Земјоделско земјиште како инвестиција (buy and hold) и цени на нивите во Македонија по градови

Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Не збори така. Размислуваат луѓето пред да направат таков потег. Како еден мој другар, фарма ќе правел на село, млеко ќе продавал а никад во животот ни на 1 недела не го работел тоа на село. Треба малку да се изгаси телевизорот и да се учи каков е македонскиот пазар и што се бара.

Како што кажа тој што не се разбира, нека не почнува ич. Се додека не помине доволно време во тие води.
Posle ke se pretegne do prvata kladionica i do prviot kafic i odma ke zaboravi na sve od navedenoto.
:pos:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
leandra Земјата во која вложив се катастарски парцели кои граничат една до друга, но имаа различни сопственици или се на оддалеченост помала од 100 метри целта ми е да купам повеќе парцели кои граничат една со друга и да се зголеми површината на едно место да нема празен од од парцела до парцела, не ми е целта да купуам парцели оддалечени една од друга со километри во различни села. Не живеам во село (без пат, струја, вода, продавница и доктор), живеам во град (зграда) и немам намера да се преселам на имотот кој е на 10 километри од градот и со кола си таму за 10-20 минути.Калкулациите ги правев за жито-јачмен, а не за (градинарски, овоштарски, лозов насад, тутун кои се трудоинтензивни но и подоходовни) во јачменот има помалку пари но и помалку работа (1.орање, 2.сеидба, 3.губрање-прихрана, 4.хербицирање-прскање, 5.жетва) вкупно 5-6 работни дена во годината(со механизација) за поседот кој го имам, а несметајќи ѓи деновите кога одам само рекреативно на прошетка.
Фала на објаснување, значи ти ќе го окрупнуваш и ќе го работиш земјиштето. Тоа е океј. Јас мислев ќе го чуваш само во надеж да му порасне цената.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Фала на објаснување, значи ти ќе го окрупнуваш и ќе го работиш земјиштето. Тоа е океј. Јас мислев ќе го чуваш само во надеж да му порасне цената.
Kakvo rabotenje be, on samo kalkulacii ke pravi i na drug ke mu gi prodava.
:tapp:
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
30-40 години доволно се?
Епа од тоа искуство да Ви кажам дека ниту од земја ниту од земјоделие во Македонија нема фајде освен ако не си политички врзан па да земеш 2000 хектари под концесија и да фураш субвенции !
Инаку многу мака за никаков ќар!
Системот не го перципира земјоделецот , покрај сета добра воља , како ми се чини . Едноставно лугето ( од началството ) го гледаат остатокот од Македонија со скопски очи , од тоа ништо добро нема да излезе .
Ама нејсе , на Македонијава така и тргна уште одамна и нешто што е криво насадено тешко дека со полевање ке се исправи.
Само недоволно информиран човек може да направи фатални грешки во животот. Не е се така едноставно за да се почне да се прават пари. 30-40 години се премногу, без доволно време инвестирано во полето на својата кариера, резултатот ќе биде НИКАКОВ !

Не ми збори за тоа дека во никоја земја или пак во Македонија не се прават пари од земјоделието. Храната одсекогаш се барала и ќе се бара, тоа што македонците од нашите краишта се недоволно образовани и храбри да се пробијат на друг пазар е друг муабет.

Така мислите вие се прави бизнис, ќе работиш на нива и државата све ќе ти купи. Цели компании пропаѓаат секој ден, цели компании менуваат начин на работење за 1 година како што се менува пазарот и клиентите. Што е должна државата да дава помош?

Тие што доволно размислуваат и се трудат си пласираат свој производ надвор. А има доста од Македонија што го прават тоа. Имаме ефтина работна сила, само мозок немаме да го искористиме тоа. Епа баш со таквото негативно размислување како тебе не се успева, да ја мочам таа партија што се вадите сите за све во животот. Да беше така лесно сите држави ќе беа богати, колку што вложуваш труд толку и ќе добиеш резултатите се гледаат на крај.[DOUBLEPOST=1396951333][/DOUBLEPOST]
Posle ke se pretegne do prvata kladionica i do prviot kafic i odma ke zaboravi na sve od navedenoto.
:pos:
Па право да ти кажам многу е полесно да се жалиш, неголи да се трудиш да створиш нешто. Такви сме...
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019

Прво , не сум ни недоволно информиран ни недоволно образован , ми се чини поаѓајки баш од тој фактор веке одамна директно не се занимавам со земјоделие .
Второ , нема бизнис во земјоделие , постои само бизнис од земјоделие , како сакаш сфати го ова ! Секоја држава со нормална стратегија го субвенционира земјоделието , сам знаеш од кои причини , да не разглабаме овде на таа тема.
Трето , никој не вели дека нема такви што го пласираат својот производ надвор , ама колку од вкупниот број ? Таквите исклучоци се само потврда на правилото дека грото земјоделци се до гуша заглавени во жабокречината на неорганизираност , неинформираност и манипулации . И не ми лепи етикети дека се вадам на некоја партија , ако некој до сега пробал нешто да помогне во земјоделието тоа е сегашнава гарнитура , проблемот е што се нема капацитет за поодлучно дејство на тоа поле .
Не се жалам јас , го жалам македонското земјоделство , кое настрада таму далеку пред пола век .
А темава беше дали се исплаќа вложување во купување земјоделско земјиште , моето мислење и понатаму е НЕ!
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Неколлу пати на темава беше спомнато побарувачката на храна постојано расте. Да тоа е точно. Ке расте и понатаму, дури и ке нема доволно храна во иднина да се прехрани целото население. Но тоа не е веродостоен податок за да се определиш за таква инвестиција. Ако постојано расти, зошто тогаш човек не може да преживее од земјоделство, со некоја нормална површина ниту многу ниту малку. Со цена на јачменот од 7 денари за килограм, или бел ориз со цена од 45 денари килограм, пченка во зрно 10 ден килограм....не може да се прехрани 4 члена фамилија, па и да има преку 2 хектари насад. Не можам да сметам сега ме мрзи, се докажува и со бројки ова, а ако на сето ова ја пресметаме потребната сума за задоволување на месечната кошница во Македонија тогаш не знам каде му е крајот на земјоделецот....Може само да кажам дека во претходните години, производителите на тутун заработија нормална сума...но секако тутунот е една од најмакотрпните работи.
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Земјоделско земјиште се исплаќа само покрај град за еден ден да го фати индустриска зона или некој автопат па да земеш по 10000евра од декар за земјиште кое вредело 1000евра од декар.Купување земјиште од шкљ класа без систем за наводнување и во село е чист промашај.ти ќе го купиш и ќе садиш само жито на него и ке се молиш да се погоди.у случај да сакаш да го продадеш никој нема да ти го купи.

Ја иам 3 декари,имам и викендица(легализирана) таму, вода ,струја,све средено,и е у град.и за некоја година ќе влезе у индустриска зона и ќе вреди многу повеќе.сакав да купам и од комшиите околу мене ама паметни се не продаваат :D.еден од комшиите воопшто не го ни обработува земјиштето,си стои така неорано 20ина години.али го чува баш пошо знае дека ќе влезе во индустриска зона.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Прво , не сум ни недоволно информиран ни недоволно образован , ми се чини поаѓајки баш од тој фактор веке одамна директно не се занимавам со земјоделие .
Второ , нема бизнис во земјоделие , постои само бизнис од земјоделие , како сакаш сфати го ова ! Секоја држава со нормална стратегија го субвенционира земјоделието , сам знаеш од кои причини , да не разглабаме овде на таа тема.
Трето , никој не вели дека нема такви што го пласираат својот производ надвор , ама колку од вкупниот број ? Таквите исклучоци се само потврда на правилото дека грото земјоделци се до гуша заглавени во жабокречината на неорганизираност , неинформираност и манипулации . И не ми лепи етикети дека се вадам на некоја партија , ако некој до сега пробал нешто да помогне во земјоделието тоа е сегашнава гарнитура , проблемот е што се нема капацитет за поодлучно дејство на тоа поле .
Не се жалам јас , го жалам македонското земјоделство , кое настрада таму далеку пред пола век .
А темава беше дали се исплаќа вложување во купување земјоделско земјиште , моето мислење и понатаму е НЕ!
Не ма свати. Не го мислев тоа за тебе. Ти зборев за необразован човек што сака да прави бизнис од гранка што незнае како функционира.

Заглавени се до гуша пошто не се трудат доволно на умствен план. Да беше така лесно секој земјоделец ќе беше богат. Што мислиш земјоделците во другите држави дека сите се богати и пијат шампањ на ранчови? Не....

Кај нас се исплати земјоделството ако се најде начин да се направи извоз. Ама тоа не се прави наеднаш, треба многу труд, средства потрошени, посредници, давачки, механизација и се што оди со него.

Јас знам дека многу од кај нас се утепани од сиромаштија. Ама убаво знам и дека многу и се тееешки МРЗИ ! Ако прошеташ некогаш по неколку села ќе приметиш на 10тина куќи скапани и утепани 1на убава. Тоа кажува дека тој што работи, се труди, сака да успее, ќе најде начин без разлика на се.

А во врска со темава се сложувам со тебе. Не се исплати купи продај барем сега за сега кога ни се намалува бројот на жители :)[DOUBLEPOST=1397106642][/DOUBLEPOST]
Неколлу пати на темава беше спомнато побарувачката на храна постојано расте. Да тоа е точно. Ке расте и понатаму, дури и ке нема доволно храна во иднина да се прехрани целото население. Но тоа не е веродостоен податок за да се определиш за таква инвестиција. Ако постојано расти, зошто тогаш човек не може да преживее од земјоделство, со некоја нормална површина ниту многу ниту малку. Со цена на јачменот од 7 денари за килограм, или бел ориз со цена од 45 денари килограм, пченка во зрно 10 ден килограм....не може да се прехрани 4 члена фамилија, па и да има преку 2 хектари насад. Не можам да сметам сега ме мрзи, се докажува и со бројки ова, а ако на сето ова ја пресметаме потребната сума за задоволување на месечната кошница во Македонија тогаш не знам каде му е крајот на земјоделецот....Може само да кажам дека во претходните години, производителите на тутун заработија нормална сума...но секако тутунот е една од најмакотрпните работи.
Епа ако сметаш дека производот ти вреди повеќе, БАРАЈ ПОВЕЌЕ ! Зошто ограничување само на македонскиот пазар? Кој ти вика тебе дека мораш да го продаваш тука? Моментално на овошјето и зеленчукот царини нема никакви, само неќат луѓето повеќе да се потрудат тоа е целата работа.

Оризот бил 45 денари... Епа колку е во другите држави? Како може земјоделците од Кина да продаваат ориз со цена пониска од нашиот? Нашле начин ете како..

Ако е мала цената ќе се оди на квантитет. Па да му ебам мајката неможе све да се чека од небо да падне или државата да купи. За иновации и за напор сме 0 . Нити сакаме да се подобриме, ниту пак ќе се подобриме со ваквото размислување.

Другите држави што да ти кажам, државата ги чува како јагниња, високи цени имаат, пари сите прават на позлатени патеки одат.
 
Последно уредено:
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Не ма свати. Не го мислев тоа за тебе. Ти зборев за необразован човек што сака да прави бизнис од гранка што незнае како функционира.

Заглавени се до гуша пошто не се трудат доволно на умствен план. Да беше така лесно секој земјоделец ќе беше богат. Што мислиш земјоделците во другите држави дека сите се богати и пијат шампањ на ранчови? Не....

Кај нас се исплати земјоделството ако се најде начин да се направи извоз. Ама тоа не се прави наеднаш, треба многу труд, средства потрошени, посредници, давачки, механизација и се што оди со него.

Јас знам дека многу од кај нас се утепани од сиромаштија. Ама убаво знам и дека многу и се тееешки МРЗИ ! Ако прошеташ некогаш по неколку села ќе приметиш на 10тина куќи скапани и утепани 1на убава. Тоа кажува дека тој што работи, се труди, сака да успее, ќе најде начин без разлика на се.

А во врска со темава се сложувам со тебе. Не се исплати купи продај барем сега за сега кога ни се намалува бројот на жители :)[DOUBLEPOST=1397106642][/DOUBLEPOST]

Епа ако сметаш дека производот ти вреди повеќе, БАРАЈ ПОВЕЌЕ ! Зошто ограничување само на македонскиот пазар? Кој ти вика тебе дека мораш да го продаваш тука? Моментално на овошјето и зеленчукот царини нема никакви, само неќат луѓето повеќе да се потрудат тоа е целата работа.

Оризот бил 45 денари... Епа колку е во другите држави? Како може земјоделците од Кина да продаваат ориз со цена пониска од нашиот? Нашле начин ете како..

Ако е мала цената ќе се оди на квантитет. Па да му ебам мајката неможе све да се чека од небо да падне или државата да купи. За иновации и за напор сме 0 . Нити сакаме да се подобриме, ниту пак ќе се подобриме со ваквото размислување.

Другите држави што да ти кажам, државата ги чува како јагниња, високи цени имаат, пари сите прават на позлатени патеки одат.
Не може македонецот со мала количина да биде конкурентен на пазарот. Кога ке му каже на клиентот во странство дека само двапати ке му однесеш и немаш повеке количина, нема да сака да соработува со тебе. Треба да се направи организација во земјоделството, што во моментот кај нас го нема, и да се пласираат производите во некакви откупни центри, каде заеднички ке се пласираат на големите пазари, со цел да се настапи со голема количина. Кај нас нема доволно организација во земјоделството. Можеби има за некои прозводи, но генерално ситуацијата е хаос. Тоа треба да го поттикне министерот за земјоделство, и со оние промоторите во странство да најдат пазар за македонските производи, и да направат организација во поглед на откуп на производите и нивен извоз, затоа што и државата е директен добитник од извозот што ке се случи. Тие требат да работат за интересот и убав живот на народот, затоа што ние сме ги избрале нас да не претставуваат, затоа се директни виновници зошто ситуацијата е таква. Секој земјоделец не може сам да го бара пазарот, тогаш сите треба да бидат и земјоделци, и трговци, и превозници и не знам уште што не...
 
Член од
3 април 2014
Мислења
23
Поени од реакции
42
квалитет, квантитет, континуитет, контрола, се четири работи кои ќе доведат до конкурентност, но ништо од конкурентноста со мал посед во глобален свет.
Дали имаме шанса да им понудиме ориз на азијатите со цена од 45-50 ден/кг бел ориз кога на големо Тајланд на берза го нуди за 18 ден/кг на глобален пазар?
http://www.agroklub.com/trziste/
 
Член од
12 јуни 2010
Мислења
200
Поени од реакции
61

Во никој случај неможеш да го споредеш тајлданскиот со македонскиот ориз, не е ова муабет од типот демек кочанскиот бил нешто посебно бидејќи е наш, туку тајлданскиот ориз е друга сорта мислам дека го викаа басмати (зрното е долго и тенко, long grain rice) како и оризот од другите азијски земји, нашиот ориз е сличен на италијанскиот односно 98% исти пошто најголем дел од сортите коишто се сејат во Македонија се од Италија иако има и некој мелезени домашни сорти создадени во институтот за ориз во Кочани, сепак ретко се сејат. Поточно најмногу се сејат сортите монточели и сан андреа. И турскиот ориз е сличен на италијанскиот и македонскиот но тој е побрз во растењето и побрзо вегетира (поради малите временски разлики) и сепак има некои мали разлики, зборам за оризот (short grain) којшто спаѓа во класата со нашиот којшто ние го сееме.
Инаку да сега кога веќе сме кај цените, истата сорта ориз (сан андреа и монточели) италијански во европските држави се продава по цени од 2,5 евра па нагоре до незнам колку.
Незнам што е разликата помеѓу овие сорти и басматито но сепак мислам дека има некоја причина за огромната разлика во цените
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Dummstere bauern - dickere kartoffeln ! Стара германска изрека , во превод би значело што поглуп селанец тоа покрупен компир , аналогија кај нас нивата бара мотика не молитва , толку околу образованието на земјоделците !
Тие треба да се информирани ама не и да завршуваат факултет да би биле образовани доволно за да можат да се справат со сите предизвици во производството и пласманот. Во право е musketarr кога вели дека не може земјоделецот да биде и земјоделец и трговец и шпедитер и се на тој пат од нивата до маркетот !
Пред 20 години распадот на Југославија и пропаста на градежништвото ме натераа неколку сезони да работам во Јужен Тирол , имено тогаш видов што значи организирано земјоделство и што значи да си земјоделец таму а што овде.
За илустрација една случка од крајот на сезоната 97 мислам , пред крај дојде еден мештанин таму и работеше со нас ама со такво лудо темпо бог да чува , од чудење го прашав сопственикот на плантажата кој му е овој , вели зет ми е , сиромав нема земја па заврши електроинженер, за време на сезоната зема годишен одмор и вака му давам секоја година да поработи кај мене да подзаработи некоја пара . Напрај ти сега споредба меѓу наш електроинженер и наш земјоделец , па види што слика ке добиеш!
Таму видов што е вистинско земјоделство и дека она што ние го знаеме како такво кај нас е само карикатура од земјоделство!
Ама сепак не би било така ако не беше сталинистичкиот експеримент со Македонците , затоа треба да се свестиме дека само здружување , окрупнување и сериозна подршка на секој план ( не само ветување субвенции) го спасува нашето земјоделство.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.346
Поени од реакции
29.812
@Nemanjici кажи нешто повеќе како се купува земјоделски земјиште, каков е процесот.

Дали има некој онјалн каталог од катастарот или така нешто каде може да се погледаат работите. Дали станува збор само за земјиште од приватни сопственици -граѓани, или и за државно земјоделско земјиште?
Како се третира планинското земјиште каде нема шуми? Дали и тоа може да се купи како земјоделско земјиште?

Појасни малку ако не ти е мака.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Не може македонецот со мала количина да биде конкурентен на пазарот. Кога ке му каже на клиентот во странство дека само двапати ке му однесеш и немаш повеке количина, нема да сака да соработува со тебе. Треба да се направи организација во земјоделството, што во моментот кај нас го нема, и да се пласираат производите во некакви откупни центри, каде заеднички ке се пласираат на големите пазари, со цел да се настапи со голема количина. Кај нас нема доволно организација во земјоделството. Можеби има за некои прозводи, но генерално ситуацијата е хаос. Тоа треба да го поттикне министерот за земјоделство, и со оние промоторите во странство да најдат пазар за македонските производи, и да направат организација во поглед на откуп на производите и нивен извоз, затоа што и државата е директен добитник од извозот што ке се случи. Тие требат да работат за интересот и убав живот на народот, затоа што ние сме ги избрале нас да не претставуваат, затоа се директни виновници зошто ситуацијата е таква. Секој земјоделец не може сам да го бара пазарот, тогаш сите треба да бидат и земјоделци, и трговци, и превозници и не знам уште што не...
Eпа заради таквото неубаво размислување секогаш ќе бидеме никој и ништо !

Зошто пак се вртиш на тоа и чекаш некој да ти направи и да ти даде? Зошто чекаш министерот да ти формира организации за да ти е подобро на тебе?

Нема повеќе да правиме муабет пошто не ме сваќаш што сакам да ти кажам. Се додека македончето копа нива со мотика, а постои трактор за тоа нема да има напредок. Се додека седи на дрвено столче и го боли кичма да нижи тутун, а не сваќа дека со малку размислување може целиот живот да си го направи полесен нема напредок.

Како да има количина кај нас кога пола од селаните не знаат ниту што се бара на пазарот, ниту пак знаат каде да го пласираат ?
Садел цел живот јачмен, па ќе сади и во иднина пошто одсекогаш така било. Па кој е крив, Груевски? Ајде тогаш јас ќе направам компанија за паста за заби , тоа не се бара на пазарот никој нема да ми го купува и ќе мелам цел живот дека владата треба да ми даде помош за да јас успеам. Капитализам е ова, све се менува за 1 година, цели компании никнуваат и паѓаат на земја. Не е времето на тито кога државата се требаше да ти даде и да ти одкупи.

Зошто Стив Јобс, Бил Гејтс, цело време правеле иновации? Пошто им се работело? Убаво им било да не спијат и да рмбаат ко будали?
Смешно е , пошто секој народ си се изборил за својот напредок. Дали биле руди, дали било пласман, продажба, за све треба борба а не лелекање и плачење.
 
Вп право си, нема да продолжиме да правиме муабет, затоа што не знаеш да дискутираш со некој што размислува поинаку од тебе. Изгледа можеш да дискутираш само со некој што на прва ке се согласи со твоето мислење. Поздрав
 
Kajgana Shop

На врв Bottom