Еве кажи ти сега во овој момент каде што живееме што не е зло а што е добро. Бидејќи нелчи сега си ти свесен и знаеш што е добро а што зло. Па ајде да видиме што ќе одбереш.
Eптен детско размислување, Одбирам Мото Гуци Калифорнија 1400, доболно пари за безгрижен живот и фуџи т1 со сите модели на фуџи објективи....
Секој си одбира према свои желби, и секој своите желби ги категоризира како добри а туѓите како лоши. Нели и бог во библијата бараше да се убијат и истребат цели народи да се разурнуваат градови да му се даде воен плен да се земат заробени жени како ропкињи, да се убие се живо старо младо машко женско.
Према верници - тоа е добро пошто нели се работело за неверници - пагани.
Истиот тој Бог по негова воља дозволил верници да страдаат од меч на неверници и и пагани, да им се одземе земјата имоти..... е тоа веќе не е добро, иако е воља на истиот бог.
Не велат верниците “Арно ни направија - не сотреа, мажите ги испотепаа, жените и ќерките ни ги силуваа - фала му на бога“ Али ќе речат “Фала му на бог што ни овозможи победа над неприателите“