Зошто модерната жена се плаши од брак?

Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
srcka sum....
Баш си срцка-ја, искрено у живот неам видено кладенец, секира не можам да дигнам ни на маж ни на дрво, доста лесно и брзо горам на сонце-а се знае колку е тоа опасно овие денови...;)
Искрено, нихилиста, да можам да мешам малтер и да ѕидам, радо би фатила-ама ми мањка физичка сила. Инаку сум прилично жилава и упорна :)
Некој јак интелект не ти треба за ова, веруј. Само здрав резон и физичка сила. Потешко за жена (код нас, нали) е да пласира мислење. Тоа подразбира, некој да го слушне тоа мислење и да го земе во обзир. Дури и кај најпростиот маж не поминува најпромислен збор од една жена. Натпреварувај се со ова, да те видам.
И што се буниш толку за природниот прираст? Стварно си загрижен за изумирањето на нашето население? Каков губиток за светот би бил тоа...НО, можеш да гледаш и поведро на ова (во овие тмурни есенски денови)-добро е тоа за планетата, не? хе, хе, хе...:sneaky:
srcka sum...
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Во последно време е најчест изговорот, прво кариера после брак и деца. :confused: Катастрофално.
Ма да гледам, барем во моето опкружување има па и доста бракови на 20, 20 и нешто годишна возраст, којзнае, можеби нешто се менува.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Не е катастрофално ако мажот брка кариера, а катастрофално е ако жената го прави тоа?
Што ви е на вас?!
Или патите од тешката болест која најчесто ја погодува македонската машка популација - инфериорност?
 
Член од
21 септември 2011
Мислења
656
Поени од реакции
1.819

Да имаше опција... НЕ ми се допаѓа... без размислување ќе ти мавнев!
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Да имаше опција... НЕ ми се допаѓа... без размислување ќе ти мавнев!
Ако можеш аргументирано да кажеш зошто - многу повеќе ќе ти користи од ,не ми се допаѓа,. Ај обиди се.
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
423
Поени од реакции
682
Ако модерната жена го има вистинскиот до неа сигурно нема да се плаши од брак. Ако го пронашла соодветниот за нејзината личност, некој со кого се надополнува во секој поглед сигурно едвај ќе чека да започне заеднички живот со него.
 
Член од
21 септември 2011
Мислења
656
Поени од реакции
1.819
Ако можеш аргументирано да кажеш зошто - многу повеќе ќе ти користи од ,не ми се допаѓа,. Ај обиди се.
Што и да кажам џабе ке биде, ама ај ке пробам само 2 вица(вистини) да напишам
Прв:
Пред свадба, пред да дојдат сватовите...
Невестата плаче, липта, шминката не и се гледа од солзи
Мајката:-Ќерко не плачи првиот пат ке те боли малку ама после ке ти биде многу убаво
Ќерката:-Абе мамо јас знам да се ебам ама не знам да готвам, затоа плачам!!!
Втор:
Исто така се мажи некоја и пред излегување домашните и викаат:
-Ќерко два збора попреку ако ти кажат куферите, пакувајсе и дома!!!
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Што и да кажам џабе ке биде, ама ај ке пробам само 2 вица(вистини) да напишам
Прв:
Пред свадба, пред да дојдат сватовите...
Невестата плаче, липта, шминката не и се гледа од солзи
Мајката:-Ќерко не плачи првиот пат ке те боли малку ама после ке ти биде многу убаво
Ќерката:-Абе мамо јас знам да се ебам ама не знам да готвам, затоа плачам!!!
Втор:
Исто така се мажи некоја и пред излегување домашните и викаат:
-Ќерко два збора попреку ако ти кажат куферите, пакувајсе и дома!!!
Not funny. Just stupid.
Излишна конверзација а? Патријархално типче... реков, чувството на инфериорност е опасно....
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
незнам што не е јасно , братучед ми се ожени на 17 година со 1 година поголема девојка , патем девојката беше трудна на 3 месец беше , мораше да се прави свадба , венчавање , верење , сега се една 1 година во брак и имаат прекрасно девојче , друго 2 мои комшике на возраст од 23 до 26-27 години се одадоа , мој чичко , кога ми рекоа дека беа 7 години во врска па тогаш се вереа и правеа свадба , јас мислам сите сакаат да лудуваат знам дека и некои не сакаат да се забавуваат , еден мој комшија млад е добар професор е математичар е исто такој е оженет со млада девојка и имаат 2 сина ... јас мислам дека девојките сакаат да се забавуваат и кога ќе увидат дека е време за одавање , женење тогаш ќе биде касно , веќе сите партнери ќе најдат девојка од село ( ако ги има ) од градот ... се менува време , младиве сакаат да се забавуваат , веќе тргнавме по стапките на западњаци , од куманово сум ...
свака час земљаче, све што си напишаја је жива истина ...тастатура ти се позлатила...девојки од село к`д бева у тије године за одавање ич бе немаа стра...ја затој си се оженив млад и ич ништо не ми фали...невеста ми је од пелинце...никој не ву је прашаја дал сака јоште да се забавља...али к`д има правог мужа у куќу знаје се кој коло води што се вика...сус у кујну скувај ручак, ичисти гу куќу, спастри ги деца...ете такој се тера домаќинлак, а не с`с искачање свакоја ноќ и дрочење како ќутук док се не смркне...па после олеле што ќе праву, к`д ќе се одаду...а тој дека сме тргнале по западњаци је тачно...да им ебем д`н до пладне а од пладне дрво сенку што им држи
 
Не можам да ти влагам на профил :) СЕ ПРЕВРТИВ ОД СМЕЕЊЕ. :pos:
 
Член од
15 јуни 2011
Мислења
409
Поени од реакции
304
да бе да...демек за све ни е сега западот крив.Живи глупости у боја.
Вие не можете да се помирите со фактот дека жените се поосвестија малку и си рекоа стоп....наместо да минам цел ден со пеглање и готвење ќе си дадам малку време за себе ...зашто нели и јас сум човек...ако сум се омажила не значи дека ќе заборавам на другарки и пиење кафе со нив,не значи дека ќе заборавам на депилација и на разубавување.
Модерната жена не се плаши од брак ..туку од примитивни мажи кои ги сметаат жените за машини за раѓање и миење садови.
 
Уште поважно од тоа - имам мозок и јас, размислувам, способна сум да бидам успешна.
Барем кај мене оди во тој правец :)
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Модерната жена ја зафати модерното време. Исто му се случи и на модерниот маж. Заедно, тие се модерни и изгубени...

Мислам дека не постои страв од брак. Овој термин е бомбастичен наслов од некое тин-списание. Нема врска со реалноста. Денешните мажи и жени си склопуваат брак според сопствено видување и чувство, но се многу збунети околу својата улога во бракот. Во духот на модерното време, кое фаворизира индивидуалност, бракот му доаѓа повеќе како заедница (за жал, најчесто привремена) на дајца индивидуалисти, кои со најголема страст го делат само - ентузијазмот во креветот. Ретки се оние кои "делат" трпение и разбирање за другиот, поготово на долг рок.
Бегајќи од традиционалното разбирање на бракот, на улогата на мажот и жената, се затворивме во сопствената егоцентрична природа, во која нема место за друг. Нема место за прљавиот веш, за подигнатиот капак од WC шољата, за пакетчето влошки врз радијаторот, нема место за чувства (кои, како што сите знаеме, се прилично непостојани), нема место за заеднички планови кои се испречуваат пред индивидулните (евентуални) можности. Нема место за отстапки. Затоа пак, има место за (жесток) натпревар меѓу партнерите-кој е попаметен, кое е поспособен, кој повеќе заработува, кој има поголемо право на правосмукалката или над садоперот-и се тоа, за да се истакне индивидуалноста и да се воспостави доминација.

Искрено, не сум баш сигурна, дали нашата природа ни дозволува да биде поинаку...
 
CUCULIGA

Баксуз
Член од
12 август 2012
Мислења
84
Поени од реакции
53
Не гледам зашто ,,модерната,, жена би се плашела од брак ? Мислам дека нема такви жени, сите сакаат порано или покасно да се ,,спастрат,, да си формираат фамилија и деца, секако дека има исклучоци ама ретки се многу. Се останато е само фолирање и млатење у празно.
Па тоа ни е преодредено и пишано во гените, нема ништо лошо во тоа да бидеш домаќинка за мажот и децата уште ако имаш кариера = полн погодок, исполнета жена !
 
Каде тоа ни е пишано во гените, домаќинлукот?
Образложи, те молам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom