Свеста се менува од внатре, не од надвор!
И во книгата што ни ја понуди го пишува истото, но ниту ти не сакаш да се промениш и ослободиш и да ја смениш свеста, само читаш и зборуваш... и нормално, Илуминатите се криви, тие фиктивни луѓе кои не се меѓу нас, туку таму некаде, на Олимп и владеат со светот со неморал и зло! :)
Ако Илуминатите шират неморал, тогаш и Wilhelm Reich шири неморал.
Тој неморал го измислија христијаните (а ти го прифаќаш од нив без грам размислување) за да не дозволат сексуално ослободување на индивидуата!
Знаеме денес сексуалната слобода што значи... барем некој знае, за разлика од пред 100 години кога не смееше човек ниту отворено да зборува за сексот, не пак нешто друго.

Ќе бидете уште 1000 години така за жал, ќе гледаме луѓе кои не знаат ништо, не можат ништо, живеат за ништо освен „да им се продолжи крвта“... не може да помогнеш некому ако не побара помош, не можеш насила да промениш некој - така се оди против волјата на другиот... и го кршиш законот кој што се трудиш да го воспоставиш.
Самиот поединец мора да се промени, да не сака да биде варварин, да истражува...

На пример: денес имаш луѓе кои и покрај интернетот (кој што некој дозволи да биде достапен за нас), огромниот дијапазон на најразлични информации кои може да се истражуваат, категоризираат и од нив гради систем - но тие ете од кој знае кои „демонски сили“, сеуште веруваат на Сител и на весниците што пишува во нив без да се заморуваат многу!
Илуминатите се криви за тоа?

Ајде, кажи ми ти како ќе просвелтиш таков човек да не е варварин кога тој сака само полесно изнаоѓајќи кратки патеки до ова или она (како водата, секогаш да бара полесен пат со најмал отпор)?

Реков претходно: со тие „проклети“ Илуминати се реактивира процесот на просветлување дури и на обичниот селанец (тоа што на пример Македонија каснеше во тоа време и што „најучен“ беше попот во селото, не се Илуминатите криви).

Ти постојано ќе гледаш деветка, а јас веќе гледам XV во муабетов... :)

P.S. Reich ништо поразлично не зборувал од Кроули и многу други пред него. Но малкумина сакаат промени, заспани се во нивниот daydream со отворени очи.

Сигурен си дека Reich не бил инициран некаде според она што го зборува? ;)
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Ipsissimus заборавив ти брат на Хепта си, дојде од друга планета,бидејќи ние сме чудна сорта а Вие со по 2 г'зиња изгледа сте :D
"На темава од наша страна беа објавени автентичните ритуали,заклетви и заложби на Илуминатите! "

Тоа и ја го кажувам освен ритуали,заклетви,ветувања и дека некој ги мразел друго не прочитав за Илуминатите. Книгата што си ми ја понудил во самиот наслов - SECRET (y) . Сите работи во неа сигурно ги има и во Веда записите,Будистите,Taoистите и разни други групи и просветлени индивидуи. Само кај вас е така спакувано,обвиткано, напишано, што само изгледа тие со 2 чмара можат суштината да ја сфатат.

И да во право сте нема крај бидејќи од ваш агол гледате 6ка а јас 9ка, само што ја не кажувам дека си глуп,неписмен и со испран мозок.
Има една:
Поклонот кој не го примаш,тој што ти го дава си го зема назад со себе
И за ова има наназад во темава - зошто морало да биде тајна, имам објаснувано, бев прашан зошто сме морале да бидеме ,,трето одделение" и да имаме ,,тајни", но вие после три - четири страни почнувате одново....затоа реков дека сте чудна сорта. Не се трудите да побарате, разберете.... Дури ни на една иста тема каде е веќе дискутирано.
Инаку дури и Исус вели:

Матеј 7:
6. Не давајте им го на пците тоа што е свето; не фрлајте бисери пред свињи, зашто тие ќе ги изгазат, а пците, пак, и врз вас ќе се нафрлат!

Ако некогаш ја прочиташ книгата што ја постирав, ќе видиш зошто се тајните и што се всушност. Или ако се вратиш назад во темава и видиш што имам одговорено на прашањето зошто сме биле ,,трето" (одделение).
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.960
Поени од реакции
17.758
Kanye West на негов концерт јавно проговорил за поврзнаоста на Илуминатите со музичката индустрија.Цел час зборувал за тоа а и во говорот ги зпомнал Дрејк Бијонсе Џај З и Леброн Џејмс.

Исто кажал и дека му Доналд бил вистински избор за Америка им порачал на афро-американците да престанат со расизмот и омразата кон белците бидејќи "тие" го сакале тоа за да имало немири кај народот во Америка.
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.980
Поени од реакции
14.762
10 мрачни тајни за фамилијата Ротчајлд кои тие не би сакале да ги знаете
Инцест, сатанизам, криминал, моќ, се едни од грозоморните чинови кои им се препишуваат на фамилијата Ротчајлд. Според многу луѓе тие владеат со светот и се вклучени скоро во секоја теорија на заговор. Мрачните тајни кои го опишуваат семејството Ротчајлд не изненадуваат, но ја смрзнуваат крвта во телото.

Моментално најпрепознатливите луѓе се од сферата на шоу бизнисот, банкарството и политиката. Ако ги земеме последните две тогаш првата асоцијација паѓа на највлијателното семејство во светот, Ротчајлд. Основните работи што ги знаеме за нив е дека се старо европско Еврејско семејство и имаат незамислива количина на богатство.

10. Инцестот во Ротчајлд фамилијата


Затоа што не сакале нивното богатство да заврши во рацете на странец нивниот предок Амшел Ротчајлд одлучил доколку сакаат да си го земат своето наследство членовите од семејството Ротчајлд треба да стапат во брак меѓусебно. Оваа негова “идеја” за инцест е прифатена од семејството.

9. Гладни за моќ


Парите се причина за најгрозоморните дела во човечката историја. Амшел рекол “Дајте ми моќ над економијата на земјата и не ми е гајле кој ги спроведува законите”. Тоа и се случило, Ротчајлд се ставале над законот, министрите, над кралевите. Нивната моќ врз светот е дури импресивна.

8. Тие ја диктираат цената на златото


Бизнисот со злато започнал во 1919 година, а наводно завршил во 2004. Се смета дека Ротчајлд лажно излегле од овој бизнис со цел да ја избегнат медиумската прашина која се крева зад нив, за формирање на цената на златото.

7. Го контролираат системот за Федерални Резерви


Ротчајлд заедно со Рокфелер поседуваат голем број на банки низ светот и затоа се смета дека имаат огромно влијание во одлучувањето за Федералните Резерви на САД.

6. Тие се сатанисти


Ова е приказна која ќе се зборува до крајот на светот. Многу сведци тврдат дека фамилијата поставува и посебно место на масата за да може ѓаволот да вечера со нив. Исто така многу членови од семејството го користат печатот на Соломон како официјален печат за документи, кој тогаш не бил познат како Еврејски знак.

5. Имаат врски со тајните друштва


Тие од секогаш биле заинтеренсирани за тајните друштва. Уште по завршување на првата светска војна, при потпишување на еден мировен договор како еден од условите за потпишување било и барањето на сопственост над Баварските Илуминати кои се основани во 1776 година.

4. Финансирале повеќе големи војни


Ги имаат финансирано скоро сите војни во последните 200 години. Поради оваа нивната моќ продолжува да расте. Некои теоретичари велат дека тие ги финансираат и војните на Блискиот Исток.

3. Одржуваат чудни забави


Фотографии од 1972 најмногу ги поврзуваат со Илуминати. Поканите биле напишани наопаку, така што можеле да се прочитаат само со помош на огледало, носеле костуми со животински глави, маски со повеќе лица и уште многу работи поради кои нивните забави личеле на сцена од хорор филм.

2. Затајуваат околу 650 милијарди долари


Посебно можеби не делуваат како најбогатите луѓе на светот, но како семејство тежат повеќе од 1 трилион долари. Тие се светскиот финансиски лидер и со причина не се наоѓаат на листата на Форбс,затоа што не сакаат да се знае нивното вистинско влијание.

1. Нејтан Ротчајлд со измама успеал да ги поседува финансиите на Англија


По битката кај Ватерло Нејтан раширил збор дека битката не е голема загуба и започнал да ги продава обврзниците на британската влада. Веднаш по него сите други започнале да го прават истото. Откако цената на обврзниците паднала на скоро ништо, Ротчајлд ги откупил сите и се стекнал со неверојатна моќ
http://www.motika.com.mk/10-mrachni-tajni-za-familijata-rotchajld-koi-tie-ne-bi-sakale-da-gi-znaete/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom