Збогум сиромаштијо – Швајцарија ќе дели пари на сите свои граѓани

R

Rigel Kent

Гостин
Сарма е неозбилен портал? Знаеш кој стои зад сарма? :)
Кој стои и дали е озбилен не знам , само веста никаде ја нема на странските медиуми. :)
Можеби јас не сум побарал добро , можеби ти ќе најдеш на германски.
 

chipicaoo

unknown
Член од
11 септември 2011
Мислења
763
Поени од реакции
873
утопија Non posible Big Brother doesn't want to share a bread with new sister
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Незнам зошто се прави споредба меѓу Швајцарија и Македонија! Мене тоа ми е сосема ступидно и улаво... Единствено ни е заедничка придавката од пред 100 години, кога комитите често ја употребувале реченицата: ‘‘Македонија Швајцарија на Балканите‘‘ (единствено тоа не поврзува со Швицарците... имаку бааги појаки нации неможат да го мерат со нив! А за Комитиве и нивната амбиција.... па не сметам дека биле ретардирани како што сме ние денеска повеќето.... Барем тие имале некоја цел, национална свест, желба за слобода..... а ние немаме ништо од тоа денес! Изгледа имаме помоќен непријател, од оној што биле Турците... инаку колку реално (како мала дигресија) била идеата да се направи Швајцарија на Балканите, нека послужи фактот дека Македонија и Турција тогаш произведувале 3/4 од светските количини на опијум... а за опијумот нешто малку пред тој период се водени две или три беа војни меѓу Англија и Кина (Опијумски војни).... Стратешки производ баран производ! Не мислам на џанки-популацијата, туку токму на медицината.... Како да имаш сега лек за СИДА да речеме, такво значение имал опиумот во медицината.
Е знаеме Швицарска одамна се бави со часовници, чоколади ‘‘Нес кафе‘‘ и највеќе ‘‘перење пари‘‘.... од последново уште повеќе е јасно стана најбогата држава на Светот - тоа е!.... Иронија на судбина е она што нам ни се случило токму во Швајцарија, да ни ја запечатат судбината со производство на афион (опиум)... Нам ни го забраниле (ограничиле) производство, а пералницата на пари продолжила со појак интензитет.....
Инаку, има и еден друг пример од историјата, спротивен на Канадскиот, кој кажува дека пари ‘‘паднати од небо‘‘ можат и тоа како негативно да влијаат на една нација....
Еве ќе ти го посочам примерот на Шпанија (иако го кажав и во една друга конотација)... Значи некаде во 14 век ја имаме најмоќната европска држава која владеела од Амстердам до Гибралтар - Шпанија.... многу моќна држава и економски и политички а најмногу воено..... која што имала техничка база па ги правела најголемите бродови, најмоќното оружје тогаш, најострите сабји, најцврстите штитови и оклопи....
Го освоиле Мексико, па почнало да стига злато во Шпанија со бродови, на стотици и стотици тони .... па ја преплавиле Шпанија со злато! Со кое што злато би требало нели да ја зголемат својата моќ... но што се случило? Во нивниот тогаш гл град Бургос каде е роден нивниот нац јунак Ел Сид, се правеле статистики па се утврдувала состојбата во цела Шпанија. Пред да се донесе тоа злато државата како социјална структура имала: Толку и толку ковачи, толку и толку оружари, толку земјоделци, текстилци..... толку и толку војници толку и толку идалгоси и тн.... во тоа време како најмоќна држава Шпанија ја превзела денешната улога на САД, како производител и извозник на најсофистицирано оружје.... Но што се случува? Го убиваат значи Монтезума, му го земаат целото злато, галии полни со злато стигаат во Шпанија.... и што се следи потоа? Па не само што цените се дигнале во небо.... и ништо повеќе не се исплатело да се работи во Бургос, ниту во цела Шпанија, златото надира како инпут во нивната економија.... а противтежа на златото е робата, што повеќе злато тоа поскапи цените. И само за помалку од век потоа Шпанија се срушила како држава! По сто години во шпанија немало повеќе ковачи, оружари, текстилот никој не го работел, земјоделието исто така. Престанале нели да прават најголеми кораби, најсофистицирани оружја, најмоќни оклопи.... сите сакале да лежат и да уживат, да бидат Идалгоси или Попови, никој несакал да работи! Лези лебу да те једем! Има злато, ќе купиме од други, а кога немало други, ќе увеземе од Холандија, Франција од Англија (а последнава некој век потоа и расплакал мамицата!).... Направиле тие тогаш нели катедрала со олтар од 100 тона злато, преубава катедрала, а немало кој да ја окречи, никој несакал да работи, ништо....И Шпанија пропаднала! Значи немало фајде од приграбеното, од богатството на Ј. Америка од златото.... те ги стигнало проклетство на Монтезума и неговата уништената цивилизација.... или проклетство: на неработењето на не-претприемчивоста, на не-креативноста, на не-борбата и соочувањето со секојдневни проблеми, на инертноста и мрзеливоста, на не-мислењето за поарно.... Да не им се присака на Швајцарциве сите да станат идалгоси, грофови или попови, те банкари во нивниот сл.!? Да не нема во Швајцарија кој да ја окречи катедралата!? Или брајќава со Швицарска техника, понекој од нашите или од останатите сорти Балкански... но не е само до бојадисувањето на катедралата и до ‘‘притисни дугме џак на леџа‘‘ ....
Мислам дека попаметно би ги вложиле, од едноставен подарок, кога би ги вложиле во мотив.... во субвенционирање (не мислам на субвенција во пежоративен смисол, улав каков и дава нашата влада, смисол на социјална субвенција) туку во смисол: Сакаш да студираш за историчар или археолог? Оди студирај за архитект или инженер, информатичар.... те чека бакшиш 50К франци за дипломска! Сакаш да отвориш кафетерија, бутик, џим и си одвоил за тоа 100К?.... еве ти уште 100К бакшиш (неповратни) и отвори фотонапонска централа за селото на Хајди, или од обновливи извори на енергија, или вертопарк.... или купи акции во некоја таква или извозно ориентирана твртка... бла бла бла..... Мотив!
 
Последно уредено:

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Малку ми е иронично - кур од овца - заебантска веста.

Значи, одиме по Key words: збогум сиромаштијо - Швајцарија - дели - 25.000 - евра

На која сиромаштија ке и каже Швајцарија збогум?
И од кога Швајцарија се промовираше во социјална држава?
http://www.srf.ch/news/schweiz/ueber-eine-million-schweizer-leben-in-armut

Преку 600 000 според нивниот завод за статистика им се сиромашни, а според весников преку 1 милион. Мислам дека влезе една партија социјална па од таму и се социјалните програми.

Многу на озбилно ја свртевте темава, утре ќе ја талкаме, добра ноќ од мене.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
На 8 мил жители 1 мил што земаат плата под просечната, а само 130.000 се невработени. За разлика од Македонија каде што на 2 мил жители 550.000 се сиромашни, но бројот на невработени е 285.000

Имаше и еден податок дека број на милионери во Швајцарија е поголем од бројот на корисници на социјална помош. :D
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
560
Поени од реакции
434
Чекајте и нашава влада спрема ваков проект кај и да е...само да одобрат уште 22314912 кредити
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.374
Поени од реакции
1.948
И сега вака читаме и што ви мине низ глава?
- Кој малер сум бе да си ибам векот овде да се родам!
Не баш..
Прво неверување,па пцуење мајки,шајки,се по список на тоа педерите швицарски,и на крај следи заклучок дека и по милион евра месечно да им даваат,џабе им е кога не знаат да живеат.
Да им е**** тоа #### *##*^:mad:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Ќе пропаднат како СФРЈ или ќе бараат од ЕУ да ги спасува па ќе моли да влезе. Какво производство на добра има Швајцарија..саатови,чоколади,ресурси..?не ме јеби.Живеат од услуги.Ќе рикнат.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Повеќе немам вујко од Америка, се пресели во Швајцарија
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
http://www.srf.ch/news/schweiz/ueber-eine-million-schweizer-leben-in-armut

Преку 600 000 според нивниот завод за статистика им се сиромашни, а според весников преку 1 милион. Мислам дека влезе една партија социјална па од таму и се социјалните програми.

Многу на озбилно ја свртевте темава, утре ќе ја талкаме, добра ноќ од мене.
Еј, поарно да не исtражуваме кои се “критериумите“ за сиромаштија во Швајцарија. Да не испадне дека истите би биле „висока класа“ ако одиме по дефиницијата за потреба и луксузи кои ја профураваа извесни членови низ форумов низ историјата. Како и да е, статистички не е толку вредно, ама ако е показател, тогаш Швајцарија треба да ја сместиме во ранг на држави како Боливија. Со тоа, оваа социална програма не е нешто “wow“, туку начин да се спаси државата од катаклизма.

Затоа ти велам Леандра, некако не оди работава. Не ни треба статистика, знаеме која е и што е Швајцарија. Знаеме дека “тие сиромашни“ не се баш сиромашни од калибарот на наша сиромаштија. Или Боливија.
Ако веста е точна, тогаш сиромаштијата во Швајцарија добива поинаква конотација, а самата Швајцарија добива Утописка номинација. :D
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.669
Поени од реакции
38.847
Чим цитро вика дека ќе пропаднат ставете им цртка
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Еј, поарно да не исtражуваме кои се “критериумите“ за сиромаштија во Швајцарија. Да не испадне дека истите би биле „висока класа“ ако одиме по дефиницијата за потреба и луксузи кои ја профураваа извесни членови низ форумов низ историјата. Како и да е, статистички не е толку вредно, ама ако е показател, тогаш Швајцарија треба да ја сместиме во ранг на држави како Боливија. Со тоа, оваа социална програма не е нешто “wow“, туку начин да се спаси државата од катаклизма.

Затоа ти велам Леандра, некако не оди работава. Не ни треба статистика, знаеме која е и што е Швајцарија. Знаеме дека “тие сиромашни“ не се баш сиромашни од калибарот на наша сиромаштија. Или Боливија.
Ако веста е точна, тогаш сиромаштијата во Швајцарија добива поинаква конотација, а самата Швајцарија добива Утописка номинација. :D

И мене ми дојде смешно кога ја видов бројката, но од прилика имам претстава и по кои критериуми тоа им е пресметано, така да ич не навлагам во нивната „социјала“.

Она што е интересно не е само Швајцарија со вакви идеи. Во последно време кај богатите земји е забележана тенденција да се насочуваат благо кон социјалистички мерки. Така и Норвешка има фонд кој е преполн и баш читав дека размислуваат во таа насока. Едноставно веќе парите станаа непродуктивни и не гледаат потреба зошто не би ги вратиле кај народот. Минимални плати се одредуваат на високо ниво вештачки.

И на крај краева што е лошо во тоа? Зошто пак овој систем во кој сме денес, а се покажа само како систем за богатење на богатите да не се измени? Кога веќе се им е до последна точка средено.[DOUBLEPOST=1406003696][/DOUBLEPOST]
Ќе пропаднат како СФРЈ или ќе бараат од ЕУ да ги спасува па ќе моли да влезе. Какво производство на добра има Швајцарија..саатови,чоколади,ресурси..?не ме јеби.Живеат од услуги.Ќе рикнат.
:ROFLMAO:[DOUBLEPOST=1406003856][/DOUBLEPOST]
Се вика Виктор, озбилен човек и никогаш не би напишал нешто од памет.
 
Член од
21 септември 2010
Мислења
349
Поени од реакции
181
Se ubavo ako e tocna informacijata...jas ne uspeav da ja proguglam za da potvrdam verodostojnost...kako i da e toa e super merka, NO ako veke diskutirame vo pravec i komparacija co slicna inicijativa vo MK najnapred bi rekol deka na nas kako narod a voopsto na celiot Balkan ni nedostiga nivoto na covecka svest razviena do toa nivo kako ete na primer kaj Svicarcive i ne samo sto nema da ima pozitiven efekt na globalno nivo kaj populacijata i opstestvoto tuku ke ima seriozen negativen domino efekt,
Znaci da ne letame vo oblaci i da se zalazuvame....no ponekogas e ubavo da se izleze od realnosta i da "se proseta"
 

Kajgana Shop

На врв Bottom