- Член од
- 25 ноември 2013
- Мислења
- 1.634
- Поени од реакции
- 1.489
Не се слагам со тебе.прво тракторот не работи на вода,друго некои земјоделски производи имаат смешни цени.земи пример грозје смедеревка кое е 7 денари, а го ставаат у секој вид вино за да добијат на квантитет.обичниот земјоделец гледа да уштеди на секој можен начин и баш за тоа копа наместо да користи механизација,по селата користат коњ и рало и ги наоруваат, и му иде слично ко копање.друг проблем е што кај нас немаш никаков откуп на земјоделски производи,и на оние ко тутун ,грозје,кај што има откуп, гледаат да те сјебат со цени и класи,и тоа не е доволно туку те крадат и на килажа.пример мериш на една вага 3 тона грозје и пример 24 малигани,одиш на откупен пункт ти мерат 2.8 тона и 20 малигани и ти кратат на цена одма,некад може и да не ти го земат(ова ти е од искуство кажано,не е рекла кажала).за тутунот е исто,дома мериш со кантар една бала 10 кила,таму ти ја мерат 8кг,тутунот се гледа дека е прва класа,таму ти го ставаат втора класа.и ова треба земјоделецот да го среди???Eпа заради таквото неубаво размислување секогаш ќе бидеме никој и ништо !
Зошто пак се вртиш на тоа и чекаш некој да ти направи и да ти даде? Зошто чекаш министерот да ти формира организации за да ти е подобро на тебе?
Нема повеќе да правиме муабет пошто не ме сваќаш што сакам да ти кажам. Се додека македончето копа нива со мотика, а постои трактор за тоа нема да има напредок. Се додека седи на дрвено столче и го боли кичма да нижи тутун, а не сваќа дека со малку размислување може целиот живот да си го направи полесен нема напредок.
Како да има количина кај нас кога пола од селаните не знаат ниту што се бара на пазарот, ниту пак знаат каде да го пласираат ?
Садел цел живот јачмен, па ќе сади и во иднина пошто одсекогаш така било. Па кој е крив, Груевски? Ајде тогаш јас ќе направам компанија за паста за заби , тоа не се бара на пазарот никој нема да ми го купува и ќе мелам цел живот дека владата треба да ми даде помош за да јас успеам. Капитализам е ова, све се менува за 1 година, цели компании никнуваат и паѓаат на земја. Не е времето на тито кога државата се требаше да ти даде и да ти одкупи.
Зошто Стив Јобс, Бил Гејтс, цело време правеле иновации? Пошто им се работело? Убаво им било да не спијат и да рмбаат ко будали?
Смешно е , пошто секој народ си се изборил за својот напредок. Дали биле руди, дали било пласман, продажба, за све треба борба а не лелекање и плачење.
Коа веќе збориме за земјоделство кажи примери од земјоделство(али земјоделец,немој да ми кажеш за некој што имал 3 милиона евра и направил некој откупен центар и ги цица земјоделците) а не Бил и Стив што немаат никаква врска со земјоделие.
Туку си работел некогаш земјоделие?знаеш најлесно е онака од страна да се кажува што како треба да се прави и како треба да биде,ама реалноста е малку поинаква.