Здравството кај нас

Член од
28 јуни 2018
Мислења
753
Поени од реакции
930
За да има оперативно 2ца на смена, 3 смени, 365 дена во годината треба да има минимум 10 лица вработено и да ротираат сменски. Рачунај одмори, боловање итн...Тоа ти е 35900 бруто.

Sent from my SM-N770F using Tapatalk
Toa e 35900 povekje po covek otkolku sto treba
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.065
Поени од реакции
35.558
Во Универзитетската клиника за радиологија и онкологија, за немилите настани има три работи кои треба да се решат независно, а се поврзани меѓусебе со заеднички кривец, па на крај да се бара политичка одговорност, оти директорите и министерот се поставени привремено со мандат од владеачката структура!

...што ми е поентата, овде треба да има лична одговорност како морален човек, па професионална одговорност како здравствен работник, па одговорност како раководител и директор, па на крај како највисока одговорност за ова афера на онкологија, политичка одговорност.

Ајде од почеток:
„Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, е предложена за претседателка на Анкетната комисија за скандалот на Онкологија. Комисијата за избори и именувањата денеска го утврди составот на Анкетната, претседателот, заменикот и членовите на ова ад хок собраниско тело. Тие потоа треба да бидат изгласани на пленарна седница.

Членови од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се и Антонио Милошоски, Гордана Силјановска-Давкова, Иванка Василевска, Љупчо Пренџов и Петар Ристески.

Членови од пратеничката група на СДСМ предложени Даниела Маркоска, Ненад Коциќ, Мартин Костовски и Марија Георгиевска.

Членови од пратеничката група на ДУИ се Арбен Зибери и Бедри Фазли

Членови од пратеничката група на Алијанса за Албанците е предложен Ремзи Мехмеди

Вака како што гледам како член нема ниеден по професија здравствен работник за болничка проблематика!
и сега која е нивна задача?

„Анкетна комисија во Собранието ќе утврдува дали во скандалот на Клиниката за Онкологија има политичка одговорност на функционери во Владата и на Клиниката и дали на пациентите им биле загрозени човековите права.“

Посмешно и поглупо не може да биде, затоа што одговорност има од доле нагоре по хиерархија на одговорност, главниот на клиничката аптека, главната медицинска сестра, раководителот, директорот и Министерот за здравство кој ги постави истите овие одговорни од редовите на политичките партии, а Министерот е назначен од Власта која е моментално во позиција коалиција на тие партии! Со што чисто и јасно е дека има политичка одговорност.

Е сега, треба ДА СЕ ДОКАЖЕ кривицата,
да се докаже дека биолошкиот лек е заменет со физиолошки раствор,
да се докаже дека истиот се злоупотребувал и се препродавал на црниот пазар или на друг пациент, треба да се докажат погрешните заведувања на пациенти, додадена терапија која пациентот воопшто не ја примил,
да се докаже заведување на умрени пациенти да се оправдат потрошувачката на биолошките лекови кои завршуваат на црниот пазар или во други приватни болници,
да се докажат сомнителните набавки т.е. тендери и фаворизирање на поедини биолошки лекови во име на онколошки лекови кои се попотребни и поевтини за разлика од биолошките лекови во име на фармацевтските фирми,
ете тоа треба Рашела Мизрахи да докаже, за да докаже неправилна работа во име на пациентот, а не тука САМо и ДИРЕКТНО политичка одговорност, па нормално дека ја има кога клучните луѓе се токму политички ангажирани и поставени на тие места.

така да,
ако се продолжи на ваков начин по Нти пат кривите ќе се спасат, а ќе одговара само некоја партија таму што утре ќе се заборави, оти не е само во овој слуучај има политичка одговорност ги има колку сакате, да не ја спомнам пандемијата колку таму се направило со фатални последици на болните, брзо се заборава колку време биле затворени клиниките за хронични болести и пациентот не можел да направи ни преглед, нит испитување, нит терапија во име на пандемија, а да не ги спомувам сомнителните набавки на респиратори, кислородни боци, работа на модуларните болници, антиковид вакцините? се заборави брзо нели?

Државата сама си ги прекршува своите закони, како прво, да не го барам членот во Законот за здравствена заштита за поставување на раководни места т.е. Директори на здравствена институција кој не треба да биде партиски активист, а не пак член на вадеачка партија и тука завршуваме со муабетот.

... револтирана сум дека на онкологија се продолжува со иста шема, несовесно, безобразно!
денес пациентка од јужниот дел на МКД била вратена назад, оти никој не најде за одговорност да го обезбеди онколошкиот лек кој чини само 1000 ден и онака без никаква совест, морал, човечност, ја вратиле болната пациентка за да дојде друг пат, меѓувремено да го снабдат лекот кој го „заборавија“, брука невидена, а овде ќе бараат политичка одговорност, мислам ејјј немаат благе везе, затоа ништо нема да бидне, исто како со Мерко што влакно нему фали бил на Црна листа на САД, јаки м.да!
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.405
Поени од реакции
7.618
Темата е здравството кај нас. Политика на друга тема!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.065
Поени од реакции
35.558
Темата е здравството кај нас. Политика на друга тема!
... демек политиката не е во НАШЕТО здравство, па сите дубари се поради влијанието на политиката во здравството, никој ништо не им може на зравствени работници кои се партиски заштитени, а тие прават штета при давање на здравствени услуги токму дека се заштитени мечки!
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.405
Поени од реакции
7.618
... демек политиката не е во НАШЕТО здравство, па сите дубари се поради влијанието на политиката во здравството, никој ништо не им може на зравствени работници кои се партиски заштитени, а тие прават штета при давање на здравствени услуги токму дека се заштитени мечки!
Затоа само последната година во Германија се доселени 54 000 доселеници од Македонија. Еден цел град Прилеп.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.350
Поени од реакции
16.953
Битолската болница дефинитивно треба да ја минира некој од корен да се смени.
Онај хаос го нема ни во Бангладеш.
Во нуклеарна медицина, закажана преку мој термин во 16 часот за крвна анализа и ехо, дури во 17:30 стигнав на ред да се прегледам.
50 луѓе имаше пред шалтер, ај системот шо не ни функционира тоа едно ама и народот е крајно безобразен и невоспитан.
Мој термин а чекаш два сати ред. Па туркајнци па, чекај само да прашам, па пикаат од другата врата со врски.
Една паметна ги собра од сите книшките и упатите и му ги остај на шалтер си замина, дреми ти од 16 часот со претходно закажан термин ако немаш друга работа.
Тие без термин се пикаат преку ред оти матичните не можеле термин да му фатат, системот не чинел. Не се знај ни кој јади ни кој пие.
Сестрата без нараквици, си менува игли си боцка, си тера ич не му чуе.
Прв пат дочекав да влезам во болницата уште еднаш никогаш !
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.065
Поени од реакции
35.558
Затоа само последната година во Германија се доселени 54 000 доселеници од Македонија. Еден цел град Прилеп.
...ние пишуваме тука за ,,здравството кај нас,,, а не кај вас, нашите доселеници се пациенти ама на дојчланд здравство,
...да се приклучи терапија само со физиолошки раствор на пациенти на универзитетска клиника за онкологија, а да се запише дека е даден најскап лек што постои- билошки лек, за да после се продаде истиот на црно тука прво треба да се одземат сите медицински лиценци кои се инволвирани се додека не се докаже дека не се криви, односно да се казнат кривците, а не сеуште истите си работаат по стара песна ама на друг начин.
...пациентка од најужниот дел на Мкд да и кажат да си оди и да си дојде пак по неколку дена, затоа што до 10ч не го обезбедиле лекот за нејзина терапијата, поради несовесно работење ,,Мара на Кира, Кира на Мара дворот остана неметен" треба веднаш одговорност и кривична, тоа се коси со име и углед на највисока институција за давање здравствена услуга кај нас - Универзитетска клиника.
...и кога ќе се види дека има дел кои се криви, што не се дури ниту редовно вработени туку со договор на дело и рамковни вработени, анкентна комисија дали има партиска одговорност, а бе ај циркус невиден, греота за жената, кој знае колку такви слични примери има!
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
4.038
Поени од реакции
6.407
Imslo i neshto pozitivno vo makedonskoto zdrastvo.

Научникот на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, Рубин Гулабоски, кој е меѓу топ два проценти на највлијателни научници во светот според Стендфорд листата.

Професорот од Прилеп Гулабоски: Вакцината против сите видови на канцер ќе биде достапна за една до две години

...колку сте наивни, значи просто не ми се пишува, канцерот не е вирус или бактерија, па ајде заштита со „вакцина“,
како велеа да се потсетиме, оти брзо заборавате:
„...гласникот RNA, или mRNA, е главната состојка на вакцината Moderna, mRNA се генетски упатства кои го тренираат телото да се бори против COVID-19, после примањето на вакцината, вашето тело прави копии на „шилец протеинот“. Вашиот имунолошки систем тогаш ќе научи да го препознава и да се бори против вирусот SARS-CoV-2 кој предизвикува COVID-19...“

...односно вакцината не е лек, па да биде за лечење на канцер и на крај ова веќе е јавно признавање дека mRNA вакцина се генетски и ја видоизменува ДНКто инаку како би ве „заштитиле од канцер“ што преставува токму фаличен сегмент на таа низа на ДНК во клетките на човекот кои наместо да изумрат кога ја губат својата функција се размножуваат збувнуваат како патолошки клетки!

20231123_092108.jpg

...инаку секоја почит на научникот, иако прв пат слушам за него не можам да коментирам за неговите „искази околу вакцина против канцер“, пролистав и ги видов сите рангирани наши „научници“ и од каде дипломирани, па ми се појасно работите. :)

...но можам да напишам за себе дека со онлајн партиципирање во некоја соодветна медицинска област на Стенфорд универзитетот, следење на предавања и активно учество дали со прашања или дискусија станувате член на таа соодветна група, онака самоиницијативно активно учество со што следи тестирање или еден вид полагање он лајн и добивате два сертификати, еден за партципирање т.е. учество и втор сертификат за положено за некоја област или конкретно тема, а потоа ако сте ,,интересни " и одземете внимание од повисок ешалон од некоја област добивате понуда за помош да изработите некој труд или научно испитување за кои ќе бидете финасирани, така да сето тоа е обичен бизнис кои ќе се фаворизира научно тоа што ќе побара финасиерот, така да не знам што толку воодушевување и етикетирање за експертизам.
...напротив, ова ме загрижува дека Модерна и Фајзер упорно си го терат бизнисот ,,парт ту по корона пандемијата,, мене нема да ме излажат толку лесно, не паѓам на авторитет и ,,стара слава". :D

П.С.
...таму некаде го има и нашиов премиер ДК, да ти бил научник! :love:
 
Последно уредено:

Прегледај го приврзокот 398698

...инаку секоја почит на научникот, иако прв пат слушам за него не можам да коментирам за неговите „искази околу вакцина против канцер“, пролистав и ги видов сите рангирани научници и од каде дипломирани, па ми стана појасно работите.

...но можам да напишам за себе дека со онлајн партиципирање во некоја соодветна медицинска област на Стендфорд универзитетот, следење на предавања и активно учество дали со прашања или дискусија станувате член на таа соодветна група, онака самоиницијативно активно учество со што следи тестирање или еден вид полагање он лајн и добивате два сертификати, еден за партципирање т.е. учество и втор сертификат за положено за некоја област или конкретно тема, а потоа ако сте ,,интересни " и одземете внимание од повисок ешалон од некоја област добивате понуда за помош да изработите некој труд или научно испитување за кои ќе бидете финасирани, така да сето тоа е обичен бизнис кои ќе се фаворизира научно тоа што ќе побара финасиерот, така да не знам што толку воодушевување и етикетирање за експертизам.
...напротив, ова ме загрижува дека Модерна и Фајзер упорно си го терат бизнисот ,,парт ту по корона пандемијата,, мене нема да ме излажат толку лесно, не паѓам на авторитет и ,,стара слава". :D
Dobro de! Shto se sekirash Ti si nasha doktorka br 1. Dodusha ne sekogash najstrucna, ama nikoj ne e sovrshen.
Poentata mi beshe, nekoj od MK postignal da se mesha vo svetski kugovi .

