- Член од
- 28 мај 2008
- Мислења
- 3.966
- Поени од реакции
- 4.073
Властите мислам како да направат пари од греење, за тоа ништо не бидува.Добра е темата на дискусијава, но разговарање за цената е џабе без да биде спроведена гасификација директно од гасовод. На жалост, засега единствен избор е приклучување на бугарската мрежа, која нуди скап гас кој оди преку Украина, на кој повеќе држави наплаќаат транспорт маржи.
Како и да е, јас би сакал да го свртам вниманието и на здравствениот и на еколошкиот аспект на греењето со природен гас.
Мора да се врши јавен притисок на властите да ја забрзаат гасификацијата и да преземат мерки сите да имаат пристап до гас, и тоа по цена која ќе биде конкурентна на цената на греење со дрва.
Само после ова, можно е да се оди на целосна забрана на греење со дрва во градовите. Што е неопходно да не се гушиме од смог секоја зима.
Треба да се намали цената на централното парно, да речеме 10 денари квадрат, а не 30 и да се подобри инфраструктурата, но и да се намали цената на приклучок т.е да е бесплатно, што кај народот ќе предизвика размислување, треба да си луд да се грееш на дрва. А паралелно парното да се префрли на гас.
Кога за греење на парно ќе се плаќа по стан од 500-1000 денари месечно со 24 часа вклученост, мислам дека самите луѓе ќе сакаат на парно, ама главниот проблем е што од парното сакаат да прават пари.[/quote]
Последно уредено: