Прашањето за државното име е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога македонскиот народ и граѓаните на Македонија во апсолутно мнозинство гласаа за “самостојна и суверена држава Македонија“ без додавки и без придавки!
Todor Petrov
27 септември 2012 ·
ИМЕТО НА ДРЖАВАТА Е ИДЕНТИТЕТОТ НА НАЦИЈАТА!
Пишува Тодор ПЕТРОВ
Името на државата е идентитетот на нацијата! Промената на државното име значи истовремена промена на името на нацијата и јазикот, бидејќи по меѓународно право името на нацијата по автоматизам произлегува од името на државата! Затоа лага е, перфиден обид да се заблуди јавноста, кога и власта и опозицијата велат: “бараме решение за името, без промена на идентитетот“! Нема “решение“ за името без промена на идентитетот, нашето име е само зборот Македонија, без додавки и без придавки и никако поинаку освен Македонија! Дека ова не е лага, погледнете ги новите биометриски лични карти во државата Македонија, во графата “Државјанство / Nationality / Nationalité“ на сите граѓани, независно од нивното етничко потекло, им пишува “МАКЕДОНСКО / MACEDONIAN“!
Прашањето за државното име е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога македонскиот народ и граѓаните на Македонија во апсолутно мнозинство гласаа за “самостојна и суверена држава Македонија“ без додавки и без придавки! Одлуката на референдумот е задолжителна за сите! Затоа и го славиме 8 септември како ржавен празник Ден на независноста! Оттука, се отфрла нов референдум за државното име, затоа што тоа нема да биде референдум за одбрана на државното име, туку референдум за негова трајна промена! Сетете се на државниот терор на СДСМ врз граѓаните на референдумот за територијалната организација на локалната самоуправа на 7 ноември 2004 година под мотото “Некои прашања не заслужуваат одговор!“
Ние сме Македонци затоа што името на нашата држава е Македонија! Името на нашата држава е Македонија, бидејќи ние сме Македонци! Јазикот на Македонците е македонскиот јазик и никако поинаку!
Европската Унија и НАТО-Алијансата не се достојни за промена на државното име Македонија, името на македонскиот народ и името на македонскиот јазик, макар никогаш не пристапиле во овие сојузи на држави, доколку антимакедонизмот на Хеленската Република, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и наци-фашистичкото барање на Елада за промена на државното име Македонија се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина!
Македонците имаат неотуѓиво и неприкосновено право на самоопределување и самоидентификација! Македонците имаат неотуѓиво и неприкосновено право на државното име Македонија! Затоа Македонците во целиот свет бараат итен и безусловен прекин на разговорите за разликата за државното име Македонија со Атина под покровителство на Обединетите Нации, односно бараат претседателот на Републиката да го извести генералниот секретар на Обединетите Нации дека државата со временото обраќање “The former Yugoslav Republic of Macedonia“ веднаш и безусловно го продолжува членството во Обединетите Нации под нејзиното државно име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“, како јасна разлика од истоимената северна грчка и југозападна бугарска провинција Македонија, независно од историските хипотеки, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на македонскиот народ и македонскиот јазик, како Macedonian people, Macedonians, Macedonian language!
Промената на државното име и поделбата на Македонија не се демократија или слобода на мислата, туку злосторство против човештвото, геноцид врз македонскиот народ, флагрантно кршење на Уставот и на меѓународното право, на Универзалната Декларација за човекови права и на Повелбата на Обединетите Нации. Промената на државното име и поделбата на Македонија претставуваат најтешко кривично дело - велепредавство и за таквите единствено место во правна држава е Идризово! Кој мисли дека тоа може да го стори, само нека проба, Бутел не му бега!
Никој нека не се надева на власт во Македонија ако заговара промена на државното име и поделба на државата! Македонците во целиот свет повеќе никогаш нема да гласаат за велепредавниците и неоврховистите! Македонија повторно е држава, Македонците повторно се суверена нација и тоа никој и никогаш нема да го смени, ни дома, ни надвор од татковината! Вие што верувате во ова, бидете спокојни и останете достојни, горди Македонци, сакајте ја и бранете ја и натаму Македонија, а тие што за други и туѓи одработуваат, крајот не им бега, препознатливи се, бидејќи роговите самите си ги покажаа!