Inace PAP ili HPV virusot za kolku Kanceri e zasluzhen?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.065
Поени од реакции
35.558
Dobro de! Shto se sekirash Ti si nasha doktorka br 1. Dodusha ne sekogash najstrucna, ama nikoj ne e sovrshen.
Poentata mi beshe, nekoj od MK postignal da se mesha vo svetski kugovi .
Inace PAP ili HPV virusot za kolku Kanceri e zasluzhen?
...а не не, :neetaka: јас сум си обичен форумски член бијонс, мојата стручност тука не се оценува, ниту пак тоа е целта на членството на Кајгана, а тоа за совршенство зависи што и за кого преставува што?
...инаку постирав линк (за мкд научниците), отвори го и кликни на името кое те интересира, се отвара генералиите на личноста во врска со партиципацијата со свој труд, можеби некој дел од нив ако ги проверам онлајн се плагијати, ама ме мрзи за такава ИКЛ (истражувачка кајгана лабораторија по терк на ИНЛ :)

...инаку, за мене не е некој „научник“ ако има некој „труд“ во својата област за што учел или од својата професионална пракса или копирајќи текст од друга стручна литература, искрено видов многу особи кои и те како биле слаби во средно образование и сега партиски на положај, па ајде ќе партиципираат во состав на некој научен труд, леле ле ле ако имав сомнителна верба, сега пак ич немам верба, дури се смеев за некои особи кои ги прочитав како „научници“ а тие во текот на образованието оти нели како сведок мноооогу слаби, не не нема да коментирам, леле леле научнициве! :facepalm:
nekoj od MK postignal da se mesha vo svetski kugovi .
...лично не ми се допаѓа, еве искрено кажувам ова што е болдирано,

-Тоа е резултат на истражувања на „Бионтек“ компанијата којашто беше вклучена во дизајнирањето на „Фајзер бионтек“ вакцината мРНА за која можеме што сакаме да кажуваме, меѓутоа таа го спаси човештвото. Веќе ги имаат објавено првите резултати пред неколку недели, каде што на животни имаат покажано повеќе од 80 проценти ефикасност на сите типови на канцер, вели Гулабоски во интервјуто снимено во прес-центарот на МИА во Штип.
Inace PAP ili HPV virusot za kolku Kanceri e zasluzhen?
... не е баш така, ама ај,
а Хеликобактер пилори колку е заслужна за канцер на желудникот?
 
Последно уредено:
Член од
17 ноември 2014
Мислења
4.038
Поени од реакции
6.407
...инаку секоја почит на научникот, иако прв пат слушам за него не можам да коментирам за неговите „искази околу вакцина против канцер“, пролистав и ги видов сите рангирани наши „научници“ и од каде дипломирани, па ми се појасно работите. :)

...но можам да напишам за себе дека со онлајн партиципирање во некоја соодветна медицинска област на Стенфорд универзитетот, следење на предавања и активно учество дали со прашања или дискусија станувате член на таа соодветна група, онака самоиницијативно активно учество со што следи тестирање или еден вид полагање он лајн и добивате два сертификати, еден за партципирање т.е. учество и втор сертификат за положено за некоја област или конкретно тема, а потоа ако сте ,,интересни " и одземете внимание од повисок ешалон од некоја област добивате понуда за помош да изработите некој труд или научно испитување за кои ќе бидете финасирани, така да сето тоа е обичен бизнис кои ќе се фаворизира научно тоа што ќе побара финасиерот, така да не знам што толку воодушевување и етикетирање за експертизам.
...напротив, ова ме загрижува дека Модерна и Фајзер упорно си го терат бизнисот ,,парт ту по корона пандемијата,, мене нема да ме излажат толку лесно, не паѓам на авторитет и ,,стара слава". :D

П.С.
...таму некаде го има и нашиов премиер ДК, да ти бил научник! :love:

Abe jas nishto ne rekov za Fajzer, Moderna dnk i tn. samo rekov sekoja cest na Prof. Dr. Gulaboski.
A tie ostanatite slepci i nivni rangiranja voopshto ne se na dneven red.

I sega malce guglav i shto da vidam BIL PRILEPCANEC :vozbud: a ne go poznavam .
I kakko shto gledam na stranive kaj se bil aktiven i shto se rabotel pak ce recam, sekoja cest Ushte eden Makedonec shto se mesha so svetski licnosti. Bez razlika kolku e Fajzer defektena firma da odish na simpoziumi i da rabotish so niv ne e mala rabota, a izlegol od Prilep !!!

A shto se odnesuva za HPV odgovoren e za najmalce 2% od bolnite od Rak vo germanija ili vo EU 33.500 godishno zaboluvaat od koi 15000 umiraat , pa sea ti vidi dali Vakcina pomaga za Kancer ili ne.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom