Треба да правиме разлика меѓу носење на килт и носење на виолетов фустан со флорален принт на него (придружен со кило шминка на фаца). Ако тоа е според тебе, "родова експресија", тогаш да, ги прави помалку мажи, повеќе нешто друго. Трансвеститите (кога не се влезени во елемент), можеби не се разликуваат од останатите мажи, но тоа не значи дека не се различни. Бидејќи повеќето мажи не се такви. Родовите улоги настанале според однесувањето на мнозинството. Еве, и да ја ставиме на страна сексуалната ориентација, пак хомосексуалците и лезбејките во голем дел од своето однесување пак паѓаат нагло во етаблираните родови улоги. Нормално, не сите, но повеќето. Тоа што на ТВ гледаме повеќе феминизирани хомосексуалци или повеќе машкоданести лезбејки е медиумски потег, кој не ја отсликува пошироката популација која сепак влегува во традиционалните очекувања.
"Родова експресија" на начин на кој ти ја презентираш е Пандорина Кутија која не смее да се отвара без критичка полемика. Инаку производот е она што Волкот ти го спомна пред некој пост. Не дека се сложувам со него за се (како и за провокацијата со тоа што не ти се обраќа во родот со кој се идентификуваш, најмногу затоа што он е пропонент на бинарниот модел, а ти како трансмаж сепак влегуваш во тој бинарен модел, така да зошто прави така само он си знае), ама за добар дел од работите кои ги има презентирано на форумов како ставови се сложувам.
Еве ти пример за родова експресија на начинот на кој што ти ја претстави:
Дали сметаш дека ова е сосема нормално? Прашањето не е реторичко, ќе чекам одговор.
Станува збор за маж од Канада, кој го напушта своето семејство од жена и 7 деца за да живее како транс-жена. Всушност, транс-девојче ... затоа што е транс-возрасно лице (?) и се идектификува дека има 6 години. "Посвоен" е од страна на постар пар пријатели и живее со нив како нивно дете, заедно со нивните деца и внуци. Со кои шт си игра во слободно време, кога не работи како расчистувач на снег. А овој случај доби зелено светло од психијартиската организација во Канада. Кога Волкот збори дека SJWs и разно разни други култууролошки марксисти не се напикани сам во академските кругови него и во професионалните веќе, на ова мисли. Во нормална држава ова нема да пројде. Транс-лице, за да биде легитимно пред закон, мора да задоволи одредени критеируми. Не знам како оцениле дека човеков наместо во санаториум, припаѓа во семејство со мали деца и дека тотално е нормално што овој филм го тера, но докажува дека Канада е се помалку место за нормални луѓе. Колку и малку да значи поимот "нормално" во денешно време.
Да, секој може да се изразува онака како што сака, ама тоа не значи дека сите останати луѓе треба тоа да го прифатат без потсмев, без критика, без отпор, едногласно и ултиматумски. Најмногу заради тоа што ти не живееш во Америка или Канада, живееш во Македонија. Уште владеат закоравени ставови и дури и кога истите би ги немало, пак нема да биде некоја мазна транзиција кон такво некое ултра-либерално лево општество, затоа што човекот во суштина секогаш е скептик кон различното, и за аклиматизација е потребно време.
Не можеш да сервираш готови агенди на некоја земја која да вчера не знаела што е геј, а за транс-лица тек денес дознава. Што точно очекуваш да се случи? Да се фатиме сите за рачиња и да пееме кумбаја? Имаш мнозинско религиозно население кое не е многу заинтересирано за тоа како на запад се живее затоа што имаат лошо искуство со западот, како историски, така и во денешно време. Мислам дека нема потреба да ти лепам примери, живееш во регионов, знаеш што се има случувано. Освен тоа и гледаат како христијанското население е третирано таму, и не сакаат да станат дел од таквиот светски пример. Играат на картата на превентивна офанзива.
Нормално дека како хомосексуалец не ми е сеедно за ситуацијата, ама
е тоа што е, и трошење на време, енергија и нерви на активизам за мене е трошење на потенцијалот кој го имаат сите тие лица да бидат нешто повеќе во животот наместо борци за човекови права (во случајов, геј/транс права) затоа што во вакви земји тоа тешко проаѓа и времето на аклиматизација е многу поголемо отколку во западните земји (а знаеш и таму дека во добар дел до нив било потребно векови да се дојде тоа што се денес).
Што е сторено до сега за ЛГБТИ лицата? Легализирани се нехеторосексуалните ориентации. Пак под палка на Европскиот Комитет, кој три пати вршел притисок, за да може Македонија да влезе во една од алфабет организациите. Не се сеќавам дали беше Обединети Нации или некоја друга. Тогаш на власт беа денешната опозиција. Ако Европа требала три пати да ургира за една легализација, кај левичарска партија, кажи ми што очекуваш демохристијанска десничарска партија да направи во поглед на ЛГБТИ права, истополови бракови, или посвојување на деца од страна на истите? Опозицијата, и разно-разниве невладини организации за човекови права и слободи не ги имаат твоите интереси на ум, гледано наназад историски, инаку ќе ги решеа тие прашања до крај, затоа што за разлика од сегашната влада, тие севкупно имаа не 10, туку 15 години да го направат тоа што сега го ветуваат на ЛГБТИ популацијата по не знам кој пат. Затоа Волкот ти вика да се држиш на страна од таквите политички кокетирачи, затоа што само ќе те искористат. Шарената Револуција на чело со сите тие ЛГБТ лица што излегоа на протестите само ги уништија сите претходни напори да се интегрира таа популација со поширокото мнозинство. Целата работа се уназади. И сега јас и ти наместо да дебатираме за други поафектирачки егзистенцијални прашања сега вртиме палци на интернет форум околу родова експресија, во земја која не мрднала подалеку од кимнување дека јас, ти и останатите е ок легално да постоиме. И тоа била присилена да го направи тоа. Дали го гледаш абсурдот што ѕирка низ патентот?
Грешка си. Луѓето како тебе кои не се осеќаат должни да ги следат традиционалните родови улоги и стереотипи, се слободни да тераат друг филм, но ти како трансродово лице, доколку си легитимно трансмаж (што треба квалификуван психијатриски персонал да го заклучи), си само 20% од ЛГБТИ популацијата. Во пошироката популација си 0.2%. Како припадник на толкав процент население малку е смешно да збориш за "замислени" стереотипи кога се работи за традиционални машко-женски родови улоги, кога некој многу лесно може тебе да те обвини за истото. Дека ова што го збориме е нечија замисла, во случајов твоја, и дека не е ништо повеќе од тоа. Ако немаш почит кон традиционалните улоги кои секојдневно астрономски бројки на мажи и жени уживаат да ги следат, тогаш зошто некој би имал почит кон трансродово лице кое така гледа на нив? Никој мене не ми наметнал нешто додека сум растел. Се однесувам како типичен маж за мои години, и делам доста карактеристики и интереси со хетеросексуални мажи кои ми се врсници, и покрај тоа што сум хомосексуалец. Некој може тука ќе посочи на разлика во традиционалните улоги, но таа би била единствена. Не ги предизвикувам сите останати аспекти, само за да додадам некој слој повеќе на "различност" кај мене. Што за жал е случајот на Запад. Веќе не знаат ни како да се објаснат себе си, затоа што веќе ги искористиле сите можни комбинации на карти од шпилот на полово-сексуалниот спектрум кој таму е сега доминантен.
Зошто за тебе е проблем религијата од тој аспект? Како не е проблем за многу други ЛГБТИ лица? Дали си свесен дека мнозинството бисексуалци/ки, хомосексуалци и лезбејки се религиозни? Како што се и мнозинството хетеросексуалци? Кој е тој мост што тие го нашле, кој ти сакаш да го изгориш?
Остај што не секоја религија има такви кочници, нити пак е склона кон дискриминација на различните, во случајов ЛГБТ лица.
Не е точно. Не промовираат исти вредности. Библијата и Куранот, поготово Куранот, имаат јасни пасуси кои не оставаат многу простор за интерпретација, и се тоа што даваат изговор на одредени гнаси да вршат одредени злостори. Библијата е полабава на тоа поле, ама има тон глупости и во неа, само повеќето христијани научија да не ги читаат буквално, или да игнорираат одредени делови од неа кои се чинат нецивилизирани и некомпатибилни со современиот свет.
Ако не ти е тешко, пиши по пп за кои филмови се работи. Би било убаво и да објасниш што точно гледаш како таква пропаганда таму.
Не би се сложил потполно. Транс-жените се жени со машко тело кои транзитираат да станат жени. Транс-мажите се мажи во женско тело кои транзитираат да станат мажи. Сигурно ти е јасен поимот транзиција. Имаш насока на движење од А кон Б. Не значи АБ отсечка која е мешавина од двете или нешто сосем трето и засебно.
Така да и транс-лицата се совпаѓаат со бинарните стандарди на општеството со тоа што заменуваат еден пол со друг, прават рокада. На крајот пак се сведува на мажи и жени. Се друго надвор од тоа е дебатливо дали е транс-лице. Затоа што транзиција е отсутна.
Не го разбра. Сака да ти каже полот, или менувањето на полот не го менува сексуалното привлекување кое тоа лице го има кон одреден пол. Да речеме дека FtM е роден со женско тело а го привлекуваат мажи. Стандард дефиниција е дека се работи за мушкоданеста, но хетеросексуална жена. Но ако FtM подлежи на транзициoна терапија и хирургија, и стане маж, тогаш ќе се работи за геј маж. Векторот на привлекување останува ист, она што се менува е полот, а со тоа и дефиницијата на дотогашната сексуална ориентација.